Контакт

Економија

ЕЦБ ги снижи прогнозите за раст за еврозоната, очекува пад во 2013 година

Објавено пред

Европската централна банка (ЕЦБ) ја намали во четвртокот прогнозата за раст на економијата на еврозоната, според која во наредната година многу веројатно треба да се очекува пад, додека закрепнување би требало да уследи во 2014 година.

За наредната година, ЕЦБ остро ја снижи прогнозата за раст и се очекува распон од пад до 0,9 отсто до скромен раст од 0,3 отсто. според претходните прогнози, проценките за раст се движеа во распон од минус 0,4 до плус 1,4 отсто.Благо е намалена и прогнозата за 2012 година, според која сега се очекува пад на економските активности за 0,5 отсто, наспроти првобитно проценетите 0,4 отсто.Според првичните проценки за 2014 година се очекува повраток на растот, кон би требало да изнесува од 0,2 до 2,2 отсто.„Очекувањата се дека економската слабост во еврозоната ќе се протегне и на наредната година. Постепено закрепнување би требало да започне кон крајот на 2013 година“, изјави првиот човек на ЕЦБ, Марио Драги на денешната прес конференција.На редовниот месечен  состанок ЕЦБ очекувана ја задржа постоечката каматна стапка во висина од 0,75 отсто.Драги појасни дека каматните стапки не се снижени поради високите индиректни даноци и растечките цени на енергенси во некои држави на еврозоната.Во декемвриските макроекономски проекции, ЕЦБ ја намали и прогнозата за инфлацијата за наредната година. Сега се очекува таа да се движи помеѓу 1,1 и 2,1 отсто, наспроти претходната проценка за нејзино движење од 1,3 до 2,5 отсто. /крај/х/ап/

Економија

Нови цени на горивата: „евросупер БС-95“ поевтинува, а екстра-лесното масло поскапува

Објавено пред

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се намалува 0,50 денари/литар и ќе изнесува 60,50 денари/литар. Малопродажните цени на бензинот „евросупер БС-98“ и на „евродизелот“ (Д-Е V) остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката од минатата недела (29.6.2020 година).

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува 0,50 денари/литар и од вечерва на полноќ ќе изнесува 52,50 денара/литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,156 денари/кг и ќе изнесува 25,980 денари/кг.

Од 7.7.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин „евросупер БС-95“ – 60,50 (денари/литар)
моторен бензин „евросупер БС-98“ – 63,00 (денари/литар)
дизел-гориво „евродозел БС“ (Д-Е V) – 52,50 (денара/литар)
масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 52,50 (денара/литар)
мазут М-1 НС – 25,980 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар бележат намалувања кај бензинот во просек за 0,836 %, кај дизелот има зголемување во просек за 2,358 %, кај екстра-лесното масло зголемувањето е во просек за 1,716 % и кај мазутот зголемувањето e во просек за 0,873 %.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,071 %.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 7.7.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Прикажи повеќе...

Економија

Лукаревска: Минималната плата ќе ја покачиме на 20.000 денари

Објавено пред

„Ние сме носители на напредок, развојна економија, просперитетна држава, рече носителката на изборната единица 2, Сања Лукаревска од коалицијата „Можеме”, која денеска оствари повеќе средби со граѓани и компании во Куманово.

Според неа, добрата соработка со компаниите и навремениот, неселективен поврат се исклучително важни во креирањето развојна економија. Поддршката на компаниите и вработените ќе продолжи за што предвидуваме 600 милиони евра, 300 милиони од буџетот и 300 милиони од европските фондови.

„Минималната плата од 9.000 денари за само три години ја искачивме на 14.500 денари. Во наредниот мандат платите и пензиите ќе растат. Минималната плата ќе ја покачиме на 20.000 денари, а просечната плата до крајот на мандатот ќе се искачи на 34.000 денари.

Младите се нашата движечка сила. Креираме амбиент за успех на секој еден млад човек. Креираме политики коишто ќе обезбедат услови за успешен млад претприемач, успешен спортист, доктор кој останува да работи во нашите болници, иноватори. Ги поттикнуваме младите и жените да отвараат сопствени фирми со грантови до 15.000 евра. Принципот 50/50 што го промовираме во сите сфери на општеството значи еднакви права за жените и мажите, eднакви плати за жените и мажите, eднакви обврски за жените и мажите“, рече Лукаревска.

Носителката на изборна листа во ИЕ2 Сања Лукаревска денеска во Куманово разговараше со компании корисници на економската мерка за исплата на плати за април и мај, како и на субвенциите за покривање на придонесите до 6.000 денари, со цел исплата на повисоки плати.

„Добрата соработка со компаниите и навремениот, неселективен поврат на ДДВ, се исклучително важни во креирањето развојна економија. Поддршката на компаниите и вработените ќе продолжи за што предвидуваме 600 милиони“, рече Лукаревска.

Со младите во Куманово, Лукаревска разговараше за поддршката на младите и нивното активно вклучување во македонската развојна економија.

„Создаваме амбиент и услови за успех на секој млад човек. Вложуваме во младите спортски амбасадори, младите претприемачи, докторите кои иднината ќе ја градат дома, младите иноватори. Ги поттикнуваме младите и жените да отвараат сопствени фирми со грантови до 15.000 евра. Поддржуваме стартапи формирани од млади кои нема да мора да прават административни и логистички трошоци“, рече Лукаревска.

Парите ги враќаме на граѓаните преку многу мерки за поддршка, преку изградба на современа инфраструктура. Куманово добива целосно ново street ball игралиште, а со финансиска поддршка од Програмата за рурален развој интензивно се работи на пристапен пат и уредување на локацијата Студена вода со урбана опрема за спорт и рекреација.

