Контакт

Економија

Европските акции благо пораснаа во очекување на договорот за грчкиот долг

Објавено пред

Европските акции во среда благо пораснаа во очекување на договорот за замена на грчките обврзници и американските податоци за вработеноста во приватниот сектор.

Европските акции во среда благо пораснаа во очекување на договорот за замена на грчките обврзници и американските податоци за вработеноста во приватниот сектор.Индексот на Лондонската берза FTSE зајакна 0,3 отсто на 5.785 бодови, индексот на Франкфуртската берза DAX за 0,2 отсто на 6.643 бодови, додека париски CAC беше во плус 0,6 отсто и изнесуваше 3.382 бодови.Банкарските акции се опоравија во среда, при што Banco Popolare скокна 6,5 отсто, Natixis 3,4 отсто, а Commerzbank 3,4 отсто.Меѓу добитниците во среда се издвојуваат производителите на луксузна стока, заради гласините дека Кина ќе ги намали уозните царини на луксузна стока за да ја поттикне побарувачката.LVMH, Burberry и Hermes зајакнаа во распон од 1,4 до 2,2 отсто. Се проценува дека кинескиот пазар на луксузни стоки вреди околу 30 милијарди долари и дека расте по 25 отсто годишно.Индексот на берзата во Токио, Nikkei падна 0,7 отсто на 9.576 бодови. /крај/хн/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

„Икеа“ во Франција казнета со милион евра за шпионирање на вработените

Објавено пред

Француски суд ѝ наложи на „Икеа“ да плати еден милион евра за шпионирање на своите вработени во таа земја, откако водечкиот светски ланец за мебел беше прогласен за виновен за нелегално собирање и чување на податоци за вработените.

Француска подружница на шведскиот производител на мебел е обвинета за „демнење“ на работниците и нарушување на нивната приватност во текот на повеќе години што вклучувало прегледување на состојбата на нивните банкарски сметки и понекогаш ангажирање лажни работници за да ги шпионираат вработените.

Обвинителството побара казна од два милиони евра.

„’Икеа ритејл’ – Франција остро ја осудува оваа пракса, се извинува и спроведува сериозен план за акција за да спречи вакво нешто да се повтори“, се вели во соопштението на компанијата.

Прикажи повеќе...

Економија

Во општините ќе се реализираат проекти со парите со кои требаше да се гради карго аеродром

Објавено пред

Ми претставува чест и задоволство што денес ги доделуваме договорите на 23 општини за реализација на проекти за граѓаните, со вкупна вредност од 609,9 милиони денари односно 9,9 милиони евра, рече премиерот Зоран Заев во денешното обраќање по повод церемонијата на доделување на договорите за првите 23 општини од ТАВ Програмата.

Како што појасни премиерот, станува збор за инфраструктурни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живеење за граѓаните.

„Средствата се наменети за изградба на водоводни мрежи, фекална и атмосферска канализација, реконструкција на локални патишта, доизградба на детски градинки, реконструкција на основни и средни училишта, резервоари за вода, системи за водоснабдување и останати проекти. Предвидено е да се реализираат над 90 инфраструктурни проекти, во сите плански региони, за што се издвоени 49,7 милиони евра. Ова е прва група, следната е на почеток на јули и третата фаза околу 20 јули“, рече Заев.

Премиерот истакна дека Владата континуирано се залага за рамномерен регионален развој и јакнење на инфраструктурата на општинско ниво.

„Владата со буџетски средства и со поддршка на партнерите соработници како и со меѓународните финансиски институции спроведува проекти, конкретно насочени кон развој на општините. Главната цел е зајакнување на инфраструктурата и подобрување на условите за живот на локално ниво“, рече Заев.

Договорите на градоначалниците им ги доделија Фатмир Битиќи, кој е вицепремиер задолжен за економски прашања и Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија.

Сани Шенер, главен извршен директор и претседател на групацијата ТАВ Аеродроми во своето обраќање истакна дека оперативните и финансиските успеси имаат значење само кога создаваат општествена вредност.

„Дваесет и трите договори кои ги потпишавме денеска со Владата, вредни 9,9 милиони евра, се првиот дел од вкупниот износ на инвестицијата од 49,7 милиони евра, кои наместо за изградба на карго-аеродром се пренаменуваат за проекти на локалната самоуправа и инвестиции во аеродромите”, изјави Шенер.

Во првата група се опфатени општините Бутел, Прилеп, Ново Село, Шуто Оризари, Крива Паланка, Валандово, Струмица, Делчево, Ресен, Пробиштип, Карбинци, Липково, Тетово, Чаир, Сарај, Росоман, Босилово, Карпош, Старо Нагоричане, Неготино, Зелениково, Теарце и Боговиње.

