Контакт

Економија

Најголемите кредитори се согласија со отписот на грчкиот долг

Објавено пред

Група големи грчки заемодавачи ја прифатија програмата за преструктуирање на грчкиот долгот (PSI), соопшти во понеделникот Институтот за меѓународни финансии (IIF), кој преставува најголем дел од приватните доверители на Грција.

Група големи грчки заемодавачи ја прифатија програмата за преструктуирање на грчкиот долгот (PSI), соопшти во понеделникот Институтот за меѓународни финансии (IIF), кој преставува најголем дел од приватните доверители на Грција.На листата од 12-те најголеми доверители на грчкиот долг се наоѓаат најголемите германски банки „ Commerzbank“ и „Deutsche Bank“, француската банка „BNP Paribas“, грчките „National Bank of Greece“ и „Eurobank EFG“, како и германската осигурителна компанија „Allianz.Европските приватни банки и осигурителни компании на 21-ви февруари начелно се согласија да отпишат 107 од вкупно 200 милијарди евра грчки државни обврзници коишто се во нивен посед, од што голем дел е кај грчките банки, а од водечките европски банки покрај споменатите „BNP Paribas“ и „Commerzbank“, предничи и белгиската банка „Dexia“.Наведените податоци ги доставија самите институции и се однесуваат на состојбата од крајот на септември 2011 година, освен во случаите во коишто поинаку е наведено.Од грчките банки најмногу државен долг поседува NBG во износ од 8,7 милијарди евра, а следат „Piraeus bank“ со 7,7 милијарди, „Eurobank“ со 6.9 милијарди и „Alpha Bank“ со 3,1 милијарди евра. Меѓу водечките европски банки далеку најмногу грчки државен долг држи француската банка „BNP Paribas“ со 1,6 милијарди евра, според податоците од крајот октомври 2011 година, германската банка „Commerzbank“ со 1,4 милијарди и белгиската банка „Dexia“ со 1,3 милијарди банки. Значајни суми од грчките државни обврзници меѓу француските банки има и кај „Societe Generаle“ во износ од 800 милиони евра.Италијанските банки се помалку изложени на грчкиот јавен долг, па така „Intesa Sanpaolo“ поседува 586 милиони евра, „UniCredit“ 221 милиони а „Mediobanca“ 200 милиони евра. Кај австриските банки најголем износ од грчкиот државен долг е пријавен од страна на банката „Volksbank“ од 60 милиони евра, додека според податокот од крајот на октомври 2011 година кај „Erste Group“ има 13,1 милиони евра. Швајцарските банкарски гиганти „Credit Suisse“ и UBS поседуваат 83 односно 53 милиони евра. Од британските банки најголем износ од грчкиот државен долг држи „Royal Bank of Scotland“ во висина од 822 милиони евра, според податокот од крајот на 2011 година. Меѓу водечките европски осигурителни компании најголеми износи од грчкиот државен долг држат германските „Allianz“ со 500 милиони евра и „Munich Re“ со 400 милиони евра според податоците од крајот на 2011 година, француската AXA со 300 милиони евра од крајот на април 2011 година, италијанската „Generali Group“ со 200 милијарди евра, австриските „Uniqa“ со 174 милиони евра и „Vienna Insurance Group“ (VIG) со 9,7 милиони евра, според податокот од крајот на 2011 година. Повеќето од приватните грчки кредитори веќе на име средства за резервирање издвоиле најмалку 55 отсто од вредноста на грчкиот државни обврзници во нивен посед, а најновите отписи евидентирани се во деловните извештаи за целата мината година.Вкупниот трошок на отписот со кој на крајот банките и осигурителните компании ќе известат, би можел да изгледа значително поголем, бидејќи во пресметката за вкупните загуби ги вклучуваат и загубените добивки за целиот период на траење на долгот.Ова соопштение на големите грчки кредитори доаѓа во време на стравувањата дека грчкото преструктуирање на долгот може да биде неуспешно поради малиот процент на учество на доверителите. Крајниот рок за поднесување на апликациите е до полноќ на 8-ми март, а самата зделка треба да се биде реализирана до 20-ти март, кога Грција треба да исплати кредити за обврзници во висина од 14,5 милијарди долари. Без реструктиурањето на долгот, односно отписот, на земјата и’ се заканува банкрот.Успешното спроведување на договорот со приватните кредитори за отпис на 107 милијарди евра долг е предуслов за Грција да ја добие преостанатата сума од другиот пакет меѓународна финансиска помош за спасување од 130 милијарди евра.Приватните инвеститори имаат рок до четвртокот на полноќ да одлучат конечно дали ќе ги заменат грчките обврзници коишто ги имаат во сопственост за нови со помала номинална вредност на 53 отсто, со пониски каматни стапки и подолг рок на отплата.Тие ќе изгубат околу 75 отсто од вредноста на своите обврзници, но за возврат веднаш ќе добијат дел од парите кои им ги должи Атина и барем ќе имаат надеж дека уште нешто ќе им биде вратено во следните 30 години.Грција без тој договор за отпис на дел од долгот и новата помош за спасување би банкротирала за неколку седмици, со што би го потресла светскиот финансиските систем.Од грчка страна беше соопштено дека доколку приватните доверители не сакаат да отпишат повеќе од две третини од нејзиниот долг, што е потребни за успешно спроведување на планот, ќе биде преземена постапката на колективно дејствување, што овозможува размена на долгот со малцинството иматели на нејзините обврзнициРејтинг агенциите го оценија ваквото обраќање кон инвеститорите како промена на  условите на кредитот, при што заемопримачот влегува ретроактивно, и ќе доведе до технички банкрот. Како резултат на тоа, агенцијата Standard and Poor’s го намали рејтингот на Грција на „селективен банкрот“ (SD), додека Moody’s го симна долгорочниот рејтинг на земјата на најниското ниво на неговата скала, на предбанкротно ниво „С“./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Ковачевски: Историски најниска невработеност, раст на извозот и индустриското производство

