Економија
Македонија одново меѓу десетте топ реформатори според Дуинг Бизнис
Република Македонија и во најновиот извештај на Дуинг Бизнис (Doing Business 2014), по четврти пат се најде меѓу водечките десет топ реформатори, а на глобалната ранг листа се наоѓа на високото 25-то место.
Иако Македонија на извештајот што го изработуваа Светската банка, бележи незначителен пад во споредба со минатиот извештај, кога беше на 22-ро место и натаму е најдобра во југоисточна Европа, и прва во регионот и се наоѓа на 25-то место.Зад Македонија се Словенија (33), Црна Гора (44), Бугарија (58), Турција (69), Грција (72), Косово (86), Хрватска (89), Албанија (90) Србија (93), БиХ (131).Првото место на глобалната листа меѓу 189 економии, првото место каде најлесно се води бизнис го зазеде Сингапур. Зад него, меѓу 10-те економии со најдобри регулативи за водење бизнис се најдоа Хонгконг, Јужно Афричката Република и Кина, го делат второто место, а од трето до десето се Нов Зеланд, САД, Данска, Малезија, Јужна Кореа, Грузија, Норвешка и Велика Британија.Дното на листата го заземаат Чад, Централно Африканската Република, Либија, Јужен Судан, Еритреја и Република Конго.Украина ја предводи листата на десетте економии кои се на врвот во подобрувањата на условите за водење на бизнис во изминатата година. Следат Руанда, Русија, Филипини, Косово, Џибути, Брегот на Слоновата Коска, Бурунди, Република Македонија и Гватемала.Сепак треба да се напомене дека поголемиот дел од овие држави и натаму се соочени со големи предзвици, со оглед дека пет од нив – Бурунди, Брегот на Слоновата Коска, Филипини и Украина, сè уште се наоѓаат во долната половина на глобалното рангирање.Извештајот е базиран врз десет области, „отворање бизнис, заштита на инвеститорите, регистрирање на имот, пристап до кредити, издавање и добивање дозволи за градба, прекугранична трговија, спроведување на договори, справување со солвентноста, добивањето електрична енергија и плаќање даноци. Македонија во областите на почнување бизнис и добивање кредит, се рангира помеѓу десетте најдобри економии во светот. Сепак, постојат предизвици, особено во областите на извршувањето на договорите, прекуграничната трговија и регистрацијата на имотот, каде се рангира на 95, 89 и 84 место.Канцеларијата на Светска банка во Скопје, соопшти дека Република Македонија го олеснила добивањето електрична енергија преку намалување на времето потребно за добивање нов приклучок и преку утврдување фиксен надомест за приклучување по киловат за приклучоци што бараат моќност до 400 kW. Исто така, Македонија го зајакна својот систем за обезбедени трансакции преку обезбедување поголема флексибилност на описот на средствата во договор за гаранција и на видовите долгови и обврски што можат да се обезбедат. Заштитата на инвеститорите се зајакнала преку овозможување на акционерите да бараат поништување на нефер трансакциите помеѓу поврзани субјекти и назначување ревизор да ги испита наводните нерегуларности во работењето на компанијата.Според Татијана Проскурјакова, директор на канцеларијата на Светска банка во Скопје, наведените достигнувања можат да ги надополнат напорите на Владата и приватниот сектор во ублажување на последиците од криза во еврозоната и решавање на ниските стапки на вработеност. Истовремено, остануваат уште предизвици. Владата на Република Македонија и Светска банка работат заедно во понатамошно подобрување на инфраструктурата, вештините на работниците и севкупната конкурентност на земјата, наведува Проскурјакова. „Уште еднаш, Република Македонија се докажа дека е лидер во регионот и пошироко во подобрувањето на деловното опкружување, мерено за извештајот Дуинг Бизнис, вели Проскурјакова. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.