Контакт

Економија

S&P го зголеми кредитниот рејтинг на Грција

Објавено пред

Меѓународната агенција за бонитет Standard & Poor’s (S&P) го зголеми кредитниот рејтинг на Грција за долгорочно и краткорочно задолжување на „Б-“ со селективно неплаќање (SD) сo стабилни изгледи, соопшти во вторникот агенцијата.

Определениот кредитен рејтинг кој е за неколку нивоа повисок од претходните, е одраз на тоа што Грција на 17-ти декември откупи дел од својот долг. Имено, во рамките на втората програма за преструктуирање, Еврогрупата (министрите за финансии на 17-те земји членки на еврозоната) на Атина и’ го одобрија заемот за отплаќање на долгот.

„Одлуката на државите членки на еврозоната за одобрување на финансиската помош на Грција го гледаме како нивна решителност во однос на повторното воспоставување стабилност на грчките финансии и зачувување на членството на Грција во еврозоната“, се наведува во соопштението на S&P.

Сее истакнува, исто така, дека е зголемен кредитниот рејтинг на и поради „ангажманот на грчката влада да ги спроведува буџетските и структурните реформи“, како што тоа го бараат и нејзините меѓународни доверители./крај/мф/сн

Економија

Бензините поскапуваат, а дизелот поевтинува

Објавено пред

Од ноќеска на полноќ важат новите цени на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Според новата одлука, се намалува цената на Еуродизелот (Д-Е V) за 0,50 денар/литар и ќе изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажните цени пак на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денар/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 62,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 денар/литар и ќе изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,351 ден/кг и од вечерва на полноќ ќе изнесува 25,709 ден/кг.

Од 05.08.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 60,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 62,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 52,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 52,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 25,709 (денари/килограм)

Прикажи повеќе...

Економија

Прв месечен раст на буџетските приходи во јули од почетокот на ковид-кризата

Објавено пред

Во јули се забележува прв месечен раст на приходите во буџетот од почетокот на ковид-кризата, со месечен раст од 1,4 % во однос на лани. Ова се должи на растот на придонесите, но и на повеќе видови даноци, соопшти Министерството за финансии.

По реализацијата во јуни, која бележеше значително подобра наплата на приходите од април и мај, по олабавување на рестрикциите и реотварање на економијата, резултатите за јули укажуваат дека ревитализацијата на економијата се одвива со добра динамика.

Вкупната наплата на приходи во јули изнесува 17,9 милијарди денари. Даночните приходи се наплатени во износ од 10,2 милијарди денари или 1,7 % помалку од лани. Данокот на додадена вредност првпат од почетокот на кризата забележува раст во однос на минатата година од 1,2 %, што следува по падот во јуни од 7,5 % и високиот пад во мај и април од -33 и -43,5 % респективно. Се забележува и висок раст на увозните давачки од 18,3 %, понатаму раст на персоналниот данок од 0,4 %, а помала наплата има кај акцизите и данокот на добивка.

Придонесите забележуваат раст од 11,9 % во однос на истиот месец лани, со што продолжува добриот тренд на наплата на продонесите од јуни, кога беше забележана иста стапка на раст од 12,3 %. Растот на придонесите во време на криза во голема мера може да се препише на мерките што ги презеде Владата, односно поддршката од 14.500 ден за вработен заради исплата на платите за април, мај и за јуни.

Заедно со јули, кумулативно од почетокот на годината, падот на приходите во однос на минатата година е намален на -7,4 %, а заклучно со првото полугодие кумулативно изнесуваше 9 % во однос на лани. Даночните приходи сега бележат пад од 11,3 % кумулативно, а заклучно со првото полугодие бележат пад од 13 % во однос на лани.

Придонесите бележат раст од 8,6 % во однос на истиот период лани, а заклучно со првото полугодие бележеа раст од 8 %. Ова е добар сигнал за движењата на пазарот на труд. Стапката на раст покажува дека мерките за поддршка за зачувување на работните места во борба против ковид-кризата даваат резултати.

Расходната страна заклучно со јули бележи раст од 11,6 % на годишно ниво, во најголем дел како резултат на преземените мерки во борба против ковид-кризата. Оправданоста за ваквиот пораст на расходите се содржи во исплата на: повисоки пензии, социјална помош, плати, како и поддршка за фирми и граѓани погодени од ковид-кризата во износ од речиси 6,9 милијарди денари. Исто така, и капиталните расходи се повисоки за 14,4 % во однос на лани.

