Контакт

Економија

Груевски на бизнис форум во Вилнус

Објавено пред

Премиерот Никола Груевски, заедно со владина делегација составена од министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и заменик министерот за економија, Христијан Делев денеска ќе престојува во политичкa и економска посета на Република Литванија.

Груевски ќе оствари средба со премиерот на Литванија, Алгирдас Буткевичиус и со претседателот на литванскиот Парламент, Видас Гедвилас.

Владината делегација ќе присуствува и ќе ги презентира можностите и поволностите за инвестиции во Македонија на бизнис форумот во Вилнус кој е организиран во соработка со Стопанската комора на Литванија.

Економијата на Литванија ја карактеризираат: поволна геостратегиска положба, добро обучена работна сила, понизок стандард и трошоци за живот од другите држави на Централна Европа, добро развиена транспортна инфраструктура, слободни економски зони, постојан пораст на директните странски инвестиции, интензивен развој на Е-бизнисот и науката, стабилна валута и социјална и политичка стабилност.

БДП-стапката на реален пораст во 2012 година изнесувала 3,5 отсто, додека стапката на инфлација 3,4 отсто.

Во 2012 година има направено вкупен извоз од 29,01 милијарди долари и вкупен увоз од 31,41 милијарди долари. Најголеми извозни партнери на Литванија се: Русија, Латвија, Германија, Полска, Естонија, Холандија, и Белорусија, додека најголеми партнери за увоз се: Русија, Латвија, Германија, Полска и Холандија.

Трговската размена меѓу Македонија и Литванија остава простор за зголемување. Во 2012 година, вкупната трговска меѓу двете земји изнесуваше 4,3 милиони долари, од кои извозот 2,5 милиони долари, а увозот 1,8 долар. Во периодот од јануари – април 2013 година, размената изнесуваше 840 илјади долари, од кои извозот 539 илјади долари, а увозот 301 илјади долари. Република Литванија е поддржувач на ЕУ и НАТО интеграциите на Македонија./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Истражување: Колку дена може да се живее со 1.000 фунти во различни земји во светот

Објавено пред

Британскиот портал money.co.uk ги истражувал дневните трошоци за живот и просечните плати во земјите низ светот, за да утврди каде 1000 фунти траеле најдолго, а каде најкратко, користејќи индекс на трошоците за живот кој вклучува бројни фактори, како што се храна, комунални услуги и  трошоци за превоз.

Според резултатите од истражувањето, Колумбија се нашла на првото место меѓу земјите во кои 1.000 фунти би издржале најдолго, односно 109 дена, потоа следат Турција (103 дена), Казахстан е трет (100 дена), додека Србија е деветта, со таа сума која опфаќа 84 дена дневни трошоци за живот.

Од земјите во регионот, човек може да живее со 1.000 фунти 80 дена во Црна Гора, 86 дена во Романија, 82 дена во Бугарија и 74 дена во Унгарија.

Од друга страна, во Швајцарија, со споменатата сума не може да се издржи цел месец и ќе трае само 27 дена, бидејќи дневните трошоци за живот, според пресметката на британскиот портал, во таа земја изнесуваат 37,96 фунти дневно просечно.

Граѓаните на Лихтенштајн и Норвешка би поминале малку подобро, бидејќи со 1.000 фунти би издржале 33 дена.

Кога станува збор за времето потребно во земјите низ светот за да се заработи оваа сума, Лихтенштајн е лидер со најкраток рок од само четири дена, потоа се Швајцарија, Норвешка, Луксембург и Исланд, со пет работни дена.

Од земјите што треба да работат најдолго за да заработат 1.000 фунти, Колумбија повторно е на врвот на листата со 62 работни дена, потоа Белорусија (57 дена), Србија (49 дена), Црна Гора (46 дена) и петто Мексимо со 43 работни дена, покажува истражувањето на порталот money.co.uk.

Прикажи повеќе...

Економија

Ангеловска-Бежоска: Сите одлуки треба да се темелат на квалитетни статистички податоци

Објавено пред

Квалитетните статистички податоци се основа за носење издржани одлуки и политики, особено во време на голема неизвесност, како што е онаа предизвикана од пандемијата. Сите одлуки поврзани со монетарната политика, финансиската стабилност или супервизорските активности се засноваат на обемно портфолио статистички податоци. Оттаму, постојаните напори за стандардизација, подобрување на квалитетот и обемот на статистичките податоци се од исклучително значење, посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на настанот организиран од Државниот завод за статистика, во соработка со Шведската статистика, по повод почетокот на твининг-проектот „Зголемена достапност и употреба на официјалната статистика во Република Северна Македонија“. Со овој настан, меѓу другото, се одбележа и Денот на европската статистика, којшто секоја година се одржува на 20 октомври.

