Контакт

Економија

Состанок на министерот Димовски со тутунопроизводителите и откупувачите на тутун

Објавено пред

Министерот Љупчо Димовски, заедно со заменик министерот Зоран Коњановски и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство денес одржаа работен состанок со претставници од Сојузот на здруженијата на тутунопроизводителите и генералните менаџери на Сокотаб, Алијанса Оне и Струмица Табак.

На состанокот се отворија сите актуелни прашања поврзани со откупот на тутун во оваа откупна сезона како и за почетокот на редовниот откуп на тутун. Од страна на претставниците на Сојузот на здруженијата на тутунопроизводителите е нагласено соочувањето со низата неправилности на терен при откупот на тутун, односно на ригорозната проценката на квалитет на тутунот, особено на меѓу класите, уште на почетокот на откупната сезона.

Од страна на претставниците на откупувачките компании е потенцирано на фактот дека откупот се одвива на повеќе откупни пунктови и, како и минатите години, процедурата е идентична, а за сомнителните бали кои се доставени од тутунарите, второстепената комисија ја оценува проценката дали е во согласност со правилата.

Заклучено е за потреба од итно премостување на ситуацијата, особено на недовербата која што во моментов постои. Исто така, сите вклучени страни во процесот во откупот на тутун се заложија за интензивна меѓусебна комуникација и соработка во насока на зајакнување на довербата и отсранување на било какви шпекулации и манипулација на тутунарите.

Од Државниот инспекторат за земјоделство е информирано за евидентирани забележани неправилности на откупните пунктови за вршење на паушална проценка на квалитетот на тутунот. Нагласено е преземањето уште посериозни мерки од страна на ДИЗ, со постапување, покрај Законот за тутуни и тутунски производи, и според Законот за Државен инспекторат за земјоделство, со кој се предвидени санкции со суспензија за оние кои што неправилно работат.

Во периодот што следи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Државниот инспекторат за земјоделство, како контролен орган, ќе оствари увид на сите евиденции и информации кои ќе се побараат од откупувачите.

Единствен е ставот за исклучување на било каква манипулација на тутунопроизводителите, особено поттикната од политички мотиви која од двете страни е осудена, а откупувачките компании, согласно закон и утврдените правила, да го вршат откупот на тутун.

Воедно, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство апелира до сите тутунопроизводители кои се незадоволни од проценката на предадениот тутун без исклучок да го известат Државниот инспекторат за земјоделство и да побараат повторна проценка од второстепената комисија која законски е обврзана тоа да го стори во рок од 3 дена. /крај/со/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

(Видео) Заев: Со фотоволтаичните системи на јавните објекти сметките за струја се помали за 81%

Објавено пред

Преку новиот Закон за енергетика и со силните инвестиции во обновливи извори на енергија и гасификација, Владата го стабилизираше вртоглавиот раст на цената на струјата. Денеска граѓаните плаќаат пониска просечна цена за киловат/час, споредено со времето на претходната влада, кога цената на струјата порасна за 100%“, изјави премиерот Заев.

Тој додаде дека Владата, долгорочно и стратегиски, обезбеди регулатива и политики за максимално искористување на обновливите извори на енергија и од тој аспект развојот на капацитетите за производство на електрична енергија што ги користат сонцето, ветерот и водите, имаа централно место во Стратегијата за енергетика на Република Северна Македонија.

Со Проектот за проектирање и поставување на фотоволтаични системи во 36 општини и на 108 јавни објекти, не само што се зголемува производството на електрична енергија од обновливи извори, туку и се намалуваат трошоците за електрична енергија, на јавните институции и на објектите што се формирани од општините.

„Вкупниот износ на Програмата, кофинансирана од страна на Владата и ЕУ, изнесува 20,6 милиони евра. Програмата ја имплементираше Министерството за финансии, во соработка со Светската банка како посебен сегмент за ИПА-рурални инвестиции во рамките на проектот за подобрување на општинските услуги“, рече премиерот Заев и објасни дека вкупната заштеда на средства за сите 108 објекти годишно може да изнесува околу 190.000 евра и дека согласно заштедата, инвестицијата ќе се врати за 7,5 години.

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, рече дека користењето на сончевата енергија од фотоволтаици забележува зголемување во целиот свет бидејќи технологиите се усовршуваат и материјалните трошоци се намалуваат.

„Соларната енергија е примарен извор за обновлива енергија и е особено важен за неразвиените земји. Како сончева земја навистина треба да го користиме овој извор за генерирање енергија, кој е и поевтин, па ефектите се двонасочни“, рече министерката Ангеловска.

