Контакт

Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Договорот за изградба на крак од Јужен тек е стандарден, потпишан од сите земји-учеснички во проектот

Објавено пред

Договорот кој го потпиша Република Македонија е стандарден договор и истиот го потпишаа сите земји кои влегоа во проектот “Јужен Тек“. Доколку СДСМ не верува во тоа, може да го побара и договорот од Србија, Хрватска или Австрија, да го спореди и потоа да ја информира јавноста. Така би било најчесно.

Ова се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на прес конференцијата на потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски, кој обвини дека Македонија со Руската Федерација не потпишала Договор за изградба на крак од гасоводот Јужен тек, туку спогодба што одредува само техничка оправданост за проектот.

Нечесно е, од друга сртана, да се каже дека владата на ВМРО-ДПМНЕ ја одлага гасификацијата, бидејќи само благодарение на заложбите на оваа влада, Македонија се најде во проектот “Јужен Тек“. Во секој случај овој успех на Македонија не е благодарение на СДСМ. СДСМ беше на власт кога сите останати земји влегуваа во планот за гасоводот, а токму тие не покажа никаков интерес. Да не беше нивната летаргија и да покажаа барем малку иницијатива Македонија тогаш можеше да стане и транзитна земја и ќе наплатувавме за транзитот на гас“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата на власт, СДСМ изнесува невистини и околу улогата на Регулаторната комисија за енергетика.

„Во однос на членот 5 од Договорот, јасно стои дека Регулаторната комисија нема да одлучува за цената по која Македонија ќе го купува гасот од “Гаспром“, што е многу логично затоа што македонската регулаторна комисија нема ингеренции да го регулира меѓународниот пазар на гас. Регулаторната комисија може да одлучува за цената на гасот во земја и тоа таа и ќе го прави“, се вели во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ ја запрашаа СДСМ дали чувствува вина за одлагањето на процесот на гасификација на Република Македонија. /крај/со/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

(Видео) Ковачевски: Енергетската трансформација почна од Осломеј, продолжуваме со инвестиции во сончеви и ветерни електрани

Објавено пред

Како компанија ние веќе ја почнавме енергетската трансформација – конкретно во РЕК „Осломеј“. Како што може да се види, во тек е изградбата на нашата сопствена 10-мегаватна фотонапонска електраната и уште една таква е во процедура за добивање документација, изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Тој рече дека ова претставува голем чекор во процесот на енергетската трансформација.

„ФЕ ‘Осломеј’ од 10 MW е почеток и добар пример на енергетска транзиција, каде што производните капацитети на фосилни горива се заменуваат со енергетски капацитет што произведува електрична енергија од обновливи извори. Термоелектраната „Осломеј“ не беше во редовна работа со години и сега во делот каде што е завршена експлоатацијата на јагленот се почна со инвестиции што ќе бидат не само во интерес на енергетскиот сектор на нашата држава туку и во интерес на сите граѓани што живеат во Кичево и околината. Поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК ‘Осломеј’ набргу ќе бидат функционални за 10-мегаватна фотоволтаична електрана и тој тренд на оваа локација ќе се шири“, рече Ковачевски.

Тој рече дека се преземаат активности за селектирање на потребните кадри од РЕК „Осломеј“ и нивна преквалификација за работа во фотонапонската електрана.

„Продолжуваме со проектите за изградба на сончеви електрани во РЕК ‘Битола’, кои ќе заменат еден блок од термоелектраната, и гасна електрана во комбинатот, која ќе замени уште еден блок од РЕК ‘Битола’. Фотонапонски електрани ќе градиме и во Маврово, Тиквеш, Штип, Свети Николе за што имаме поддршка од Владата. Исто така, ги спроведуваме инвестициите во ветерните електрани, зголемување на капацитетот на ветерниот парк во Богданци и проектот за нов ветерен парк во Миравци. Вложуваме во хидропотенцијалот, ги обновуваме хидроелекраните, а како највисок приоритет ни останува реализацијата на капиталниот проект ‘Чебрен’, хидроелектраната што ќе донесе стабилност и сигурност на нашиот електроенергетски систем“, изјави Ковачевски.

Прикажи повеќе...