Објавено пред

Стапката на невработеност на крајот на првиот квартал од 2021 година падна на историско најниско ниво од 16 отсто, истакна на прес-конференција, Димитар Ковачевски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

Како што соопшти, истовремено, стапката на вработеност, втор квартал по ред се зголемува. Од 46,8 отсто на крајот на 2020 година, сега имаме стапка на вработеност од 47,1 отсто.

„Ова значи дека во текот на првите три месеци од 2021 година кога целата светска економија сè уште беше под удар од коронакризата, кај нас се отворија околу 3.500 нови работни места. Платите континуирано растат и во услови на пандемија. Просечната месечна нето – плата во март 2021 година изнесува 28.217,00 денари, што е за 6,8 отсто е повисока од истиот месец во 2020 година“, рече Ковачевски.

Тој посочи и дека е регистриран пораст на индустриското производство, кое во април оваа година бележи раст од 46,1 отсто, како и раст на извозот, кој, пак, е зголемен за 40,7 осто.

Ковачевски најавува период на забрзан економски раст кој ќе го стимулира власта преку Интервентниот план за инвестиции со вкупна вредност од околу 8,1 милијарди евра за периодот 2021-2027 година.

Прикажи повеќе...

Економија

Бесими-Кундурос: Има голем потенцијал за продлабочување на економската соработка со Грција

Објавено пред

Економската соработка со Грција има голем потенцијал за проширување, што може да биде поддржано и преку потпишување на меѓудржавни договори за заштита на инвестициите и избегнување на двојното оданочување. Ова беше дискутирано на денешната протоколарна средба помеѓу министерот за финансии, Фатмир Бесими, и амбасадорот на Грција во земјава, Русос Кундурос.

Од Министерството за финансии соопштуваат дека Македонија и Грција немаат склучено Договор за одбегнување на двојно одданочување, но дека годинава двете земји разменија текстови на модел на договорот и во тек е разгледување на содржината на одредбите на грчкиот договор.

Исто така, велат од МФ, двете земји немаат Договор за поттикнување на заемна заштита на инвестиции. Потпишување на ваков документ, за што има интерес од нашата страна, може да даде поддршка за раст на инвестициите помеѓу двете земји.

Приливот на странски директни инвестиции од Грција во последните 10 години изнесува 130,3 милиони евра (или 4,4% од вкупните СДИ во земјата). Грција е еден од нашите најголеми трговски партнери, но има потенцијал за продлабочување на соработката. Од почетокот на година, односно периодот јануари-април, извозот во Грција изнесува 55,2 милиони евра, што е раст за 7,3% во однос на истиот период лани. Кај увозот е забележан раст од 20,5% од почеток на годината, односно од јануари до април увезена е стока во вредност од 188 милиони евра.

Прикажи повеќе...

Економија

Локвенец-Папукчиски: Обезбедени се средства за железничката пруга Софија-Скопје

Објавено пред

Конечно, после речиси 30 години, железничката пруга за поврзување на Северна Македонија и Бугарија станува реалност. Очекувам за 3-4 месеци овде, веќе да се гради. За важноста на овој проект за нашата земја, за граѓаните, за стопанството, за бизнисот е зборувано многупати. Тој е дел од Коридорот 8 и железничкото поврзување на нашите две земји е взаемен влог во европската агенда за поврзување на целиот регион, рече генералниот директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на Република Северна Македонија“, Хари Локвенец на денешната средба во Скопје со бугарскиот колега Красимир Папукчиски, генерален директор на Националната компанија за Железна и патна инфраструктура (ДК НКЖИ) на Република Бугарија.

Папукчиски искажа благодарност за брзата реакција и изразената подготвеност за продолжување на редовни работни состаноци за изградба на железничката линија Софија-Скопје.

„ Овој проект ќе обезбеди оперативна компатибилност на инфраструктурата, опремата, системите за управување, експлоатација и безбедност, како и поврзување со европските железнички мрежи преку примена на унифицирани стандарди и во согласност со барањата на Трансевропската транспортна мрежа. Во моментов, железничката линија Софија – Перник – Радомир – Ѓуешево има вкупна должина од 139 километри. Брзината во делот варира од 70 до 100 километри на час, со одредени ограничувања од 40 до 75 километри на час. По спроведувањето на проектот очекуваме брзината да достигне 130/160 километри на час. Да си посакаме плодна работа и да се потсетиме дека при изградбата на железничките пруги нашите предци знаеја дека градат историја“, рече Папукчиски.

