Економија
Јаху го тужи Фејсбук за пробивање на 10 патенти
Американскиот интернет гигант Yahoo поднесе во САД тужба против интернет ресурсот Facebook поради повреда на интелектуалната сопственост во сферите како што се огласувањето, системот за размена на пораки и заштитата на приватноста.
Американскиот интернет гигант Yahoo поднесе во САД тужба против интернет ресурсот Facebook поради повреда на интелектуалната сопственост во сферите како што се огласувањето, системот за размена на пораки и заштитата на приватноста.
Во компанијата Yahoo тврдат дека Facebook прекршил десет нивни патенти, што популарната интернет страница за социјално вмрежување го отфрла.
„Патентите на Yahoo се однесуваат на најновите иновации во сфеарата на итнернетсктие прозиводи, вклучувајќи ги и системите за креирање пораки и ажурирање на содржината, коментарите на мрежата, прикажувањето на огласите, спречувањето на фалисификувањето податоци за посетеност на огласите и контролата на приватноста“, се наведува во тужбата поднесена пред окружниот суд во Сан Хосе, што ја поднесе интернет пребарувачот, пренесува Reuters.
„Целиот модел на Facebook на социјална мрежа, која овозможува на корисниците на профилите и поврзување, меѓу другото, и со личности и компании, се темели на патентираната од Yahoo технологија на социјално вмрежување“, се наведува натаму во тужбата.
Од социјалната мрежа, пак, наговестуваат дека според нивното мислење Yahoo не се трудел особено да го реши проблемот по вонсудски пат. Постапките на Yahoo тие ги оценуваат како „мистериозни“.
„Разочарани сме што Yahoo, инаку долгогодишен деловен партнер на Facebook, кој имаше голема позла од соработката со Facebоok, одлучи за започнување судски збор“, додаваат од мрежата.
Минатата седмица компанијата Facebook објави дека осигурила осум милијарди долари пред со големо нетрпение очекуваната почетна јавна понуда (IPO) на акции. Компанијата осигурила пет милијарди долари низ кредитна линија на три години од банкарскиот конзорциум кој ги вклучува банките „Morgan Stanley“, „JP Morgan“, „Goldman Sachs“ и „Bank of America-Merrill Lynch“.
Средствата ќе бидат употребени „за општи корпоративни намени“, наведуваат во компанијата.
Компанијата, исто така, соопшти дека постигнала договор со истата групација банки за три милијарди долари кредити за премостување на кусокот ликвидност, за да може да ги исполни повеќето обврски поврзани со почетната јавна понуда – IPO.
Во почетокот на февруари Facebook поднесе барање за вбројување на неговите акции за берзански котизации за да акумулира најмалку пет милијарди долари преку најголемата почетна јавна понуда во историјата на интернетските компании Зависно од интересот на вложувачите, износот би можел да достигне и до десет милијарди долари, сметаат економистите.
Во 2011 година Facebook оствари нето добивка од 668 милиони долари, во однос на 372 милиони долари остварени како добивка во 2010 година.
Во документите коишто пред американскиот регулатор ги поднела компанијата, исто така, било наведено дека непосредно пред почетокот на IPO биле осигурени дополнителни 25 гаранти, покрај постоечките шест.
Пазарната вредност на Facebook се проценува меѓу 75 и 100 милијарди долари./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.