Контакт

Економија

Германија: Неочекуван пад на прометот во малопродажбата

Објавено пред

Прометот во малопродажбата во Германија неочекувано падна за 1,6 отсто во споредба со претходниот месец, објави денеска германскиот завод за статистика Дестат.

Прометот во малопродажбата во Германија неочекувано падна за 1,6 отсто во споредба со претходниот месец, објави денеска германскиот завод за статистика Дестат.На годишно ниво, прометот во малопродажба бележи пораст за 1,6 отсто, но од Дестат наведуваат дека во јануари годинава имало еден работен ден повеќе во споредба со истиот месец лани Економистите кои што ги анкетираше Ројтерс очекуваа раст на продажбата на мало од 0,2 отсто на месечно ниво и 0,5 отсто на годишно ниво. /крај/х/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Новата OPEL MOKKA помалку нормално, повеќе MOKKA

Објавено пред

Помалку нормално искуство: Новата Opel Mokka во дебармаалското кафуле Casa Bar на дружење со автомобилските експерти.

Денес, во еден од урбаните локали на градот, Casa Bar во Дебар маало, се одржа едно пријатно предпладневно дружење по повод пристигнувањето на Новата Opel Mokka во Северна Македонија.

„Помалку нормално. Повеќе Mokka“, е слоганот на најновата кампања на брендот Opel. Поврзувајќи го модерното и стилското со антитрадиционалното, новиот модел беше претставен во својата Black Perla Nera комбинација на бела боја со црвено-црни елементи, кои ги истакнуваат стилските линии на најновиот модел во гамата на брендот.

Автомобилските експерти имаа можност да се запознаат одблиску со Новата Opel Mokka и да посведочат на драстичните промени кои успешно ги има воведено Брендот во овој нов модел. Почнувајќи од платформата врз која е базирана и поставена каросеријата на моделот па сé до
внатрешниот ентериер кој што доби целосен дигитален детокс, носејќи го искуството при возењето на ново ниво – дополнително засилено со уникатни комбинации на ткаенини, елементи за декорација и внатрешен покрив што одговара на вашиот стил.

Секоја линија, од самоуверената силуета на SUV до силниот графички идентитет, зборува за самодоверба, изразен стил и најнова германска технологија. Mokka има непогрешливо смел став, возило што се издвојува од толпата со самоувереност и индивидуален стил.

Како и да гледате на неа, во Mokka ќе најдете смел избор на дизајн и прогресивни карактеристични акценти. Од погонот па сѐ до извајаните задни фарови Eco-LED кои хармонично го реплицираат препознатливиот визир. Mokka не наликува на ниеден друг автомобил на патот, а вие можете да го персонализирате вашето индивидуално присуство на патот со вашиот избор на опции за покривот и хаубата.

Овој модел може да се нарача и во електрична верзија.

„Новата Mokka е забавна, ефикасна и иновативна. И со право го носи слоганот „Помалку нормално. Повеќе Mokka. Овој модел го комбинира елегантното и чистото визуелно искуство со моќната експресивност. Секој детаљ на новата Mokka е внимателно креиран и осмислен така да се допадне на потенцијалните клиенти уште по првиот поглед. Се надеваме дека овој модел ќе им се допадне на клиентите и дека ќе предизвика во нив емоции кои дизајнерските експерти ги предвиделе при креирањето на истиот“ – Изјави Кирил Воиновски, Генерален Директор во Еуроимпекс.

Доколку сте подготвени да искусите предизвикувачки, современ стил, кој возењето го издигнува на едно сосема ново ниво, обратете се кај овластените дилери, во „Аутомакедонија“- Скопје и „Ауто Цем“ – Тетово, или во „Еуроимпекс“ Генерален увозник за Opel.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Лефков: Поради Заев, на секое полнење резервоар од 60 литри плаќате 840 денари повеќе

Објавено пред

Зоран Заев и СДСМ наметнаа 14 денари давачки кон буџетот за секој литар гориво. Поради Зоран Заев и СДСМ, горивата во Македонија се поскапи 14 денари, пари кои одат директно во буџетот на име новововедени акцизи, давачки и такси, тоа е покачување што не е последица на зголемување на светската цена на горивата, туку е последица на алчноста на Зоран Заев, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

„Заев првин го испразни буџетот, потроши речиси 15 милијарди евра за 4 години и направи нов долг од 2,4 милијарди евра. Македонија е позадолжена од кога било и сега кога буџетот е празен, удира по џебот на народот, за тој да ја покрие дупката во приходите, која настана поради тендерите што ги даваа на блиски луѓе и поткупот што го правеа пред избори.

Поради Зоран Заев, на секое полнење на резервоарот на автомобилот од 60 литри плаќате дополнителни 840 денари. Овие 840 денари повеќе ги плаќате само поради неспособноста на Заев.

