Контакт

Економија

ЕУ: Историски договор кој треба да спречи повторување финансиска криза

Објавено пред

Министрите за финансии на земјите членки на Европската унија постигнаа во средата доцна ноќта по повеќечасовен состанок далекусежен договор за вториот столб на банкарската унија, којашто обезбедува банките да не се спасуваат со средствата од даночните обврзници, што еврозоната во 2008 година ја турна во длабока криза.

„Денеска е посебен ден за банкарската унија. Ден за паметење за европскиот финансиски сектор. Даночните обврзници веќе нема да ги плаќаат сметките за грешките на банките, а со ова се завршува периодот на масовното спасувања на банките“, изјави на прес-конференцијата еврокомесарот за внатрешниот пазар и финансиски услуги, Мишел Берние за историскиот договор постигнат непосредно пред започнувањето на самитот на ЕУ на кој во четвртокот попладне ќе се соберат челниците на 28-те земји членки.

Вториот столб на банкарската унија претставува клучно дополнување на првиот столб, единствениот надзор на банките. Вториот столб се состои од веќе усвоените правила за санација или ликвидација на банките западнати во тешкотии, како и синоќешниот договор за единствениот механизам за санации на банките, тело коешто ќе ги надгледува спроведувањата на тие правила и фонд кој ќе ги полната самите банки за да се обезбедат пари за нивната санација.

Меѓу најтешките прашања коишто се испречуваа на патот до постигнувањето на договорот, беше она за кој ќе ги носи одлуките за санацијата или ликвидацијата на некоја банка. Франција се залагаше тоа да биде Европската комисија, додека Германија се спротистави на тоа и бараше последниот збор да го имаат земјите членки на Европската унија. На крајот е постигнат договор кој е многу поблизок до германскиот став. Па така, единствениот механизам за санација на банките ќе има совет за санација, кој ќе одлучува дали некоја банка ќе оди во докапитализација или во ликвидација. Одлуките на советот за санација ќе стапуваат на сила 24 часа по усвојувањето, освен доколку Советот на ЕУ, кој ги претставува земјите членки, на предлог од Европската комисија, не се спротистави на тоа.

Германските ставови надвладуваат и кога станува збор за фондот за санација на банките, Тој ќе биде воспоставен со меѓувладин договор, кој земјите од еврозоната требаа да го испреговараат до 1-ви март 2014 година. Единствениот надзор на банките ќе започне да се спроведува од ноември 2014 година, додека единствениот механизам за санација на банките од почетокот на 2015 година.

Фондот за санација на банките ќе започне да функционира од 2016 година и во целост ќе стане оперативен за десет години и по тој преоден период во 2026 година би требало да има на располагање 55 милијарди евра, коишто во тој период ќе го уплатуваат самите банки. Во првите десет години тоа нема да биде единствен фонд, туку секоја земја ќе има свој национален оддел, ткн своја фиока во којашто ќе уплатуваат нејзините банки. Со парите од една национална фиока нема да може да се спасуваат банките од друга држава. Дури по десет години, тоа ќе стане единствен фонд./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Бочварски: Финансиска помош и повеќе транспортни дозволи за транспортерите

Објавено пред

На пакетот финанскиска помош за компаниите како дел од четвртиот сет економски мерки се осврна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој присуствуваше на 15. традиционален собир на транспортери во организација на Асоцијацијата „Макам транс“.

Министерот потенцира дека мерките се носат за да им се олесни работата на транспортните компании во време на ковид-кризата.

„Продолжуваме со поддршката за исплата на плати, која важи и за последниот квартал од годината, односно и за октомври, ноември и декември. Поддршката ќе биде одредена според намалувањето на приходите кај компаниите. Колку е поголем падот на приходите опфатени со оваа мерка, толку поголема ќе биде поддршката од државата за исплата на платите и таа ќе се движи од досегашните 14.500 до 21.776 денари. Би сакал да информирам дека на предлог на Министерството за транспорт и врски, ќе се изврши пролонгирање на важноста на лиценците за плус една година дополнително, без надомест. Ова сметаме дека е многу важно за да ги намалиме трошоците“, истакна министерот Бочварски.

