Контакт

Економија

Над 50 илјади фирми функционирале лани во Македонија, повеќето во трговијата

Објавено пред

Државниот завод за статистика во четвртокот ги објави официјалните податоци за бројот и структурата на компаниите во Македонија во 2011 година, според кои лани активни биле 53.645 деловни субјекти во нефинансискиот сектор, а во нив биле вработени 342.233 лица.

Во овие деловни субјекти лани бил остварен вкупен промет од 924 милијарди денари (15 милијарди евра) и додадена вредност од 211 милијарди денари (3,4 милијарди евра). Најголемо е учеството на деловните субјекти од секторот Трговија на големо и на мало (45,6 отсто) каде што биле вработени 25,8 отсто од вкупниот број на вработени. Во рамките на овие субјекти е остварен промет од 379 милијарди денари (6,1 милијарди евра), односно 41,1 отсто од вкупниот промет. Во секторот Преработувачка индустрија, кој претставува 13,2 отсто од активните деловните субјекти во 2011 година, биле вработени 33,7 отсто од вкупниот број на вработени лица, а во него се остварени 27,9 отсто од вкупниот промет. Најголемо учество во вкупната додадена вредност, пресметана според трошоците за факторите на производството, имале претпријатијата од секторот Преработувачка индустрија (26.0%), а потоа следат секторите Трговија на големо и на мало (24.4%), Градежништво (8.6%), Информации и комуникации (8.5%), Транспорт и складирање (8.4%) и секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (6.6%).Најмал придонес во додадената вредност имал секторот Дејности во врска со недвижен имот (1.7%). /крај/со/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

(Видео) Заев на отворање на „Подгорка“ во Струга: Фабриката доби највисока финансиска поддршка од ИПАРД 2

Објавено пред

Фабриката доби највисока финансиска поддршка од Мерката 3 – Инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделските производи од ИПАРД 2-програмата, односно 2,2 милиони евра. Како извозно ориентирана компанија, од значење е и унапредувањето на регионалната соработка со што создаваме услови кои ќе овозможат 24-часовно работење на границите со царински контроли во една точка и за меѓусебно признавање на фитосанитарните контроли на производите што се движат низ регионот. На тој начин се обезбедува брз и безбеден транспорт на производите од регионот за да стигнат до пазарите во оптимално време за што во голема мерка ќе помогнат и брзите ленти за камионите“, истакна премиерот Заев.

Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, додаде дека се работи за објект чија изградба и опрема се целосно во согласност со националните и ЕУ-стандардите за безбедност на храна и квалитет на производите. Компанијата почнала со 30 вработени, отворени се уште 25 работни места, а бројот на нови работни места се очекува да расте.

„Ова е уште еден доказ дека земјава има институционален капацитет и знаење за реализација на големи проекти како оваа најмодерна капитална инвестиција во Струга, којашто успеа со квалитетен проект да добие европски средства од ИПАРД 2-програмата. Инвестициите во преработувачки капацитети се важни не само за модернизирање на земјоделството туку и за развојот на вкупната економија, како и за зголемување на извозот на домашни производи“, подвелече министерот Димковски.

Сопственикот на компанијата, Мевмед Џемајлоски, информираше дека компанијата во моментов вработува околу 50 лица од Струшкиот Регион, а со проширување на капацитетите на фабриката, планирани во 2020 и 2021 ќе се отворат места за уште 100 нови вработувања, со што, како што подвлече, ќе се оствари дополнително раздвижување на локалната економија, преку користење домашни добавувачи во процесот на производството.
Директорот на платежната агенција, Николче Бабовски, информираше дека преку повици од ИПАРД 2-програмата, се склучени 1.355 договори по сите мерки, со вкупна вредност од 31.5 милиони евра.