Доколку во месецот ставате гориво двапати, вие плаќате 1.680 денари повеќе, и тоа само поради Зоран Заев. Тоа на годишно ниво се 20.160 денари или, едноставно кажано, за една година Заев ви зема 20.160 денари, односно една цела месечна плата“, изјави Лефков.

Тој додаде дека дополнително ова покачување на цената ќе влијае и на цените на сите производи во малопродажбата. Како што вели, постои реална опасност од ценовен шок и зголемување на цените на сите производи.

„Од овде апелираме власта да се откаже од најновото покачување од 4,13 денари и, наместо со даноци, да почне да крати од непродуктивните трошоци, големите тендери и да скрати од поткупот што го прави за избори“, рече Лефков.

Според него, народот не смее да страда поради нечија амбиција за пари и богатење на нелегален начин.

„Да ставиме крај на поделбите на СДСМ и Заев, на граѓани од прв и граѓани од втор ред. Македонија за сите луѓе!“, порача тој.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Заев: 70 милиони евра за изградба на фотонапонска електрана во Осломеј

Објавено пред

Денес, и официјално се потпишуваат договорите за изградба на фотонапонска електрана во Осломеј од 100 мегавати, рече премиерот Заев на потпишувањето на договорите за изградба на електраната помеѓу „Електрани на Северна Македонија“ и партнерите „Фортис енержи електрик“ од Турција и „Солар про“ од Бугарија.

Заев истакна дека станува збор за една од најголемите инвестиции во енергетиката, поточно во обновливите извори за производство на електрична енергија.

„Вредноста на инвестицијата е 70 милиони евра, а ова постапка успешно ја завршивме по пат на јавноприватно партнерство“, рече премиерот.

Тој објасни дека фотонапонската електрана од 100 мегавати е конципирана како две постројки по 50 мегавати, во кои АД ЕСМ ќе биде јавниот партнер со компанијата „Фортис енержи електрик“ од Турција во едната електрана, а во другата електрана со „Солар про“ од Бугарија.

„Двете компании на јавниот повик имаа најдобри понуди. За возврат, приватните партнери на ЕСМ ќе му исплаќаат надоместок за јавноприватното партнерство во износ соодветен на 18 и на 18,5 % од произведената електрична енергија за час“, посочи Заев и додаде дека заработката на државата според пресметките би се движела до 1,5 милион евра годишно.

Дополнително, рече премиерот, инвеститорите имаат обврска да земат по еден вработен од мегават, односно 100 вработени од „Осломеј“.

Во своето обраќање Заев се осврна и на енергетската транзиција на земјата за која рече дека е развиен сериозен енергетски стратешки план како една од точките на Акција 21 и во интервентниот План за инвестиции 2021-2027.

„Одржливата или зелена енергија е меѓу нашите приоритети. За тоа потврдуваат и резултатите, Северна Македонија е на врвот, меѓу шампионите во регионот по раст на обновливи извори на енергија. Само за минатата година го зголемивме производството на енергија од обновливи извори на 827 мегавати, што претставува раст од 10,1 % и е во рамките на светскиот просек на зголемување од 10,3 отсто. До 2030 година следува постепено затворање на термоелектраните, на сите три блока во ‘РЕК Битола’ и еден блок на ‘РЕК Осломеј’. Новите инвестиции во фотоволтаици се 1.800 мегавати во државата“, посочи премиерот и додаде дека дел од процесот на енергетската транзиција и спроведувањето на праведна транзиција (just transition) во енергетскиот сектор предвидено е воведување еколошки такси на загадувачите, вклучувајќи ги и нафтените деривати, а во наредните години и еколошка такса на јагленот и производството на електрична енергија од јаглен, во согласност со политиките на Европската Унија и обврските од Парискиот договор.

„Средствата од овие еколошки такси ќе бидат исклучиво наменети за дополнителни проекти за зелена енергија. Донесовме стратегија за развој на енергетиката до 2040 година, во која се предвидени три сценарија – основно, умерено и зелено. Добивме поттик од невладиниот сектор и од меѓународните организации да го имплементираме зеленото сценарио, што значи поголеми инвестиции во чиста енергија, обновливи извори на енергија, затворање на термоелектраните на јаглен, инвестиции во енергетска ефикасност. Праведната транзиција, меѓу другото, значи и тие што загадуваат да плаќаат пенали, со цел да се обезбедат средства во буџетот за успешно спроведување на праведната транзиција“, заклучи Заев.