Дефицитот, заклучно со јули, е реализиран 4,76 % од БДП и е во согласност со планираната динамика со ребалансот.

„И покрај предизвиците со кои се соочува македонската економија во услови на справување со ковид-кризата, извршувањето на буџетот се одвива според планот. По реализацијата на вкупните приходи во јуни, кои изнесуваа – 9,6 %, во споредба со лани кога рестриктивните мерки почнаа да се олабавуваат и економската активност да заживува, позитивната реализација во јули со раст од 1,4 % говори дека заживувањето се одвива со добра динамика. Целта на Министерството за финансии е да обезбеди континуирано извршување на буџетот, без застој, во законски утврдените рокови, односно вработените да земат плата, социјално загрозените да ги добијат навремено своите надоместоци, фирмите редовно да ги наплаќаат своите побарувања кон буџетските корисници, да нема заостанати обврски, како и навремен поврат на данокот. Тука се и мерките против Ковид-19, поддршката што државата им ја дава на граѓаните и фирмите во согласност со можностите – преку домашната платежна картичка, преку субвенционраните плати и придонеси, преку одложувањата на плаќањата на даночните обврски. Очекувањата се дека во третиот и четвриот квартал од годината постепеното закрепнување на домашната економија и заживувањето на економската активност ќе продолжи со засилено темпо. Со оглед на непредвидливоста што ја носи оваа пандемија, финансирањето на буџетот е обезбедено и во случај на евенутален втор бран“, вели министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Министерството за финансии во насока на поголема транспарентност, од почетокот на ковид-кризата порано го објавува месечното извршување на буџетот, односно, наместо на крајот на месецот, се известува на почетокот на месецот за реализацијата на буџетот.

Прикажи повеќе...

Економија

СДСМ: Задолжувањата се за да се помогне економијата и да се надмине кризата со коронавирусот

Објавено пред

Задолжувањата се за да се помогне економијата и да се надмине кризата со коронавирусот, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија по обвинувањата упатени од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

„Како и сите други држави погодени од кризата така и Северна Македонија мораше да обезбеди капитал однадвор за полесно справување со последиците од кризата, за да се обезбеди ликвидност во време на светска пандемија и за да се направи фискален простор за дејствување и преземање на антикризни мерки. Лицемерието и несериозноста на ВМРО-ДПМНЕ се дотолку поголеми ако се знае, дека и еврообврзницата и заемот од Меѓународниот монтерен фонд се земени со потпис од дополнителната заменичка министерка за финансии, Гордана Димитриоска Кочоска кадар токму на ВМРО-ДПМНЕ, а намената на овие средства е строго утврдена“, наведе СДСМ во реакцијата.

Од партијата велат дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата симбол на расипништво и криминално трошење на парите на граѓаните, партија која заради криминални интереси тројно го зголемила јавниот долг финансирајќи непродуктивни трошоци за богатење на поединци.

Вчера Министерството за финансии објави дека јавниот долг, кој ги вклучува државниот, гарантираниот и негарантираниот долг заклучно второто тримесечје од 2020 изнесува 59,5% од БДП, што споредено со претходното тримесечје претставува зголемување за 8,8 процентни поени. Државниот долг заклучно второто тримесечје е 50,7% од БДП, што споредено со претходното тримесечје повеќе за 8,9 процентни поени.

Од ВМРО-ДПМНЕ претходно денеска истакнаа дека со тоа, јавниот долг е зголемен за една милијарда евра, што значи дека секое просечно семејство е задолжено за нови 2.000 евра јавен долг и тоа само во последните три месеци. Од партијата посочија дека ова е рекорден раст на јавниот долг во Македонија за едно тримесечје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Јагода Шахпаска избрана за претседател на Верификациската комисија на Собранието

Со интонирање на химната почна првата седница на новиот парламентарен состав која се одржува во салата Голема купола, со засилени...

Свет2 часа

В година Русите ќе ја тестираат вакцината против коронавирусот врз деца

Националниот истражувачки центар „Гамалеи“ во Русија планира да почне со тестирање на вакцината против коронавирусот врз деца во јануари-февруари в...

