Економија
Сараќини ги пречека првите холандски туристи во Охрид
Првата група од 120 туристи од Холандија преку аранжманите на тур-операторот „Арке травел – ТУИ“ денеска со чартер лет пристигна во Охрид, со што и официјално започна стартот на новата летна туристичка сезона.
На аеродромот „Св.Апостол Павле“ гостите со погача, сол, но и торта и вино ги поздравија министерот за економија Ваљон Сараќини и амбСараќини ги пречека првите холандски туристи во Охридасадорката на Кралството Холандија во Скопје, Мариет Схурман. Посакувајќи им добредојде, министерот Сараќини на гостите им порача за време на нивниот престој тука колку што е можно повеќе да ја запознаат Македонија, нејзините убавини, а своите импресии да им ги пренесат на нивните пријатели кога ќе си заминат дома. Сараќини во изјава за медиумите нагласи дека напорно ќе се работи оваа година да биде зголемен бројот странски туристи, како и дека оваа сезона на охридскиот аеродром се очекува седмично да се реализираат девет летови со туристи. „Според договорите и информациите што ги имаме со туроператорите, само од земјите од Бенелукс очекуваме во Охрид дневно да престојуваат 700 туристи. Оваа година се планира само од Холандија да има над 14 илјади туристи“, рече Сараќини заблагодарувајќи се на Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје за успешната промоција на Македонија како атрактивна туристичка дестинација. Амбасадорот на Холандија Мариет Схурман потсети дека преку вакви чартер летови минатата година Македонија ја посетија 22 илјади гости од Холандија. „Некои од туристите кои за првпат дојдоа во Македонија минатата година со еден од чартер летовите, се вратија и годинава, и според тоа може да заклучиме дека уживале во престојот овде. Луѓето од Македонија се една од главните причини, затоа што се многу дружељубиви, љубезни и одлични домаќини. Холанѓаните се чувствуваат овде како дома, затоа што имаме многу заеднички карактеристики – отвореноста, работливоста и желбата за уживање во животот. Секако дека туристите доаѓаат овде и поради нештата што ги нема во Холандија, како планините и снегот“, рече Схурман. Туристите од Бенелукс, пред се’ оние од Холандија, кои беа најбројни гости во Охрид од западните земји во 80-ите години на минатиот век, после три децении минатата година првпат повторно организирано летуваа во Македонија. Интересот на туристите за македонската туристичка понуда, нивните позитивни искуства, резултираа со зглолемување на бројот закупени легла од страна на туроператорите и зголемување на бројот чартер летови од Холандија за оваа 2012 година. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.