Контакт

Економија

На Волстрит претпазливост пред седницата на Фед

Објавено пред

Во понеделникот на Волстрит, индексите Dow Jones и S&P 500 благо пораснаа во претпазливото тргување пред седницата на челниците на американската централна банак Fed.

Во понеделникот на Волстрит, индексите Dow Jones и S&P 500 благо пораснаа во претпазливото тргување пред седницата на челниците на американската централна банак Fed.Индексот Dow Jones зајакна за 0,29 отсто на 12.592 поени, индексот S&P 500 за само 0,02 проценти на 1.371 поени, додека индексот Nasdaq, пак, ослаби за 0,16 отсто на 2.983 отсто. Цените на акциите со седмици нананзад полек но сигурно растат, поддржани од засилената американска економија. Меѓутоа забавува растот на другите најголеми економии во светот.Во понеделникот инвеститорите беа расколебани од податоците за послабиот од  очекуваниот раст на кинескиот извоз и увоз, што е меѓудругото последица од рецесијата во еврозоната.Имајќи ги предвид отежнатите деловни услови во светот, најважното прашање на пазарите е дали има основа за натамошен раст на цените на акциите.Од другa страна, пак, поевтинија акциите во рударскиот и во енергетскиот сектор, поради намалувањето на цените на суровините и на нафтата.Под притисок беше и банакрскиот сектор, па така индексот KBW од овој сектор ослаби за 0,7 отсто.Инвеститорите се претпазливи во очекување на седницата на раководството на американската централна банка Fed, којашто треба да се одржи подоцна во вторникот. Тие се надеваат на сигнализирање за натамошно олабавување на монетарната политика. Меѓутоа, се поставува прашањето дали централната банка на САД ќе се реши на таков потег, имајќи го предвид стабилниот раст на американското стопанство. Дека инвеститорите се многу претпазливи покажува и слабиот обем на тргување. Така, на Волстрит, Американ сток ексџејнџ и Насдак берзите, сопствениците ги замениле само 5,15 милијарди акции, додека просечниот дневен обем годинава изнесува околу 6,9 милијарди акции./крај/ро/мф/сн

Економија

(Видео) Славески: Поскапувањето на горивата не е еколошка такса, туку кризен данок

Објавено пред

Со оваа Влада предводена од СДСМ и ДУИ навикнавме на создавањето паралелна реалност и на давање погрешно име на нештата, вели Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ. Според него, предлогот за воведување т.н. еколошка такса за горивата не отстапува од тоа правило. Тоа, како што рече Славески, се гледа од образложението што го нудат владата и нејзини челници за причините за воведување на оваа давачка.

„Целта, наводно, е да се придонесе кон заштита на животната средина преку поддршка на транзицијата од користење фосилни горива кон обновливи извори на енергија. Нè убедуваат дека зголемените цени на горивата почивале на познатиот принцип „загадувачот плаќа“. Овој принцип, предложен од економистите пред точно еден век, е сосема во ред, но повикувањето на него во случајов претставува класична злоупотреба и замена на теза. Значи ли ова дека сите корисници на автомобили, сите транспортери, вклучително и вршители на јавен превоз во земјава се загадувачи? Се разбира дека не значи. Наместо да се воведе построга контрола на мерење на емисијата на издувни гасови при регистрација на возилата, како основа за примена на принципот „загадувачот плаќа“ во овој контекст, се предлага линеарно зголемување на цените на горивата за сите корисници, без разлика на видот на превозното средство“, оценува членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески.

Од досегашната практика, како што рече Славески, може да се заклучи дека зголемувањето на цените до одреден степен не влијае на намалување на потрошувачката на горивата.

Според него, воведувањето на дополнителна давачка на горивата, преку зголемените цени, ќе ги зголеми приходите во државниот буџет.

„Зголемените цени негативно ќе влијаат врз стандардот на граѓаните и ќе ги зголемат трошоците за транспорт на стоки и патници. Дополнително, евентуалното воведување на оваа нова давачка доаѓа во изразито неповолен момент,кога цената на суровата нафта на светските берзи е висока и се очекува нејзин натамошен раст“, смета Славески.

Прикажи повеќе...

