Контакт

Економија

Одземени уште пет возила заради вршење нелиценциран превоз на патници

Објавено пред

Пет возила се времено одземени во близина на Штип при контрола на Државниот инспекторат за транспорт при Министерството за транспорт и врски.

Пет возила се времено одземени во близина на Штип при контрола на Државниот инспекторат за транспорт при Министерството за транспорт и врски.

При контролата се одземени четири автомобили и едно комби возило.

Согласно Законот за превоз, предвидена е глоба од 500 евра за лицата што вршат јавен превоз без дозвола и лиценца. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Во општините ќе се реализираат проекти со парите со кои требаше да се гради карго аеродром

Објавено пред

Ми претставува чест и задоволство што денес ги доделуваме договорите на 23 општини за реализација на проекти за граѓаните, со вкупна вредност од 609,9 милиони денари односно 9,9 милиони евра, рече премиерот Зоран Заев во денешното обраќање по повод церемонијата на доделување на договорите за првите 23 општини од ТАВ Програмата.

Како што појасни премиерот, станува збор за инфраструктурни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живеење за граѓаните.

„Средствата се наменети за изградба на водоводни мрежи, фекална и атмосферска канализација, реконструкција на локални патишта, доизградба на детски градинки, реконструкција на основни и средни училишта, резервоари за вода, системи за водоснабдување и останати проекти. Предвидено е да се реализираат над 90 инфраструктурни проекти, во сите плански региони, за што се издвоени 49,7 милиони евра. Ова е прва група, следната е на почеток на јули и третата фаза околу 20 јули“, рече Заев.

Премиерот истакна дека Владата континуирано се залага за рамномерен регионален развој и јакнење на инфраструктурата на општинско ниво.

„Владата со буџетски средства и со поддршка на партнерите соработници како и со меѓународните финансиски институции спроведува проекти, конкретно насочени кон развој на општините. Главната цел е зајакнување на инфраструктурата и подобрување на условите за живот на локално ниво“, рече Заев.

Договорите на градоначалниците им ги доделија Фатмир Битиќи, кој е вицепремиер задолжен за економски прашања и Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија.

Сани Шенер, главен извршен директор и претседател на групацијата ТАВ Аеродроми во своето обраќање истакна дека оперативните и финансиските успеси имаат значење само кога создаваат општествена вредност.

„Дваесет и трите договори кои ги потпишавме денеска со Владата, вредни 9,9 милиони евра, се првиот дел од вкупниот износ на инвестицијата од 49,7 милиони евра, кои наместо за изградба на карго-аеродром се пренаменуваат за проекти на локалната самоуправа и инвестиции во аеродромите”, изјави Шенер.

Во првата група се опфатени општините Бутел, Прилеп, Ново Село, Шуто Оризари, Крива Паланка, Валандово, Струмица, Делчево, Ресен, Пробиштип, Карбинци, Липково, Тетово, Чаир, Сарај, Росоман, Босилово, Карпош, Старо Нагоричане, Неготино, Зелениково, Теарце и Боговиње.

Прикажи повеќе...

Економија

„Никоб лаб“ – брзината, капацитетот, квалитетот и пристапната цена може да бидат реалност

Објавено пред

НИКОБ ЛАБ е најбрзорастечката сертифицирана лабораторија во нашата држава.

„Во НИКОБ ЛАБ во последните три дена се направени околу 1.500 ПЦР и брзи антигенски тестови и со тоа докажавме дека располагаме со најголем капацитет за правење на вакви тестови во нашата држава“, велат од оваа специјализирана лабораторија.

Најголем дел од тестовите биле наменети за нашите навивачи кои заминаа да ја бодрат македонската фудбалска репрезентација, а сертифкатите од тестот биле прифатени од соодветните држави без никакви проблеми.

Од НИКОБ ЛАБ порачуваат оти ова докажува дека квалитетот, најсовремената метода и достапната цена можат да одат заедно.

 

 

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Гувернерката Ангеловска-Бежоска од состанокот со ЦЕФ: НБРМ се издвојува како одличен пример во регионот

Објавено пред

Како член на Одборот, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на годишниот состанок на Одборот на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ). На состанокот којшто се одржа виртуелно, меѓу другото, беше усвоен Стратегискиот план на ЦЕФ за периодот 2022-2026 година. Со планот се дефинираат клучните предизвици на земјите во регионот во постпандемискиот период и соодветно на тоа, и поддршката којашто ќе ја обезбедува ЦЕФ во овој период заради натамошно јакнење на институциите во регионот.

