Контакт

Економија

Над 150.000 пликоа со фискални доставени за наградната игра

Објавено пред

Над 150.000 пликоа пристигнале до сега за учество во наградната игра „Фискална во рака, награда без мака“, а се очекува таа бројка да биде зголемено со оглед дека до првото извлекување остануваат уште осум дена.

Како што информираше вицепремиерот и министерот за финансии Зоран Ставрески, само во последните неколку дена биле испратени близу 50.000 пликоа.Ставрески во неделата го посети пунктот на Државната на Лотаријата во центарот на Скопје, каде се собираат пликоата за наградната игра, и ја искористи можноста да упати апел до сите граѓани да се вклучат во играта.Полноправна можност да учествуваат во ова наградна игра има секој граѓанин без разлика на возраст кој ќе собере најмалку 20 фискални сметки Поради големата заинтересираност од страна на граѓаните наскоро ќе бидат поставени пунктови и во другите градови во државата. Првото извлекување ќе се одржи на 30-ти декември и ќе биде доделено „Пежо 208.Во текот на наградната игра ќе има неколку извлекувања, а предвидени се бројни вредни награди. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

„Визер“ ги суспендира летовите меѓу Македонија и Италија

Објавено пред

„Визер“ најави дека како резултат на рестрикциите за патување од страна на италијанските власти наменети за летовите до Македонија, авиокомпанијата ги суспендира сите летови помеѓу Италија и нашата земја до 31 јули.

Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака.

Од компанијата соопштија дека 120% од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz-сметката на корисникот и истите ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Wizz Air.

Патниците исто така можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100% поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети.

Прикажи повеќе...

Економија

Голема победа за „Епл“, не мора да ѝ плати 13 милијарди евра данок на Ирска

Објавено пред

„Епл“ ја доби судската битка со Европската комисија.

Тие се жалеа против пресудата на Европската комисија дека на Ирска ѝ должат 13 милијарди евра данок.

Вториот највисок суд на Европската Унија пресуди дека Комисијата не докажала дека компанијата добила нелегална државна помош од Ирска преку поволни договори за даноци.

Во 2016 година, Европската комисија откри дека ирската влада му дала на „Епл“ незаконска предност.

Но, Ирска не сакала пари. Таа стана европска база за компании како „Епл“, „Гугл“ и „Фејсбук“ затоа што има една од најниските стапки на данок на добивка во Европа – така Ирска се здружи со „Епл“ и започна борбата против ЕК.

Портпаролот на „Епл“ изјави за „Си-ен-ен бизнис“ дека компанијата е задоволна од одлуката, тврдејќи дека случајот никогаш не бил за тоа колкав данок се плаќа, туку за тоа каде се плаќа.

„Горди сме што сме најголемите даночни обврзници во светот затоа што ја знаеме важната улога на плаќање данок во општеството. ‘Епл’ плати повеќе од 100 милијарди долари данок на добивка во светот во текот на последната деценија“, рече портпаролот.

Шефот на „Епл“, Тим Кук, изјави дека пресудата на ЕК не е заснована врз законот, туку дека тие имаат пик на „Епл“.

Одлуката ја поздрави и ирската влада, која рече дека „Епл“ никогаш не добил посебен третман.

Прикажи повеќе...

Економија

Интервју со Кирил Лазаров, претседател на Македонско-бугарската стопанска комора

Објавено пред

1. ДАЛИ ВЕТУВАЊАТА НА ПАРТИИТЕ ИМААТ ПОДДРШКА И РАЗБИРАЊЕ ОД СТОПАНСКИТЕ КОМОРИ?

