Контакт

Економија

Проценетиот раст на францускиот БДП ревидиран нагоре

Објавено пред

Француската економија се намали во третиот квартал за 0,1 отсто, но во четвртиот квартал би требало да оствари раст од 0,4 отсто, објави во вторникот францускиот завод за статистика (INSEE).

Растот на БДП-то во вториот квартал изнесуваше 0,6 отсто. Во претходната прогноза беше проценет на 0,5 отсто.INSEE во прогнозата за четвртиот квартал ја елиминираше заканата од рецесија со двојно дно во втората по големина економија во еврозоната.За цела 2013 година INSEE предвидува раст од 0,2 отсто. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

„Фич“: Фундаментите на банкарскиот сектор и натаму се здрави

Објавено пред

Фундаментите на банкарскиот сектор на Северна Македонија и натаму се здрави, објави агенцијата „Фич“ соопштувајќи дека го потврдува кредитниот рејтинг на нашата земја „ББ+“, со стабилен изглед.

Меѓу другото, агенцијата наведува дека секторот е прилично добро капитализиран и дека на крајот на вториот квартал на оваа година, стапката на основен капитал достигна 15,8%. Истовремено нагласено е и дека нивото на нефункционалните кредити е умерено и дека нивната покриеност со резервации од банките е висока.

Како што соопштија од Народната банка, во контекст на позитивната оцена за банкарскиот сектор, „Фич“ се осврнува и на растот на депозитите и на кредитите. Притоа, одделно е посочено зголемувањето на учеството на денарските во вкупните депозити. Кај кредитната активност, за следната година, агенцијата очекува раст од 8,5%.

Инаку, за потврдувањето на кредитниот рејтинг „ББ+“, со стабилен изглед, „Фич“ наведува и дека првенствено се должи на кохерентноста на макроекономската и финансиската политика, којашто ја поддржува стратегијата на фиксен курс на денарот во однос на еврото, како и на показателите за управување, за човечки капитал и за околина за водење бизнис, коишто се подобри во однос на просекот „ББ“.

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски: Годината која ја најавуваа за економска е најтешката и најсиромашната за живот

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на неговата денешна преконференција кажа дека економската политика е катастрофална и дека државата оди во погрешен правец. Според Мицкоски, годината која ја најавува Власта како економска, е впрочем најтешката и најсиромашната за живот.

„Минималниот раст кој го имаме сега е заради производството на гасната централа ТЕ-ТО, за која имаме многу донеречености како го реализира своето работење. Но она што е аларматно е падот во преработувачката индустрија, која има негативна вредност. Ниту просечната плата, која требаше да биде 30.000 денари е постигната. Ако се спореди првиот квартал во 2018 година, кога разликата во трговската размена извоз-увоз е нешто над 350 милиони евра со првиот квартал од 2019 година ќе забележите дека отприлика таа е иста, но показателот дека економијата оди во погрешна насока се гледа во вториот квартал, кој споредбено 2018 со 2019 година има разлика во извоз со увоз е зголемена за цели 12.4% во корист на увозот. Како поминува времето со СДСМ на власт, така расте разликата помеѓу извозот и увозот, имено во третиот квартал оваа разлика изнесува 34%. Со што извозот има за 34% помала вредност во однос на увозот споредбено 2018 со 2019 година“, вели Мицкоски.

Во однос на даночната политика Мицкоски зборуваше за пиши-бриши политиката, кога се зголемуваат, па повторно се намалуваат даноците.

„Политика која ја бранеа редица поранешни министри за финансии од СДСМ, кои беа пуштени низ вода од Зоран Заев со изговор дека е погрешен чекор, а кое беше единствено ветување од нивната економска програма кое го реализираа“, вели Мицкоски.

Најголемата лага, според Мицкоски, е ветувањето дека данокот на добивка ќе го за ИТ индустријата ќе го намалат за 5 проценти.

„Наспроти ветувањата за повластувања за ИТ компаниите, сега имаме одлив на фирми од земјата во странство, кои бегаат од Македонија и формираат свои претставништва во соседните земји, што се гледа преку податокот кој укажува дека додадента вредност во ИТ секторот во вториот квартал од 2019 е намалена за 4.7 отсто“, вели првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски го искоментира и буџетот за идната година кој е за 7 проценти поголем од буџетот за оваа година, а кој вели дека не може да биде исполнет затоа што до крајот на година ќе фалат пари.

Според него, катастрофална е и наплатата на данокот на добивка.

„Во период јануари – ноември имаме за цели 23.7 проценти помал од планираниот, односно за 20 отсто од тој кој бил собран во 2018 година“, вели Мицкоски.