До овој момент, Република Северна Македонија искористи 39,5 проценти од вкупно расположливите средства од ИПАРД 2. До денеска, 814 договори се авторизирани и на сметките на апликантите се враќаат 12,4 милиони евра за целосно реализирани инвестиции. На денешното отворање на фабриката „Подгорка“ присуствуваа и претставници од Европската Унија, кои ја посочија Северна Македонија како лидер во искористување на ИПАРД-фондовите во регионот.

Прикажи повеќе...

Економија

Македонски квалитет 2019 – Арсовска и Пендаровски ги доделија престижните признанија

Објавено пред

Во свечена атмосфера и во присуство на многубројни гости, министри, претставници на институции и на дипломатскиот кор, соработници, традиционално и годинава им беа доделени десетте признанија за македонски квалитет 2019 на националните бренд-амбасадори.

Престижното признание за компаниите што придонесуваат за развој на економијата и го афирмираат македонскиот квалитет во земјата и интернационално го доделува Сојузот на стопанските комори на Македонија под покровителство на претседателот нa државата. Признанијата ги доделија претседателот на РС Македонија, г. Стево Пендаровски, претседателот на Сојузот на стопанските комори на Македонија, г-ѓа Данела Арсовска, како и претставници на претседателството на Сојузот.

Добитници на признанијата се: „Настел“, „Бе-Да логистик“, „Фитофарм“, „Бироком“, „Тифи груп“, „Евросуровина ПА“, Меѓународното училиште НОВА, „Кривогаштани промет“, „Пакомак“ и АКУД „Мирче Ацев“.

Арсовска истакна дека Сојузот на стопанските комори со години го промовира квалитетот на домашните компании препознаен на интернационалните пазари, но она што недостига е национална стратегија за институционална поддршка за индивидуално јакнење на домашните брендови.

„Успехот на секоја домашна компанија е национален успех. За пласман на домашните производи како земја треба да се стремиме кон освојување нови пазари, што е главен предизвик за компаниите, особено малите и средните. Евидентен е потенцијалот што го имаме, а не доволно го афирмираме и користиме. Имаме солидни компании, многубројни уникатни претприемачки идеи со потенцијал за интернационално пробивање. Македонското традиционално творештво е афирмирано во светски рамки и има голема вредност како културно обележје на нацијата, да си поставиме нова заедничка цел Македонија да биде ставена на светската мапа по успешни национални брендови познати и признати на пет континенти“, изјави Арсовска.

Комисијата составена од членови на кабинетот на претседателот на државата, во согласност со прецизно воспоставените критериуми и оваа година, внимателно ги селектира македонските претставници што имаат традиција во создавање и одржување национален бренд. Оваа манифестација се одржува секоја година во знакот на оддавање признание и промовирање на деловните успеси на македонските претставници на национален бренд за тековната година, при што секоја година се доделуваат 10 признанија за македонски квалитет.

Прикажи повеќе...

Економија

ЕУ ќе се заложи за посилна улога на еврото во светската економија

Објавено пред

Лидерите на ЕУ на самитот во Брисел побараа зајакнување на европската економска и монетарна унија и посилна улога на еврото во светот.

„Силна Европа, значи и силно евро“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.

На вториот ден од самитот лидерите на ЕУ разговараа и за продолжување на активностите за европската банкарска унија и унијата за пазарот на капитал.

Оценета е и потребата во согласност со улогата на ЕУ, како најголем глобален пазар и инвеститор, да се зајакне и меѓународната улога на заедничката европска валута.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

Изгласани одредбите за импичмент на Трамп

Одборот на американскиот Претставнички дом, каде мнозинство се демократите, одобри обвинение за злоупотреба на власта и попречување, против претседателот на...

Македонија6 часа

(Видео) Морачанин: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да не се вадат дека не биле информирани, од септември зборуваме за една изборна единица

По тензичниот ден во Собранието каде што ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со поднесување на илјадници амандмани ја блокираа расправата за измени...

Топ7 часа

Кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште во Скопје

Управата за финансиска полиција  поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Е.А., поранешна директорка на средното училиште „Браќа...