Економија

Заев: ТЕЦ „Осломеј“ е прва транзиција на електрана на јаглен во капацитет за чиста енергија во регионот

Објавено пред

ТЕЦ „Осломеј“ ќе биде запаметена како прва енергетска транзиција на електрана на јаглен во капацитет за чиста енергија во регионот, изјави премиерот Зоран Заев, кој во придружба на раководството на „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), ја посети локацијата на термоелектраната во Осломеј во Кичево, каде што во моментот интензивно се одвиваат градежните активности за изградбата на првата фотоволтаична електрана од 10 мегавати во сопственост на ЕСМ.

„На местата на некогашните загадувачи денес градиме капацитети за производство на чиста и зелена енергија. Поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК ‘Осломеј’ за неколку месеци треба да бидат покриени со 10-мегаватна фотоволтаична електрана. Вкупното годишно производство од оваа нова фотоволтаична електрана ќе изнесува 15-17 гигават-часа, доволни за потребите на речиси 2.800 домаќинства“, рече Заев.

Тој додаде дека изградбата на фотонапонската електрана „Осломеј“ е почеток на иницијативата со која значително ќе се зголеми производството на електрична енергија од обновливи извори, особено од сонцето.

Пвите киловати електрична енергија од фотоволтаичната електрана од 10 мегавати, инсталирана на површина на сегашната термоелектрана „Осломеј“, се очекуваат да протечат во наредните неколку месеци.

Договорите се потпишани од ЕСМ како јавен партнер и од „Фортис енерџи“ од Турција во едната електрана, а во другата со „Солар про“ од Бугарија. Приватните партнери на ЕСМ ќе му исплаќаат надоместок за јавното приватно партнерство во износ соодветен на 18 и 18,50 % од произведената електрична енергија за час.

„Пресметките покажуваат дека заработката на државата би се движела речиси 1,5 милион евра годишно. Дополнително, инвеститорите имаат обврска да земат по 1 вработен од мегават, односно 100 вработени од ‘Осломеј’ за трајно да ги обезбедиме тие наши сограѓани. Во моментот се прави студија за праведна транзиција, во која треба да бидат направени сите анализи за можностите и иднината на постојните вработено. Ова е показател дека се грижиме за сите и дека се бара решение за сите“, истакна Заев.

„Нашата цел е да обезбедиме чиста животна средина за нашите деца и за идните поколенија“, посочи премиерот Заев.

„Северна Македонија е на врвот меѓу шампионите во регионот по раст на обновливи извори на енергија. Само за минатата година го зголемивме производството на енергија од обновливи извори на 827 мегавати, што претставува раст од 10,1 проценти и е во рамките на светскиот просек на зголемување од 10,3 отсто, според извештајот на ‘Балкан грин енерџи њуз’“, истакна премиерот Заев.

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, во својата изјава потенцира дека изградбата на фотонапонската електрана „Осломеј“ е почеток на иницијативата со која значително ќе се зголеми производството на електрична енергија од обновливи извори, особено од сонцето.

„Термоелектраната ‘Осломеј’ не беше во редовна работа со години и сега во делот каде што е завршена експлоатацијата на јагленот се почна со инвестиции што ќе бидат не само во интерес на енергетскиот сектор на нашата држава туку и во интерес на сите граѓани што живеат во Кичево и околината“, истакна Ковачевски.

Додаде дека веќе се преземени активности за селектирање на потребните кадри од РЕК „Осломеј“ и нивна преквалификација за работа во фотонапонската електрана, како и за потребите на поголемата фотонапонска електрана од 100 MW, која ќе се гради како јавно-приватно партнерство.

Прикажи повеќе...

Економија

Хрватската влада ја ограничи цената на горивата

Објавено пред

Хрватската влада денеска го усвои предлогот со кој се ограничува цената на бензинот на 1,48 евра и на дизелот на 1,46 евра, објави Хрватската радио-телевизија (ХРТ).

Премиерот Андреј Пленковиќ на почетокот на седницата на рече дека ова ќе важи еден месец, дека верува дека дистрибутерите ќе ја поддржат одлуката и дека истата е во корист на економијата и граѓаните.

Максималните износи на цените ја вклучуваат цената на нафтениот производ, акцизата и ДДВ-то, како и премијата на енергетскиот ентитет, која ја вклучува и маржата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 час

Крај на рестрикциите – САД ги отвора границите за вакцинираните граѓани

СAД денеска објавија дека ќе ги отворат своите граници за целосно вакцинираните патници од 8 ноември. Одлуката означува крај на...