Прикажи повеќе...

Економија

„Никоб лаб“ – брзината, капацитетот, квалитетот и пристапната цена може да бидат реалност

Објавено пред

НИКОБ ЛАБ е најбрзорастечката сертифицирана лабораторија во нашата држава.

„Во НИКОБ ЛАБ во последните три дена се направени околу 1.500 ПЦР и брзи антигенски тестови и со тоа докажавме дека располагаме со најголем капацитет за правење на вакви тестови во нашата држава“, велат од оваа специјализирана лабораторија.

Најголем дел од тестовите биле наменети за нашите навивачи кои заминаа да ја бодрат македонската фудбалска репрезентација, а сертифкатите од тестот биле прифатени од соодветните држави без никакви проблеми.

Од НИКОБ ЛАБ порачуваат оти ова докажува дека квалитетот, најсовремената метода и достапната цена можат да одат заедно.

 

 

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Владата го укина полицискиот час, дозволени се прослави и настани

Полицискиот час од утре се укинува, угостителските објекти останува да работат само на отворено, а се дозволува и одржување на...

Топ4 часа

Пронајдени 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид

Полицијата пронајде 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Според информациите на МВР, приведени се две...

Македонија6 часа

28 новозаразени од коронавирус, нема починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 28 нови случаи на...

Македонија8 часа

Актерката Силвија Стојановска доби три и пол години затвор поради учество во шверц на кокаин

Затворска казна од 3,6 години доби актерката Силвија Стојановска за транспортот на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија. Нејзиниот...

Македонија9 часа

Филипче ја прими грчката донација од 20.000 дози вакцини од „Астра зенека“

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека денеска пристигнала донацијата од 20.000 дози вакцини на „Астра зенека“...

Свет9 часа

„Политико“: Има пет работи поради кои Бајден ја сака Европа, една од нив е Балканот

Малкумина американски претседатели стапиле на таа функција со толку многу поминати километри во меѓународни патувања како што е Бајден, пишува...

Македонија9 часа

Вчера се аплицирани 4.840 вакцини, прва доза примиле 3.222 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 259.935 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.222 граѓани,...

Македонија10 часа

Кацарска: Ниту еден политичар не може да ми влијае за некој предмет

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, тврди дека врз неа не може да влијае ниту еден политичар ниту, пак, да...

Свет12 часа

Израел ги укина маските во затворено

Министерството за здравство на Израел објави дека од денеска веќе не важи обврската за носење заштитни маски во затворен простор....

Македонија12 часа

Владата ќе одлучува за укинување на полицискиот час

На седница што ќе почне денеска во 13 часот, според соопштение од владините служби, на дневен ред пред министрите за...

Свет12 часа

СЗО: Опаѓа бројот на новозаразени од коронавирус во последните седум недели

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, рече дека има пад на новозаразени од коронавирус во последните...

Свет12 часа

Бајден вети дека ќе му ја каже црвената линија на Путин

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, вчера во Брисел вети дека ќе му каже на својот руски колега Владимир Путин каде е...

Свет12 часа

Кина возврати на обвинувањата на НАТО: Кажувате невистини, ние сме мирољубиви

Кинеската мисија во Европската Унија денеска ја осуди процената на НАТО од вчерашниот самит дека Кина претставува „системски предизвик“. Водачите...

Македонија1 ден

Заев од НАТО Самитот 2021: Трансатлантското семејство е силно како никогаш порано

Премиерот Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинешниот Самит на...

Свет1 ден

Бајден: Напад врз една членка на НАТО е напад врз секого

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Брисел рече дека колективната одбрана на НАТО, принципот дека нападот врз една членка се...

Свет1 ден

Земјите од НАТО заеднички ќе се бранат и од напади во вселената

Проширувањето на членот 5 од договорот за основање на НАТО, кој денеска ќе биде продолжен, им овозможува на членките на...

Македонија1 ден

Четири нови случаи на Ковид-19, починал 66-годишен скопјанец

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.337 тестирања, а регистрирани се четири нови случаи на...

Европа1 ден

Во Германија најнизок број на новозаразени во последните 9 месеци

Во Германија е регистриран најмал број на новозаразени од коронавирус на дневно ниво во последните девет месеци, па официјалните лица...

Економија1 ден

Од полноќ се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15%...

Македонија1 ден

Груби и Мерко за рушењето на платформите во Струга: Зелената агенда е веќе во акција

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, и...

Досие