Македонија8 часа

Поднесено обвинение против Јанакиески и уште 10 лица за предметот „Шпански скали“

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција  достави обвинение до кривичниот суд против 11 лица за предметот популарно наречен „Шпански...

Топ9 часа

Ексамбасадорот Томислав Димитровски репетирал пушка и ја вперил кон соседот додека се расправале во зградата

Поранешниот амбасадор во Љубљана, Томислав Димитровски вчера репетирал пушка и ја вперил кон сосед, за време на расправија во зграда...

Македонија10 часа

(Видео) Поповска: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да ги повлечат амандманите за да се откочи можноста за една изборна единица

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, една од 17-те иницијатори за законот за една изборна едниница од собраниската прес-сала, рече дека...

Македонија13 часа

Пендаровски за „Шпигел“: Стравуваме дека ќе станеме втора Турција

Макрон ми рече дека помалку станува збор за нас, а повеќе за ЕУ, на која ѝ треба време за реформа на...

Македонија13 часа

Илија Димовски бара одлагање на „Талир“, две поротнички имаат по 60 години

Обвинетиот Илија Димивски во предметот „Талир“ на почетокот на судењето рече дека две од поротничките навршувале 60 години старост и...

Свет15 часа

Американскиот Сенат одобри резолуција, убиствата на Турците врз Ерменците ги призна за геноцид

Американскиот Сенат денеска одобри резолуција со која убиствата на Ерменците извршени од османлиските Турци пред повеќе од еден век ги...

Свет15 часа

Борис Џонсон прогласи победа на конзервативците

Британскиот премиер, Борис Џонсон, прогласи победа на својата Конзервативна партија, која освои убедливо мнозинство на изборите што се одржаа вчера....

Свет16 часа

Зеленски: Нема да се случи втора Сребреница

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, изјави дека во Донбас нема да се случи Сребреница, затоа што Украина, како што вели,...

Македонија1 ден

Заев: За да имаме рамноправна држава, мораме да го примениме моделот на една изборна единица

За да имаме рамноправна и демократска држава, во која сите ќе добијат подеднакво, мораме да го промениме законот и да...

Свет1 ден

Џон Саливен именуван за нов амбасадор на САД во Русија

Нов американски амбасадор во Русија ќе биде Џон Саливен, актуелен заменик на американскиот државен секретар. За него гласале 70 сенатори,...

Свет1 ден

Уапсени неколкумина осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет

Украинската полиција уапси неколку лица кои се осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет во 2016 година, но сè уште...

Европа1 ден

Белгија ќе прими 10 деца на припадници на Исламска држава

Судот во Брисел ѝ нареди на белгиската Влада да бидат примени 10 деца родени во Сирија, на припаднички на Исламска...

Свет1 ден

Русија нареди депортирање на вработени во американски универзитет

Судот во Русија нареди депортирање на пет лица вработени на Универзитетот во Бафало во САД поради прекршување на условите за...

Спорт1 ден

Тројца шпански фудбалери добија по 38 години затвор за силување на 15-годишно девојче

Фудбалерите на шпанскиот третолигаш Арандина, Раул Калво (21 година), Карлос Квадрадо (26 години) и Виктор Родригез (24 години) добија по...

Економија1 ден

Возилата кои помалку загадуваат ќе се увезуваат по помали давачки

Доколку возилото помалку загадува, ќе се плаќа понизок данок за увоз. Предлог-законот за данок на моторни возила е во собраниска...

Европа1 ден

Трамп: „Грета – личност на годината? Мислам дека треба малку да олади“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска повторно се сврте кон 16-годишната активистка за заштита на животната средина, Грета Тунберг, оценувајќи го...

Македонија1 ден

(Видео) Костадинов: Апелирам амандманите да се повлечат, со дебата да го смениме изборниот модел

СДСМ апелира амандманите што ги поднесе ДУИ да се повлечат. „Да влеземе во суштинска дебата и, конечно, да го промениме...

Досие