КИРИЛ ЛАЗАРОВ: ОНА ШТО ЈАС МОЖАМ ДА ГО КАЖАМ Е ДЕКА СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ СЕ ИЗМОРЕНИ ОД ИЗБОРИ. ПЕРЦЕПЦИЈАТА НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ, БАРЕМ СО ОНИЕ ШТО ЈАС КОМУНИЦИРАМ ОД ПОЗИЦИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНСКО – БУГАРСКАТА СТОПАНСКА КОМОРА Е ДЕКА ВО НАШАТА ДРЖАВА ИМА МНОГУ ЧЕСТО ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ, ТОА Е ЛОШ СИГНАЛ ЗА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА БИДЕЈЌИ ТАА ОЧЕКУВА СТАБИЛНОСТ И ПРЕДВИДЛИВОСТ НА СРЕДЕН И ДОЛГ РОК, ПОГОТОВО КОГА СЕ НАЈАВУВААТ НЕГАТИВНИТЕ ЕФЕКТИ ПО ЕКОНОМИЈАТА ОД КОРОНА КРИЗАТА. ОНА ШТО Е ВАЖНО И КЛУЧНО Е ДЕКА ОНА ШТО ВЛАДАТА ЌЕ ГО ВЕТИ ИЛИ ПАРТИИТЕ ШТО ГО ПЛАСИРААТ ВО СВОИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПРОГРАМИ, НИЕ КАКО СТОПАНСТВЕНИЦИ ТОА ГО АНАЛИЗИРАМЕ И ВРЗ БАЗА НА ТИЕ ВЕТУВАЊА И ПОЛИТИКИ НИЕ ЈА КРОИМЕ НАШАТА СТРАТЕГИЈА И ЧЕКОРИ. ЗАТОА Е ВАЖНО ТОА ШТО ЌЕ СЕ ВЕТИ, ТОА И ДА СЕ РЕАЛИЗИРА ВО НАЈГОЛЕМ ДЕЛ. И, ДА НЕ СЕ ПРЕКИНУВА СО ЧЕСТИ ИЗБОРНИ ЦИКЛУСИ. ЗАТОА ШТО НЕ ПОСТОИ СЕРИОЗЕН ИНВЕСТИТОР КОЈ ЌЕ САКА ДА ИНВЕСТИРА ВО ПОЛИТИЧКО НЕСАТБИЛНО ПОДРАЧЈЕ. А , НАЈВАЖЕН МОМЕНТ БИ БИЛ ПОЛИТИКАТА ВООПШТО ДА НЕ СЕ МЕША ВО БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА, ТУКУ ПОЛИТИКАТА ТРЕБА И МОРА ДА БИДЕ НАШ СТРАТЕШКИ ПАРТНЕР, АКО СЕ ИЗГРАДИ ТАКВА ВРСКА, ТОГАШ ДОВЕРБАТА ВО ИНВЕСТИТОРИТЕ ЌЕ БИДЕ НА НИВО ВО КОЕ НЕМА ДА БИДЕ ВАЖНО КОЈ ЌЕ БИДЕ НА ВЛАСТ. СЕКАКО ДЕКА НИЕ КАКО КОМОРА ИМАМЕ РАЗБИРАЊЕ ЗА ПОЛИТИЧКИТЕ ПРОГРАМИ, СЕКАКО ДЕКА СУГЕРИРАМЕ И ИДНИ ЕКОНОМСКИ ПОЛИТИКИ ВО ДЕЛОТ НА ДАНОЧНАТА И ФИНАНСИСКАТА ПОЛИТИКА, И НИЕ ТОЧНО ЗНАЕМЕ КОЈ СЕ СТАТИСТИЧКИТЕ ПОКАЗАТЕЛИ И ЗНАМЕ ШТО Е НЕРЕАЛНО ВЕТУВАЊЕ И ЗАТОА ЧЕСТО ЗАМОЛУВАМЕ ДА СЕ КРЕИРААТ ПОЛИТИКИ НА ЗДРАВА ЕКОНОМСКА ЛОГИКА И ВО ПАРТНЕРСТВО СО НАС.

2. КАКВИ ЕКОНОМСКИ ОДНОСИ ИМАМЕ СО БУГАРИЈА, ПОСТОИ ЛИ МОЖНОСТ ДА СЕ ЗГОЛЕМИ ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА И ИНВЕСТИЦИИ ВО ИДНИНА?

