Контакт

Економија

И Forbes го прогласи Бил Гејтс за најбогат човек на светот

Објавено пред

Основачот и претседател на бордот на директори на информатичкиот гигант Microsoft, Бил Гејтс, повторно стана најбогат човек во светот, сменувајќи го на врвот мексиканскиот магнат Карлос Слим, објави во четвртокот навечер интернет страницата на магазинот Forbes. Минатиот петок истиот редослед на топ листата од најбогатите луѓе на планетата го објави и Bloomberg.

Во понеделникот, акциите на компанијата „America Movil“, во сопственост на Карлос Слим, загубија 0,24 отсто од вредноста, така што според процените на Forbes богатството на Мексиканецот од 82,7 милијарди американски долари паднало на 69,86 милијарди долари. Истовремено, акциите на Microsoft се пораснаа за 0,6 отсто, па така сопственоста на Бил Гејтс се зголемила за 88,4 милиони долари. Така, најбогатиот човек во светот на 20-ти мај 2013 година имал вредности во висина од 70 милијарди долари. Меѓутоа, неговото богатство не се должи само на Microsoft, бидејќи тоа има удал од само една четвртина во неговото богатство. Гејтс има многу инвестиции кои му носат добивки, вклучувајќи го и хотелскиот синџир Four Seasons hotels.

Без сомнение, богатството на Бил Гејтс ќе беше уште поголемо, доколку овој познат филантроп не донираше 28 милијарди долари во фондацијата којашто се бори за искоренување на сиромаштијата во земјите од ткн “трет свет“ што ја основаа со неговата сопруга и копретседателка на неговата фондација Мелинда Гејтс којашто претходно седмицава Forbes ја стави на третото место на листата најмоќни жени на светот зад германската канцеларка Ангела Меркел и бразилската претседателка Дилма Русеф.

Според податоците на Bloomberg, богатството на 57-годишниот Бил Гејтс минатиот четврток, 16-ти мај, се зголемило за 10 милијарди долари во тековната фискална година и изнесувало 72,7 милијарди американски долари, додека, пак, на 73-годишниот Карлос Слим е проценето на 71,2 милијарди долари, односно се намалило за 14 проценти од претходната година.

Двајцата мултимилијардери од поодамна се „натпреваруваат“ за првото место на листата на најбогатите луѓе. Бил Гејтс го држеше првото место од 1996 до 2007 година, како и во 2009 година. Во 2010 година, него го надмина Карлос Слим, во чија сопственост се мексиканската телекомуникациска компанија „America Movil“, холдингот „Grupo Carso“, како и голем број крупни компании во Мексико и во Латинска Америка.

Третото место на листата на Forbes му припадна на Амансио Ортега, основачот и поранешен претседател на групата Inditex, која е сопственик на текстилните брендови Zara, Massimo Dutti, Bershka, Oysho, Pull and Bear, Zara Home, Stradivarius и Uterque. Неговото богатство во март 2013 година е проценето на 57 милијарди американски долари./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Дизелот поевтинува, цените на бензините не се менуваат

Објавено пред

Од ноќеска на полноќ цената на дизелот се намалува за 1,5 денар, а цените на бензините остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1 денар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,786 денар килограм.

Од 21.9.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин еуросупер БС – 95 73,00 (денари/литар)

Моторен бензин еуросупер БС -98 75,00 (денари/литар)

Дизел гориво еуродизел  БС (Д-Е V) 62,00 (денари/литар)

Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 39,181 (денари/килограм)

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Георгиевски: Исплатени 230 милиони денари субвенции за 4.846 земјоделски субјекти

Објавено пред

СДСМ и институциите што ги преводи во континуитет се грижат за земјоделцитe. Продолжува навремената и неселективна исплата на субвенциите. Изминатите денови се исплатени субвенции во вкупна висина од 380 милиони денари, соопшти Гоце Георгиевски, претседател на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

Според него, на 3.310 градинари, кои оствареното производство од пријавените површини го предале во преработувачки капацитети им се исплатени 168,9 милиони денари, односно по три денари за килограм.

Средства на сметките, како што објасни тој, добиле и сите земјоделци кои оствареното производство на овошни култури го предале во производни капацитети. За оваа мерка исплатени се 16,7 милиони денари на 172 овоштари, односно три денари по килограм произведено и предадено овошје во преработувачки капацитети.