Тој информира дека за 2021 година, според квотата на базни дозволи со кои располага Министерството за транспорт и врски, обезбедени се 1.440 годишни дозволи за возила со Евро 6-стандард и 2.280 месечни дозволи за возила со Евро 5-стандард.

„И, уште една работа за која сакам да се осврнам, а тоа е што во соработка со вашата Асоцијација прифативме измена на уредбата која е во владина процедура и која го решева моментот на нераспределани годишни дозволи. И во наредниот период заеднички ќе продолжиме да работиме, веќе разговаравме да формираме работна група, во која учество ќе земат и заинтересираните асоцијации од областа на превозот на патници и превозот на стока и заеднички ќе пристапиме кон изменување на законската и подзаконската регулатива во овие области“, се обрати министерот Бочварски пред присутните транспортери.

Прикажи повеќе...

Економија

H&M казнет со 35 милиони евра поради шпионирање вработени во Германија

Објавено пред

Германски правобранител го казни шведскиот моден синџир H&M со 35,3 милиони евра за собирање податоци од приватниот живот на вработените.

„Надзорот бил насочен кон неколку стотици вработени, кои работеле во сервисен центар во баварскиот град Нирнберг“, се вели во соопштението на хамбуршката комисија за заштита на податоците и слобода на информациите.

Уште од 2014 година раководството на H&M во Нирнберг собирало голема количина податоци за приватните животни околности на вработените, вклучувајќи здравствени дијагнози, семејни проблеми и верски убедувања. Деталите често биле евидентирани и дигитално чувани во системот, односно биле достапни на најмалку 50 други менаџери во компанијата, соопштено е во рамките на истрагата.

H&M објави дека инцидентот открил практики за обработка на приватни податоци на вработените, кои не биле во согласност со упатствата и инструкциите на компанијата.

Компанијата во соопштението им се извини на вработените и објави дека ќе ја анализира одлуката на хамбуршкиот правобранител.

Прикажи повеќе...

Економија

Кузеска: Со четвртиот пакет-мерки обезбедуваме помали трошоци и нови поволни кредити за компаниите

Објавено пред

Четвртиот пакет-мерки, вреден 470 милиони евра, донесен од Владата предводена од СДСМ, е континуитет на досегашните мерки, но содржи и нови мерки, што значат спас на работните места, поддршка на компаниите, особено на најпогодените од кризата, истакна на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Како што посочи, една од низата мерки е и зголемувањето на грејс-периодот кај бескаматните кредити од „Ковид-1“.

Со оваа мерка преку Развојната банка на постојните корисници на кредитни линии ќе им бидат обезбедени дополнителни 3 месеци грејс-период пред да почнат со исплата на ануитетите од земените кредити. Покрај одложувањето на бескаматните кредните, предвидено е и дополнително одложување на отплатата на кредитите за компаниите до крајот на годината.

Во новиот сет мерки преку Европската инвестициона банка, за поддршка на домашните компании, обезбедени се и нови 100 милиони евра поволни кредити од Развојната банка, кои ќе бидат пласирани во јануари 2021 година, со исклучително ниска камата.

Кузеска појасни дека со новиот сет мерки продолжува и намалувањето на казнената камата за јавни давачки за половина, односно од 0,03 на 0,015 % и таа ќе важи до крајот на годината.

Продолжува и мерката одложување на плаќањето аконтација на данокот на добивка. Оваа мерка предвидува одложување на плаќањето на аконтациите на данокот на добивка до март 2021 година за компании што имаат пад на приходи поголем од 40 %.

„Во време на сериозна здравствена и економска криза државата застанува зад секој граѓанин и зад секој приватен субјект кој е погоден од кризата. Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев и натаму ќе продолжи со потребната поддршка за сите. Заедно ќе ги надминеме негативните последици врз економијата предизвикани од корона-кризата“, изјави Кузеска.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 минута

Захариева: Добрососедството како критериум за членство во ЕУ не го измисли Бугарија

Добрососедските односи не ги измисли Бугарија, тоа е основен услов и критериум за членство во ЕУ. Македонија мора да се...

