Контакт

Економија

Сенатот на САД ќе го разгледува компромисниот буџет на 17-ти декември

Објавено пред

Американскиот Сенат на 17-ти декември ќе го разгледува компромисниот буџет што го прифати Претставничкиот дом на Конгресот изјави во петокот лидерот на демократското мнозинство во Сенатот, Хари Рид.

Буџетскиот закон требаше да биде разгледуван уште седмицава, меѓутоа Сенатот е зафатен со утврдувањето на кандидатурите за должности во претседателската администрација по предлозите на Барак Обама. Демократското мнозинство го отстрани правилото коешто и’ овозможуваше на републиканската опозиција да ги попречи номинациите. Изминатава седмица, демократите ја искористија да одобрат повеќе кандидатури работејќи цели ноќи. Пота лидерите на двете партии во Сенатот одлучија да земаат пауза во текот на викендот и да не го разгледуваат новиот предлог закон.

Договорот за буџетот одобрен од Претставничкиот дом, овозможува да се избегне намалувањето нa буџетските расходи на 63 милијарди долари. Тој, исто така, сугерира и симболично намалување на 17-трилионскиот американски долг од 20 милијарди долари во текот на следните десет години. Демократите се откажаа од натамошното зголемување на расходите и плафонот за задолжување, а републиканците се согласија да не го блокираат буџетот, со што повторно би предизвикале ткн „гаснење“ на федералните агенции. Спротиставеноста по ова прашање во октомври во Конгресот предизвика блокирање на работата на владините служби во текот на две седмици, што придонесе за пад на довербата на двете партии кај граѓаните./крај/мф/сн

Економија

Ангеловска: Ако енергијата за политичко поентирање се трошеше на работа, многу побрзо ќе се развиваме

Објавено пред

„Граѓаните се уморни од дневнополитички препирки и ако енергијата која се троши на политички меѓупартиски препукувања и дневно поентирање кон работа и конструктивност, економијата и општеството ќе имаа многу подобри резултати“, одговори министерката за финансии Нина Ангеловска на новинарско прашање на дневен настан за обвинувањата за нетранспарентност и несоработка од страна на дополнителната заменик-министерка Гордана Димитриескa-Кочоска.

„Сметам дека граѓаните се малку уморни од овие дневнополитички обвинувања и обиди за наслови во медиуми наместо да се работи. Не е проблем, ние ги одговараме барањата, немаме што да криеме, сè што работи Министерството за финансии е најтранспарентно, не знам дали била работата потранспарентна. Замислете целата таа енергија која се троши на дневнополитички меѓупартиски препирки, препукувања и обвинувања се насочи кон барање решенија, солуции, конструктивна дебата, замислете како може да се движи нашата земја и да се менува нашиот ментален склоп. Јас би повикала на тоа – со позитивна енергија со желба за работа да се обидеме да ја насочиме енергијата онаму каде што е потребно за доброто на нашата земја и за доброто на граѓаните“,рече Ангеловска.

Ангеловска и посочи дека транспрентноста е на највисоко ниво, како и дека до крајот на неделата ќе се пушти новата алатка за транспарентност на јавниот долг.

Прикажи повеќе...

Економија

Кочоска: Недозволиво е министер за финансии да не знае дали има пуштено налог во трезорот за исплата на плати

Објавено пред

„Веќе подолго време Нина Ангеловска се фали со реализацијата на капитални инвестиции од 78% за 2019 година, а тоа значи шминката на податоци и понатаму продолжува. Нина знае да шминка, но не знае што се случува во трезорот на министерството и дали се исплатени плати за вработените во градинките и образованието, она што треба да ` биде приоритет, бидејќи македонските граѓани живеат од плати и секое задоцнување е стресно за нив“, се вели во реакцијата на дополнителниот заменик-министер во Министерството за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.

„Наместо Нина Ангеловска да шета и да посетува корзо во Ѓорче Петров, треба да се посвети на она што ` е работа и на она за што зема пари од граѓаните. Недозволиво е министер за финансии да не е запознаен, со тоа дали има пуштено налог во трезорот за исплата на плати. Додека вработените во градинките и образованието чекаат плата, Нина Ангеловска се однесува како да е министер без ресор, а не министер за финансии.

