Економија
Се одбележа 7 октомври – Светскиот ден за пристојна работа
Министерот за труд и социјална работа, Диме Спасов , присуствуваше на семинарот „Концептот за пристојна работа и механизми за супервизија на МОТ“ по повод 7 октомври, „Светски ден за пристојна работа“ во организација на Сојузот на синдикати на Македонија
„Потребата од достоинствена, односно пристојна работа се наметнува пред се поради неопходноста од еднаквост, рамноправност и достоинство на сите работници на било која работа и работно место, при што се поврзува и со поддршката на развојот на продуктивни и конкурентни претпријатија со најважни аспирации на луѓето, добар приход, сигурност на работното место и социјална заштита за нив и за нивните семејства, подобри изгледи за развој и социјална интеграција, слобода за луѓето да ги искажат своите проблеми, да се организираат и да учествуваат во донесувањето одлуки што имаат влијание врз нивните животи и еднакви можности и третман за сите жени и мажи“, рече Спасов
Во Националната програма се поставени приоритетите, чија што реализација детално е разработена со конкретни активности кои се реализираа заедно во соработка со социјалните партнери, а во голем дел со поддршка на Меѓународната организација на трудот.
Имплементирани се следниве активности зајакнување на капацитетот на владините институции и социјалните партнери заради подобрување на управувањето со пазарот на трудот, консултации со социјалните партнери, подобрување на работните услови со активно вклучување на социјалните партнери и слично.:
„Во изминатиот период направени се повеќе измени на Законот за работните односи, во кој се транспонирани повеќе директиви на Европската унија од социјалната сфера со соодветното поглавје бр. 19 од аспект на условите за работа, информирање и консултирање на работниците и антидискриминација, што е битен предуслов во процесот на зачленување во Европската унија“, рече Спасов.
Секако донесени се и Законот за минимална плата, Законот за европски работнички совети, Законот за вознемирување на работното место, повеќето измени на Законот за работните односи и сл.
„Во континуитет се врши и усогласување на гранските колективни договори, а прашањата во врска со правата, обврските, одговорностите и другите прашања од работен однос на ниво на работодавач се уредуваат со колективни договори на ниво на работодавач“, потенцираше Спасов.
Министерот рече дека дополнително во насока на обезбедување на достоинствена и пристојна работа се последните мерки на владата како што е веќе реализираниот оглас за вработување на 1600 граѓани кои се наоѓаат во најтешка состојба и во најголем ризик од вкупно четири категории односно многудетни семејства, самохрани родители, долгорочно невработени лица како и смејства во кои нема ниту еден вработен при што овие граѓани кои вчера беа информирани ќе добијат достоинствена работа во државната и јавната администрација, исто така и вработувањето на 83 лицата со статус деца без родители и родителска грижа преку д10 програмта до крајот на 2013 година.
Дополнително овој концепт на пристојна работа се зајакнува и со зголемувањето на платите на јавната и државната администрација за 5 отсто од октомври 2014 година, а и зголемувањето на вработеноста при што од 2006 година до сега отворени се над 120.000 работни места кои и директно влијаат на намалувањето на невработеноста во нашта држава изминатите години при што невработеноста од над 36 отсто е намалена под 28,8 отст, како и намалувањето на бројот на невработени лица во евиденцијата на Агенцијата за вработување од околу 360.000 во 2006 на 215. 000 оваа година./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.