Во рамките на состанокот, гувернерката Ангеловска-Бежоска ја потврди определбата и за натамошна вклученост на Народната банка во активностите на ЦЕФ, што следи по оцената дека нашата централна банка се издвојува како одличен пример во регионот, со своите постојани вложувања во знаењата, вештините и потенцијалите на своите вработени, што според нив е показател на доброто корпоративно управување на институцијата. Народната банка искажа подготвеност за повторно пренесување на своите искуства во процесот на постојана едукација на кадарот на финансиските институции од регионот, давајќи со тоа одличен пример за успешна соработка.

Вклученоста во активностите на ЦЕФ е уште една потврда на заложбите за постојано јакнење на институционалните капацитети на Народната банка, преку унапредување на знаењата и вештините на вработените. Но, во исто време, е и потврда на заложбите на нашата централна банка за активно пренесување на искуствата и експертските видувања на другите централнобанкарски институции од регионот, што е и дополнителен придонес за унапредување не само на меѓународната соработка, туку и на централнобанкарските активности на регионално ниво.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Пронајдени 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид

Полицијата пронајде 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Според информациите на МВР, приведени се две...

Македонија4 часа

28 новозаразени од коронавирус, нема починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 28 нови случаи на...

Македонија5 часа

Актерката Силвија Стојановска доби три и пол години затвор поради учество во шверц на кокаин

Затворска казна од 3,6 години доби актерката Силвија Стојановска за транспортот на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија. Нејзиниот...

Македонија6 часа

Филипче ја прими грчката донација од 20.000 дози вакцини од „Астра зенека“

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека денеска пристигнала донацијата од 20.000 дози вакцини на „Астра зенека“...

Свет7 часа

„Политико“: Има пет работи поради кои Бајден ја сака Европа, една од нив е Балканот

Малкумина американски претседатели стапиле на таа функција со толку многу поминати километри во меѓународни патувања како што е Бајден, пишува...

Македонија7 часа

Вчера се аплицирани 4.840 вакцини, прва доза примиле 3.222 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 259.935 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.222 граѓани,...

Македонија7 часа

Кацарска: Ниту еден политичар не може да ми влијае за некој предмет

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, тврди дека врз неа не може да влијае ниту еден политичар ниту, пак, да...

Свет9 часа

Израел ги укина маските во затворено

Министерството за здравство на Израел објави дека од денеска веќе не важи обврската за носење заштитни маски во затворен простор....

Македонија9 часа

Владата ќе одлучува за укинување на полицискиот час

На седница што ќе почне денеска во 13 часот, според соопштение од владините служби, на дневен ред пред министрите за...

Свет10 часа

СЗО: Опаѓа бројот на новозаразени од коронавирус во последните седум недели

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, рече дека има пад на новозаразени од коронавирус во последните...

Свет10 часа

Бајден вети дека ќе му ја каже црвената линија на Путин

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, вчера во Брисел вети дека ќе му каже на својот руски колега Владимир Путин каде е...

Свет10 часа

Кина возврати на обвинувањата на НАТО: Кажувате невистини, ние сме мирољубиви

Кинеската мисија во Европската Унија денеска ја осуди процената на НАТО од вчерашниот самит дека Кина претставува „системски предизвик“. Водачите...

Македонија1 ден

Заев од НАТО Самитот 2021: Трансатлантското семејство е силно како никогаш порано

Премиерот Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинешниот Самит на...

Свет1 ден

Бајден: Напад врз една членка на НАТО е напад врз секого

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Брисел рече дека колективната одбрана на НАТО, принципот дека нападот врз една членка се...

Свет1 ден

Земјите од НАТО заеднички ќе се бранат и од напади во вселената

Проширувањето на членот 5 од договорот за основање на НАТО, кој денеска ќе биде продолжен, им овозможува на членките на...

Македонија1 ден

Четири нови случаи на Ковид-19, починал 66-годишен скопјанец

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.337 тестирања, а регистрирани се четири нови случаи на...

Европа1 ден

Во Германија најнизок број на новозаразени во последните 9 месеци

Во Германија е регистриран најмал број на новозаразени од коронавирус на дневно ниво во последните девет месеци, па официјалните лица...

Економија1 ден

Од полноќ се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15%...

Македонија1 ден

Груби и Мерко за рушењето на платформите во Струга: Зелената агенда е веќе во акција

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, и...

Регион1 ден

Хрватска ги промовира ковид-автобусите

Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош, и директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак, промовираа вакцинација со...

Досие