Економија
Груевски позитивно ја оцени посетата на Скандинавија
Премиерот Никола Груевски, како мошне успешни и во вистинско време ги оцени посетите на четирите скандинавски земји Шведска, Финска, Данска и Норвешка.
„Можам да кажам дека посетата на четирите скандинавски држави е успешна и постигната е целта. Извршивме презентација пред повеќе од 200 компании во овие четири држави и со голем дел од нив имавме поединечни средби на кои што се распрашуваа за детали поврзани за нивниот сектор и верувам дека дел од нив во следниот период ќе дојдат да поработат на подготовки за отворање на нивни компании во Македонија“, рече за македонските медиуми премиерот Никола Груевски.
Во контекст на оправданоста од посетата на Скандинавија на владиниот тим кој ги презентираше економските потенцијали на Македонија, премиерот го подвлече фактот дека тамошниети компании многу малку знаат за можностите за инвестирање во земјава, особено за погодностите и предностите што ги нуди Македонија, како ниските трошоци за отпочнување и занимавање со бизнис и стабилната макроекономска ситуација.
„Малку ги познаваа можностите и со задоволство слушаа, многу од нив потенцираа дека со задоволство ќе ја посетат Македонија. Особено ова е значајно сега во Европа кога се случува должничка криза и рецесија, еврото е во деликатна ситуација и овие земји кои дел од нив немат евро, освен Финска, нивните фирми се заинтересирани да бараат локации за инвестирање во земји надвор од ЕУ. Од таков аспект се чини дека доаѓањето во овој момент е вистински важно. Тоа го нагласи и министерката за трговија на Шведска која потенцираше дека сме дојдени во прав момент, бидејќи токму во овој период шведските фирми бараат дестинации кои се надвор од опасноста во еврозоната“, рече Груевски.
Потенцираше дека покрај од економски, посетата на Шведска, Финска, Данска и Норвешка, коитшо важат како едни од најстабилните економии, истовремено претставува и полн погодок и од политички аспект.
„Тоа се главно држави кои досега ја поддржувале Макеоднија, некои од нив се членки на НАТО, некои на ЕУ. Сите од нив се влијателни држави. Со оваа посета и со овие разговори и аргументите кои ги дадовме особено во делот на уцените кои ги прави Грција верувам дека во иднина ќе имаат свој придонес во нивните ставови во однос на поддршката која ја даваат за Република Македонија“, рече Груевски, потенцирајќи дека при посетата на овие влијателни земји се остварени средби на високо ниво, со три премиера, претседател на држава и два претседатела на парламенти на кои се презентирани политичките активности и аспирациите за членство на Македонија во ЕУ и НАТО./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.