Ангеловска ги наброи ефектите од заштедите од поставувањето на овие фотоволтаични системи и соопшти дека градинката „7 Септември“ во Пехчево, за месеците мај, јуни, јули и август 2018 има сметка за електрична енергија од 15.185 денари, додека за истите месеци оваа година сметката е 8.672 денари. Заштедата за четири месеци е 6.513 денари, односно сметките за овие четири месеци се помали за 43%, како резултат на поставените фотоволтаични системи.

Слични се заштедите и кај сите останати јавни објекти, а како позначаен е примерот на пумпната станица за водоводен систем ГЕРИЗИ, во с.Таринци, во општина Карбинци, каде што сметките за електрична енергија за периодот мај-јули од 429.326 денари лани, се симнати на 82.412 денари оваа година, или заштедата за трите месеци изнесува 346.914 денари, односно сметките за овие три месеци се помали за 81%.

На крај министерката за финансии Ангеловска рече дека подобрувањето на енергетската ефикасност не е само заложба, туку цел преточена во резултати.

„Политиките на оваа Влада во делот на енергетиката покажуваат дека земјата е на прав пат. Донесовме регулатива во согласност со европската. Го реформиравме енергетскиот сектор. И ова не е само наша оценка. Енергетската заедница пред три години велеше дека државата потфрла во реформите и дека е во пролонгиран период на енергетски ќор-сокак. Оваа Влада покажа дека промените се случуваат како резултат на планска работа, во интерес на граѓаните“, рече министерката Ангеловска.

Прикажи повеќе...

Економија

Во Сити мол почна саемот за мерката „Купи куќа, купи стан“

Објавено пред

Саемот за мерката „Купи куќа, купи стан“ почна денеска во Скопје сити мол, каде граѓаните ќе можат да се информираат целосно за проектот на едно место, односно ќе имаат прилика на исто место да ги најдат Министерството за финансии, банките и градежните компании.

Саемот ќе трае од денес до недела, секој ден од 10 до 22 часот.

Од Министерството за финансии информираат дека со промените направени во проектот годинава, значително се подобрени условите за граѓаните.

„Најголема поволност за граѓаните е намалувањето на каматните стапки за одобрување на субвенциониран станбен кредит, и тоа: за моделите каде се субвенционира ратата од кредитот од страна на државата, каматната стапка се намали од 3,95% на 2,9%, додека за четвртата и петата година каматната стапка е намалена од 4,44% на 3,9%. И кај моделите каде се субвенционира учеството каматната стапка е намалена од 4,5%+ЕУРИБОР на 4%+ЕУРИБОР“, се наведува во соопштението на ресорното министерство.

Дополнителна нова поволност во проектот е во насока на подигнување на наталитетот во земјата. За секое новородено или посвоено дете во текот на првите десет години од користење на кредитот, корисникот на кредитот добива дополнителна субвенција од 30% на ратата во текот на една година плус.

„Има и нови модели, особено поволни за младите со возраст до и наполнети 35 години. За купување  стан, каде и интересот е најголем, субвенцијата на месечната рата е зголемена од 50% на 70% – ова значи дека во првите пет години од исплатата на кредитот 70% од месечната рата ќе плаќа државата, додека корисникот на кредитот ќе плаќа само 30%. Исто така зголемена е и субвенцијата за моделите каде се субвенционира учеството од 50% на 70%. Ова значи дека доколку корисникот на проектот го искористи овој модел, 70% од учеството од кредитот ќе му го плати државата“, појаснуваат од Министерството за финансии.

Прикажи повеќе...

Економија

УЈП: Почна исплатата на пари од скенираните сметки за МојДДВ

Објавено пред

Управата за јавни приходи почна со исплата на парични средства согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица. Повратот од 15 % од ДДВ се префрла на сметките на граѓаните кои се корисници на апликацијата МојДДВ за првото тримесечје, односно за месеците јули, август и септември 2019 година.

Досега е исплатен поврат кај 16.600 граѓани, а до крајот на наредната недела повратот ќе биде извршен кај сите граѓани кои ги скенирале фискалните сметки во првото тримесечје преку апликацијата МојДДВ, киоск-апаратите и баркод-читачите во организациските единици на Управата за јавни приходи.

Во првиот квартал од МојДДВ скенирани се 22.670.713 фискални сметки, остварен е вкупен промет во износ од 11.423.978.620 денари, со пресметан вкупен ДДВ во износ од 1.241.434.628 денари. Повратот од 15 % од платениот ДДВ е во висина од 18.,215.194 денари.

