Контакт

Економија

Групацијата Реплек очекува раст на приходите

Објавено пред

Зголемување на финансискиот резултат пред оданочување, на ниво на Групација Реплек за пет отсто во однос на резултатот од 2011 година, предвидува Групацијата за 2012 година, врз основа на проектираните приходи.

Зголемување на финансискиот резултат пред оданочување, на ниво на Групација Реплек за пет отсто во однос на резултатот од 2011 година, предвидува Групацијата за 2012 година, врз основа на проектираните приходи.Притоа се истакнува дека,  приходи од продажба за 2012 година на Реплек АД, врз основа на планот за продажба и склучените договори, се  проектирани на 532 милиони денари (8,6 милиони евра), што е за 7 отсто помалку во однос на реализираните приходи во 2011 година.„Проектираните приходи од продажба на фармацевтски препарати учествуваат со 96%, додека приходите од продажба на медицинска опрема и потрошни материјали учествуваат со 4% во вкупните проектирани приходи на Реплек АД Скопје“, се наведува во соопштението објавено денеска на Македонска берза.Врз основа планот за продажба и склучените преддоговори и договори со домашните и странските купувачи, проектирано е зголемување на приходите Реплек фарм ДООЕЛ, во 2012 година за 25,26 отсто.Притоа се очекува продажбата на домашниот пазар да изнесуваат 356,9 милиони евра (5,8 милиони евра), што претставува зголемување од 18,7 отсто.Приходите од продажба на странскиот пазар се очекува да изнесуваат 286,5 милиони евра (4,65 милиони евра), што би било раст од 34,2 отсто. Приходите од продажба на двете подружници: Реплек и Хубо Маркет и  Ресторан „Ден и Ноќ“, се очекува годинава да се зголемат за пет отсто.„Врз основа на проектираните приходи, се очекува зголемување на финансискиот резултат пред оданочување, на ниво на Групација Реплек, за 5 отсто во однос на резултатот од 2011 година“, стои во соопштението /крај/со/ап

Економија

Средба Бектеши-Насуј: Билатералната трговија помеѓу двете земји е со континуиран раст

Објавено пред

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Букурешт, оствари работна средба со министерот за економија, претприемништво и туризам на Романија Клаудиу Насуј.

Средбата се одржа во рамки на настанот „Унапредување на економската и трговска соработка помеѓу Северна Македонија и Романија“ како почеток на еднонеделната промоција на домашни земјоделски и прехранбени производи “Недела на македонски произзводи“ во Букурешт.

Министерот Бектеши и неговиот колега Насуј разговараа за економските односи меѓу двете земји и можностите за одржување на позитивниот тренд на развој, како и зголемување со нови содржини од заеднички интерес.

Романија е 10-ти најголем трговски партнер на Северна Македонија, а билатералната соработка помеѓу двете земји бележи континуиран раст во последните десет години.

Министерот Бектеши изрази очекување дека оваа билатерална соработка ќе продолжи со позитивен тренд во наредниот период и дополнително ќе се продлабочи и изрази надеж дека Романија како пријателска земја ќе сподели искуства од Европската Унија, особено што Северна Македонија е на пат за влез во Унијата.

Министерот Бектеши го информираше својот романски колега за економските потенцијали на Северна Македонија и посочи дека Владата креира предвидливи политики за директна поддршка на домашните и странските инвеститори, посебно за високо технолошките и извозно ориентирани компании. Истовремено, како што посочи министерот Бектеши се работи на унапредување на царинските и даночни политики, со што целосно се влијае на попозитивна деловна клима во земјата.

Прикажи повеќе...

Економија

„Нептун Македонија“ ја почна својата хумана мисија – „Ајде заедно да креираме подобро утре за сите деца“!

Објавено пред

„Нептун” Македонија ја започна својата хумана мисија – Ајде заедно да креираме подобро утре за сите деца!

По воспоставената соработка помеѓу “Нептун” Македонија и СОС Детско село, тимот на Нептун заедно со децата и младите од СОС Детско село навиваа за нашата држава на Европското првенство и со сето срце ја бодреа нашата репрезентација.

Во кругот на локацијата на СОС Детско село вработените, заедно со децата, младинците и нивните згрижувачи и ментори го гледаа првиот историски натпревар на Македонската репрезентација против Австрија на Европско првенство.

Од страна на “НЕПТУН” Македонија како иницијатор на овој настан беа обезбедени сите аудио и визуелни услови за гледање на овој меч во надворешни услови во пријатна атмосфера со обезбедени реквизити за навивање. Сите заедно се погриживме да бидат следени и испочитувани сите мерки и протоколи за безбедност. Домашната атмосфера успеавме да ја пренесеме во амбиентот на СОС Детско село и пративме огромна доза на позитивна енергија за нашите репрезентативци.

Нептун како компанија постојано се вклучува во процесот за општествена одговорност и тоа останува една од нашите примарни одговорности и основа на која ги надградуваме сите останати активности преку кои се обидуваме да го подобриме квалитетот на животот во средината во која работиме. Сите ние и како индивидуи и како компании треба да ја покажеме солидарноста и емпатијата кон најранливите – децата. Активностите во рамките на оваа соработка продолжуваат, да бидеме промената која сакаме да ја видиме во светот!

