Контакт

Економија

Кумановец го доби првиот стан од наградната игра со фискалните сметки

Објавено пред

Кумановецот Трајко Кузмановски беше најсреќниот од учесниците во наградната игра „Фискална во рака, награда без мака“ во првото извлекување што се одржа во понеделникот вечерта

Tој беше извлечен за првиот од вкупно трите стана во целата наградна игра, објави во вторникот Државна лотарија на Македонија. Ковертот со 20 фискални сметки на Трајко Кузмановски од Куманово беше извлечен од 800 000 коверти.Бројката од над 800.000 коверти зборува за широката прифатеност на наградната игра што се должи пред се на богатиот и атрактивен награден фонд, но секако и на поддршката од медиумите и широката јавност, стои во соопштението на лотарија. Димитар Миладинов од Струга го доби дуќанот, а Панде Мановски од битолското село Буково е добитник на автомобил „пежо 208“. Интересно е да се додаде дека на списокот среќни добитници во наградната игра има учесници од сите градови на Македонија.Во вчерашното извлекување беа доделени вкупно 153 награди, велосипеди, комјутери, фотоапарати, бела техника, аудио и видео техника.Комплетниот список со резултатите од првото извлекување кое  се одржа вчера на 30.12. 2013та, ќе бидат објавени на веб и фејсбук  страната на Државна лотарија на Македонија, во текот на денов, како и во дневните весници Дневник и Вест на 2ри јануари и во дневните весници Вечер и Коха на 3ти Јануари 2014та. Во текот на наградната игра која заради големиот интерес наместо девет ќе има вкупно 13 извлекувања ( секој месец по едно) ќе може да се учествува со фискални сметки кои носат најран датум од 15.11. 2013. Сите кои до сега не ги испратиле своите фискални сметки, истото може да го сторат и понатаму во текот на наградната игра. Поради огромниот интерес, со задоволство го најавуваме веќе второто извлекување кое ќе се изврши на 27.01.2014 година во кое ќе учествуваат ковертите, пристигнати до приредувачот во периодот од 30.12.2013 година до 26.01.2014 година до 24:00 часот, велат од лотарија.  Во второто извлекување ќе се извлекуваат добитници на бројни вредносни ваучери и еден автомобил, како и во третото, четвртото, петото и шестото, а сите неизвлечени коверти од овие извлекувањата ќе учествуваат во седмото извлекување кое ќе се реализира на 30 јуни 2014та кога покрај вредносни ваучери и автомобил ќе се извлекуваат и еден стан и еден дуќан. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

(Видео) Николовски: Шампиони сме во регионот на рекордна искористеност на европските средства од ИПАРД

Објавено пред

Горд сум што бев дел од министерството за земјоделство во период кога се донесоа клучни промени и земјоделците без разлика на партиска припадност, неселективно сите ги добиваа субвенциите навремено. –истакна генералниот секретар Николовски, на новинарско прашање во врска со исплатата на субвенциите на земјоделците во иднина, при неговата посета во Прилеп и прилепскиот регион.

Тој истакна дека законите и календарот на исплата строго се почитуваат и земјоделците може да очекуваат исплата на субвенциите за нивните производи.

Во делот на тутунопроизводството, оваа година можеме да очекуваме рекордна исплата на субвенциите од 32.5 милиони евра, а ако споредиме со исплатата од пред три години од 25 милиони евра ќе видиме значителна разлика. –посочи Николовски.

Прикажи повеќе...

Економија

Царовска: Повеќе од 300.000 граѓани сега земаат плата повисока од 18.000 денари

Објавено пред

Заедно со работодавачите, работниците, синдикатите и стопанските комори заеднички донесовме одлука дека економијата сега може да издржи минимална плата од 14.500 денари и тоа сега се случува, истакна потпретседателката на СДСМ Мила Царовска на програмската трибина Агенда Социјална заштита што денеска се одржува во Штип.