Свет1 час

Захарова: Имаме докази дека екстремисти се распоредени во Нагорно-Карабах

Русија од сопствени извори има сознанија за преместување на екстремисти во зоната на судирите во Нагорно-Карабах, изјави денеска портпаролката на...

Свет3 часа

Навални најави тужба против Песков

Рускиот опозиционер Алексеј Навални најави дека ќе го тужи портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој побара наводните докази за неговата...

Македонија4 часа

Штедачите од „Еуростандард банка“ протестираа пред Собранието, бараат закон со кој државата ќе ги обештети во целост

„Вратете ги парите“, „Лопови, лопови “, „Која банка е следна?“ , „Даваме кредити без покритие“, ова беа само дел од...

Европа5 часа

Меркел: Дипломатија, а не санкции во односите со Турција

Германската канцеларка, Ангела Меркел, рече дека дипломатијата е решение за проблемите на ЕУ со Турција во источен Медитеран. Доаѓајќи на...

Македонија5 часа

Четворица починати и 162 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.350 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на...

Регион5 часа

Вучиќ: Ќе ги преиспитаме сите смртни случаи поврзани со Ковид-19

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска објави дека здравствените власти ќе ги разгледаат сите смртни случаи поврзани со коронавирусот коментирајќи ги...

Свет6 часа

Путин, Трамп и Макрон објавија заеднички став за судирот во Нагорно-Карабах

Претседателите на Русија, САД и на Франција усвоија заедничка изјава за состојбата во Нагорно-Карабах. Владимир Путин, Доналд Трамп и Емануел...

Свет7 часа

Азербејџанските сили тврдат дека уништиле ерменски ракетен систем во Нагорно-Карабах

Министерството за одбрана на Азербејџан во средата објави дека вооружените сили на земјата успеале да го деактивираат ерменскиот ракетен систем...

Македонија7 часа

Арсовски: Се разгледуваат сите можности и опции за импичмент на Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ не открива кога би можела да се очекува конечната одлука за импичмент на претседателот Стево Пендаровски, што беше навестена...

Топ8 часа

Приведени тројца малолетници, кои украле златни синџирчиња

Полицијата приведе тројца малолетници поради сомнение дека се сторители на кривично дело тешка кражба на дрзок начин. „На 22 септември,...

Регион9 часа

Границите со Грција остануваат затворени до 12 октомври

Грција ја продолжи забраната за патување државјани на трети земји до 12 октомври, пренесува МИА. Ограничувањата на копнените граници се...

Македонија10 часа

(Видео) Филипче побара разбирање и поддршка за одлуките во образованието

Знам дека многумина сакаат и бараат учењето да се одвива поинаку и, искрено, сите ги разбирам. Но, како здравствен работник...

Топ10 часа

Едно лице загина во сообраќајна несреќа меѓу мотор и машина за сечење дрва во Ченто

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер во скопската населба Ченто. Според информациите на МВР, во несреќата...

Македонија12 часа

МОН: На првиот училиштен час нема посериозни пречки за одржување на онлајн-наставата

Министерството за образование и наука е во постојана комуникација со тимот од ФИНКИ и Бирото за развој на образованието, кој...

Македонија13 часа

Почнува учебната година

Новата учебна 2020/2021 година почнува денеска, со еден месец одложување. Настава со физичко присуство ќе следат учениците од прво до...

Македонија1 ден

Објавен распоредот на телевизиските часови за учениците кои немаат компјутери

Учениците кои немаат компјутер или таблет за да следат онлајн-настава преку платформата на Министерството за образование часовите ќе можат да...

Регион1 ден

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. Задната врата...

Македонија1 ден

Сојузот на средношколците најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија1 ден

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ по што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информира дека...

Досие