Владата во заминување, по одлуката за предвремени парламентарни избори во октомври 2019 година, ги забрза сите активности и донесе разно-разни одлуки и предлог-закони, кои требаше да ѝ помогнат во намерите финансиите и економијата да ги претстави во розово светло.
За да може да прикажат некаква капитална инвестиција и вештачки да го подигнат процентот на капиталните инвестиции, Владата на седница одржана на 16.12.2019 година разгледувала и донела олука за одобрување на средства од буџетот на Македонија за 2019 година, за купување на делот на ГА – МА АД Скопје во износ од преку 2 милијарди денари (2.020.000.000,00 денари) или 33 милиони евра, средства кои ги исплати на 30.12.2019 година и тоа кон Национални енергетски ресурси – НЕР (порано Македонски енергетски ресурси). Со оваа постапка јасно е дека реализација на капитални инвестиции нема, а средствата се ненаменски алоцирани. Ваквата политика носи директни трошоци на буџетот по основ на камати, кои до овој период изнесуваат над 100 илјади евра.

Без оваа трансакција, која всушност не е реализирана, односно Владата сè уште ги нема откупено акциите од АД Макпетрол, капиталните инвестиции во однос на основниот буџет за 2019 година би изнесувале 60,81%, што е очајно ниско ниво на реализација. Ако владата сакаше да реализира ваква капитална инвестиција, зошто навреме не презема конкретни мерки со цел да имаме вистинска реализација, а не вака да создава долгови а притоа и Макпетрол да остане неподмирен?“, додава таа.

Прикажи повеќе...

Економија

СРЕЌА ПЛУС за Александра и Александар од Пробиштип со Златна рипка вредна 500.000 денари

Објавено пред

Александра и Александар Начеви од Пробиштип на Денот на вљубените уловија златна рипка вредна 500.000 денари. На младиот брачен пар Начеви од Пробиштип златната рипка ќе им ја оствари заедничката желба за убаво егзотично патување. Големата добивка е доказ дека кога се дарува со љубов желбите се остаруваат. Овој пат желбите ги остварува златната рипка, но не рипката од приказните, туку рипката од инстант лозот Златна рипка.

Трендот за дарување инстант лозови СРЕЌА ПЛУС донесе радост на многу свадбени прослави, родендени и други убави поводи, а овој пат донесе дополнителна среќа на Денот на вљубените.Подарените инстант-лозови на Денот на вљубените донесоа вистинска СРЕЌА ПЛУС за Александра и Александар.

Продажното место Лила лото во Пробиштип беше често споменувано во различни среќни приказни за поголеми добивки, но иако Александра и Александар често од таму купувале инстант-лозови, добивале само помали добивки, сè до сега. На 14 февруари Александар двапати одел од киоскот на плоштадот во Пробиштип, купувал различни лозови и таму ги гребел, но како и секогаш имал само помали добивки. Третиот пат, пред да замине дома, купул 11 лозови Златна рипка со намера да ги подари на сопругата за Денот на вљубените.

Токму во тие 11 лозови се криела и златната рипка на која изгребале добивка од 500.000 денари. Денес, во просториите на Државна лотарија ги запознавме Александра и Александар кои со радост ја споделија со нас среќната приказна и планот дека средствата ќе ги искористат за егзотично патување.

Ве потсетуваме дека кога дарувате, подарете инстант -озови, подарете можност за СРЕЌА ПЛУС.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Николоски: Бараме да се прикажат целосните снимки каде што Јанева се среќава со Заев

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ,Александар Николоски, вечерва одржа вонредна прес-конференција во врска со објавените ПИ-мерки за случајот „Рекет“, за кој тој вели...

Регион6 часа

Донаторска конференција: Над милијарда евра собрани како помош за Албанија

Вкупно 1,15 милијарди евра помош на Албанија се собрани на меѓународна донаторска конференција „Заедно за Албанија“, соопшти европскиот комесар за...

