Контакт

Економија

Забрзува динамиката на откуп на тутунот

Објавено пред

Владата и Министерството за земјоделство се во постојана комуникација и договор со индивидуалните производители на тутун, легитимните Здруженија на тутунопроизводителите и откупните претпријатија и ги превземаат сите неопходни мерки за нормално спроведување на откупот на тутун.

Ова се наведува во соопштението, што Министерството за земјоделство ги испрати во петокот попладне по протестот на мал дел од земјоделците од струмичкиот регион.Динамиката за откупот на тутун се интензивира а тоа се докажува и со тоа што од денеска, за забрзана динамика на откупот, компаниите се задолжени идниот месец да вршат интензивен откуп, и за време на викендите, со загарантирана минимална количина по вага, не по пункт, се наведува во соопштението.„Со ова всушност сакаме да влееме сигурност кај производителите, дека навистина внимаваме на нив“, порачуваат од ресорното министерство.Притоа се истакнува дека средбите со менаџерите и директорите на откупните компании се одржуваат редовно, на неделно ниво, понекогаш и почесто.Оваа Влада веќе пет години наназад исплаќа по 60 денари за килограм произведен и предаден тутун, стои во соопштението.Од 15 декември, кога почна редовниот откуп, преземени се 17, 850 милиони килограми ориентален ситнолистен тутун што е 58 отсто од вкупниот род. Останува за откуп уште помалку половина од реколтата. Просечната откупна цена е 154 денари за килограм.Министерството за земјоделство будно ги следи состојбите и бараме од откупните претпријатија Законот за тутун да се почитува во целост. Секој тутунар што смета дека е оштетен при проценката треба да се обрати до Инспекторатот за земјоделство за да се направи повторна проценка од страна на второстепената Комисија, се наведува во соопштението. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Од среда ќе се исплаќаат јануарските пензии

Објавено пред

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2022 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.01.2022 година.

Деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.1.2022 година, а готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички ќе се изврши во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.01.2022 година (среда);
– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.01.2022 година (четврток);
– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.01.2022 година (петок); и
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31.01.2022 година (понеделник).

Прикажи повеќе...

Економија

Обезбедени финансии за континуитет на работењето на ТЕЦ Неготино

Објавено пред

На денешната седница Владата ја донесе и одлуката за одобрување финансиски средства за справување со кризната состојба во снабдување со електрична енергија, со која се одобруваат финансиски средства во износ од 615 милиони денари на АД Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје.

„ Овие средства АД Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, ќе ги користи исклучиво за реализација на мерките за обезбедување дополнителни количини на електрична енергија за зголемување на производството на електрична енергија и за обезбедување мазут и други потребни средства и услови за продолжување со производството на електрична енергија од страна на ТЕЦ Неготино, заради справување со кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија“, соопшти владината прес-служба.

Прикажи повеќе...

Економија

ЕСМ ќе управува со БЕГ заради континуирано обезбедување топлинска енергија

Објавено пред

Владата донесе одлука за обезбедување дополнителни количини топлинска енергија во услови на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.

„ Со оваа одлука дополнителните количини на топлинска енергија ќе се обезбедат од домашно производство со склучување договори за уредување на меѓусебните односи помеѓу вршителите на енергетските дејности на пазарите на енергија и тоа договори за деловна техничка соработка помеѓу Акционерско друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија во државна сопственост, Скопје, Друштво за производство на топлинска енергија Производство на топлина Балкан eнерџи ДООЕЛ Скопје, Друштво за дистрибуција на топлинска енергија Дистрибуција на топлина Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје, Друштво за снабдување со топлинска енергија Снабдување со топлина Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје и Скопје Север АД Скопје, заради обезбедување на сигурност во снабдувањето со топлинска енергија.

Финансиските средства потребни за реализација на обврските од преземањето на мерката од оваа одлука на Електрани на Северна Македонија се обезбедуваат од буџетот за 2022 година“ соопшти Владата.

На оваа седница Владата го одобри текстот на Договор за деловно-техничка соработка со кој се регулираат меѓусебните права на Производство на топлина Балкан Енерџи (БЕГ) и Електрани на Северна Македонија (АД ЕСМ).

„ Согласно овој договор БЕГ ќе го стави на увид на АД ЕСМ целокупното свое деловно работење до денот на склучување на овој договор, а од денот на склучување на овој Договор ќе му даде согласност на АД ЕСМ да управува со сите деловни активности на БЕГ, со сите трансакциски сметки, како и со наменската сметка којашто БЕГ ќе ја отвори исклучиво за потребите на овој Договор за деловно техничка соработка“, се додава во владиното соопштение.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија60 минути

Плевнелиев: Не сакаме да ги внесеме Тито и Сталин во ЕУ

Северна Македонија не ги спроведе потребните реформи за почеток на преговори со Европската Унија. Македонските тајни служби се огранок на...

