Економија
Македонија и Албанија ќе градат далновод Битола-Елбасан
Македонија и Албанија најавија интензивирање на соработката во енергетскиот сектор, а посебен акцент е ставен на изградба на Проектот “400kV интерконективен далновод Битола-Елбасан.
За ова денеска во Скопје разговараа македонскиот министер за економија Ваљон Сараќини и албанскиот министерот за енергетика и индустрија Дамиан Гјикнури.Вкупната должина на далекуводот се предвидува да биде 151 км, од кои на македонската страна 95 км и на албанската страна 56 км. Вкупната инвестиција согласно физибилити студијата се проценува дека изнесува 68,1 милиони евра и тоа 43,5 милиони за македонската страна и 24,6 за албанската страна.Сараќини информираше дека за проектот далновод Битола-Елбасан изработена е физибилити студија и студија за влијанието врз животната средина, за кој бил обезбеден грант од 900.000 евра.„Во натамошниот период следува изработка на целокупната техничка документација како и обезбедување на заем за изградба на далекуводот“, информирање Сараќини, Тој додаде дека, МЕПСО е во завршна фаза на преговори со ЕБОР за обезбедување на заемот.Од македонската страна на средбата беа презентирани и можностите за инвестирање во изградба на мали хидроцентрали а исто така беше договорно да се формираат работни групи, чија задача ќе биде до февруари 2014 година да го следи прогресот на сите проекти кои беа дискутирани на состанокот.„Ова е моја прва посета на Република Македонија. Интерконективниот далекувод Битола-Елбасан е од голема важност, значаен е , како за енергетската така и за економската состојба на двете земји. Разговаравме и за проектот Луково Поле, за кој сакам да истакнам дека договоривме технички лица од двете земји, кој ќе ја следат реализацијата на проектот, за да нема дополнителни нејаснотии, бидејќи во интерес на двете земји, е да се изгради акумулација со која ќе се придонесе за зголемување на водните текови за потребите на производство на електрична енергија од постојните хидроелектрични централи и изградба на мала хидроелектрична централа, со што ќе се овозможи дополнително производство на електрична енергија“, истакна министерот Гјикнури.Од двете страни беше договорено, на следниот состанок да се потпише и Меморандум за соработка во енергетскиот сектор, земајќи ги во предвид поволните услови што ги имаат двете земји, со цел проширување на енергетската соработка, имајќи ја притоа во предвид географската локација и традиционалните односи што ги имаат Република Македонија и Република Албанија. /крај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.