Како што истакна Ангеловска-Бежоска, пандемијата наметна предизвици за статистичкиот систем во глобални рамки, создавајќи ризици во однос на континуитетот и навременоста на подготовка на постојните статистички податоци, но истовремено создаде потреба и за нови, дополнителни податоци и информации за навремена оцена на состојбите во економијата.

„За време на корона-кризата, заради брза реакција и одговор на зголемените ризици, моравме да ги приспособиме и да ги искористиме сите информации што ни беа на располагање. За таа цел, ги комбиниравме официјалните статистички податоци со подетални податоци од различни извори, како што се на пример административните, податоците од анкетните истражувања, извештаите за регулативата. Заради внимателно следење на ризиците и оцена на состојбата во економијата, започнавме со следење на алтернативните високофреквентни податоци, а воведовме и нови видови известувања поврзани со мерките за олеснување на регулативниот товар за банките, воведени како одговор на кризата ‒ посочи гувернерката.

Како што истакна таа Народната банка, како дел од статистичкиот систем постојано вложува напори за подобрување на квалитетот, квантитетот и објавувањето на статистичките податоци коишто ги изготвува.

„На крајот на 2019 година, воспоставивме платформа за статистичка дисеминација, НБСтат, којашто на пошироката јавност, истражувачите, новинарите и носителите на политики, им овозможува да ги преземат статистичките податоци во онаа форма којашто најмногу им одговара на потребите. Оттогаш, постојано вложуваме напори за воспоставување поприемчива комуникација со јавноста ‒ преку подобра визуализација, соодветна содржина и поедноставен јазик. Во моментот, Народната банка спроведува е-анкета за подобар увид во тоа колку се задоволни корисниците со нашите статистички податоци и кон што треба да ги насочиме нашите идни напори“ ‒ посочи гувернерката.

На настанот учествуваа претставници од Секретаријатот за европски прашања, амбасадорката на Шведска во земјава Кристин Форсгрен Бенгстон и директорите на шведскиот и македонскиот завод за статистика, Јоаким Стимне и Апостол Симовски.

Прикажи повеќе...

Економија

„Опел“ проверка на системот за сопирање

Објавено пред

Еуроимпекс, генерален увозник за брендот Opel во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија им понудува на своите клиенти -15% на системот за сопирање.

„Не се плашам да се движам напред, сè до дека можам силно да закочам“ е новиот слоган на кампањата на брендот, која повикува на безгрижно користење на својот автомобил „опел“.

Воедно брендот повикува на совесно користење на своето возило, со цел продолжување на неговиот животен век, како и поголема безбедност на патниците. Под совесно користење на возилото се подразбира редовна грижа за истото и навремена проверка на системот на сопирање. Системот за сопирање игра клучна улога во безбедноста и за возачот и за патниците и за сите други учесници во сообраќајот и како таков мора редовно и навремено да се прегледува и одржува.

Дисковите и плочките се основниот безбедносен елемент на возилото и се подложни на абење. Системот за сопирање е составен од елементи кое се трошат при сопирање и кочење, потребна е нивна проверка и доколку е потребно промена.Посебно треба да се проверат при подолго патување со повеќе патници и багаж или, пак, доколку автомобилот е во отежнати услови на работа. Па токму поради тоа од Еуроимпекс советуваат да се консултирате со овластените сервисни точки на „опел“ и да се врши редовна проверка и замена на течноста за сопирачките во одреден временски период препорачан од производителот.

Ова е одлична можност за сите сопственици на „опел“, да го проверат системот за сопирање со промотивна цена на деловите и работната рака.

Акцијата е во важност за промотивниот период во рамките на целата овластена мрежа на Opel во Македонија и истата е со времетраење до 15.11.2021 година.