КИРИЛ ЛАЗАРОВ: МНОГУ Е ВАЖНО ЕКОНОМСКИТЕ ОДНОСИ ДА СЕ ТЕМЕЛАТ НА ВАЗАЕМНА ДОВЕРБА, РАЗБИРАЊЕ И КОМУНИКАЦИЈА. ТАА АТМОСФЕРА СЕКАКО ЗАВИСИ И СЕ ГРАДИ НИЗ ПРИЗМА НА ЗАТВОРЕНИ ПОЛИТИЧКИ, ИСТОРИСКИ И БИЛО КАКВИ ДРУГИ ПРАШАЊА. ТОА Е СИГНАЛОТ КОИ ИНВИСТИТОРИТЕ ГО ОЧЕКУВААТ НА КРАЈОТ НА ДЕНОТ. НИКОГАШ НИКОЈ НЕ БИ ИНВИСТИРАЛ АКО ИМА И САМО МАЛКУ АТМОСФЕРА НА БЛОКАДИ, КОНФИЛКТИ, КОРУПЦИЈА И СЛИЧНО. ОНА ШТО ТРЕБА ДА СЕ НАПРАВИ ВО СТРАТЕГИСКА СМИСЛА НА ЗБОРОТ Е ДА СЕ НАЈДЕ НАЧИН КАКО ОВИЕ ПРАШАЊА ДА СЕ ЗАТВОРАТ И ГО ОБРЕМЕНУВААТ ОПШТЕСТВОТО. ЗА ЖАЛ МОЖАМ ДА КОНСТАТИРАМ ДЕКА ПРПУШТИВМЕ ЕДЕН ЗНАЧАЕН ПЕРИОД НА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА СО БУГАРИЈА. МНОГУ НИСКО НИВО ДО СЕГА НА ИНВЕСТИЦИИ ВО ИНФРАСТРУКТУРАТА КОЈА НЕ ПОВРЗУВА СО БУГАРИЈА. ОД НАША ПРЕПСЕКТИВА ТОА Е НАВИСТИНА ШТЕТА, БУГАРИЈА ИМА СИЛНИ ПРИСТАНИШТА И КОНЕЦИИ ПО МОРКИ ПАТ СО РУСИЈА, ТУРЦИЈА И ДРУГИ ЗЕМЈИ ОД ЕУ ЗАРАДИ СТРАТЕГИСКОТО ЗНАЧЕЊЕ НА ЦРНОТО МОРЕ И ТОА БИ БИЛО ФАНТАСТИЧНО АКО МОЖЕ ПРЕКУ СОЛУН ИЛИ ДРАЧ ДА СЕ ПЛАСИРААТ ГОЛЕМИ КОНТИГЕНТИ НА СТОКИ, УСЛУГИ И ПРОИЗВОДИ. ТОА Е ИДНИНАТА, НЕКОИ ДРЖАВИ ИЛЈАДНИЦИ КИЛОМЕТРИ СЕ ОДАЛЕЧЕНИ ОД ТАКА НАРЕЧЕНИТЕ СТРАТЕШКИ ЕКОНОМСКИ КОРИДОРИ И ВЛОЖУВААТ МИЛИЈАРДИ И МИЛЈАРДИ ВО ИНФРАСТРУКТУРА ДА СЕ ПРИКЛУЧАТ, А НИЕ ОДЛЧЕНИ СТОТИЦИ КИЛОМЕТРИ ЕДНО ОД ДРУГИ НЕ УСПЕАВМЕ ДА СЕ ПОВРЗЕМЕ. И, ТОА Е ВАКА ЕДЕН СИГНАЛ ДО ИНВИСТИТОРИТЕ ДЕКА ТУКА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ВРТИ КРУПЕН КАПИТАЛ.

3. ШТО Е ОНА ШТО ТРЕБА ВЛАДИТЕ И ДРЖАВИТЕ ДА НАПРАВАТ ЗА ПОГОЛЕМО ЕКОНОМСКО И ИНФРАСТРУКТУРНО ПОВРЗУВАЊЕ?

КИРИЛ ЛАЗАРОВ: ТУКА САКАМ ДА АПОСТРОФИРАМ ЕДЕН ВАЖЕН МОМЕНТ. ВЕДНАШ ШТОМ СТАНАВМЕ ЗЕМЈА ЧЛЕНКА НА НАТО, И ГИ ПОТПИШАВМЕ КАКО ДРЖАВА ДОГОВОРИТЕ ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО СО ГРЦИЈА И БУГАРИЈА, ИНВИСТИТОРИТЕ И ВО РЕГИОНОТ И ВО СВЕТОТ ПОЧНАА ДА ЈА МУЛТИПЛИЦИРААТ КОМУНИКАЦИЈАТА СО НАС КАКО СТОПАНСКА КОМОРА. ОНА ШТО ОХРАБРУВА Е ШТО ПОСЛЕДНИВЕ НЕКОЛКУ ГОДИНИ ЕВИДЕНТНО СЕ ИНВЕСТИРА ВО ИНФРАСТРУКТУРА И ЕКСПРЕСНО И ЖЕЛЕЗНИЧКО ПОВРЗУВАЊЕ СО БУГАРИЈА. САКАМ САМО ДА ОБЈАСНАМ НА ПОЧИТУВАНИТЕ ЧИТАТЕЛИ, ИНФРАСТРУКТУРНО ПОВРЗУВАЊЕ СО БУГАРИЈА ДАЛИ ПРЕКУ ЖЕЛЕЗНИЧКИ КОРИДОР ИЛИ АВТОПАТЕН ИЛИ ЕКСПРЕСЕН НЕ Е ПОВРЗУВАЊЕ САМО СО БУГАРИЈА, ТОГАШ СТРАТЕШКИ И МНОГУ БРЗО СЕ ПОВРЗУВАШ СО ЦРНОТО МОРЕ И СИТЕ ДРЖАВИ КОИ ГРАВИТИРААТ ОКОЛУ ЦРНО МОРЕ, НО И СО ТУРЦИЈА, РУСИЈА И ДР. НО, ТАКА ЈА ПОВРЗУВАШ И АЛБАНИЈА , КОСОВО, ЦРНА ГОРА , ПА И ДЕЛОВИ ОД ГРЦИЈА СО МАКЕДОНИЈА, БИДЕЈЌИ ТИЕ САМО ПРЕКУ МАКЕДОНИЈА МОЖАТ ДА СТИГНАТ БРЗО И ЕФИКАСНО АКО СЕ ИМА СООДВЕТНА ИНФРАСТРУКТУТА. ТПОА ЗНАЧИ ЗА НАС МНОГУ ПАРИ, КАПИТАЛ И ДВИЖЕЊЕ. ТУКА САКАМ И ДА ЈА ПЛАСИРАМ МОЖНОСТА ЗА ЕНЕРГЕТСКО ПОВРЗУВАЊЕ НА РЕГИОНОТ СО ПОСТОЕЧКИТЕ ГАСОВОДИ И НАФТОВОДИ СО БУАГРИЈА , РЕСУРСИ КОИ И ТЕ КАКО ПАК ЌЕ ПРАТАТ СИГНАЛИ КОН СЕРИОЗНИ ИГРАЧИ ВО БИЗНИСОТ НИЗ СВЕТОТ АКО ИМААТ ДОСТАПНОСТ ДО ЕФТИНА И ЧИСТА ЕНЕРГИЈА.

