Економија
Италијанските банки земале најмногу тригодишни заеми од ЕЦБ
Италијанските банки предводени од „UniCredit“ земале најмногу повеќе од 50 милијарди евра вонредни тригодишни кредити кои во декември ги понуди Европската централна банка (ECB),
Италијанските банки предводени од „UniCredit“ земале најмногу повеќе од 50 милијарди евра вонредни тригодишни кредити кои во декември ги понуди Европската централна банка (ECB), пишува лондонски Financial Times повикувајќи се на резултатите од анализата на „Morgan Stanley“.Банката „UniCredit“, земала 12,5 милијарди евра од тригодишните кредити на ECB, а по неа следува „Banca Intesa Sanpaolo“ со 12 милијарди и „Monte dei Paschi di Siena“, којашто земала заем во износ од 10 милијарди евра.Податоците биле доставени до „Morgan Stanley“ и претходно не се објавени а покажуваат во која мерка банките во некои од земјите членки на еврозоната станале зависни од итните механизми за помош што ги воспоставија европските власти. Италијанските банки вкупно земале повеќе од 50 милијарди евра од споменатите кредити, што значи дека со тоа веќе намириле 90 отсто од своите потреби за финансирање во 2012 година, пишува лондонскиот весник. По нив следуваат шпанските банки кои вкупно земале речиси 25 милијарди евра покривајќи така третина од нивните потреби за финансирање во тековната година, се вели во процената на „Morgan Stanley“.Иако поголемиот број француски и германски банки не објавија со колкави износи учествуваат во овие тригодишни земи на ECB, според Financial Times, се верува дека не ги натфрлиле износите на италијанските банки. Поборниците за наведените механизми за поддршка во ЕУ, сметаат дека овие кредити се клучни за продолжување на функционирањето на економиите во еврозоната, имајќи предвид дека банките вака добиените средства ги реинвестираат низ кредити за компаниите и за владите.„Пазарот потцени во која мера ваквата шема има смисла за да се избегне кредитната криза“, вели авторот на спомнатиот извештај, Хав ван Стеенс.Меѓу другите поголеми корисници на кредитите од ECB, се наоѓа и „Royal Bank of Scotland“, којашто земала во износ од пет милијарди евра преку својата холандска филијала и со тоа намирила четвртина од своите потребни за финансирањето во оваа година.На декемвриската аукција на заемите на ECB со рок на враќање од три години, повеќе од 500 европски банки се задолжија за вкупно 489 милијарди евра. Втората ваква аукција ќе се одржи на 28-ми февруари. Во вториот круг челникот на Европската централна банка, Марио Драги очекува дека „одѕивот веројатно ќе биде незначително послаб но и натаму многу висок“. Во „Morgan Stanley“, пак, проценуваат дека банките ќе земат дополнителни 400 милијарди евра тригодишни заеми./крај/фт/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.