Регион2 часа

Грчките премини Дојрани и Ники ќе се отворат по 15 август

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека грчките гранични премини Дојрани и Ники ќе бидат целосно затворени за сообраќај до 15.8.2020...

Топ3 часа

Прегазена жена во Охрид

Деветнаесетгодишен скопјанец со „мерцедес“ на улицата Сирма Војвода во Охрид удрил во пешакот М. Т. (58) од Охрид. Жената била...

Свет4 часа

Гутереш: Коронавирусот ќе уништи генерации поради затворањето на училиштата

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди дека светот се соочува со генерациска катастрофа поради затворањето на училиштата во...

Свет5 часа

СЗО ќе распореди меѓународен тим експерти во Вухан

Светската здравствена организација соопшти дека тимот што го истражува потеклото на пандемијата на коронавирусот ја завршил својата мисија во Кина...

Европа5 часа

Расте бројот на тешко заболени од коронавирус во Франција

Бројот на пациенти заразени со коронавирус во одделите за интензивна нега во Франција денеска се искачи на 384, што е...

Македонија17 часа

Привремено е прекината потрагата по момчето кое се удави во Преспанското езеро

Потрагата по момчето кое исчезна во водите на Преспанското езеро е привремено прекината поради временските услови. Како што информираат од...

Регион17 часа

Преглед на состојбата во регионот: Во Албанија почина уште еден лекар, во Србија пад на бројот на новозаразени

Преглед на состојбата со коронавирусот во регионот во изминатото деноноќие. Уште еден лекар почина во Албанија од коронавирус Во болницата...

Македонија19 часа

Поранешни вработени во СЈО бараат од Пендаровски да им се извини: „Обвинителството не беше една личност“

Поранешни вработени во Специјалното јавно обвинителство реагираа на говорот на претседателот Стево Пендаровски во Пелинце. Тие велат дека СЈО не...

Топ20 часа

Лекар од Итната помош физички нападнат од татко на починато лице

Taтко на момче кое починало во сообраќајна несреќа, нападнал лекар од Итната медицинска помош. Лекарот бил на интервенција по претходно...

Македонија21 час

Досега 500 лица починаа од коронавирус во Македонија

Бројот на починати од коронавирус во земјава достигна 500 лица, откако денеска беа потврдени 3 нови смртни случаи. Тројцата починати...

Македонија21 час

Гостивар со најмногу новозаразени во изминатото деноноќие

Гостивар е на врвот на листата со најмногу новозаразени од коронавирус во земјава во изминатите 24 часа. Според податоците на...

Свет22 часа

СЗО: Mајките да ги дојат своите деца и кога имаат ковид-19

Светската здравствена организација денеска предупреди дека наспроти големите надежи за пронаоѓање на вакцина, можеби никогаш нема да има чудотворено решение...

Македонија24 часа

Нови 74 заболени и тројца починати од ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Свет1 ден

Германските ученици се вратија во училишните клупи во екот на пандемијата

Десетици илјади училишни деца денеска се вратија во училиштата во северна Германија. Мекленбург-Западна Померанија е првата од 16 германски држави...

Македонија1 ден

Џафери: Добро се чувствувам, јас ќе ја водам седницата

Претседателот на Собранието, Тала Џафери изјави дека утре тој ќе ја води конститутивната седница. Џафери денеска ја напушта Клиниката за...

Свет1 ден

Руски доктор: Пандемијата личи на проба за биолошка војна

Ситуацијата со пандемијата на коронавирус личи на проба за биолошка војна, изјави рускиот детски хирург, Леонид Рошаљ, пренесе „Спутник“. „...

Свет1 ден

Мелбурн ги затвора речиси сите продавници и фабрики за да го спречи вирусот

Вториот по големина австралиски град Мелбурн, во кој веќе на сила е ноќен полициски час, најави нови ограничувања за индустријата,...

Свет1 ден

Латинска Америка најтешко погоден регион во светот, има речиси пет милиони заразени

Аргентина вчера надмина 200.000 случаи на ковида-19, Колумбија поставува дневен рекорд, а во Латинска Америка се рушат црните рекорди со...

Досие