Економија
НБРМ силно ја ревидираше нагоре стапката на раст на 3,3 отсто
Народната банка на Република Македонија (НБРМ) во четвртокот силно ја ревидираше нагоре проценката за растот на македонската економија за 2013 година на 3,3 отсто, од првичната проценка, која изнесуваше 2,3 отсто.
Ваквите оптимистички очекувања НБРМ ги темели врз позитивните влијанија од влезот на новите странски инвестиции, промените во домашната производна структура и зголемената диверзификација на извозот, кои придонесоа за остварување раст на БДП од 3,4% во првата половина од годината. Силниот фискален импулс во делот на инвестициите, како и солидниот номинален годишен раст на странските директни инвестиции од 36% исто така имаа позитивен придонес во економските остварувања. Овие подобри остварувања се поддржани и од посилното закрепнување на личната потрошувачка, при поволни поместувања на пазарот на труд и зајакната кредитна поддршка од банките особено кај овој сегмент од пазарот. „При вакви појдовни услови, како и при задржување на претпоставките за понатамошна поддршка на растот преку странските и јавните инвестиции, надополнети со закрепнувањето на приватната потрошувачка, сегашните оцени упатуваат на раст на БДП од 3,3% за целата 2013 година, изјави гувернерот Димитар Богов.Тој истакна дека во 2014 година се очекува дека економијата и натаму ќе расте со забрзано темпо, со очекувана стапка на раст на БДП од 3,7%. Со претходната проценка, НБРМ за наредната година предвидуваше раст од 3,1 отсто. Во 2015 година, се очекува дека стапката на раст на економијата ќе достигне 4,4%, при што изворите на растот би биле слични со оние од 2014 година на потрошувачката на домаќинствата.Последните оцени за позицијата на билансот на плаќања во 2013 година упатуваат на дефицит во тековната сметка од 3% од БДП, што претставува стагнација на дефицитот во тековната сметка, во споредба со 2012 година, при помал трговски дефицит, но и истовремено намалување на приватните трансфери За 2014 година и 2015 година се очекува проширување на дефицитот во тековната сметка, и тоа до 4,6% и 5,7%, соодветно, главно заради поголемите увозни притисоци создадени преку растот на извозот зависен од увоз, инвестициите и приватната потрошувачка, во услови на намалени приватни трансфери.За следната година се очекува странските директни инвестиции да изнесуваат 330 милиони евра или 4 проценти од БДП, а во 2015 година се очекува да се зголемат и да изнесуваат 4,5 проценти од БДП..Проектираната патека на девизните резерви за 2014-2015 година е нагорна, со задржување на показателите за адекватност на резервите на соодветното ниво.Ризиците околу остварувањето на ваквото макроекономско сценарио и натаму клучно се од надворешна природа, а се поврзани со евентуалните промени во динамиката на заздравување на глобалниот економски раст и движењата на цените на примарните производи на светските берзи. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.