Надежта не смее да се губи, вели Мицкоски, бидејќи најдобрите денови за Македонија и македонската економија допрва доаѓаат, а тие доаѓаат со програмата за обнова на Македонија, во која ќе има предвидено оданочување соодветно на потребите на стопанството и повеќе капитални инвестиции. За сето тоа да се реализира ќе има бескомпромисна борба со корупцијата и криминалот.

Прикажи повеќе...

Економија

Ученици изработија еко-проекти за чиста вода, воздух и почва

Објавено пред

Еколошки филтер со зеолит за прочистување на водата, воздухот и почвата, систем за детекција на гасови во воздух во работни простории, пречистителна станица за отпадни води која може да се користи за наводнување особено во земјоделието се само дел од еко-проектите на кои работат ученици од повеќе основни и средни училишта, наградени на „Предизвик за млади истражувачи“ од Фондот за иновации и технолошки развој.

Меѓу шесте еко проекти претставени на мини-саем во Битола е и еколошкиот филтер за намалување на штетното влијание на јаглерод диоксид изработен од учениците од “Димитар Влахов“ од Струмица.

„Изработивме еколошки филтер направен од зеолит, минерал кој помага да ги прочистиме водата, воздухот и почвата. Најпрвин изработивме прототип, а потоа и филтер кој го поставивме на ауспухот од автомобил. Мерењата покажаа дека количеството јаглероден диоксид се намали за 30 проценти“, вели ученичката Бранкица Митова.

Ученици од основното училиште „Манчук Матак“ од Кривогаштани изработија пречистителна станица за отпадните води, која потоа може да се искористи за наводнување и е особено применлива во земјоделието.

„Со нашиот проект со природни ресурси до еколошки здрава животна средина изработивме прототип на пречистителна станица за отпадни води. Отпадната вода минува низ ротатор што ја води низ различни комори на пречистителната станица и потоа се добива употреблива вода за наводнување која преку хидросистем се доставува до земјоделците. Овој проект е пред се наменет за земјоделците кои особено во летните периоди се соочуваат со недостиг на вода за наводнување. Нашиот план е ова решение да им го понудиме и на општините, посебно во реоните каде што земјоделството е примарна дејност“, вели ученикот Христијан Боцовски.

Учениците од приватното училиште САБА креираа систем за детекција, анализа и следење на присуството на штетните гасови во воздухот во работни простории, нивните врсници од средното скопско учичлише Раде Јовчевски Корчагин со нивниот проект „Грин Аир“ засадија специјални растенија во училниците како како природни прочистувачи на воздухот, додека учениците од ООУ Стив Наумов работата на проверка на квалитетот на воздухот во училниците со поставување на сензори-мерачи со кои се мери влажноста, температурата и присуството на јаглерод диоксид во воздухот. Средното училиште „Јосип Броз Тито“ Битола пак ја идентификува концентрацијата на тешки метали во почвата во регионот на Битола и нивната географска распространетост, особено кај РЕК Битола.

Во програмата наменета за млади истражувачи која втора година по ред ја спроведува Фондот, до сега се наградени 54 училишта кои работат на проекти во кој се вклучени над 500 ученици.

Јован Деспотовски, директор на ФИТР

„Целта на оваа програма е да се поттикне критичкото и креативно размислување кај младите и да се охрабрат да останат тука и да развијат свој бизнис. Покрај Предизвик за млади истражувачи, дополнително развиваме уште две програми со Американската агенција за меѓународен развој-УСАИД и со УНИЦЕФ, чија цел е да се креираат ученички компании со кои потоа ќе може на ваквите проекти да им се додаде и комерцијална вредност. Oтвораме нови можности за младите и оваа поддршка ќе продолжи, бидејќи државата ги поддржува младите да се охрабрат да развијат свој бизнис и да останат тука, “ истакна Јован Деспотовски, директор на ФИТР.

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска најави дека и во иднина ќе поддржуваат вакви настани и училишни програми.

„Овој саем е од особено значење затоа што преку овие проекти се излегува од теоријата на хартија и им овозможува на младите луѓе низ реални експерименти и низ реални истражувачки методи, она што го научиле во теоријата да го применат во пракса. Ова отвора широки врати за младиот ум, за жуборот на творечкиот дух, но и на иновативноста и навистина во оваа насока треба и да продолжиме. Особено ме радува што младите луѓе се заинтересирани за ваквиот вид на истражување, но и наставниот кадар кој дава сериозна поддршка во ваквите програми“, рече Петровска.