„Финансиска поддршка од 30,4 милиони денари примија и 708 градинари, кои имаа произведено пролетна зелка од почетокот на април до почеток на мај лани. Тие добиваат по три денари за килограм пролетна зелка предадена кај регистрирани откупувачи. Над 14 милиони денари беа поделени на 656 мали земјоделски стопанства.
149 милиони денари субвенции се исплатени за одгледани и заклани гоеници во регистрирани капацитети. Станува збор за финансиска поддршка од 950 денари, која ги следува сите кои имаат одгледано и заклано гоеници од 90 до 130 килограми, а сите фармери кои одгледале и заклале гоеници над 130 килограми, на сметките добија 1.950 денари“, објасни Георгиевски.

Додаде дека исплатата на преостанатите мерки ќе продолжи во наредниот период, кон сите земјоделци кои оствариле право на финансиска поддршка во земјоделството.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Битиќи во посета на Крушево: Инвестираме во авантуристички туризам

Објавено пред

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, заедно со градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, извршија увид на завршните активности поврзани со потпроектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристичкиот туризам во Крушево“, кој се имплементира во рамките на Проектот за локална и регионална конкурентност, кој е ко-финансиран од Европската Унија и Владата, со техничка помош од канцеларијата на Светска Банка во нашата земја.

За време на посетата на Крушево, вицепремиерот и градоначалникот Христоски реализираа обиколка на реновираната спортска сала, вештачкиот карпест ѕид за искачување и на дел од обележените велосипедски патеки.

Христоски и директорката на Проектот за локална и регионална конкурентност, Антонија Шишак информираа и за останатите активности извршени во рамките на потпроектот како што се новите сувенирници на локацијата Гумење и за опремувањето и спроведената обука на спасувачката служба.

Вицепремиерот Битиќи истакна дека оние посетители кои сакаат подобро да се запознаат со природата на Крушево, сега ќе можат да го истражуваат овој крај многу полесно, со новите обележани велосипедски и пешачки патеки, каде се поставени и информативни табли и знаци кои ќе им помогнат на посетителите полесно да се ориентираат во околината.

„Имаме навистина голем туристички потенцијал кој треба само да се поддржи. Крушево со својата историја и уникатност е навистина интересна дестинација, која сега благодарение на овој проект добива нови интересни содржини. Вкупниот буџет за потпроектот изнесува 45.939.080,00 денари, од кои 39.737.304,00 денари се обезбедени од Европската Унија и Владата, а 6.201.776,00 денари беа инвестирани од страна на Општина Крушево. Ова е еден од 57-те проекти низ целата држава, кои имаат за цел да го зголемат учеството на туризмот во локалниот економски развој”, изјави Битиќи.

За време на обиколката, во разговор со вицепремиерот, градоначалникот на Крушево укажа на тоа дека љубителите на адреналинот веќе го препознаваат Крушево како врвна дестинација за туризам, поради погодната клима и атрактивните предели кои отвораат многу можности за уникатни приказни и авантури.

Со новата инвестиција од Проектот за локална и регионална конкурентност, опциите за адреналински туризам дополнително се зголемуваат, а од Општината сметаат дека тоа ќе придонесе и кон привлекување на повеќе туристи во овој регион.

„Овој проект, кој општината го реализираше во соработка со Владата, преку проектната единица на Проектот за локална и регионална конкурентност, а со поддршка од Европската Унија, овозможи Крушево да добие мултифункционална спортска сала, која беше оставена на забот на времето, која ќе може да се користи за повеќе спортови и за повеќе намени, со комплетен систем на греење и ладење и други пропратни содржини. Во рамките на проектот поставени се и сувенирници на локацијата Гумење, каде општината изгради и пешачки патеки. Обележени се и велосипедски патеки со вкупна должина од 42 километри, кои ќе придонесат за дополнително привлекување на спортски екипи кои се занимаваат со планински велосипедизам“, подвлече градоначалникот Христоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

ДЗСИ не констатира недостатоци во модуларните болници

Државниот здравствен и санитарен инспекторат го заврши вонредниот инспекциски надзор и не констатира недостатоци во модуларните болниции, информира Министерството за...

