Контакт

Економија

Во Собранието на Р.М. продолжува расправата за Предлог буџетот

Објавено пред

Денеска во Собранието на Република Македонија продолжува расправата по Предлог буџетот за 2014 година.

„Новиот буџет ќе овозможи подинамичен економски раст преку реализација на капитални проекти кои се за 11 проценти повеќе во однос на оваа година и ќе ја задржи социјалната стабилност преку зголемениот износ за пензии и социјална помош, како и преку зголемениот износ за субвенции од 140 милиони евра“, истакна министерот за финансии Зоран Ставрески во текот на вчерашната расправа која траеше до доцна вечерта.

Според предлогот државниот Буџет за следната година ќе изнесува 176,5 милијарда денари. Приходите се планирани на 158 милијарди и 243 милиони, а буџетскиот дефицит на 3,5 отсто и ќе се финансира од домашни и од странски извори. Растот на бруто домашниот производ (БДП) е проектиран на 3,2 отсто, а инфлацијата од 3,3 отсто. Нивото на буџетскиот дефицит, според проекциите, ќе изнесува 3,5 отсто.

„Едната функција на Буџетот ќе биде да го компензира ефектот на се уште слабата европска економија и со поголеми капитални расходи да се постигнат повисоки стапки на економски раст, рече Ставрески.

Според него, Македонија има фискален простор да го одржи нивото на буџетски дефицит на повисоко ниво со цел да ја помогне македонската економија.

Ресорниот министер изрази уверување дека не се предвидува зголемување на ниту еден данок.Структурата на приходите ќе остане иста, а најголемо учество ќе имаат даночните и социјалните приходи, рече Ставрески.

Наспроти него, Марјанчо Николов од СДСМ обвини дека со овој буџетот власта ќе станела побогата, а граѓаните посиромашни.

„Оваа Влада, за жал, на стопанството гледа само како на голема каса од која треба да собере што повеќе пари, на граѓаните гледа како на даночни обврзници од кои треба да земе, а кога треба да даде тоа го прави со лажичка како на болен човек“ рече Николов.

Николов, кој е и претседател на собраниската комисија за финансирање и буџет, изрази сомневање дека владата со вака креираниот буџет ќе се обиде да купи гласови за избори.

„И овој буџет, како и сите ваши претходни буџети во изминативе седум години, е буџет на желби. Буџет за предизборно манипулирање и купување гласови на пензионерите, на корисниците на социјална помош и ветување за поголеми плати на администрацијата“, рече Николов. /крај/мф/ап

Економија

Луксембург – земја со најголема минимална плата во ЕУ

Објавено пред

Минималната месечна плата во Луксембург се зголеми на 1 јануари и сега изнесува 2,14 илјади евра. Дури и пред ова зголемување, Луксембург беше земја со најголема минимална плата во ЕУ.
        
Паралелно со промената на индексот на плати на 1 јануари, забележано е зголемување и на бројните социјални приходи во Луксембург. Минималната плата за возрасно лице без квалификации е зголемена од 2,09 илјади евра на 2,14 илјади евра.
        
Минималниот за квалификувани работници е 2,57 илјади евра, што претставува зголемување од околу 63 евра во однос на претходниот период. Се зголемува и заработувачката на младите. За учениците на возраст од 15 до 17 години, минималната заработувачка е 1,6 илјади евра, што претставува зголемување од 39 евра. За учениците на возраст од 17 до 18 години, минималната заработувачка е 1,7 илјади евра, или 42 евра повеќе. Минималната пензија е зголемена на 1,9 илјади евра месечно.

Прикажи повеќе...

Економија

Комората на сметководители препорачува: Канцерогените фискални ленти итно да се забранат како во ЕУ

Објавено пред

Од 1 јануари годинава во Европската Унија, стапи на сила забраната за употреба на штетната хемиска материја Бисфенол А или БПА присутна во термичката хартија на која се печатат фискалните сметки, броевите за ред на шалтерите во бројни институции, како и на фискалните ролни во големопродажба. Согласно измени во легислативата оваа забрана ќе започне да се применува, почнувајќи од јули годинава и во соседна Србија, поради утврдената штетност дека истата е канцерогена и предизвикува бројни заболувања.