Прикажи повеќе...

Економија

Од полноќ се зголемуваат цените на горивата

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15% во однос на минатата недела.

Така, цените на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат половина денар за литар, а литар дизел и екстра-лесното масло за домаќинство ќе се продаваат за цена повисока еден денар.

Малопродажната цена на мазутот, пак, се зголемува 0,348 ден./кг и сега ќе изнесува 35,237 ден./кг.

Од вечерва по полноќ (15 јуни) цените на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Бензин „евросупер БС-95“: 68,50 денари/литар

Бензин „евросупер БС-98“: 70,50 денари/литар

Дизел „евродизел БС“ (Д-Е V): 61,50 денар/литар

Масло за горење ЕЛ-1: 61 денар/литар

Мазут: 35,237 денари/килограм

Oд Регулаторната комисија информираат дека во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот 1,377 %, дизелот 2,116 %, екстра-лесното масло 2,606 % и кај мазутот зголемувањето е 1,029 %.

Во истиот период, пак, курсот на денарот во однос на доларот е повисок 0,265 %.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Заев од НАТО Самитот 2021: Трансатлантското семејство е силно како никогаш порано

Премиерот Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинешниот Самит на...

Свет10 часа

Бајден: Напад врз една членка на НАТО е напад врз секого

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Брисел рече дека колективната одбрана на НАТО, принципот дека нападот врз една членка се...

Свет12 часа

Земјите од НАТО заеднички ќе се бранат и од напади во вселената

Проширувањето на членот 5 од договорот за основање на НАТО, кој денеска ќе биде продолжен, им овозможува на членките на...

Македонија12 часа

Четири нови случаи на Ковид-19, починал 66-годишен скопјанец

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.337 тестирања, а регистрирани се четири нови случаи на...

Европа13 часа

Во Германија најнизок број на новозаразени во последните 9 месеци

Во Германија е регистриран најмал број на новозаразени од коронавирус на дневно ниво во последните девет месеци, па официјалните лица...

Економија14 часа

Од полноќ се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15%...

Македонија15 часа

Груби и Мерко за рушењето на платформите во Струга: Зелената агенда е веќе во акција

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, и...

Регион15 часа

Хрватска ги промовира ковид-автобусите

Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош, и директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак, промовираа вакцинација со...

Македонија16 часа

Бројот на ковид-пациенти во македонските болници падна под 100

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во...

Македонија18 часа

Кризниот штаб предлага да се укине полицискиот час, на свадба да може да има повеќе од 100 гости

Кризниот штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, меѓу кои е и укинување на полицискиот час од среда,...

Свет18 часа

Кавалери од ЕМА реагира дека погрешно е цитиран: „Вакцината на ‘Астра зенека’ е добра за сите возрасти“

Марко Кавалери, шеф на работната група за коронавирус во Европската агенција за лекови, рече дека вакцината на „Астра зенека“ има...

Македонија18 часа

Македонија првпат на самит на НАТО како полноправна членка

Во Брисел денеска се одржува самит на НАТО на кој Македонија ќе го има своето прво учество како полноправна членка...

Спорт1 ден

Ангеловски: Нема разочарување, имаме уште два натпревари!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски по натпреварот со Австрија изјави дека репрезентацијата не успеала да се соземе...

Спорт1 ден

Пандев: За нас ова е големо искуство, жал ми е за навивачите

Фудбалската репрезентација на Македонија безмалку 80 минути имаше нерешен резултат во дуелот со Австрија, но во последните минути Австријците со...

Спорт1 ден

Македонија со пораз од Австрија на стартот на ЕП

Замените на австрискиот селектор Фода – Грегорич и Арнаутовиќ беа кобни за македонскиот национален тим во првиот меч на едно...

Македонија2 дена

За првпат по 9 месеци, во Македонија нема починат од коронавирус

За прв пат по 2 септември 2020, во Македонија не е забележан ниту еден смртен случај од Ковид-19, во изминатото...

Европа2 дена

ЕМА: „Астразенека“ да не се дава на постари од 60 години

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека треба да се избегнува вакцината „Астразенека“  за лица над 60 години, поради стравувања...

Топ2 дена

Полицаецот по кој се трагаше е пронајден починат во водите на Брегалница

Во возило во водите на Брегалница е пронајдено е телото на 51 годишниот полицаец Т.С. од Делчево, кој беше пријавен за...

Македонија2 дена

Османи: Ќе вложам напори во среда да бидам во Скопје за да се обратам пред Комисијата

Ќе ги вложам сите напори да ја прекинам тековната дипломатска офанзива за во среда на неколку часа да бидам во...

Спорт2 дена

Селекторот Ангеловски емотивен: Вие сте моите херои!

Пред денешното деби на Македонија на Европското првенство, на натпреварот во Букурешт против Австрија, селекторот Игор Ангеловски на Инстаграм сподели...

Досие