Економија
Под концесии дадени 49 локалитети за ископување минерали
Од 61 локалитет кои беа понудени на Јавен повик за концесија за ископување минерали, под концесија ќе се дадат 49, за кои ќе се наплати околу 45 милиони денари концесиски надоместок.
Mинветарот за економија, Ваљон Сараќини, на прес конференција информираше за резултатите од јавниот повик за доделување концесија за детални геолошки истражувања на минерални суровини, со кој на 14 ноември 2012 година беа понудени 61 локација, и тоа за минерални суровини за неметали и метали, украсен камен и геотермална вода, со рок на доставување на понуди до 21 јануари 2013 година.
„Само три дена по крајниот рок на доставување на понуди, ние веќе го имаме Извештајот на Комисијата која ја спроведе оваа комплексна постапка, бидејќи со овој Јавен повик од вкупно понудените 61 локалитет, 25 локалитети за неметали, 31 локалитет за метали, четири локалитети се за минерална суровина украсен камен и еден локалитет за минерална суровина геотермална вода“, рече Сараќини.
Посебен акцент е ставен на локалитетите за минерални суровини за метали, бидејќи се од големо значење за развој на економијата и индиректно влијаат на зголемување на извозот.
„Според резултатите од Извештајот, од понудените вкупно 61 локалитет, доставени се понуди за вкупно 49 локалитети, и тоа за неметалични минерални суровини доставени се понуди за 17 локалитети, за металични минерални суровини за 28 локалитети, за украсен камен има понуди за сите четири локалитети, а без понуда остана локалитетот за геотермална вода“, додаде Сараќини.
Критериум за вреднување на понудите беше највисоката понудена цена, но не помалку од почетната цена за локалитетот и минералната суровина предмет на овој јавен повик пооделно, а тоа е 60.000 денари за неметалични минерални суровини и за украсен камен и 120.000 денари за металичните минерални суровини, како и уредна тендерска гаранција, при што концесијата за детални геолошки истражувања ќе му се додели на понудувачот со највисока понудена цена.
„Со преминување во наредната фаза на експлоатација, ќе се направат значителни позитивни поместувања во македонската економија, нов свеж капитал, а со текот на времето и нови вработувања“, додаде Сараќини.
Од овој јавен повик, по основ на еднократно понуден концесиски надоместок ќе се наплатат околу 45 милиони денари, од кои согласно Законот за минерални суровини 78 отсто од овие средства ќе бидат приход во Буџетот на општината на чија територија ќе се врши концесиската дејност, а 22 отсто ќе претставуваат приход на Буџетот на државата./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.