На последните два повика за млади истражувачи се пријавија по 100 училшта. Деспотовски најави дека поради сѐ поголемиот интерес, на почетокот од второто полугодие ќе биде објавен и третиот повик „Предизвик за млади истражувачи“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет47 минути

„Њујорк тајмс“: САД тајно протерале двајца кинески дипломати осомничени за шпионажа

Американската влада тајно протерала двајца официјални претставници на кинеската Амбасада,по нивниот упад во воената база во Вирџинија, објави „Њујорк Тајмс“,...

Свет53 минути

Британски турист убиен пред луксузен хотел во Аргентина

Педесетгодишен британски турист е убиен пред луксузен хотел во Буенос Ариес. Како што пренесуваат светските медиуми, автобус со туристи патувал...

Свет1 час

Во Виена уапсени двајца Чеченци, планирале терористички напад за Божиќ

Австриската полиција уапси двајца мажи осомничени дека планирале терористички напад во Виена меѓу Божиќ и Нова Година, пренесе Индекс.хр. Од...

Македонија13 часа

Aлфите го пронајдоа детето што се изгуби на кејот на Вардар

Единицата Алфа го пронајде 12 годишниот Мартин кој денеска се загуби во близина на кејот на реката Вардар. Од МВР информираа...

Топ17 часа

Тетовец го пријавил чичко му оти му се заканувал со секира

Шеест и двегодишен маж од Тетово, со иницијали И.И. синоќа бил приведен од страна на полицијата. Како што јави МВР,...

Македонија18 часа

Мицкоски за ексамбасадорот кој репетираше пушка: Го знам од детството, но ќе предложам негово разрешување

На следната седница на Извршниот Комитет, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе предложи разрешување на ексамбасадорот, Томислав Димитровски, кој е...

Македонија19 часа

(Видео) Заев: Судскиот совет да провери зошто се чувале предмети во фиока

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, во воведот од неговиот говор рече дека го радува глетката од преполната сала...

Свет20 часа

(Видео) Најмалку четири лица загинаа во земјотресот на Филипините

Најмалку четири лица загинаа во земјотресот со јачина од 6,9 степени кој го погоди островот Минданао во јужниот дел на...

Спорт1 ден

Македонец е светски првак во УФЦ–Александар „The Great“ Волкановски

Македонецот Александар „The Great“ Волкановски (31) е новиот шампион во УФЦ, во перо категорија. Волкановски утринава во Лас Вегас го...

Економија1 ден

Почна наградната игра „Мој ДДВ #MojaНаграда“

Од денес со скенирање на секоја фискална сметка преку апликацијата МојДДВ, секој полнолетен граѓанин е потенцијален добитник на една од...

Свет2 дена

Уништувањето на шумите во Амазонија достигна највисоко ниво за месец ноември

Уништувањето на шумите во бразилската Амазонија го достигна своето највисоко ниво за месец ноември, откако почна да се бележи неславни...

Македонија2 дена

Заев за ДУИ ќе се консултира во СДСМ и со малите партии

Премиерот Зоран Заев најави внатрепартиски консултации како и разговори со помалите партии на кои ќе се одлучува за поднесувањето на...

Топ2 дена

Пожар во стан во Тетово – еден тешко повреден, десетина затруени

Еден маж е потешко повреден со изгореници, а 10 лица се затруени од чад, во пожарот што се случи денеска...

Македонија2 дена

Врховните судии потврдија дека Јован Врaнишковски перел пари

Врховниот суд го отфрли како неосновано барањето за вонредно преиспитување на пресудата против расчинетиот владика на МПЦ-ОА, Јован Вранишковски. Тројцата...

Македонија2 дена

(Видео) Русковска: На почетокот на јануари се надевам на второ обвинение за „Рекет“

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска рече дека втората истрага за случајот „Рекет“ е при...

Македонија2 дена

Николоски тврди дека со СДСМ имале договор: За изборниот модел требаше да преговараме по изборите

Преговорите за Изборниот законик практично влегоа во ќор сокак, по вина на власта којашто на подмолен и недемократски начин, сака...

Македонија2 дена

(Видео) Дескоска, Здравев и Џолев на примопредавање на златната метла

Министерката за правда, пред почетокот на денешната акција за чистење на претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев му ја подари...

Македонија2 дена

Коце Трајановски нема да биде гонет за конкурсот за Водовод, застарело делото

Ексградоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и уште три други лица нема кривично да одговараат за злоупотреба на службената положба...

Топ2 дена

Патнички воз удри во автомобил, жена со повреди заврши во болница

Вчера напладне на железничка пруга Велес-Кочани, на патен премин кај селото Лозово, се случи железничка незгода во која патничкиот воз...

Европа2 дена

Џонсон: Нема втор референдум за независност на Шкотска

Британскиот премиер Борис Џонсон и порача на шкотската лидерка Никола Старџен дека нема да има нов рефердендум за независност на...

Досие