„Со години имавме една група на граѓани којашто со години се држеше на ниски примања посебно овде во источниот регион а тоа беше поради тоа што претходната влада ја промовираше државата како земја на евтина работна сила. Денес тоа е променето, ако ја видите структурата на плати ќе видите дека денес повеќе од 300.000 граѓани земаат плата повисока од 18.000 денари“, посочи Царовска.

Паралелно со растот на минималната плата на 14.500 денари донесовме закон со кој на сите работодавачи кои сакаат да ги покачат платите на своите вработени до 6.000 денари, државата ќе ги субвенционира придонесите и тоа дополнително влијае на раст на платите во државата, заклучи Царовска.

Прикажи повеќе...

Економија

Бектеши на саем во Сарај: Со поддршка на бизнисот до нови работни места и поголеми плати

Објавено пред

 

Министерот за економија, Крешник Бектеши, присуствуваше на Саемот на бизниси од општина Сарај кој се одржа во организација на фондацијата „Албиз“.

Министерот во своето обраќање пред присутните компании кои изложуваат на овој Саем истакна дека нивната бројност зборува за нивната успешност и желба да растат и да се развиваа, што е и стратешка определба на оваа Влада.

„Нашата држава е на добар пат. За тоа најдобро говорат фактите кои покажуваат раст во скоро сите позначајни економски области во текот на 2019 година. Со посветена работа и многу конструктивни средби со сите засегнати страни успеавме да ги стабилизираме економските текови и состојби. Македонската економија во првите три квартали минатата година забележа раст од 3,6%, а за две години отворени се над 50 илјади нови работни места, со што успеавме да ја намалиме невработеноста на рекордно ниски 17,1%. Кaко резултат на мерките на владата за субвенционирање на придонесите, континуирано се зголемуваат платите.Тоа ми дава право да кажам дека реалниот сектор, односно компаниите кои што работат во земјата се носители на економскиот раст. Компаниите растат и се развиваат, се зголемува обемот на нивното производство, се подобрува продуктивноста, расте нивната конкурентност на домашниот и странските пазари“ истакна Бектеши.

Тој потсети уште еднаш на поддршката која што ја имаат компаниите од Планот за економски раст и ги повика да ги искористат сите можности кои што им ги нуди државата, да направат храбри чекори кон нови инвестиции.

Информираше и дека покрај Планот за економски раст, реалните економски политики преточени во неколку програми наменети за компаниите дадоа резултати во зголемување на конкурентноста, засилена трговска активност и зголемен извоз.

„Само во Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво 2019, поддршката за компаниите ја зголемивме, односно бизнис субјектите имаа на располагање на 53 милиони денари, со кои обезбедивме поддршка за развој на над 150 претпријатија. Годинава фирмите имаат исто толку средства поделени во четири дела: за мали и средни претпријатија, за индустриска политика, со посебен акцент на субјектите од преработувачката индустрија, за кластерско здружување и за општествено-одговорно работење“ истакна Бектеши.

На компаниите присутни на Саемот им посака успех во деловните активности во 2020 година, и вети дека Владата ќе ги следи се со цел за подобрување на бизнис климатата во земјата.

На Саемот, покрај Бектеши пртисуствуваше и градоначалникот на општина Сарај Блерим Беџети.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

Термалните камери на скопскиот аеродром ќе детектираат симптоми за коронавирусот

Нема простор за паника кога во прашање е коронавирусот, посочи министерот за здравство, Венко Филипче, по состанокот со Комисијата за...

Култура2 часа

Љума и Даут од „Медена земја“ добитници на престижната ASC награда за најдобра кинематографија

Самир Љума и Фејми Даут од „Медена земја“ се добитници на наградата за најдобра кинематографија за Документарен филм на 34...

Свет2 часа

Бројот на загинати од земјотресот во Турција се искачи на 31 лице

Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Турција во петокот се искачи на 31 лице, додека спасувачите се...

Регион2 часа

Автобус со кинески туристи од Вухан стигна во Хрватска

Во Хрватска пристигна автобус со кинески туристи од градот Вухан, епицентарот на епидемијата на коронавирусот, дознава хрватскиот портал „Индекс.хр“. Според...

