Контакт

Економија

Реалните плати во Германија веројатно ќе паднат прв пат за четири години

Објавено пред

Реалните плати во Германија веројатно оваа година ќе паднат прв пат од кулминацијата на светската криза во 2009 година, објави германскиот завод за статистика, темелејќи ја прогнозата врз основа на податоците од првите девет месеци.

dobivaj vesti na viber

Според денешниот извештај на Destatis, реалните плати паднаа во третиот квартал за 0,3 отсто во однос на истиот период лани, што е најостар пад во изминатите четири години.Номиналните плати во периодот од јули до септември пораснале за 1,4 отсто додека потрошувачките цени се зголемени за 1,6 отсто, пресмета Destatis.„ Резултатите во првите три тромесечја укажуваат на мал пад на реалните плати за 2013 година“, се наведува во соопштението.Во 2012 година реалните плати пораснаа на 0,5 отсто.Во третиот квартал еден работник со полно работно време во просек заработувал 3.462 евра пред оданочување, доколку се изземат еднократните плаќања.Падот на реалните плати би можел да ги пригуши очекувањата дека домашната побарувачка ќе поттикне раст на германската економија во претстојните месеци. Потрошувачката инаку  стана главен потпирач со оглед на забавување на извозот поради кревката побарувачка во еврозоната и забавување на пазарите во развој. /крај/

Економија

Комерцијална банка склучи договор за продажба на „Еуроникел“

Објавено пред

Комерцијална банка информира дека склучи договор за продажба на имотот на комбинатот „Еуроникел индустри“ од Кавадарци со друштва основани од холандската холдинг-компанија Polynickel Holding BV, која е дел од групацијта Yildirim Group. За финална реализација на купопродажниот договор останува уште да се исполнат сите правни и регулаторни предуслови, се наведува во соопштението.

dobivaj vesti na viber

Во исто време, банката со групацијата Yildirim склучи договор за продажба и на имотот на фабриката „Нова рефрактори“ во Пехчево.

„Убедени сме дека продажбата е долгорочно решение за комбинатот ‘Еуроникел’ имајќи ги предвид кредибилитетот и капацитетот на групацијата Yildirim. Веруваме дека со ова е надминат неизвесниот период за сите доверители и, пред сè, за вработените во комбинатот, кои покажаа максимална посветеност и професионалност и покрај тешката состојба во која се најдоа не по нивна вина.

Групацијата Yildirim е глобален индустриски конгломерат со седиште во Амстердам и во Истанбул. Основана е 1963 година и моментно работи во 56 земји на 5 континенти, вработува 25.000 лица во девет индустрии: метали и рударство, управување со пристаништа, вештачки ѓубрива и хемикалии, енергија и енергетски производи, транспорт и логистика, финансиски услуги, градежништво и недвижности и меѓународната трговија.

Во целиот изминат период од декември 2023 година, кога Комерцијална банка го презеде имотот на комбинатот во своја сопственост, бевме посветени на наоѓањето сериозен инвеститор, кој ќе ја продолжи дејноста на еден од најзначајните индустриски капацитети во земјата. Со цел да се одржи комбинатот во добра состојба за безбедно и ефикасно рестартирање на производниот процес, банката во изминатите четири месеци обезбеди речиси 100 милиони денари за одржување на технолошкиот минимум на комбинатот и за давање шанса за продолжување на работењето“.

Банката, како што се дополнува во информацијата, останува посветена и понатаму да придонесе со сите свои капацитети за фер наплата на доверителите и вработените во рамките на стечајната постапка. Прв услов за тоа е сите должници на ‘Еуроникел’ веднаш да ги платат своите обврски“.

Прикажи повеќе...

Економија

Од полноќ поскапуваат горивата

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,33 % во однос на одлуката од 22.3.2024 година.

dobivaj vesti na viber

Од 26.3.2024 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 85,00 (денари/литар)

моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 87,00 (денари/литар)

дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 77,00 (денари/литар)

масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)

„мазут М-1 НС“ – 44,776 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 не се менува.

Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 1,00 денар/л, а малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕРОТ БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,979 денари/кг и сега ќе изнесува 44,776 денари/кг.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,028 %.

Прикажи повеќе...

Економија

Бислимоски: Нема да дојде до поскапување на цената на парното

Објавено пред

Не се отвора никаков простор за зголемување на цената на топлинска енергија за граѓаните. Во ниеден случај нема да дојде до поскапување на цената на топлинска енергија за домаќинствата, може да дојде само до намалување, истакна денеска првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски.

dobivaj vesti na viber

„Дали ќе има субвенции или ќе нема, во текот на јуни ќе ја донесеме одлуката. Можевме и сега да носиме популистички одлуки кога ја намаливме цената за недомаќинствата, но се решивме за потрошувачите кои во енергетската криза ниту еднаш не беа субвенционирани, да им се помогне, пред сè, ним“, рече Бислимоски на прес-конференција.

Во однос на најавите од одредени партии дека ќе се укинуваат одредени одлуки и ќе се носат одлуки за граѓаните, Бислимоски рече дека одлуки за цени за преносoт на електрична енергија, тарифни системи за дистрибуција и за преност, тарифен систем за универзалниот снабдувач,носи само регулаторот за енергетика.

„Ниту партија вовела евтина тарифа ниту партија може да укине надоместок, тоа може само РКЕ“, додаде првиот човек на Регулаторната.

По реакциите дека воведувањето 200 денари давачка за мрежарина било неуставно, Бислимовски нагласи дека нејзиното укинување би ги зголемило цените на електричната енергија за првиот блок за 9,3 %, односно за евтината тарифа 14,54 проценти.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет15 минути

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет26 минути

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско каде мостот Френсис...

Македонија31 минута

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион50 минути

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет1 час

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет1 час

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија16 часа

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија17 часа

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија18 часа

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија19 часа

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...

Македонија20 часа

„Вреди“: Албанците нема да му простат на Бујар Османи за случајот Монструм

Претходно кога објаснувавме кој е Бујар Османи, дојде време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што...

Македонија22 часа

Мицкоски: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз...

Свет24 часа

Бајден: Да ja ​​заштитиме Украина од месарот Путин

Американскиот претседател Џозеф Бајден уште еднаш го навреди рускиот претседател Владимир Путин говорејќи пред гласачите во американската сојузна држава Северна...

Регион1 ден

Вучиќ: Следуваат тешки денови за Србија, не ми е лесно да кажам какви вести добивме

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека пред Србија претстојат тешки денови, пренесува „Нова.рс“. Вучиќ најави дека во наредните денови...

Македонија1 ден

СДСМ: Скопје е запустен град, граѓаните се изневерени, ДПМНЕ нема план за иднината

Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје. Откако ги изневерија граѓаните на Скопје,...

Регион1 ден

Трае потрагата по исчезнатото двегодишно девојче во Србија

Трае потрагата по двегодишното девојче, кое исчезна вчера околу 13.45 часот во приградската населба Бањско Поле, недалеку од Бор во...

Свет1 ден

Израел во текот на ноќта жестоко го бомбардира јужниот дел на Газа: „Луѓето умираат само за да добијат конзерва туна“

Израел во текот на ноќта интензивно го бомбардираше јужниот дел на Појасот Газа, и покрај меѓународниот притисок за итен прекин...

Свет1 ден

„Не веруваме дека ќе ги пронајдеме живи“: Запрена потрагата по исчезнатите лица по уривањето на мостот во Балтимор

Спасувачките екипи ја прекинаа потрагата по шест лица исчезнати по уривањето на мостот во Балтимор, бидејќи се претпоставува дека се...

Македонија1 ден

Османи со дипломатскиот кор за четвртата годишнина од членството на Македонија во НАТО

Со цел одбележување на 4-та годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска...

Свет2 дена

Бајден за уривањето на мостот во Балтимор: Бројот на исчезнатите може да се промени, владата ќе ги плати трошоците за поправка

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека судбината на исчезнатите во несреќата може да се промени и дека владата ќе ги...