Контакт

Економија

СБ: Закрепнување во југоисточна Европа е бавно, предизвиците остануваат

Објавено пред

Шест држави на југоисточна европа во првата половина од годината излегоа од рецесија, што пред се должи на зголемување на извозот, објави во понеделникот Светската банка (СБ), во годишниот извештај кој се однесува на Македонија, Србија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и Албанија.

Извештајот во Тирана го претстави Галина Винцелете, водечка економистка на СБ преку видеоконеференција.Во извештајот се наведува  дека просечниот раст на реалниот доход во ечсте драви од негативни 0,7 отсто во 2012 година е зголемен на 1,8 отсто, во рпвата половоина на годината.Според извештајот Македонија во однос на економскиот раст е на прво место во регионот со сотаврена стапка од 3,4 отсто и доста добро напредува На наведените шест држави во прилог им одел економското закрепнување на државоит ечленки на еврозоната, значителниот раст на земјоделското производство и намалениот инфлаторен притисок.„Закрепнувањето особено е поттикнато од извозот на различни производи“, рече Винцелете.Извештајот сепак уште еднаш укажува на познатите слабости на економијата на регионот. Одржливоста на постигнатиот раст на извозот останува под знак на прашање поради намалената извозна база на регионот, но и проблемите со конкурентноста.Ниската куповна моќ на населението во шестте држави влијае и на слабоста на домашната побарувачка, а сето тоа е условено со високата невработеност.Во заклучок на извештајот на СБ се прогнозира дека вкупниот економски раст за целата година на ниво на шестте држави во просек би изнесувал 1,8 отсто, наместо претходно прогнозираните 2,7 отсто., со тоа што се очекува најбавен раст да има БиХ, а најбрз Косово. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Ангеловска демантира дека ја подигнала заштедата од Еуростандард банка

Објавено пред

Mинистерката за финансии Нина Ангеловска демантира дека подигнала штеден депозит од Еуростандард банка, по информацијата дека банката ќе ја изгуби лиценцата за работење.

„Сите промени на имотната состојба на министерката се уредно пријавени во анкетниот лист и ги охрабруваме новинарите-истражувачи да ги погледнат датумите на пријавените промени. Потенцираме – промените се направени пред подолг период и јасно може да се увиди дека немаат никаква поврзаност со денешната објава на Народната банка.

Во повеќе наврати беа пласирани лажни вести во обид да го нарушат угледот и репутацијата на министерката за финансии. Очекуваме дека медиумите кои се информатор на граѓаните и кои носат одговорност во вакви ситуации кога пласирале непроверена и неточна информација ќе делуваат навремено и истата ќе ја повлечат, а воедно ги охрабруваме слободно да ги проверат информациите од Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК)“, соопшти Министерството за финансии.

Од ВМРО-ДПМНЕ претходно изјавија дека Нина Ангеловска кога дошла на позицијата министер за финансии во својот Анкетен лист пријавила дека има депозит во вредност од 250.000 евра во Еуростандард банка. Тие ја запрашаа Ангеловска дали и пропаднале 250-те илјади евра, пари од заштеда кои самата ги има пријавено.

Прикажи повеќе...

Економија

„Еуростандард банка“: Шпекулации и лажни информации се на штета на банката и на целиот финансиски сектор

Објавено пред

Еуростандард банка АД Скопје ја известува јавноста дека во текот на денешниот ден се пласирани лажни информации кои, како што велат од банката, се однесуваат на функционалноста на редовното работење на банката а кои директно се на штетана самата банка и нејзините клиенти.

„ За ширење на вакви шпекулации најгрубо се користи деловната мрежа на Македонска Пошта како субјект со најразвиена бренд мрежа со што индиректно се обидува да се нанесе штета како на банката така и на целиот банкарски сектор, имајќи предвид дека преку Македонска Пошта се врши најголемиот дел од платниот промет во земјата. Еуростандард банка најостро ги демантира овие невистини кои можат да имаат далекусежни последици кон банката и кон банкарскиот сектор како целина. За оваа појава Еуростандард банка веднаш ја извести НБРСМ и очекува дека истата ќе постапи согласно своите надлежности“ се наведува од банката.

Од Еуростандард банка потенцираат дека банката продолжува со своето редовно работење, заштедите на клиентите се безбедни, истите се осигурени во Фондот за осигурување на депозити, се почитуваат сите законскирегулативи за финансиско известување и за управување со ризиците од работењето.

Прикажи повеќе...

Економија

Бежоска: НБРМ ќе побара стечајна постапка за „Еуростандард банка“

Објавено пред

Стечајна постапка за „Еуростандард банка“ ќе побара Народната банка од судот, најави гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска. Таа кажа дека се направени максимални напори за да не се затвори банката, но кредитните загуби биле големи.

„ Вложивме исклучителен напор за да не дојде до затворање на банката. Првенствено нашите напори се забележливи во супервизорските мерки кои ги спроведовме. Преку акционерите се обидовме банката да се стабилизира и да почне нормално да функционира. Кредитните загуби наметнаа потреба од поголеми вложувања кои не се реализираа“, рече Бежоска.