Оваа штетна хемикалија е утврдена како предизвикувач на сериозни здравствени проблеми како срцеви заболувања, дијабетис, неплодност, рак на дојка и простата, хормонски и ендокринолошки заболувања, а претставува и голем ризик за здравјето на децата.
Бисфенолот А е една од најкомерцијално достапните хемикалии што се користат во производството на термичка хартија како развивач на бои. Согласно истражувањата, концентрацијата на бисфенол А во фискалните сметки е до 40 пати поголема од дозволената и се движела од 0,62 до 0,91 отсто, а според стандардите дозволено е само 0,02 отсто.

Засега во ЕУ забраната подразбира само нејзино исклучување од термичка хартија, односно дека не смее да биде повеќе од 0,02 проценти.

Претседателот на Комората на сметководители Македонија, Драган Митковски апелира надлежните институции, итно да ја стават на дневен ред забраната за употреба на Бисфенол А во термичката хартија, на која најмногу се изложени лица кои се во контакт со фискални сметки преку целиот работен ден, како сметководителите, потрошувачите како и голем број лица кои работат во трговијата особено во малопродажба.

„Препораката на Комората на сметководители е во најкраток рок по примерот на ЕУ да се забрани употребата на штетната хемиска материја Бисфенол А и да се даде рок за државните институции, приватниот сектор, трговските ланци, да може да ги заменат артиклите кои содржат штетни материи со нови кои не ги содржат истите. Како пример, во ЕУ дозволен е таканаречениот преоден рок од шест месеци, производителите и дистрибутерите да се прилагодат или да започнат да користат термичка хартија на пазарот која не ја содржи оваа хемикалија“ истакна Митковски.

Минатата година, Швајцарија стана првата земја во Европа што забрани Бисфенол С (БПС) и Бисфенол А (БПА) да се користат во термичка хартија, откако Федералниот совет гласаше за нивната забрана. Одлуката била одобрена на 7 април, а влегла во сила на 1 јуни 2019.

Дискусиите за БПА започнаа во 2011 година, откако данската агенција за заштита на животната средина објави дека до 80% од сметките на касата во Coop Danmark биле направени од термичка хартија. Веднаш потоа Coop Danmark ги отфрли 12-те групи на супстанции и хемикалии од сопствени производи до крајот на 2017 година, меѓу кои и Бисфенол А.

Препораките на здравствените организации се веднаш по контакт со фискални сметки да се мијат рацете, да не се ставаат сметките во кесите со храна, да не се дозволува децата да доаѓаат во контакт со фискални сметки, а доколку на работно место редовно сте во контакт со фискални сметки да се носат ракавици.

Комората на сметководители на Македонија, верува дека надлежните институции сериозно ќе пристапат во усогласување со Европската регулатива за забраната за употреба на штетната хемиска материја Бисфенол А или БПА во термичката хартија.

Прикажи повеќе...

Економија

Заев на средба со Стопанската комора: Создаваме креативна, модерна, дигитална економија

Објавено пред

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев, се сретна со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, со претставници на Комората и бизнисмени од разни сектори.

Во изјавата за медиуми Заев истакна дека СДСМ продолжува со креирање на новата изборна програма, која ќе понуди решенија за подобар живот за сите граѓани.

„Во подготовка сме на нашата изборна програма, која веруваме дека ќе стане владина програма. Во духот на консултациите тргнуваме во постапка на консултација на многу организации, здруженија, сојузи, комори, синдикати и слично затоа што политичките партии ги претставуваат своите ветувања и видувања. Сакаме преку инклузивен процес да ги вградиме сите оние важни, добри работи, кои практичарите во секојдневното работење ги имаат увидено и може да бидат наша водилка и главна преокупација во наредниот четиригодишен период“, рече Заев.

Сакаме да создадеме креативна, модерна, дигитална економија, додаде тој, која ќе значи современа економија на третата денценија на 21 век.

На средбата беа слушнати аргументите на бизнис-секторот, нивните потреби и барања, со цел заеднички да се изнајдат решенија за развој и унапредување на економијата во интерес на граѓаните и подигнување на нивниот животен стандард.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија3 минути

Луксембург – земја со најголема минимална плата во ЕУ

Минималната месечна плата во Луксембург се зголеми на 1 јануари и сега изнесува 2,14 илјади евра. Дури и пред ова...

