Економија
Претставени новитетите од Правилниците за енергетска ефикасност
Новитетите кои произлегуваат од Правилниците за енергетска ефикасност преставени се во саботата од страна на министерот за економија Ваљон Сараќини и директорот на Агенција за енергетика на Република Македонија.
Притоа беа претставија тарифниците со кои се одредуваат максималните висини на надоместоците што ќе се наплаќаат при спроведување на обуки и испити за енергетски контролори, како и максималната висина на надоместоците за спроведување на енергетски контроли.„Генерално гледано придобивките од проектите кои ги реализираме за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија се многу знанчајни и големи. Не само што имаат капацитет да создадат нови работни места, да го подобрат квалитетот на живот на граѓаните, да го намалат увозот на енергија, да ги зголемат шансите за пристапување во ЕУ, туку, подобрувањето на енергетската ефикасност за бизнис секторот значи оптимизирање на трошоците и распределба на средствата во други развојни активности на компаниите се креира побарувачка за нови производи, а со тоа се создава можност многу повеќе домашни компании да се вклучат во производство на таквите производи, што претставува голем потенцијал за развој на македонската економија во блиска иднина“, информираше Сараќини.Со донесувањето на правилниците се постигна засилено спроведување на воспоставените политики на Република Македонија со Стратегијата за унапредување на енергетската ефикасност и Акциониот план за енергетска ефикасност, исполнување на обврските на Република Македонија кон Договорот за основање на Енергетска заедница, зголемена примена на мерките за енергетска ефикасност во зградите што ќе придонесе за намалување на поторшувачката на енергија„Повеќе би сакал да се задржам на новитетите кои произлегуваат од правилниците. Имено со нив се воспоставуваат минимални барања за енергетска ефикасност на зградите, се воведува сертификат за енергетски карактеристики.Со донесувањето пак на овластувањата за нови контролори и издавањето на Лиценците за вршење на енергетска контрола на трговци поединци и правни лица ќе се овозможи вршење на енергетски контроли, издавање на сертификати за енергетски карактеристики на зградите и спроведување на останатите законски обврски во областа на енергетската ефикасност во Република Македонија“, истакна министерот.Директорот на Агенцијата за енергетика на Република Македонија, Лазар Гечевски изјави дека Донесувањето на Програмата за обука и полагање на испити за енергетски контролори, од страна на Агенцијата за енергетика ќе се направи избор на правни лица за вршење на обука и полагање на испити за енергетски контролори, по што ќе се отпочне да се спроведуваат и самите обуки и полагања на испити за заинтересираните инженери, по што истите кои ги исполнуваат условите ќе имаат право да се стекнат со овластување за енергетски контролор.Предвидено е дека првите обуки за енергетски контролори ќе се спроведат во првиот квартал од 2014 година, по што во текот на вториот квартал од 2014 година ќе се овластат првите енергетски контролори во Република Македонија и ќе се издадат првите лиценци на компаниите за вршење на енергетски контроли. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.