Економија

Проектите помогнати од Светска банка обезбедуваат долгорочни решенија, согласни Шахпаска и Паолучи

Објавено пред

Министерството за труд и социјална политика и Светска банка во Северна Македонија ќе продолжат интензивно да соработуваат во делот на унапредувањето на социјалната заштита, зголемување на вработливоста на ранливите групи граѓани, особено на жените, но и на градење на човечки капитал како суштествен елемент за напредок на едно општество. Ова беше заклучено на денешниот состанок на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска со директорот на Канцеларијата на Светска банка во Северна Македонија, Масимилиано Паолучи.

На средбата се разговараше за можностите за активација на што поголем број лица на пазарот на труд, но и за унапредување на капацитетите на институциите.

„Оваа година во Оперативниот план на активни програми и мерки, воведени се три нови принципи, односно справување со негативните ефекти и последици врз пазарот на труд и вработеноста, предизвикани од пандемијата на Ковид-19, поттикнување на рамномерен регионален развој и принципот на диверзитет и инклузивност. Направивме конекција помеѓу Центрите за социјална работа и Агенцијата за вработување, со цел да се мапираат највработливите лица од семејствата приматели на гарантирана минимална помош и истите да бидат активирани на пазарот на трудот. Додека пак, за најневработливите, лицата со попреченост, Ромите, ранливите категории на граѓани, овозможивме обуки со кои истите би станале работоспособни“, рече Шахпаска.

Во моментов, Министерството за труд и социјална политика, го спроведува Проектот за подобрување на социјалните услуги (ППСУ) со наменскиот заем во вредност од 28,7 милиони евра кој Владата на Република Северна Македонија го доби од Светска Банка. Како дел од првата компонента на овој проект, која има за цел да го зајакне целокупниот систем на обезбедување социјална заштита, потпишани се 19 договори со 24 општини. Како дел од втората компонента, која има за цел да го зголеми пристапот до квалитетни услуги за ран детски развој, изградени се две детски градинки, а во изградба се уште 9 градинки, појаснуваат од министерството.

„Напредокот е во луѓето. Проектот којшто го подготвуваме се однесува токму на развој на човечкиот капитал и треба да овозможи оспособување на што поквалитетен кадар за работа и што поголема активација на населението на пазарот на труд. Здравјето, образованието и социјалната заштита се трите најважни компоненти кои ќе го подобрат животниот стандард, но и ќе создадат услови младите иднината да ја гледаат во сопствената земја. Верувам дека одличната соработката која ја имаме со Министерството за труд и социјална политика ќе продолжи да се имплементира и во секој нареден проект“, истакна Масимилиано Паолучи.

Прикажи повеќе...

Економија

Средба Заев-Бутарис: Од огромна важност е соработката меѓу двете земји за градење на капацитети за користење на фондовите на ЕУ

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев го прими поранешниот градоначалник на Солун, политичар и бизнисмен Јанис Бутарис, кој заедно со своите соработници остана во работна посета на Скопје откако вчера учествуваше на Првиот Економски Форум во Скопје во организација на Економскиот Форум од Делфи, Грција, и на Грчката Бизнис Асоцијација во Северна Македонија, а во партнерство и соработка со домашните компании.

На средбата, како што информираат од кабинетот на Заев, било истакнато дека Првиот Економски Форум во Скопје е од исклучително значење како платформа за поврзување на регионалните и меѓународните политички лидери, амбасадори, претприемачи, истакнати личности од различни општествени сфери.

Заев и Бутарис се согласиле дека од посебна важност е што на Самитот биле вклучени прецизно избрани теми кои во фокусот ги имаат најсуштинските прашања кои ја засегаат Северна Македонија, соседните земји и регионот, особено кога станува збор за одржливата и успешна економска билатерална и регионална соработка и развој.

Како еден од најуспешните бизнисмени во винската индустрија во Грција и во регионот, Бутарис го запознал премиерот Заев за новите иницијативи со кои е дојден во нашата земја за кои интерес покажале дел од најголемите домашни производители на вино.

На средбата беше истакнато дека од огромна важност е взаемната соработка и поддршка меѓу Северна Македонија и Грција на градење на заеднички капацитети за пристап и користење на фондовите на ЕУ, особено на оние кои се однесуваат на регионалната соработка, стои во соопштението од кабинетот на Заев.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа24 минути

(Видео) Апокалиптични снимки по торнадото во Чешка, расте бројот на мртви

Торнадо и силно невреме проследено со грмотевици, во четвртокот вечерта погоди неколку градови на југоистокот од Чешка, во регионот Јужна...