Економија40 минути

Комората на сметководители препорачува: Канцерогените фискални ленти итно да се забранат како во ЕУ

Од 1 јануари годинава во Европската Унија, стапи на сила забраната за употреба на штетната хемиска материја Бисфенол А или...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: Нема функционер на СДСМ што не си ја вработил цела фамилија во администрација

Eпидемија на непотизам владее во Македонија. СДСМ го цеди буџетот и безмилосно ги троши парите на граѓаните за вработување сопруги,...

Свет1 час

Помпео под притисок да се појави на јавно сослушување за убиството на Сулејмани

Одборот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот на САД испрати обврзувачки повик до државниот секретар Мајк Помпео за...

Спорт1 час

Михајловиќ: Имав напади на паника во болница, сакав да побегнам низ прозорец!

Екс-српскиот фудбалер, а сега актуелен тренер на калчолигашот Болоња, Синиша Михајловиќ за тв емисијата „Verisimo” раскажа досега непознати детали од...

Свет1 час

Сменет бразилски министер кој во говор го цитираше Гебелс

Бразилскиот министер за култура е сменет од позицијата, откако што цитираше делови од говор на нацистичкиот шеф на пропаганда Јозеф...

Свет15 часа

Граѓаните од ЕУ нема автоматски да бидат депортирани по брегзитот

Велика Британија нема автоматски да ги депортира граѓаните од Европската Унија кои не побарале да останат во земјата по брегзитот,...

Европа17 часа

Музејот „Лувр“ во Париз затворен поради протести

Музејот „Лувр“ во Париз денеска беше затворен кога десетици демонстранти го блокираа влезот протестирајќи против намерата на француската влада да...

Македонија18 часа

(Видео) Петровска: Погубно за Министерството и граѓаните ќе биде МВР да се претвори во партија

Впечатокот дека се случува хаос во Министерството за внатрешни работи е резултат на избрзаните телеграми од министерот Чулев, вели неговата...

Европа20 часа

Папата за првпат назначи жена на висока позиција во Ватикан

За првпат една жена ќе има висока позиција во Ватикан, бидејќи папата Франциско, поглавар на Римокатоличката црква, ја назначи Франческа...

Свет22 часа

Еден милион морски птици умреле над Тихиот Океан

Дури еден милион морски птици умреле над Пацификот за помалку од 12 месеци, а експертите велат дека е виновна топлата...

Регион23 часа

Грција идната недела ќе добие нов претседател

Грчката влада достави предлог до парламентот за избор на нов претседател на републиката, што ќе се одржи на 22 јануари,...

Топ23 часа

Две деца повредени кога „бе-ем-ве“ излетало на патот Велес – Извор

Вчера во 16:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Извор, по крстосницата за селото Г.Оризари, патничко возило...

Свет23 часа

(Видео) Кралот на кокаинот доби пиво со неговиот лик и име

Мексиканскиот наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман издржува доживотна казна затвор, а неговата ќерка Алехандрина се труди да ја одржи неговата...

Македонија1 ден

Меркел: Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ

„Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ, но на тој пат двете земји можат да се...

Македонија1 ден

Усвоени измените во законот за извршување, социјално загрозените нема да плаќаат

Законодавниот дом ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за извршување кои ги подготви Министерството за правда. Ова е...

Свет1 ден

Премиерот на Украина поднесе оставка

Премиерот на Украина, Олексиј Хончарук, денеска поднесе оставка, јавува „Ројтерс“. Од кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопштуваат дека...

Регион1 ден

Лајчак: Следните месеци клучни за односите помеѓу ЕУ и Западен Балкан

Шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак изјави дека следните месеци ќе бидат клучни за односите помеѓу Европска Унија и земјите...

Свет1 ден

Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди Мексико

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во јужниот дел на Мексико, кој според медиумите...

Свет1 ден

Oслободени новинарите на „Анадолија“ коишто беа уапсени во Каиро

Новинарите на турската државна новинска агенција „Анадолија“, кои во средата беа уапсени во Каиро, се ослободени откако платија кауција од...

Досие