Контакт

Економија

Оглас за распределба на 44 хектари државно земјоделско земјиште во Битолско

Објавено пред

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска објави јавен оглас за распределба на приближно 44 хектари државно земјоделско земјиште во Битолско.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска објави јавен оглас за распределба на приближно 44 хектари државно земјоделско земјиште во Битолско. Заинтересираните субјекти, увид во податоците за огласеното земјиште може да извршат на огласна табла во подрачната единица во Министерството за земјоделство во Битола.За подигање на маслинарници, времетраењето на закупот е за период до 50 години, за подигање на долгогодишни насад (лозја, овоштарници и хмељ) како и за оранжерии закупот е до 30 години, колку што изнесува и времетраењето на закупот за издавање на државното земјоделско земјиште за вршење на спортско-рекреативни активности и рурален туризам. До 20 години под закуп ќе се издава земјиштето за рибници, а за одгледување на други земјоделски култури и за ливади, закупот е до 15 години.Големината на површината на земјоделско земјиште која ќе ја добие еден понудувач ќе се утврди врз основа на неколку дефинирани критериуми во огласот, а кои се утврдени со Законот за земјоделско земјиште како што се минимално материјално – техничка опременост на понудувачот,бројот на планирани вработувања според бизнис планот. Почетната цена по хектар ќе се утврдува во зависност од катастарската класа и местоположбата на земјиштето. Таа за земјоделско земјиште од 1 до 4 катастарска класа изнесува 25 евра во денарска противредност и 15 евра за земјиште од 5 до 8 катастарска класа.Почетната цена на земјоделското земјиште кое се наоѓа во планински подрачја за земјиштето од 1 до 4 катастарска класа изнесува 15, а за земјиште од 5 до 8 класа изнесува 5 евра во денарска противвредност.Образецот за учество на јавниот оглас (понуда), може да се подигне во подрачните единици на Министерството.Право на учество на овој јавен оглас  имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица. Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност, да се запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства или да се регистрирани како  трговец поединец. На заинтересираните субјекти, земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи треба да им е претежна дејност, или да  им е потребно за вршење на научно-истражувачка дејност.Странските правни лица имаат право да учествуваат на јавниот оглас доколку имаат регистрирано подружници во  Република Македонија.Право на учество на јавниот оглас немаат лицата кои ги немаат намирено обврските по основ на закупнина за користење на земјоделско земјиште во државна сопственост, правните лица за кои е отворена стечајна постапка како и непрофитните организации.Понудите за овој оглас, заинтересираните субјекти можат да ја поднесат во рок од 20 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневниот печат. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Ковачевски: Историски најниска невработеност, раст на извозот и индустриското производство

Објавено пред

Стапката на невработеност на крајот на првиот квартал од 2021 година падна на историско најниско ниво од 16 отсто, истакна на прес-конференција, Димитар Ковачевски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

Како што соопшти, истовремено, стапката на вработеност, втор квартал по ред се зголемува. Од 46,8 отсто на крајот на 2020 година, сега имаме стапка на вработеност од 47,1 отсто.

„Ова значи дека во текот на првите три месеци од 2021 година кога целата светска економија сè уште беше под удар од коронакризата, кај нас се отворија околу 3.500 нови работни места. Платите континуирано растат и во услови на пандемија. Просечната месечна нето – плата во март 2021 година изнесува 28.217,00 денари, што е за 6,8 отсто е повисока од истиот месец во 2020 година“, рече Ковачевски.

Тој посочи и дека е регистриран пораст на индустриското производство, кое во април оваа година бележи раст од 46,1 отсто, како и раст на извозот, кој, пак, е зголемен за 40,7 осто.

Ковачевски најавува период на забрзан економски раст кој ќе го стимулира власта преку Интервентниот план за инвестиции со вкупна вредност од околу 8,1 милијарди евра за периодот 2021-2027 година.

Прикажи повеќе...