Со подетални информации Управата за јавни приходи ќе излезе по заокружувањето на целата исплата кај сите корисници на МојДДВ коишто ги исполниле условите за поврат на 15 % од ДДВ, се вели во соопштението на УЈП.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Камчев: Алчноста на Катица за пари беше клучна во оваа работа

Бизнисменот Орце Камчев по денешното сведочење за случајот „Рекет“ откако излезе од судот уште еднаш потенцираше дека Бојан Јовановски, Катица...

Македонија2 часа

На една од средбите меѓу Јовановски и Камчев бил и министерот Филипче

Бојан Јовановски во предметот за случајот „Рекет“ му поставува прашања на сведокот Орце Камчев во судницата. Јовановски го персира, додека...

Македонија4 часа

Боки 13 до Камчев: Oперациите вo „Систина“ не ви се успешни

Присутните се смееја во судницата на рочиштето за случајот „Рекет“ кога Бојан Јовановски почна да го испрашува сведокот Орце Камчев....

Македонија5 часа

Камчев: Не се само Катица и Боки 13, треба да има и други обвинети за „Рекет“

Веќе час и половина сведокот бизнисмен Орце Камчев го дава својот исказ во судот за случајот „Рекет“. Тој, освен кон...

Македонија6 часа

Боки 13 се пожали на здравствената состојба, судијката го опомена дека ќе го извади од судницата

Судијката Васка Николовска-Масевска му рече на обвинетиот Бојан Јовановски, алијас Боки 13, дека ќе го извади од судницата ако говори...

Свет7 часа

Франција втор ден парализирана поради штрајкот

Втор ден продолжува штрајкот во Франција. И денеска нарушен е јавниот превоз, а училиштата се затворени. Синдикатите најавија дека планираат...

Свет7 часа

Меркел во прва посета на Аушвиц, ќе донира 60 милиони долари за Меморијалот

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска за првпат ќе го посети Меморијалот Аушвиц-Биркенау, откако ја презеде функцијата пред 14 години. Меркел...

Свет8 часа

150 пожари ја пустошат Австралија

Пожарникари се обидуваат да ги стават под контрола 150-те пожари во Нов Јужен Велс додека силни ветрови го шират чадот...

Свет8 часа

Пентагон размислува да испрати неколку илјади војници на Блискиот Исток

Министерството за одбрана на САД размислува за дополнително распоредување на 4-7 илјади војници на Блискиот Исток за да се спротивстави...

Македонија8 часа

Во кривичниот суд пак ќе се оценува обвинението за организаторите на насилниот упад во Собранието

Во кривичниот суд по вторпат ќе се оценува обвинителниот акт за организаторите на насилниот упад во Собранието од 2017 година...

Свет8 часа

Туск: Брегзит е најтажното искуство за време на мојот мандат

Брегзит е една од најспектакуларните грешки во историјата на Европската Унија, вели Доналд Туск во интервју за „Гардијан“, што е...

Македонија8 часа

Продолжува судењето за „Рекет“, ќе сведочат Орце Камчев и неговата сопруга

Бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга Ана Камчева денеска треба да се појават во кривичниот суд во Скопје како сведоци...

Европа19 часа

Над половина милион луѓе протестираа во Франција, сообраќајот во колапс

Повеќе од 510.000 демонстранти излегоа на улиците на 70 града во Франција во знак на протест против најавените пензиски реформи...

Свет24 часа

САД со обвинение против руски хакери кои во своите операции украле над 100 милиони долари

Американските власти денеска покренаа обвинениe против лидерот на руската криминална група за компјутерски криминал позната како Evil Corp „Зла корпорација“...

Македонија1 ден

Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во...

Македонија1 ден

Обвинение за судијата Мустафа Шахини за злоупотреба на службената положба

Управниот судија Мустафа Шахини наскоро треба да седне на обвинителна клупа во предметот за злоупотреба на службената положба и овластување...

Македонија1 ден

Собранието ќе одлучи дали треба Јовески да го преземе СЈО

На 11 декевмри на собраниската седница ќе се најдат измените на Законот за јавнообвинителска служба со кој треба да се...

Македонија1 ден

(Видео) Деспотовски: За жал, изборите ќе ги пролонгираат грантовите од Фондот за иновации

Изборите ќе ги пролонгираат грантовите што ги доделува Фондот за иновации и технолошки развој, најави Јован Деспотовски во интервју за...

Култура1 ден

„Медена земја“ е најдобриот документарец за 2019 според критичарите во Њујорк

Американската организација на филмски критичари од Њујорк „New York Film Critics Circle (NYFCC)“ синоќа ја додели наградата за најдобар документарен...

Регион1 ден

Радев: Во НАТО државите се поделени на произведувачи и купувачи

Бугарскиот претседател Румен Радев им порача на лидерите на земјите членки на НАТО дека иднината на алијансата не ја гледа...

Досие