Контакт

Економија

Ставрески: Економските политики се анализираат со факти, а не преку гола реторика

Објавено пред

Анализите за успешноста на економските политики се прават врз база на аргументи, факти и податоци, а не преку призмата на голата политичка реторика како што тоа најчесто го прават нашите политички опоненти од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Ова во понеделникот од собраниската говорница го порача министерот за финансии Зоран Ставрески за време на дебата, во која опозицијата бара негова интерпелација и одговорност.Изнесувајќи аргументи за своето работење, Ставрески направи споредба со растот на бруто домашниот производ, приливот на странски инвестиции и стапката на невработеност во негово време и во времето на владеењето на СДСМ.„Во изминатиот период остварени се историски највисоките стапки на раст на БДП од 6,1% во 2007 и 5% во 2008. По започнувањето на големата светска економска криза, повторно во две од три години остваривме позитивен раст на БДП (2,9% во 2010 и 3% во 2011). Во целина, во периодот 2007-2011 во кој во четири од петте години имаше и сеуште има голема светска економска криза, остварен е просечен раст на БДП од 3,2%. За споредба во периодите 1993-1998 и 2003-2006 во кои економската политика ја креираше СДСМ, просечниот раст на БДП е 1,2%“, порача Ставрески. Ставрески истакна дека петте години, во кои тој учествува во креирањето на економската политика, остварен е најголем раст на инвестициите.„Просечниот реален раст на бруто инвестициите во 2003–2006 година изнесува 2,8%, додека во 2007–2011 година 8,9%. Бруто инвестициите како процент од БДП во периодот 2003–2006 година изнесуваа 21%, а во периодот 2007–2011 година 25,7%,“, рече Ставрески.Во врска со невработеноста, која со години е најголеми проблем на македонските граѓани, Ставрески рече дека во септември 2006 година бројот на регистрирани невработени лица бил 358.831, а во март 2012 година изнесувал 276.715. „Во 2005 година, стапката на невработеност достигна рекордни 38,7%. На крајот од 2011 таа изнесуваше 31,8%. Ја намаливме стапката на невработеност во услови кога невработеноста расте во сите европски држави. Во овие времиња кога работниците во Европа ги губат работните места, во Македонија континуирано расте бројот на вработени лица“, изјави Ставрески, додавајќи дека владината политика креирала на 75.000 работни места.Ставрески ги оцени како неточни тврдењата на СДСМ дека јавноста била манипулирана со ветување за високи стапки на раст кога Европа и Светот се подготвувале за криза и потсети дека Владата уште на крајот на 2008 година излезе со прв пакет на атикризни мерки  .„Секаде во светот проекциите за макроекономските индикатори подлежат на ревидирање. Многу често релевантните меѓународни институции како ММФ, СБ, ЕК итн ги менуваат проекциите“, рече Ставрески.На обвинувањата дека е креиран огромен буџет и дека државата се задолжува, Ставрески со одговор дека буџетот во 2012 како процент од БДП е помал од тој во 2005 година, како и дека историски највисока стапка на задолженост македонија имала на крајот од 2005 година, 38,4% од БДП, додека заклучно со март 2012 година државниот долг изнесува 26,8%. Негирајќи ги обвинувањата на опозицијата дека во него време не е направен ниту километар пат, Ставрески наброја цела листа на патишта кој се завршени во негово време.Ставрески детално се осврна и на акцијата „Детонатор“, додавајќи дека таа се уште не е завршена и дека е пример за неселективен пристап. Претходно, пратеникот од СДСМ Марјанчо Николов наведе 10 причини зошто министерот за финансии треба да ја напушти оваа функција: немањето кредибилитет, постојаното задолжување на државата, акцијата „Детонатор“, сиромаштијата, невработеноста, финансирањето на проектот „Скопје 2014“, недостигот на капиталните инфраструктурни и енергетски проекти, состојбата во Фондот за ПИОМ и за здравство и другите претпријатија во сопственост на државата, фискалната децентрализација и рамномерниот регионален развој и неуспешниот проект „Купи куќа, купи стан“. „Ова се причините зошто треба да си замине од фукцијата министер за финансии. Тоа е во интерес и на стопанството и на граѓаните и на државата. За сите овие  шест години, колку што ги правите буџетите, сте потрошиле 14 милијарди евра пари на граѓаните, истакна Николов, додавајќи дека прашање е каде се потрошени и на што се потрошени.Николов потенцира дека во последните три години долгот на централната влада е зголемен за 700 милиони евра и оти со политиката што се води земање кредити и трошење за тековни трошоци само се уништува македонската економија и се задолжуваат идните генерации.Сиромаштијата, во последните четири години урива рекорди, а животниот стандард е на најниско ниво, рече Николов, обвинувајќи дека . невработеноста во изминатите години само на административен начин е намалена.Николов оцени дека владата нема направени ниту еден енергетски проект и дека се прават се повеќе трансфери за исплата на пензии.За проектот „Купи куќа, купи стан“, Николов оцени  дека не се оправдани ниту парите дадени за реклами за проектот. /крај/со/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање

Објавено пред

„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.

dobivaj vesti na viber

Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.

„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.

„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.

Прикажи повеќе...

Економија

Од полноќ нови цени на горивата

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.

dobivaj vesti na viber

Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)

Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)

Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.

Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.

Прикажи повеќе...

Економија

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда

Објавено пред

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.

dobivaj vesti na viber

Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.

Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.

Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ11 минути

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија2 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија3 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија3 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија4 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија4 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија5 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија15 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија15 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија16 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија16 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија16 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија17 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија18 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија19 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија19 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија19 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија19 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија20 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...