Економија

Бесими-Кундурос: Има голем потенцијал за продлабочување на економската соработка со Грција

Објавено пред

Економската соработка со Грција има голем потенцијал за проширување, што може да биде поддржано и преку потпишување на меѓудржавни договори за заштита на инвестициите и избегнување на двојното оданочување. Ова беше дискутирано на денешната протоколарна средба помеѓу министерот за финансии, Фатмир Бесими, и амбасадорот на Грција во земјава, Русос Кундурос.

Од Министерството за финансии соопштуваат дека Македонија и Грција немаат склучено Договор за одбегнување на двојно одданочување, но дека годинава двете земји разменија текстови на модел на договорот и во тек е разгледување на содржината на одредбите на грчкиот договор.

Исто така, велат од МФ, двете земји немаат Договор за поттикнување на заемна заштита на инвестиции. Потпишување на ваков документ, за што има интерес од нашата страна, може да даде поддршка за раст на инвестициите помеѓу двете земји.

Приливот на странски директни инвестиции од Грција во последните 10 години изнесува 130,3 милиони евра (или 4,4% од вкупните СДИ во земјата). Грција е еден од нашите најголеми трговски партнери, но има потенцијал за продлабочување на соработката. Од почетокот на година, односно периодот јануари-април, извозот во Грција изнесува 55,2 милиони евра, што е раст за 7,3% во однос на истиот период лани. Кај увозот е забележан раст од 20,5% од почеток на годината, односно од јануари до април увезена е стока во вредност од 188 милиони евра.

Прикажи повеќе...

Економија

Локвенец-Папукчиски: Обезбедени се средства за железничката пруга Софија-Скопје

Објавено пред

Конечно, после речиси 30 години, железничката пруга за поврзување на Северна Македонија и Бугарија станува реалност. Очекувам за 3-4 месеци овде, веќе да се гради. За важноста на овој проект за нашата земја, за граѓаните, за стопанството, за бизнисот е зборувано многупати. Тој е дел од Коридорот 8 и железничкото поврзување на нашите две земји е взаемен влог во европската агенда за поврзување на целиот регион, рече генералниот директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на Република Северна Македонија“, Хари Локвенец на денешната средба во Скопје со бугарскиот колега Красимир Папукчиски, генерален директор на Националната компанија за Железна и патна инфраструктура (ДК НКЖИ) на Република Бугарија.

Папукчиски искажа благодарност за брзата реакција и изразената подготвеност за продолжување на редовни работни состаноци за изградба на железничката линија Софија-Скопје.

„ Овој проект ќе обезбеди оперативна компатибилност на инфраструктурата, опремата, системите за управување, експлоатација и безбедност, како и поврзување со европските железнички мрежи преку примена на унифицирани стандарди и во согласност со барањата на Трансевропската транспортна мрежа. Во моментов, железничката линија Софија – Перник – Радомир – Ѓуешево има вкупна должина од 139 километри. Брзината во делот варира од 70 до 100 километри на час, со одредени ограничувања од 40 до 75 километри на час. По спроведувањето на проектот очекуваме брзината да достигне 130/160 километри на час. Да си посакаме плодна работа и да се потсетиме дека при изградбата на железничките пруги нашите предци знаеја дека градат историја“, рече Папукчиски.

Локвенец и Папукчиски искажаа силни заложби за вложување на професионалните компетенции, желба и одговорност за реализација на железничката линија којашто ја преминува границата меѓу Бугарија и Северна Македонија – тунелот Деве Баир.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Намален притисокот во болниците, од коронавирус низ целата држава се лекуваат 101 пациент

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје и во болниците...

Македонија2 часа

„Кога пилите ќе стивнат“ – утре протест за сечата на дрвја

За утре со почеток во 12 часот, на улицата Орце Николов , најавен е протест против сечата на дрвја. Зад протестот...

Македонија2 часа

Средношколскиот сојуз: Училишта бараат пари од учениците за издавање на свидетелства

Сојузот на средношколците реагира дека некои училишта бараат од учениците пари за издавање на свидетелства. „Изминативе неколку денови Сојузот на...

