Економија
Јакнењето на светската индустрија ги поттикна цените на Волстрит
Во средата на Волстрит цените на акциите пораснаа по податоците коишто укажуваат на јакнењето на индустриската активност во најголемите светски економии
Во средата на Волстрит цените на акциите пораснаа по податоците коишто укажуваат на јакнењето на индустриската активност во најголемите светски економии и вестите дека владата на Грција и нејзините приватни кредитори се блиску до постигнување договор за реструктуирањето на нејзините државни долгови. Индексот Dow Jones зајакна за 0,66 отсто на 12.716 поени, S&P 500 за 0,89 отсто на 1.324 поени, додека Nasdaq на 1,22 отсто на 2848 индексни поени. Позитивно на пазарите во средата влијаеја вестите за јакнење на индустриските активности во најголемите светски стопанства. Во Кина и покрај очекувањата за намалување, економија забележа пораст, а во Германија индустриското производство порасна првпат по четири месеци.Институтот за менаџерите за набавка соопшти дека индексот на индустриската активност во САД во јануари пораснал за највисоката стапка во последните седум месеци. Исто така, објавено е и дека потрошувачката во градежништвото во декември пораснала, петти месец со ред, 1,5 отсто, при што е достигнато највисокото ниво во последните 18 месеци. Благодарејќи на тоа, градежниот сектор во средата беше меѓу најголемите добитници, со скок од 1,8 отсто.Инвеститорите беа расположени и од изјавата на грчкиот министер за финансии Евангелос Венизелос, кој рече дека договорот со приватните кредитори за реструктуирањето на грчкиот долг ќе биде склучен по одржувањето на уште еден само формален состанок, Тоа значи дека Грција ќе може да ги исполин условите за добивање на вториот пакет меѓународна финансиска помош и оти ќе го избегне банкротот. Оваа информација ги поттикна цените на акциите на европските банки, а благодарејќи на тоа зајакнаа и акциите на американските банки, па акциите на „Citigroup“, „Bank of America“ и „Morgan Stanley“ поскапеа меѓу 3 и 4 отсто.Поради тоа инвеститорите не беа поколебани ниту од послабите отколку што се очекуваше податоците за вработувањето. Според најголемата американска агенција за вработување ADP, во јануари бројот вработени во приватниот сектор се зголемил за 170 илјади лица, околу десет илјади помалку отколку што се проценуваше./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.