Топ12 часа

Украден сеф со 84.000 денари од Поштата во Миладиновци

Украден сеф со 84.000 денари од Пошта во село Мичадиновци. „ На 14.10.2021 во 8:40 часот во Полициското одделение Петровец...

Свет12 часа

(Видео) Американски разорувач спречен да влезе на руска територија

Американски разорувач се обиде да ја наруши државната граница на Русија во Јапонското Море, а беше спречен во тоа од...

Свет13 часа

(Видео) Британски пратеник избоден со нож до смрт додека држел говор во црква

Британски пратеник од Конзервативната партија, сер Дејвид Ејмс денеска беше избоден со нож неколку пати по што почина, објавија британските...

Македонија15 часа

9 починати и 413 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.025 тестирања, а регистрирани се 413 нови случаи на...

Топ19 часа

Четворица повредени во превртениот автобус во Битола

Четири лица се повредени во несреќата што утрово се сучи во Битола кога се преврте автобус со работници од фабриката...

Македонија20 часа

(Видео) Спасовски: Мирните и демократски избори ја обезбедуваат иднината на нашата држава

Мирните и демократски избори ја обезбедуваат иднината на нашата држава. Затоа и ве поканувам во еден празничен изборен дух да...

Македонија21 час

Во Македонија активни 6.602 случаја на коронавирус

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.963, бројката на оздравени пациенти е 182.473,...

Македонија21 час

Последен ден од предизборната кампања

Денеска е последниот ден од предизборната кампања за локалните избори што ќе се одржат в недела. Агенцијата за аудио и...

Македонија2 дена

Ученици од 364 основни и 109 средни училишта треба да бидат тестирани на Ковид-19

Во рамките на активностите за превентивни тестирања со цел рано детектирање и превенција од Ковид-19 во основните и средните училишта,...

Македонија2 дена

Град Скопје ќе им додели по 100.000 денари на семејствата на загинатите во пожарот во Тетово

Поради трагичниот пожар во модуларната ковид-болница во Тетово, Советот на Град Скопје се состана уште еднаш за да гласа за...

Македонија2 дена

Заврши привремениот престој во земјата за група Авганистанци, заминаа за Франција

Група од 10 граѓани од Авганистан, кои привремено беа згрижени во Македонија, заминаа синоќа од Меѓународниот аеродром „Скопје“. Прибежиште им...

Економија2 дена

(Видео) Заев: Спроведуваме политики што обезбедија стабилност и раст и во услови на Ковид-19

Западен Балкан во постковид-светот: Кој е вистинскиот пат до стабилност и просперитет?, е темата на самитот на Западен Балкан во...

Свет2 дена

СЗО формира нов експертски тим за утврдување на потеклото на коронавирусот

Светската здравствена организација формира нова експертска група за тестирање опасни патогени, која, како што проценува, е последна шанса да се...

Свет2 дена

Курц: Не сум робот, туку човек со грешки и мани

Лидерот на Австриската народна партија (ОВП), Себастијан Курц, кој поднесе оставка на функцијата канцелар поради истрагата против него и луѓето...

Регион2 дена

Мирна ноќ во Косово и Метохија – повлечени барикадите

Ноќта во Косово и Метохија помина мирно. Барикадите што граѓаните од северот на Косово и Метохија ги поставија во текот...

Регион2 дена

Вучиќ: Ќе го одбраниме нашиот народ на Косово и Метохија, нема повлекување

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави фотографија на својот инстаграм-профил под која напиша: „Ќе ги браниме нашите луѓе на Косово...

Свет2 дена

(Видео) Најмалку петмина загинати во нападот во Норвешка, напаѓачот е Данец

Најмалку пет луѓе загинаа во вчерашниот напад во Норвешка, а уште двајца се повредени, јавија локалните медиуми. Меѓу повредените, кои...

Свет2 дена

(Видео) Пожар во зграда на Тајван, 25 загинати и 44 се повредени

Најмалку 25 луѓе загинаа, а 44 се повредени во пожар што зафати 13-катна зграда во јужниот дел на Тајван. Зградата...

Регион2 дена

Докторка од Словенија за 50 евра издавала лажни потврди за прележан Ковид-19

Докторка од Помурје во Словенија издавала лажни потврди за прележан коронавирус за 50 евра. Случајот го истражува и Лекарската комора...

Досие