Топ1 час

Момчето кое вчера беше прегазено на „Партизанска“ е отпуштено од болница, возачот се’ уште е во полиција

Возачот на возраст од 22-години кој управуваше со автомобилот „цитроен“, и натаму се наоѓа во полициска станица, каде е спроведен...

Топ2 часа

Нова трагедија кај Струма: возач загина во сообраќајна несреќа со македонски камион

Возач на автомобил загина по сообраќајна несреќа што се случила со македонски камион на патот помеѓу Благоевград и граничниот премин...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ и натаму инсистира на предвремени избори, од СДСМ велат дека барањето е од пуста желба за власт

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска порача дека е неопходно да се одржат предвремени парламентарни избори. Тие инсистираат на брзи избори, без...

Македонија3 часа

Снег и забрана за товарни возила на дел од патиштата

Утрово, поради обилни врнежи од снег, воведена е забрана за тешки товарни возила кај планинскиот премини Стража, патниот правец Деве...

Свет3 часа

Властите во Калифорнија предлагаат тинејџерите да се вакцинираат без согласност од родителите

Калифорнија треба да дозволи вакцинација на деца на возраст од 12 и повеќе години без согласност од родителите, предложи синоќа...

Македонија16 часа

Загина 24-годишна девојка – автомобил ја прегази на пешачки пред Сити мол

Загина 24-годишна девојка откако вечерва беше прегазена на пешачки премин во близина на Сити мол во Скопје. Девојката преминувала улица...

Економија17 часа

ЕСМ ќе управува со БЕГ заради континуирано обезбедување топлинска енергија

Владата донесе одлука за обезбедување дополнителни количини топлинска енергија во услови на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија. „...

Свет18 часа

Бајден со нова закана кон Путин: Русија ќе плати висока цена

Американскиот претседател Бајден рече дека јасно му кажал на рускиот претседател Владимир Путин дека секое движење на руските воени сили...

Свет18 часа

Шведска ги менува препораките – лицата со слаби симптоми на настинка не мора ни да се тестираат

Под силен притисок од ширењето на омикрон и зголемениот број на заразени и здрави, но изолирани, кои почнаа да ги...

Македонија20 часа

Нови 13 починати и 1.172 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 4.021 тестови,...

Македонија21 час

(Видео) Катица Јанева сака лично да ги следи судењата во кои Камчев ѝ бара да му врати дел од милионот

Експецијалната јавна обвинителка, Катица Јанева, има желба и самата да присуствува на судењата против неа, Бојан Јовановски-Боки 13, Зоран Милески-Кичеец,...

Македонија23 часа

Камчев не сака Кичеец да му врати дел од милионот, парите ги бара од Јанева, Боки-13 и државата

Бизнисменот Орце Камчев нема да бара од Зоран Милевски-Кичеец, осуден во случајот „Рекет“, да му врати дел од 1,5 милион...

Свет23 часа

Си-ен-ен: Папата Бенедикт XVI знаел за злоупотребата на деца во Црквата

Папата Бенедикт Шеснаесетти знаел за свештеници што злоупотребиле деца додека тој бил надбискуп во Минхен од 1977 до 1981 година,...

Македонија1 ден

Бектеши: Нема да се намалува топлината на парното

Министерот за економија, Крешник Бектеши, тврди дека нема да се скратат часовите во кои скопјани ќе добиваат топлинска енергија. Од...

Македонија1 ден

Радев: Има позитивни сигнали од посетата на Кирил Петков во Скопје, но да не ги заборавиме главните прашања

Секој чекор што ја продлабочува нашата врска мора да биде поддржан, изјави бугарскиот претседател Румен Радев, прашан за посетата на...

Свет1 ден

Москва одговори на заканите на Бајден: Санкциите повеќе ќе ја погодат Америка отколку Русија

Забраната на руските банки да користат долари повеќе ќе ѝ нанесе удар на Америка отколку на Русија бидејќи големите светски сили,...

Свет1 ден

(Видео) Еколошка катастрофа во Перу – по ерупцијата во Тонга, дошло до силно излевање нафта

Властите во Перу соопштија дека излевањето нафта кај брегот на земјата предизвикало еколошка катастрофа. Имено, од рафинеријата „Ла Пампила“ протекоа...

Спорт1 ден

Ѓоковиќ ќе ја тужи Австралија за 3.800.000 евра

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, ќе ја тужи Владата на Австралија. Ѓоковиќ. во неделата, беше депортиран од Австралија. Федералниот суд...

Европа1 ден

Британскиот министер за здравство: 20.000 луѓе годишно умираат и од грип, па не ја затвораме земјата

Британија мора да научи да живее со Ковид-19 бидејќи болеста може да остане меѓу нас засекогаш, рече британскиот министер за...

Досие