Прикажи повеќе...

Економија

Изработен прирачник „Купувам домашно“ со објаснување што сè спаѓа во домашни производи

Објавено пред

Со цел стимулирање на купувањето домашни производи, а со тоа и поддршка на македонското стопанство во услови на корона-кризата, а за да се информира јавноста што сè спаѓа под македонски производи, Министерството за финансии изработи прирачник „Купувам домашно“ со 16 најчесто поставувани прашања од страна на купувачите.

Овој проект произлегува оттаму што домашната платежна картичка е наменета исклучиво за македонски производи и услуги, додека повратот на ДДВ преку МојДДВ за македонски производи е покачен од 15% на 20%.

Прирачникот е изготвен заедно со Државниот пазарен инспекторат, Министерството за економија, Организацијата за заштита на потрошувачи, Царинската управа и УЈП. Истиот може да се најде на следниов линк.

За целите на купување со домашната платежна картичка, производите се сметаат како домашен македонски производ, доколку се производи и стоки за финална потрошувачка произведени од правни и физички лица вршители на стопанска дејност, резиденти на Република Северна Македонија, освен алкохолни пијалаци, тутун и преработки на тутун, информираат надлажните органи.

Кај скенирањето на фискалните сметки, производот може да се смета како домашен доколку на неговата декларација, согласно Законот за заштита на потрошувачите, е наведено дека е произведен на територијата на Република Северна Македонија.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 минути

Во судир на два авиони во Ајдахо загинаа осум луѓе меѓу кои три деца

Два туристички авиони со осум патници и членови на екипаж се судрија над езеро во американската сојузна држава Ајдахо и...

Свет29 минути

Мелбурн ставен во карантин поради коронавирусот

Вториот по големина австралиски град, Мелбурн, ќе биде ставен под карантин поради коронавирусот, пренесе агенцијата АФП. Засега нема повеќе информации...

Свет36 минути

Коронавирусот може да се пренесе преку воздух, тврдат 239 научници во отворено писмо до СЗО

Ако е точно дека коронавирусот се пренесува преку воздухот, тоа значително ќе влијае на мерките за нејзина контрола, пишува „Њујорк...

Македонија11 час

„Правда за Кољо“ – нов протестен марш во Аеродром

Стотина млади лица вечерва одржуваа протестен марш од скопската населба Аеродром до кривичниот суд, носејќи транспарент „Правда за Кољо“. Граѓаните,...

Македонија12 часа

Шилегов: И вториот тест е негативен, невидливиот противник е победен

„Вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид-19. Како и вчерашниот, и денешниот е негативен.И официјално, невидливиот противник е...

Свет13 часа

Руските власти ископале ров околу село за да го заштитат од Ковид-19

Руските власти ископале ров околу оддалечено сибирско село за да го стават во карантин, откако десетици жители се заразиле со...

Регион14 часа

Во Србија шест лица починаа од коронавирус, регистрирани 289 новозаразени

Во последните 24 часа во Србија од ефектите на коронавирусот починаа уште шест лица, додека  регистриранисе  289 новозаразени лица, соопшти...

Македонија16 часа

ДИК со герила-акција во Охрид и Струга: Ти си на ред! Гласај безбедно!

Државната изборна комисија ја води кампањата „Ти си на ред“ за претстојните предвремени парламентарни избори 2020. Со герила-акција, за првпат...

Македонија18 часа

Во просек 13 отсто од тестираните на коронавирус во земјата се позитивни

Во просек 13 отсто од тестираните на Ковид-19 се позитивни, а неделно се прават 8.000 теста, истакна министерот за здравство,...

Македонија18 часа

(Интервју) Бачев: Ќе коалираме со онаа партија што ќе се залага за враќање на уставното име

Поништување на преспанскиот договор, поништување на договорот со Бугарија, враќање на уставното име на државата – се црвените линии под...

Македонија19 часа

Обвинителот Бубевски заболен од коронавирус, Фатиме Фетаи е во самоизолација

Обвинителот Гаврил Бубевски, кој беше дел од СЈО, а сега е дел од скопското Обвинителство и ги застапува предметите „Насилство...

Регион19 часа

Чедомир Јовановиќ објави фотографија од болница: Уморен сум, сè уште ми е неопходен кислород

Лидерот на српската Либерално-демократска партија ЛДП, Чедомир Јовановиќ, се огласи на „Твитер“ од Клиниката за инфективни болести во Белград, каде...

Македонија20 часа

Петмина починати и 78 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на...

Македонија20 часа

(Видео) Санчез: Се надевам дека по 15 јули, Северна Македонија ќе остане со проевропска влада

Се надевам дека по изборите на 15 јули, Северна Македонија ќе продолжи со ваква проевропска влада, влада што ќе остане...

Регион22 часа

(Видео) И покрај забраната, Грција им дозволи влез на српските туристи кои со часови чекале на граница

Грција донесе одлука од денеска од 6 часот наутро повторно да ги затвори границите за Србија по порастот на бројот...

Топ22 часа

Притвор за двајцата скопјани што киднапираа Италијанка

Судот им определи притвор од осум дена на двајцата скопјани што киднапираа Италијанка. Тие се осомничени за кривично дело противправно...

Култура23 часа

Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст. Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните...

Македонија23 часа

Над 7.000 заразени со коронавирус во земјата

Бројот на заразени од коронавирус во земјата надмина 7.000 лица кога вчера беа регистрирани 115 новозаболени. Во моментот активни се...

Регион2 дена

Во Грција 25 новозаразени со коронавирус, осуммина се странски туристи

Грчките власти објавија дека регистрирале уште 25 заразени со коронавирус во изминатите 24 часа и дека нема смртни случаи. Од...

Регион2 дена

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната...

Досие