Економија
Македонија со најдобар рејтинг во регионот според 2013 Doing Business
Македонија е една од земјите кои направија најголем напредок според индикаторите на Doing Business, стои во Извештајот објавен во вторник.
Според нововоспоставениот индикатор, наречен “Оддалеченост од границата“, кој го мери апсолутниот напредок на земјите низ времето, Македонија е на високото трето место помеѓу земјите од Европа и Централна Азија и петта во светот.
Македонија континуирано подржува една стабилна и широка реформска агенда и има имплементирано реформи во неколку важни области на деловната регулатива, со што ја зајакнала заштитата на инвеститорите и правната рамка за кредиторите.
Како резултат на многуте реформи последниве неколку години, земјата е рангирана на 23. место во глобални рамки и е пред земјите во регионот и пред 20 земји членки на ЕУ.
Извештајот особено го бележи олеснувањето на започнувањето на бизнис преку поедноставување на процедурата за добивање на печат за компанијата, што ја постави земјата на петтото место според индикаторот за започнување на бизнис.
„Македонија направи големи чекори во олеснувањето на деловната клима за домашните о странските инвеститори, и 2013 Doing Business извештајот покажува дека се работи за континуиран и добар процес“,изјави Лилиа Бурунчук, Директор на Светска банка за Република Македонија.
Таа забележа дека државата ги продолжува реформите со дополнителни мерки во сите области опфатени со извештајот, кои ќе бидат опфатени во наредните изданија на извештајот.
Во Извештајот на Светска банка Doing Business 2013: Попаметни регулативи за мали и средни претпријатија покажува дека, од 2005 година наваму, регионот на Источна Европа и централна Азија е водечки во зајакнувањето на деловната клима за локалните компании.
Сингапур го задржува првото место во глобалното рангирање во олеснување на деловното работење и тоа седма година по ред. Десет економии кои го придружуваат на листата со најпријателски бизнис регулативи се Хонгконг, Кина,Нов Зеланд, Соединетите Американски Држави, Данска, Норвешка, Велика Британија, Република Кореа, Грузија и Австралија.
Doing Business ги анализира регулативите кои се применуваат на деловното работење во економиите во текот на нивниот животен циклус, вклучувајќи ги започнувањето и процедурите, прекугранична трговија, плаќање даноци и заштита на инвеститорите.
Збирното рангирање за олеснување на деловното работење се базира на десет индикатори и покрива 185 економии. Doing Business не ги мери сите аспекти на деловната средина кои се важни за компаниите и инвеститорите. На пример, не се мери квалитетот на фискалното управување, други аспекти на макроекономска стабилност, степенот на вештини за работната сила или издржливоста на финансиските системи. Наодите од извештајот поттикнаа дебати насекаде низ светот и овозможија бројни истражувања за тоа како регулативите на ниво на компании се поврзани со економските резултати во економиите.
Овогодинешниот извештај одбележува 10-то издание од глобалната серија на Doing Business./крај/бб/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.