Генералниот директор на „Електрани на Северна Македонија“, Васко Ковачевски, истакна дека договорот за јавноприватно партнерство ќе биде во траење од 35 години по што приватниот партнер е обврзан да го пренесе правото на сопственост на фотонапонските електрани на јавниот партнер, односно АД ЕСМ, и да ги предаде во фактичко владение во исправна оперативна и погонска состојба.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион7 часа

(Видео) Силна експлозија во фабриката „Слобода“ во Чачак, наредена итна евакуација

Неколку детонации се слушнале вечерва во Чачак, по екплозија во фабриката „Слобода“, пренесуваат српските медиуми. Според информациите, во инцидентот полесно...

Македонија12 часа

Индискиот сој потврден кај уште едно лице во земјава

Уште еден случај на индискиот сој на коронавирус е потврден во земјава. Се работи за уште еден Македонец кој дошол...

Топ13 часа

Починат затвореник пронајден во кумановскиот затвор

Во затворот „Кшање“ во Куманово ноќеска бил пронајден мртов 58-годишен затвореник од с.Старо Нагоричане. „ На 19.06.2021 во 02.45 часот...

Македонија15 часа

Еден починат и четири нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени четири нови случаи на коронавирус, едно лице почина, а 68 оздравеа, соопшти...

Македонија15 часа

Филипче: Не е вистина дека пациенти не се оперираат и дека скопските клиники се во колапс

Не е вистина дека пациенти не се оперираат и системот на скопските клиники е во колапс, тврди министерот за здравство,...

Спорт19 часа

Македонците за четири дена го „испиле целото пиво“ во Букурешт

Фудбалската репрезентација на Македонија, во четвртокот, го напушти Букурешт и се пресели во Амстердам, каде ќе го одигра последниот натпревар...

Свет19 часа

(Видео) Трамп се огласи за спремните одговори на Бајден: Затоа државата оди по ѓаволите

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, се огласи за видеото на кое се гледа неговиот наследник, Џо Бајден, со спремни...

Македонија19 часа

За еден ден казнети 627 возачи за брзо возење

Полицијата за еден ден казни 627 возачи за брзо возење на територија на целата држава, соопшти Министерството за внатрешни работи....

Регион20 часа

САД ја поздравија Резолуцијата за Сребреница усвоена во Парламентот на Црна Гора

Американскиот Стејт департмент ја поздрави Резолуцијата за Сребреница усвоена во Парламентот на Црна Гора во петокот. „Позицијата на САД во...

Топ1 ден

300 килограми кокаин во пакувања од „Чикаго булс“ и ПСЖ, македонски државјанин уапсен во Драч

Околу 300 килограми кокаин во пакувања со амблемите на спортските тимови „Чикаго Булс“ и „Париз Сен Жермен“, но и луксузниот...

Свет1 ден

Во Русија откриена нова опасна мутација на Ковид-19

Руската Федерална медицинско-биолошка служба (ФМБА) открила нова мутација на коронавирусот, способна да ја намали ефикасноста на медицинските третмани и превентивните...

Спорт2 дена

Премиерот најави промена на името на Фудбалската федерација на Македонија

Премиерот Зоран Заев во интервју за грчката „ЕРТ“ изјави дека по жалбата на Атина на логото на Фудбалската федерација на...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Направен е голем исчекор во македонско-бугарскиот пријателски дијалог

Премиерот Зоран Заев денеска одржа прес-конференција на завршницата од Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Виена, каде присуствуваше на...

Македонија2 дена

Во Македонија 19 нови случаи на коронавирус, починаа две лица

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани 19 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 14 пациенти, а две...

Регион2 дена

Црногорски министер сменет од функцијата, одбил да го нарече злосторството во Сребреница геноцид

Министерот за правда на Црна Гора, Владимир Лепосавиќ, е сменет од функцијата затоа што одби да го нарече злосторството во...

Македонија2 дена

Кривична пријава за едно лице кое се заканувало на новинари на „Фејсбук“, ЗНМ очекува судска разрешница

МВР поднесе кривична пријава против едно лице од тетовско Теарце за кривично дело загрозување на сигурноста против новинари, соопшти Здружението...

Регион2 дена

Во Србија целосно вакцинирани 40 проценти од населението

Во Србија досега се дадени вкупно 5.058.165 дози вакцини против коронавирус. Првата доза ја примиле 2.673.634 лица, а 2.384.531 граѓани...

Спорт2 дена

Ангеловски и Пандев ги прекршиле ковид-протоколите

Селекторот и капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски и Горан Пандев, по вечерашниот натпревар на ЕУРО 2020, против...

Спорт2 дена

Холанѓаните ја „решија“ Австрија и ја потврдија елиминацијата на Македонија

Холандија се пласираше во осминафиналето на ЕУРО 2020 по 2:0 победата над Австрија, резултат кој дефинитивно ги заврши и теоретските...

Регион2 дена

Курц: Западен Балкан да се врати високо на агендата на ЕУ

Во организација на австриската влада утре во Виена ќе се одржи конференција за Западен Балкан. Домаќинот на состанокот, австрискиот канцелар...

Досие