Локвенец и Папукчиски искажаа силни заложби за вложување на професионалните компетенции, желба и одговорност за реализација на железничката линија којашто ја преминува границата меѓу Бугарија и Северна Македонија – тунелот Деве Баир.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

За првпат по 9 месеци, во Македонија нема починат од коронавирус

За прв пат по 2 септември 2020, во Македонија не е забележан ниту еден смртен случај од Ковид-19, во изминатото...

Европа4 часа

ЕМА: „Астразенека“ да не се дава на постари од 60 години

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека треба да се избегнува вакцината „Астразенека“  за лица над 60 години, поради стравувања...

Топ4 часа

Полицаецот по кој се трагаше е пронајден починат во водите на Брегалница

Во возило во водите на Брегалница е пронајдено е телото на 51 годишниот полицаец Т.С. од Делчево, кој беше пријавен за...

Македонија4 часа

Османи: Ќе вложам напори во среда да бидам во Скопје за да се обратам пред Комисијата

Ќе ги вложам сите напори да ја прекинам тековната дипломатска офанзива за во среда на неколку часа да бидам во...

Спорт5 часа

Селекторот Ангеловски емотивен: Вие сте моите херои!

Пред денешното деби на Македонија на Европското првенство, на натпреварот во Букурешт против Австрија, селекторот Игор Ангеловски на Инстаграм сподели...

Македонија8 часа

Општина Центар за протестот: Ќе се засадат нови дрвја на Орце Николов, отстранетите беа стари, болни и оштетени

По повод денешниот протест против сечата на дрвјата на улицата Орце Николов, општина Центар тврди дека останува посветена на остварување...

Македонија19 часа

Мицкоски: Ги почитуваме стратешките интереси на партнерите, но ги почитуваме и македонските национални интереси

ВМРО-ДПМНЕ ги почитува стратешките интереси на стратешките партнери, но тоа не значи дека немаме право да ги почитуваме и да се...

Македонија20 часа

Заев: Извозот на канабис за медицински цели oд Северна Македонија во ЕУ станува реалност

Извозот на сув цвет од канабис за медицински цели од Северна Македонија за пазарите во Европската Унија станува реалност, пишува...

Спорт21 час

Ериксен во стабилна состојба префрлен во болница

Данскиот репрезентативец, Кристијан Ериксен, во стабилна состојба е префрлен во болницата во Копенхаген. Натпреварот, помеѓу Данска и Финска е прекинат...

Македонија1 ден

Османи: Зголемена е активноста на ЕУ за почеток на преговорите, но исходот е непредвидлив

Се забележува една невообичаена зголемена активност од сите земји членки за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ, истакна министерот...

Македонија1 ден

Регистрирани 21 нов случај на коронавирус, почина едно лице

Денеска се регистрирани 21 нов случај на Ковид-19, оздравени се 7 пациенти, а пријавенo е едно починатo лицe. Во последните...

Македонија1 ден

Заев отвори канцеларија за директни средби со граѓаните во Струмица

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска во Струмица ја отвори Канцеларијата за непосреден контакт со граѓаните. Од Владата велат дека...

Македонија1 ден

Средношколскиот сојуз: Училишта бараат пари од учениците за издавање на свидетелства

Сојузот на средношколците реагира дека некои училишта бараат од учениците пари за издавање на свидетелства. „Изминативе неколку денови Сојузот на...

Македонија1 ден

Македонија повеќе не е на германската листа на ризични земји

Според новите податоци, објавени од државниот германски институт „Роберт Кох“, Македонија повеќе не се смета за ризична држава од Ковид-19....

Спорт1 ден

Арнаутовиќ: Не го отпишувајте Пандев поради неговите години

Македонија и Австрија, утре ќе го одиграат првиот натпревар во Ц-групата на Европското првенство. Дуелот на двете селекции, во Букурешт,...

Спорт2 дена

Пандев со обраќање до нацијата: Генерацијата која ја обедини цела Македонија

Капитенот Горан Пандев преку Инстаграм прати порака до нацијата пред историскиот настап на Европското првенство во фудбал, во кое зборува...

Регион2 дена

Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца од 12 до 15 години

Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ за деца на возраст од...

Македонија2 дена

Заев – Брнз: Извршната наредба на Бајден ги штитат САД, Северна Македонија и сојузниците

Премиерот, Зоран Заев, денеска имаше средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз, при што во фокусот на разговорите...

Македонија2 дена

Андоновска: Системот за вакцинирање со сериозен недостаток, ако се пријавите повеќе пати, се регистрира последното пријавување

Ако веќе еднаш сте пријавени на vakcinacija.mk не се пријавувајте повторно, затоа што се евидентира само датата на вашата последна...

Македонија2 дена

Регистрирани 20 нови случаи на Ковид-19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 2.885 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на КОВИД-19 од: Куманово – 5,...

Досие