Свет3 часа

Ќе се фрлат спорните серии oд вакцините „Џонсон и Џонсон“

Американската Управа за храна и лекови (ФДА) соопшти дека фармацевтската компанија „Џонсон и Џонсон“ ќе мора да фрли повеќе милиони...

Македонија3 часа

Македонија повеќе не е на германската листа на ризични земји

Според новите податоци, објавени од државниот германски институт „Роберт Кох“, Македонија повеќе не се смета за ризична држава од Ковид-19....

Спорт17 часа

Пандев со обраќање до нацијата: Генерацијата која ја обедини цела Македонија

Капитенот Горан Пандев преку Инстаграм прати порака до нацијата пред историскиот настап на Европското првенство во фудбал, во кое зборува...

Регион20 часа

Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца од 12 до 15 години

Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ за деца на возраст од...

Македонија21 час

Заев – Брнз: Извршната наредба на Бајден ги штитат САД, Северна Македонија и сојузниците

Премиерот, Зоран Заев, денеска имаше средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз, при што во фокусот на разговорите...

Македонија22 часа

Андоновска: Системот за вакцинирање со сериозен недостаток, ако се пријавите повеќе пати, се регистрира последното пријавување

Ако веќе еднаш сте пријавени на vakcinacija.mk не се пријавувајте повторно, затоа што се евидентира само датата на вашата последна...

Македонија23 часа

Регистрирани 20 нови случаи на Ковид-19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 2.885 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на КОВИД-19 од: Куманово – 5,...

Македонија23 часа

Еко-активистите бараат увид во извештајот за состојбата на исечените дрвја, Богдановиќ тврди дека биле стари и суви

Еко-активистите изразија револтираност од, како што велат, масакрот на дрвјава на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало, направен вчера. Од...

Македонија23 часа

Македонски полицајци ќе се грижат за безбедноста на Европското фудбалско првенство

По повод Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020, на кое првпат ќе учествува и македонската фудбалска репрезентација, Министерството за внатрешни...

Македонија24 часа

Продолжен притворот на Орце Камчев

Бизнисменот Орце Камчев останува во затворот во „Шутка“. Кривичниот совет му ја продолжи мерката за нови 30 дена. Судиите сметаат...

Македонија1 ден

САД со поддршка за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, без одложување

САД изразија поддршка за итен почеток на преговорите за Македонија и Албанија во ЕУ, објави портпаролот на американскиот Стејт департмент,...

Македонија1 ден

Во тек се двете трансплантации на бубрег од починатата донорка

Во моментов на Клиниката за урологија во тек се двете трансплантации на бубрег од 44-годишната пациентка која вчера беше дијагностицирана со...

Топ1 ден

Албански државјанин им дал мито на полицајците, кои во неговиот камион пронајдоа дрога вредна 200.000 евра

Албанскиот државјанин кој вчера беше фатен со голема количина дрога во камион со приколка на патот Прилеп-Градско, претходно им понудил...

Свет1 ден

Кина ја одобри вакцината на „Синофарм“ за деца постари од три години

Вакцината против Ковид-19 на кинеската компанија „Синофарм“, што ја направи Институтот за биолошки производи во Пекинг, доби одобрение за употреба...

Свет1 ден

(Видео) Бајден: Ќе донираме половина милијарда вакцини за сиромашните земји и нема да бараме против-услуга

Американскиот претседател Џо Бајден, кој најави дека САД ќе донираат половина милијарда вакцини против Ковид-19 во 92 земји кои се...

Македонија1 ден

Матурантите го полагаат вториот екстерен испит

Матурантите денеска од 10 часот ќе го полагаат вториот екстерен испит. Гимназијалците и оние од стручното образование, избираа помеѓу предметите...

Македонија1 ден

Успешно извршена четвртата трансплантација на срце

Рано утрово, срцето на 44 годишната пациентка чие семејство несебично ги донираше органите, почна повторно да чука. Министерот за здравство,...

Досие