4. МОЖЕ ЛИ ДА НИ КАЖЕТЕ НИЗ БРОЈКИ КАКО ОДИ ЕКОНОМСКАТА РАЗМЕНА СО БУГАРИЈА, ИНВЕСТИЦИИ И ТРГОВИЈА?

КИРИЛ ЛАЗАРОВ: ЌЕ ДАДАМ САМО ЕДЕН КРАТОК ВОВЕД, ИМЕНО, ЕКОНОМСКИТЕ РЕЛАЦИИ ПРЕСТАВУВААТ НЕИЦРПЕНИ МОЖНОСТИ И ШАНСИ ЗА НАШИТЕ КОМПАНИИ. СОГЛАСНО ОФИЦИЈАЛНИТЕ ПОДАТОЦИ ОБЈАВЕНИ ОД ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА, ОБЕМОТ НА ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА СО РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ЗА 2020 ГОДИНА БЕЛЕЖИ РАСТ ВО ИЗНОС ОД 108,4% СО ИСТИОТ ПЕРИОД ЛАНИ. ВКУПНИОТ ОБЕМ НА ТРГОВСКА РАЗМЕНА Е 9 МИЛИЈАРДИ И 785 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ, ДОДЕКА ЗА ИСТИОТ ПЕРИОД ЛАНИ БИЛ 9. 024.882 ДЕНАРИ, А ИЗВОЗОТ БЕЛЕЖИ РАСТ ОД 102,8% СПОРЕДБЕНО СО ПРВИОТ КВАРТАЛ ОД 2019 ГОДИНА, А УВОЗОТ БЕЛЕЖИ РАСТ ОД 113,3% СПОРЕДБЕНО СО ИСТИОТ ПЕРИОД ЛАНИ. И, ЕДЕН МОШНЕ ВАЖЕН ПОДАТОК ВО ОДНОС НА КОРОНА КРИЗАТА, НАЈМАЛ ПАД ИМАМЕ ВО ТРГОВИЈАТА СО БУГАРИЈА ВО ОВИЕ МЕСЕЦИ. ЗАТОА Е ВАЖНО ДА СЕ СОЗДАВА ДОВЕРБА И ВЗАЕМНА СОРАБОТКА НА СЕКОЕ ПОЛЕ, БИДЕЈЌИ НА БИЗНИСОТ САМО ТОА МУ Е ВАЖНО. ОЧЕКУВАМ ВО ПЕРИОДОТ ШТО СЛЕДИ ЕДНА СЕРИОЗНА КОМПОЗИЦИЈА НА ИНВЕСТИЦИИ ОД ПРИЈАТЕЛСКА БУГАРИЈА КОЈА ЌЕ ДАДЕ СЕРИОЗЕН ИНПУТ ВО РАСТОТ НА ВРАБОТУВАЊЕТО И НА РАСТОТ НА БРУТО ДОМАШНИОТ ПРОИЗВОД.

МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ ИМААТ НЕИСЦРПНА ЕКОНОМСКА ПРЕСПЕКТИВА

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Свет36 минути

Вакцината на Оксфорд е една од водечките во трката за заштита од коронавирусот

Вакцината што се развива на Универзитетот Оксфорд е една од водечките кандидати во глобалната трка за заштита од коронавирус, пренесува...

Свет54 минути

На светот повторно му се заканува затворање поради коронавирусот

Земјите во светот повторно воведуваат рестриктивни мерки и контрола на границите за да го сузбијат повторното ширење на Ковид-19, пред ...

Македонија2 часа

ДИК: СДСМ – 46 пратенички места, ВМРО-ДПМНЕ – 44, ДУИ – 15

Според последните неофицијални резултати на Државната изборна комисија, од преработени 3.421 од вкупно 3.480 избирачки места, коалицијата „Можеме“ предводена од...

Македонија9 часа

(Видео) Заев: Имаме над 3 пратенички мандати повеќе од ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев посочи досега тие освоиле три мандати повеќе од ВМРО-ДПМНЕ и остава можност за уште плус...

Македонија9 часа

Јанушев: Трката е тесна, ВМРО-ДПМНЕ има шанси да формира Влада

Генралниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на прес-конференцијата пред партиските простории порача дека партијата влегува во трката да формира Влада...

Македонија11 час

(Видео) Ахмети: ДУИ освои над 100 илјади гласа и 12 мандати

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, прогласи победа на неговата партија во албанскиот блок оценувајќи дека се обезбедени над 100 илјади...

Македонија12 часа

Манчевски во изолација, неговиот возач и заменик-министерот на МИОА позитивни на коронавирус

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, преку својот фејсбук-профил информира дека поради позитивниот тест на Ковид-19 на својот...

Македонија12 часа

Во исчекување на резултатите падна интернет-страницата на ДИК

Веб-страницата на Државната изборна комисија повеќе од еден час не функционира. Од ДИК велат дека станува збор за технички проблем...

Македонија13 часа

Чулев: Изборите поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера

„Овие парламентарни избори минаа во мирна, фер и демократска атмосфера и се уште еден доказ како за демократската свест на...

Македонија13 часа

Oдѕивот на парламентарните избори надмина 50 отсто

Десеттите парламентарни избори завршија со одѕив од 50,86 отсто. На гласање излегле 922.678 гласачи од обработени 3.466 избирачки места од...

Македонија15 часа

„Мост“: Полицијата интервенирала во Кичевско, каде што гласач го фотографирал ливчето

Набљудувачите на „Мост“ информираат дека на гласачкото место 0755, село Осој, општина Кичево, гласач го фотографирал гласачкото ливче и го...

Македонија16 часа

Битолчанка се обидела да изнесе ливче од гласачко место

Државната изборна комисија (ДИК) добила неколку претставки за нарушено избирачко право и неколку приговори за повреда на избирачко право и...

Македонија18 часа

Нови 198 заболени и четворица починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.382 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на...

Македонија18 часа

ДИК: Гласањето во Бутел не е прекинато, се работело за недоразбирање

По обвинувањата дека на избирачко место во Бутел било фотографирано гласачко ливче, портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир Шабани, вели...

Македонија19 часа

Поради неусогласени сериски броеви на ливчињата, имало кус прекин на гласањето во Лојане

На избирачкото место во селото Лојане, општина Липково, имало кус прекин на гласањето поради неусогласени сериски броеви на гласачките ливчиња,...

Македонија20 часа

МОСТ: Во сите изборни единици одзивот е околу 30 отсто, нема нерегуларности

Изборниот процес тече без неправилности, според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ. Според податоците добиени од...

Македонија21 час

Експретседателот на кривичниот суд сам се пријавил во затворот во Шуто Оризари

Експретседателот на кривичен суд Владимир Панчевски сам се пријавил во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако вчера Основниот суд во...

Македонија22 часа

Пријавени случаи на организиран превоз, гласање во туѓо име и еден приведен на изборниот ден

Од отварањето на гласачките места до сега е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир, соопшти на прес-конференција портпаролот...

Регион22 часа

Нови мерки во Србија: Забрана за собирање на повеќе од 10 лица, задолжително носење маски и на отворено

Српските медиуми јавуваат дека Кризниот штаб во Србија донел одлука за забрана на собирање на повеќе од 10 лица на...

Свет23 часа

Индиската компанија „Зидус“ го почна тестирањето на вакцина против коронавирус врз луѓе

Индиската фармацевтска компанија „Зидус“ потврди дека нејзините експерти почнале клинички да тестираат можна вакцина против Ковид-19 врз луѓето. „Првите дози...

Досие