Сите други банки работат со добивка, рече гувернерката, според која ако се изземе „Еуростандард банка“, банкарскиот систем се подобрува за 21 процент.

„ Сите податоци јасно покажуваат дека затворањето на банката е во функција на одржување и јакнење на банкарскиот систем и заштита на депонентите. Уверени сме дека банките ќе излезат во пресрет на досегашните клиенти на ‘Еуростандард банка’ со своите услуги и производи. Со тоа, ќе се потврди дека нашиот банкарски систем не само што е стабилен, туку и општествено одговорен“, додаде Бежоска.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 час

Најмалку 800 луѓе во светот умреле поради дезинформации во врска со ковид-19

Најмалку 800 луѓе во светот починале поради дезинформации врзани за коронавирусот во првите три месеци од оваа година, тврдат научниците....

Свет13 часа

(Видео) Најмалку тројца загинати и шестмина повредени во тешка железничка несреќа во Шкотска

Најмалку три лица, вклучително и возачот на возот, загинаа во железничка несреќа што се случи во Шкотска, откако патнички воз...

Македонија13 часа

Градинките добија протокол за работа – се прилагодуваат групите согласно насоките

Министерството за труд и социјална политика информира дека на денешниот состанок со Комисијата за заразни болести и претставници на Министерството...

Економија15 часа

Бежоска: НБРМ ќе побара стечајна постапка за „Еуростандард банка“

Стечајна постапка за „Еуростандард банка“ ќе побара Народната банка од судот, најави гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска. Таа кажа дека се направени...

Македонија16 часа

МВР го расчисти случајот со авотмобилот што изгоре во Ново Лисиче

Истрагата на МВР за инцидентот, во кој автомобил целосно изгоре во Ново Лисиче, покажала дека се работи за несреќен случај,...

Македонија17 часа

Регистрирани 139 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Охрид

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на...

Македонија18 часа

Пендаровски утре ќе му го врачи мандатот на Заев

Претседателот Стево Пендаровски, утре, во 12 часот, мандатот за состав на новата влада ќе му го довери на Зоран Заев,...

Македонија18 часа

Села и Гаши нема да дојдат на средбата на албанските партии што ја организира Ахмети

Алијансата за Албанците и Алтернативата нема да дојдат на средбата на партиите од албанскиот политички блок, која треба да се...

Македонија19 часа

Адеми предлага децата да одат на училиште, се разгледуваат три модели за настава

Комисијата за заразни болести размислува, а Министерството за образование и наука се противи наставата во новата учебна година да се...

Македонија19 часа

Засега нема воведување на ПЦР-тестови за граѓаните што транзитираат низ Македонија

Засега нема одлука за воведување ПЦР-тестови за граѓаните што транзитираат низ Македонија. На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести...

Македонија20 часа

Сведоштво на прилепчанка што го победи коронавирусот: „Моето лекување беше едно од потешките“

Седумдесетгодишната Виолета Мирчевска од Прилеп тринеделната битка со коронавирусот ја поминала емотивно и стресно, но голема мотивација ѝ било семејството, кое...

Топ21 час

Загина 16-годишник при судир на два мотоцикли во скопско Кадино

Во судир на два мотоцикли, управувани од тинејџери, синоќа во селото Кадино загинал 16-годишник. Како што информираат од МВР, непосредно...

Македонија21 час

Заев и Николовски се откажаа од средствата за патни трошоци

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, информира дека тој и лидерот на партијата, Зоран Заев, се откажале од патните трошоци....

Свет21 час

Кои маски штитат, а кои ја шират инфекцијата на Ковид-19 уште повеќе?

САД достигнаа рекордни пет милиони заразени од коронавирус, а сите напори да се запре ширењето на инфекцијата не успеаја. Иако...

Македонија22 часа

Педесет компании заинтересирани за изградба на скопската пречистителна станица вредна 136 милиони евра

Досега 50 компании испратиле апликации на повикот за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води за град...

Македонија23 часа

Извештај на ИЈЗ: Намален е бројот на новозаразени и починати

Трета недела по ред продолжува трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а се бележи благо зголемување...

Свет23 часа

Кралството Бутан во карантин само поради еден заболен од Ковид-19

Бутанските власти првпат прогласија општ карантин кога еден граѓанин, кој е позитивен на коронавирус, бил во близок контакт со луѓе...

Свет24 часа

Американскиот епидемиолог Фаучи: Сериозно се сомневам во руската вакцина

Главниот американски епидемиолог, Ентони Фаучи, изјави дека рече оти има сериозни сомнежи дека вчерашната одобрена вакцина против коронавирусот во Русија...

Свет1 ден

Руската вакцина веќе ја бараат 20 земји

Кога рускиот претседател, Владимир Путин, објави дека е одобрена првата светска вакцина за Ковид-19, 20 држави побараа од Русија да...

Македонија1 ден

Бројот на заразени од почетокот на пандемијата во Македонија надмина 12.000 лица

Од почетокот на пандемијата во земјата над 12.000 лица биле регистрирани позитивни на коронавирусот. Вкупната бројка досега изнесува 12.083 случаи...

Досие