Економија
Земјите од ЈИЕ ќе соработуваа во контрола на афлатоксинот
Потребните мерки за контрола на нивото на афлатоксин во млекото и млечните производи беа тема на состанокот на министрите одговорни за земјоделство и храна од Југоисточна Европа, што во петокот вечерта заврши во Сараево.
Потребата од донесување на вакви заеднички мерки се јави поради присуството на покачени нивоа на афлатоксин во пченкатa кoja се користи за добиточна храна и како резултат на тоа, зголемени нивоа на афлатоксин во млекото и млечните производи. На состанокот беа донесени повеќе заклучоци меѓу кои да се воспостави комуникација помеѓу институциите на земјите од Југоисточна Европа кои се занимаваат со проценка на ризик, управување со ризик, контрола на квалитет и тестирање на добиточна храна и прехранбени производиПокрај ова договорена е размена на информации во врска со механизмите за контрола на безбедноста на добиточната храна и прехранбени производи, како и завземање на заеднички став во превземање мерки и подготовка на акционен план за подобрување на комуникацијата и координацијата на министерства.Земјите од Југоисточна Европа се согласија да обезбедат основа за контрола на афлатоксини во сточната храна и млеко и да ги следат постоечките граници утврдени со прописите на Европската унија, се вели во соопштението на македонското министерство.Договорено е да се воспостави регионална група од експерти која ја сочинуваат контакт лица со мандат да разговараат за прашања поврзани со микотоксини, со цел:а) подобрување на комуникацијата меѓу надлежните органи во регионот на Југоисточна Европа, како и со надлежните институции на Европската унија,б) усогласување на активностите поврзани со проценката и уравување со во нашите земјив) вклучително и на воспоставување акционен план и програма за следење на нивото на афлатоксини во млекото и во добиточна храна.Исто така беше договорено да се воспостави детален систем на комуникација и размена на информации помеѓу релевантните институции од Југоисточна Европа и да се нагласи важноста на превземањето превентивни мерки кај производителите и преработувачите на храна вклучувајќи и воведување и примена на добри земјоделски практики, добри хигиенски и ветеринарни практики, вклучувајќи ги и HACCP принципите.Се договорија и за зајакнување на капацитетите, односно воведување на постојана обука на ниво на владини претставници, инспектори, лабараториски персонал, производители и преработувачите на храна вклучувајќи ги и земјоделците Се разгледа и можноста да се користи една референтна лабораторија за анализа на микотоксини во добиточната храна и храната во регионот или пошироко и да се стандардизираат процедурите за земање на мостри од храната и добиточната храна во согласност со прописите на Европската Унија.На крај присутните заклучија дека треба да се воспостави протокол усогласен со ЕУ со кој ќе се дефинира како да се постапува со заразената добиточна храна. На состанокот во Сараево, Босна и Херцеговина се дефинираа мерките и активностите за решавање на проблемите поврзани со појавата на афлатоксин во добиточната храна, млекото и млечните производи во регионот на Југоисточна Европа. Како претставник од Република Македонија беше амбасадорот во Босна и Херцеговина Рами Реџепи. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.