Свет3 часа

Потврден прв случај на новиот корона вирус во Канада

Прв случај на новиот корона вирус е потврден во Канада, соопшти Владата во земјата. Здравствениот систем во Торонто бил известен...

Свет14 часа

Москва: Седум кинески државјани пренесени во болница за заразни болести

Седум кинески државјани од хотел во Москва се пренесени во болница за заразни заболувања, поради сомнение дека имаат акутна вирусна...

Регион17 часа

Нов земјотрес во Турција

Не престанува да се тресе земјата во Турција. Нов земјотрес ја потресе земјата за помалку од 24 часа. Земјотрес со...

Свет19 часа

Шји Џјинпинг: Ситуацијата е сериозна, ширењето на вирусот забрзува

Ширењето на новиот корона вирус се забрзува, предупреди денеска кинескиот претседател, Шји Џјинпинг, по состанокот на Политбирото на Комунистичката партија,...

Топ21 час

Нова жртва на иста измама – ѝ рекле да даде пари или синот ќе лежи во затвор поради сообраќајка

„Син ти направи сообраќајна несреќа во која загина дете. Да ни дадеш пари и ќе средиме тој да не лежи...

Македонија22 часа

(Видео) Мицкоски: Ќе продолжиме со разговорите за законот за Јавното обвинителство

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања денеска кажа дека ќе продолжат со разговорите за законот за Јавното...

Македонија1 ден

Дескоска: Жалам што ВМРО-ДПМНЕ избега од разговорите за законот за Јавното обвинителство

Министерката за правда, Рената Дескоска на социјалните мрежи напиша дека жали што преговарачката тројка на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавното...

Топ1 ден

Возило прегази 10-годишно дете на булевар во Скопје

Синоќа на булеварот „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ патничко моторно возило управувано од 32-годишниот Д.Д. од Скопје удри во дете пешак на...

Свет1 ден

(Видео) Вознемирувачки снимки по земјотресот во Турција, луѓето панично бегаат на улиците

Бројот на загинати во силниот земјотрес што ја погоди Турција порасна на 21 лице, а над 900 се повредени. Земјотресот...

Свет1 ден

Проширен регионот што е во карантин во Кина, пријавени нови 15 смртни случаи поради вирусот

Дополнителни 15 смртни случаи се пријавени во кинеската провинција Хубеи, со што бројот на починати од новиот коронавирус се зголеми...

Свет1 ден

Австралија и Малезија потврдија први случаи на заразени со коронавирусот

Австралија и Малезија ги потврдија првите случаи на новиот коронавирус на нивната територија, додека од Кина стигна информација дека досега...

Европа1 ден

Во Франција потврден трет случај на новиот корона вирус

Во Франција е потврден трет случај на новиот смртоносен корона вирус, што се први пријавени случаи од ова заболување на...

Македонија1 ден

Пендаровски и Спасовски со сочувство до турскиот народ поради земјотресот

Претседателот Стево Пендаровски и техничкиот премиер, Оливер Спасовски, преку социјалните мрежи изразија сочувство до турскиот народ поради силниот земјотрес во...

Свет1 ден

(Видео) Во земјотресот во Турција загинаа 20, повредени се 920 лица

Бројот на загинати од силниот земјотрес што вчера го погоди источниот дел на Турција се искачи на 20, со 920...

Македонија2 дена

(Видео) Пендаровски: Посетата на Шарл Мишел уверува дека имаме силна поддршка на европскиот пат

Претседателот Стево Пендаровски оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој престојува во работна посета на земјава. На...

Македонија2 дена

(Видео) Дескоска: ВМРО-ДПМНЕ го користи Јовески како лошо алиби за напуштање на преговорите

ВМРО-ДПМНЕ очекувано ја напушти средбата, по вчерашната изјава на Христијан Мицкоски, кој кажа дека има забелешки и од сите 9...

Досие