Свет15 часа

Руски претставник за британскиот брод: Следниот пат бомбите ќе паднат врз целта, а не околу неа

Шефот на руската делегација во преговорите за безбедност и контрола на оружјето во Виена, Константин Гаврилов, ја предупреди Велика Британија...

Македонија17 часа

Заев: Репрезентацијата ја претставува Северна Македонија, придавката „македонска“ е за други случаи

Кога се претставува државата, како во случајот со фудбалската репрзентација, тогаш се употребува репрезентација на Северна Македонија, додека македонско, македонска,...

Македонија18 часа

Радев: Ги издржавме притисоците, патот на Северна Македонија зависи само од дијалогот со Бугарија

Забрзувањето на европската перспектива за Република Северна Македонија зависи само од ангажманот и резултатите во дијалогот со Бугарија. Ова го...

Македонија18 часа

Регистрирани се 10 нови случаи на Ковид -19, три лица се починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 2.302 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на...

Регион20 часа

Вучиќ: Не е фер што Македонија и Албанија не добија датум за преговори

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека жали што Скопје и Тирана не добија датум за почеток на преговорите со ЕУ....

Македонија22 часа

Утре ќе стигнат 100.000 вакцини на Фајзер, а в недела 500.000 на Синовак, најави Филипче

Утре пристигнува нова пратка од 100 илјади вакцини на „Фајзер“ преку ковакс системот, најави министерот за здравтство Филипче. В недела...

Македонија22 часа

Од септември на медицинските сестри и техничари ќе им биде платено високото образование

Од септември на медицинските сестри и техничари ќе им биде платено високото образование, најавија по денешниот работен состанок, министерот за...

Македонија23 часа

Над 180.000 граѓани кои се пријавиле за вакцинација а не добиле термин, ќе бидат вакцинирани во следните 20 дена

Голем број граѓани реагираат дека одамна се пријавиле на веб-страницата vakcinacija.mk, но се уште не добиле термин за вакцинација во...

Свет23 часа

(Видео) Москва со порака: Ќе има страшни последици ако некој изврши провокации како случајот со британскиот разурнувач

Руската Црноморска флота, заедно со Граничната служба на ФСБ, испукаа предупредувачки истрели за да го спречат британскиот разурнувач да ја...

Македонија24 часа

Бремените жени и лицата над 60 години да се ослободат од работа, повикува Министерството за труд и социјала

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа,...

Европа24 часа

Европскиот Парламент предупредува- Бројот на мигранти расте, мора итно да дејствуваме

Со доаѓањето на летните месеци на надворешните граници на ЕУ, притисокот на мигрантите расте, затоа е потребно итно и солидарно...

Свет1 ден

(Видео) Се сруши мост во Вашингтон, повредени се повеќе лица

Пешачки мост се урна во североисточен Вашингтон. Според американските медиуми, најмалку шест лица биле повредени, додека еден камион останал заробен...

Економија2 дена

Владата го утврди предлогот за поскапувањето на горивата, на ред се пратениците

Предлогот за законски измени за повисока еколошка такса за нафтените деривати одат на усвојување во Собранието. Владата на денешната 82...

Свет2 дена

Европска здравствена агенција: Делта вирусот ќе доминира во Европа ова лето

Делта варијантата на коронавирусот, првпат откриена во Индија, значително ќе се прошири низ Европа во текот на летото, предупреди Европската...

Топ2 дена

Изгоре камп возило на туристи на Матка

Камп возило на туристи од Полска целосно изгоре на Матка, а уште едно возило е оштетено, соопшти МВР. „Вчера настанал...

Македонија2 дена

Пет нови случаи на Ковид-19, почина 39-годишник од Кичево

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.466 тестирања, а регистрирани се 5 нови случаи на...

Македонија2 дена

Заев: ЕУ има проблем, ние ќе бараме решение и не се откажуваме од заслужената интеграција

„Европа има проблем. Големата идеја за обединета Европа денес има проблем. А проблемот е самата ЕУ. Брисел ни порача дека...

Европа2 дена

Тензии во Црното Море: Руски истрели кон британски воен брод

Руски воен брод испукал предупредувачки истрели кон уништувач на британската кралска морнарица, ХМС Дифендер, откако влегол во руските води во...

Македонија2 дена

Утре и задутре портокалова фаза: Од работа да се ослободат бремените жени и лицата над 60 години

Во текот на следните два дена (четврток и петок), целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од портокалова...

Досие