Македонија53 минути

Стевчо Јакимовски ќе настапи самостојно во Карпош, во другите општини ГРОМ ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ

Граѓанската oпција за Македонија-ГРОМ на овие локални избори одлучи да настапува самостојно во oпштина Карпош со претседателот на партијатија Стевчо...

Свет2 часа

(Видео) Најмалку осум починати и десет повредени во пукотниците на рускиот универзитет, напаѓачот бил студент

Околу осум лица загинаа додека повеќе од десет се повредени во драмата на рускиот универзитет каде што непознато лице отвори...

Свет4 часа

Партијата на Путин со убедливо водство по првичните резултати од изборите во Русија

Партијата „Единствена Русија“, која ја поддржува политиката на претседателот Владимир Путин, освои најмногу – 44,26 проценти од гласовите на парламентарните...

Европа4 часа

Пожар во камп за мигранти во Грција

Кампот за мигранти на грчкиот остров Самос беше евакуиран откако доцна синоќа во него избувна пожар. Нема повредени или поголема...

Македонија19 часа

Маричиќ: Над милион попишани граѓани, влегуваме во последната фаза

Откако Државниот завод за статистика извести дека денеска се попишани над милион граѓани, министерот за правда Бојан Маричиќ, преку социјалните...

Свет19 часа

Три европски земји ги укинуваат сите ковид-мерки, за таквиот чекор клучни се две нешта

Данска, Шведска и Холандија ги укинуваат практично сите мерки во борбата против пандемијата на коронавирус. Стапките на вакцинација се релативно...

Македонија20 часа

Изминатава недела Македонија е прва во Европа според бројот на починати од Ковид-19 на милион жители

Според бројот на смртни случаи минатата седмица, Гренада е повторно на прво место во светот со 212 смртни случаи на...

Македонија23 часа

Започна уривањето на старата конструкција на Универзална сала

Универзална сала започнува да го добива своето ново лице, сподели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил. Според...

Македонија1 ден

Со хебла оштетена таблата за електрична енергија во модуларната болница во Прилеп

Општа болница Прилеп до Министерството за внатрешни работи синоќа пријави случај на физичко оштетување на таблата за електрична енергија од...

Топ1 ден

Приведен сопственикот на угостителски објект во Гостивар кој примал гости без сертификат за вакцинација

Гости без сертификат за вакцинација биле затекнати во угостителски објект во Гостивар а по реакција на полицијата објектот бил затворен...

Свет1 ден

Париз за потегот на САД и Австралија – лицемерие, презир, лаги

Лицемерие, презир, лаги, се зборовите што ги користи францускиот министер за надворешни работи за да ја опише кризата во односите...

Свет1 ден

Светските лидери среде пандемија во Њујорк и покрај противењето на Американците

Светските лидери се собираат во Њујорк од вторник на дебата на Генералното собрание на Обединетите нации, која ќе се фокусира...

Европа1 ден

Италијанците следната година излегуваат на референдум за легализација на марихуаната

Референдум за легализација на марихуаната најверојатно ќе се одржи во Италија следната година. Поддржувачите за легализација на марихуаната ги собраа...

Свет1 ден

Русите на гласање на последниот ден од парламентарните избори

Недела е последен ден за гласање на Русите на тридневните парламентарни избори во земјата. Околу 110 милиони луѓе имаат право...

Македонија2 дена

41 починато лице, регистрирани 539 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 5.589 тестирање, а регистрирани се 539 нови случаи на...

Топ2 дена

Осумдневен притвор за пет лица од вчерашните протести во Тетово

Судијата на претходна постапка при Основниот суд Тетово им определил осумдневен притвор на петмината приведени по вчерашните протести во Тетово....

Свет2 дена

Експертите во САД против трета доза на вакцина за севкупната популација

Советодавниот одбор на Американската администрација за храна и лекови (ФДА) денеска го отфрли планот да понуди дополнителна, трета доза на...

Македонија2 дена

Османи формира работна група за укинување на визите со САД

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на неговиот Фејсбук профил информира дека формирал работна група во рамки на Министерството за...

Македонија2 дена

Шилегов: Се урива првата од трите галии во Вардар

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денес на својот Фејсбук профил објави фотографии од демонтирањето на галијата која е поставена во...

Досие