Македонија7 часа

(Видео) Заев: Судии, обвинители, поротници – ослободете се, ниту Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ не ви можат ништо

„Сите предмети ќе имаат правна разрешница врз основа на фер и траспарентни постапки. На обвинетите ќе им се суди врз...

Македонија8 часа

(Видео) Спасовски – Лајен: Напредoкот на Северна Македонија е импресивен и ги исполни високите очекувања

Техничкиот премиер Оливер Спасовски во рамките на програмата за учество на донаторската конференција „Заедно за Албанија“, што ја организира Европската...

Македонија11 час

Јанева пред апсењето одела во СЈО, салони за убавина и адвокатски канцеларии

Во кривичниот суд на судењето за случајот „Рекет“ беше презентиран извештајот за тоа каде се се движела ексшефицата на СЈО...

Топ11 час

Пронајдено безживотно машко тело на Шар Планина

Планинар од тетовско планинарско друштво, кој се движел на тој терен со група планинари, пријавил дека над тетовското с. Вејце,...

Македонија12 часа

Таткото на обвинетата сведочеше на судењето за убиството на Пино – Ангела криела дека Фуркан ѝ е дечко

На денешното рочиште за убиството на Пино Секондо, таткото на обвинетата Ангела, Златко Ѓорѓиевски, сведочеше како сведок на одбраната. Обвинителката...

Македонија13 часа

Јовановски двапати бил во куќата на Јанева – снимки од тајното следење пуштени на судењето за „Рекет“

Од посебните истражни мерки што биле спроведувани од 21 јуни 2019 година кон обвинетиот Бојан Јовановски и осудениот Зоран Милески...

Македонија14 часа

Мицкоски го повика Заев на ТВ-дуел: Се надевам ќе се охрабри и ќе ја прифати поканата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на ТВ-дуел. Тој вели дека добил покана од...

Македонија14 часа

Пуштен билетот за едно возење во ЈСП

ЈСП информира дека во употреба е пуштен билетот за едно возење и може да се купи директно во автобус и...

Свет16 часа

Над 160 милиони луѓе во Кина нема да се вратат на работа поради коронавирусот

Во Кина и во светот продолжува борбата со епидемијата на коронавирусот. Речиси 160 милиони луѓе сепак нема да се вратат...

Топ16 часа

Тешко повреден пешак во сообраќајна несреќа во Охрид

Шеесет и двегодишна жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Охрид. Според информациите на полицијата,...

Свет17 часа

Над пет тони кокаин пронајдени на Костарика

Властите на Костарика соопштија дека заплениле над пет тони кокаин, што е најголема таква заплена во оваа централноамериканска земја. Министерството...

Свет17 часа

(Видео) Вооружени крадци во Хонгконг украле стотина ролни со тоалетна хартија

Вооружени крадци утрово украле стотина ролни тоалетна хартија во вредност од речиси 130 долари во Хонгконг, каде што поради коронавирусот...

Свет18 часа

Орбан: Унгарија е иднината на Европа

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, синоќа, во обраќањето пред нацијата, рече дека Будимпешта научила дека не мора да ѝ се...

Македонија1 ден

Рот: Законот за ЈО е клучен чекор за европската иднина, останува ЕУ да испорача

Законот за Јавното обвинителство е клучен чекор за владеењето на правото и европската иднина на Северна Македонија, напиша на „Твитер“,...

Македонија1 ден

Митрески: Законот за Советoт на јавни обвинители не се носи со двојно мнозинство

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески на социјалните мрежи сподели листа на закони кои се носат со двојно...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Изгласувањето на Законот за ЈО е спротивно на процедурите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција изјави дека изгласувањето на Законот за јавно обвинителство било „се, само не правда,...

Македонија1 ден

Пендаровски ги потпиша Законите за ЈО и за Советот на јавни обвинители

Претседателот Стево Пендаровски, попладнево ги потпиша Указите за прогласување на повеќе закони кои беа усвоени во Собранието. Потпишани за законите...

Македонија1 ден

Димовски: Законот за Советот на јавни обвинители не е донесен, немаше бадентер

Законот за Советот за јавни обвинители не е донесен, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски и рече дека...

Досие