Еуроимпекс им стои на располагање на своите клиенти за сите консултации и совети. Повеќе на www.opel.mk

Компанијата Еуроимпекс е основана 1990 година како мала трговска фирма за увоз-извоз. Започнува скромно и по осамостојувањето на Македонија, Еуроимпекс е првата приватна компанија чие работење е насочено кон трговија со автомобили и моторни возила од лесна категорија уште од далечната 1992 година, со првиот увоз на  автомобили „пежо“.
Соработката со брендот Opel ја започнува кон крајот на 2020та година со што прераснува во генерален увозник и дистрибутер на брендот OPEL за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија; Овој успех го круниса 30 годишниот јубилеј на Еуроимпекс кој беше одбележан истата година.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија47 минути

Димитриевски: Лица од МВР три недели нè следат мене и мојот тим, тоа е вршење притисок поради изборите

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски кого утрово полицијата го сопре и го прaти со возилото на технички преглед, на прес-конференција...

Македонија2 часа

Се укинува ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти

Владата на денешната редовна 113. седница, меѓу другото, во согласност со моментната епидемиолошка состојба во државата усвои измени и дополнувања...

Македонија3 часа

(Видео) Мицкоски ја повика цела опозиција зa уривање на Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати повик до Левица и сите опозициски партии, но и до владините кои се во...

Македонија3 часа

За една недела од коронавирус починале 26 вакцинирани лица, од кои најголем дел примиле „синофарм“

Во периодот од 8 до 14 октомври од коронавирус починале 105 пациенти, а 75 % од нив не биле вакцинирани....

Македонија4 часа

МВР не ја наведува причината за запирањето на Максим Димитриевски и најави истрага за случајот

Од Министерството за внатрешни работи по сопирањето на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, велат дека за случајот е вклучен Одделот...

Македонија5 часа

Уште 27 Авганистанци заминаа од земјава

Група од 27 граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во земјава изутрината од Меѓународниот аеродром Скопје, со членови на нивните...

Македонија6 часа

35 проценти од популацијата во државата примиле две дози вакцина

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.475 дози вакцини, од кои 917 се аплицирани како прва доза, 2.509...

Македонија6 часа

Симовски: Резултатите од пописот најдоцна до март

Директорот на државниот завод за статистика, Апостол Симовски, информира дека обработката на податоците од пописот е почната веднаш по неговото...

Европа9 часа

Турција нареди нови апсења, 33 војници се меѓу 158 осомничени во врска со Ѓулен

Турското обвинителство нареди апсење на 158 осомничени, вклучително и 33 припадници на војската, во опсежна операција насочена против лица наводно...

Регион9 часа

Извештајот за напредокот на Македонија ќе биде објавен денеска во Стразбур

Се очекува денеска во Стразбур да биде усвоен Пакетот за проширување на земјите од Западен Балкан. Пакетот за проширување вклучува...

Свет9 часа

Северна Кореја лансираше ракета во морето

Северна Кореја лансираше неидентификувана ракета во морето, соопшти јужнокорејската војска. Ракетата е лансирана во морето источно од полуостровот, соопшти армијата...

Македонија19 часа

По првиот круг градоначалници се избрани во 34 општини

По првиот круг од локалните избори избрани се градоначалници во 34 општини, покажуваат првичните податоци на Државната изборна комисија. Во...

Македонија20 часа

ДИК: Арсовска освои 7.805 гласа повеќе од Шилегов во првиот круг

Според податоците што вечерва ги соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, скопјани во вториот круг за челник...

Македонија1 ден

19 починати и 107 заболени од Ковид-19 во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.668 тестирања, а регистрирани се 107 нови случаи на...

Македонија1 ден

Шилегов очекува победа во вториот изборен круг

Петре Шилегов, кандидатот на СДСМ за Град Скопје, вели дека влегува во изборната трка во втор круг, со изедначен број...

Македонија1 ден

Арсовска: Во вториот круг влегувам со голема предност, време е за модерно и современо Скопје

Независната кандидатка за градоначалничка на Скопје Данела Арсовска со повик до скопјани и во вториот круг да ја поддржат на...

Македонија1 ден

Поткуп на гласачи, изнуда, дошол пијан да гласа – Јавното обвинителство постапува по изборните нерегуларности

Во текот на организирањето и спроведувањето на локалните избори заклучно со првиот круг на гласање одржан на 17 октомври 2021...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ победи во 20, а СДСМ во 9 општини во првиот круг, според досега целосно обработените податоци

Oд целосно обработените податоци од Државната изборна комисија (ДИК), на локалните избори во првиот круг избрани се  32 градоначалници. Според...

Економија1 ден

Горивата поскапуваат

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Македонија1 ден

ДИК го заврши пребројувањето во Куманово – Димитриевски води со 22 гласа пред Илиевски

Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, води пред кандидатот на СДСМ Оливер Илиевски за 22 гласа, согласно последната промена направена...

Досие