Контакт

Економија

Обама го потпиша законот за зголемување на границата на американскиот долг

Објавено пред

Американскиот претседател Барак Обама во сабота го потпиша законот со кој се овозможува зголемување на границата на американскиот долг до март 2015 година.

Без тоа зголемување, американската влада многу скоро не би можела да ги исполнува дел од обврските и би морала да затвори некои програми, што би бил историски настан кој би предизвикал значителни турболенции на берзите.

Обама законот го потпишал за време на одморот во јужна Калифорнија, зад затворени врати.

Законот, технички гледано, предвидува горната граница на задолжување која во моментот изнесува 17.211 милијарди долари, да не се применува до 15 март 2015 година. Законот беше усвоен во Конгресот во средата.

Прифаќањето на законот донесе олеснување и на финансискиот пазар. /крај/ин/ст

Економија

ЕСМ повторно не достави понуда за тендерот на „ЕВН хоум“

Објавено пред

АД ЕСМ попладнево соопшти дека не доставиле понуда до универзалниот снабдувач „ЕВН хоум“ за снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи. Од ЕСМ велат дека ова е затоа што одлуката на Владата во однос на препорачаната цена и количините струја биле за шест месеци, а тендерот на „ЕВН хоум“ е за 12-месечен период.

„Одлуката од Владата на Република Северна Македонија во однос на препорачаната цена и количини на електрична енергија со кои АД ЕСМ треба да се јави на тендерот на ‘ЕВН хоум’ за 2022 се однесува на 6-месечен период, а актуелниот тендер на ‘ЕВН Хоум’ е распишан за 12-месечен период. Од тие причини АД ЕСМ денеска не поднесе понуда“, стои во соопштението од ЕСМ.

Од таму посочуваат дека ќе се јават на следниот тендер на универзалниот снабдувач, кој треба да биде за периодот јануари – јуни 2022 година.

Вчера, министерот за економија, Крешник Бектеши, изјави дека цената на струјата во следните шест месеци од 2022 нема да се зголеми повеќе од 10 проценти.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Георгиевска: Многубројни показатели потврдуваат дека македонската економија е стабилна

Објавено пред

Многуројни показатели потврдуваат дека македонската економија е стабилна и е подготвена за справување со сите глобални предизвици што претстојат. Потврда за тоа е и растот на БДП во третото тримесечје од 3 отсто. Покрај домашниот бруто-производ, расте и извозот кој во првите 10 месеци од годинава е зголемен 29 отсто во однос на минатата година. Ова се показатели дека Владата предводена од СДСМ, институциите, преземаат соодветни и ефикасни економски мерки и политики, изјави пратеничка на СДСМ, Марија Георгиевска.

Дополнително, рече таа, Народната банка официјално потврди дека денарот е стабилен и дека граѓаните не треба да се вознемируваат од информациите што тенденциозно се појавија на одредени медиуми.

„СДСМ како одговорна, социјалдемократска партија во континуитет презема мерки, што значат вистинска грижа за граѓаните и заштита на нивниот економски стандард.
Во таа насока е и одлуката на Владата за замрзнување на цените на основните продукти до 31 јануари 2022 година, кои нема да смее да бидат повисоки од цените што биле на 1 декември оваа година“, истакна пратеничката од СДСМ.

Најави дека и во 2022 година ќе продолжи растот на платите и на пензиите.

„Веќе од јануари минималната плата ќе изнесува 18.000 денари, а со новата методологија за законско усогласување, пензиите двапати во годината ќе растат помеѓу 400 и 600 денари, во зависност од висината на конкретната пензија. Буџетот е ликвиден, државата има доволно пари за помош на граѓаните и компаниите за надминување на претстојните предизвици“, додаде Георгиевска.

Најави дека ќе следува субвенционирање на трошоците за електрична енергија за ранливите категории граѓани и семејства.

Сето ова, како што рече, е во насока на зајакнување на економскиот стандард на граѓаните во време кога целиот свет се соочува со енергетска и економска криза.

Прикажи повеќе...

Економија

Отворен нов јавен повик за сточарите

Објавено пред

Фармерите што од почетокот на годината до крајот на септември 2021 година набавиле педигрирани, хибридни чистокрвни свињи или, пак, пчелини матици од одобрени одгледувачници, ќе може да поднесат барање за добивање финансиска поддршка преку мерката „Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства“, информираат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, информира дека средствата се обезбедени преку Програмата за рурален развој, а право на аплицирање имаат сите земјоделски стопанства што се запишани во Единствениот регистар на земјоделските стопанства.

„Сите што се регистрирани земјоделци и набавиле пчелини матици ќе може да добијат подддршка до 600.000 денари за корисник, а поддршка до 6.500.000 денари за корисник ги следува сите што имаат набавени чистокрвни или хибридни свињи назимки или нерези. Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на кофинансирање на веќе завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50 % од вредноста на одобрени прифатливи трошоци за реализација на инвестицијата. Ставката за кофинансирање се зголемува на 55 % поврат на прифатливата сума во случаи кога инвестицијата е реализирана од страна на млад земјоделец. До 60 % од прифатливите трошоци се прифатливи за сите фармери што имаат инвестиции во подрачја со ограничени можности, а 75 % поврат на прифатените средства за реализираната инвестиција ги следува фармерите што имаат инвестиции во недостапни рурални заедници“, информира Бачовски.

Сите заинтересирани потребно е барањата да ги поднестат електронски по извршената регистрација на веб-страницата на АФПЗРР – www.ipardpa.gov.mk, e- baranje.ipardpa.gov.mk. Заедно со барањето потребно е да се прикачат и сите задолжителните потребни документи што се бараат во согласност со овој јавен повик.

Електронски пополнетото барање, заедно со целкоупната пропратна документација, треба да се заверат со потпис и печат од барателот и целокупната документација во оригинал се доставува во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол „ Не отворај“. На пликот треба да стои барање за исплата и архивски број на барањето. Документацијата може да се достави по пошта или лично во писарницата на АФПЗРР.

Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања за ралични мерки земајќи ги предвид и преостанатите мерки од Програмата за рурален развој за 2021 година.

Краен рок за доставување на барањата е 31.12.2021 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија59 минути

(Видео) Запленета дрога вредна 600.000 евра, пресечен канал за шверц од Косово

Во координирана акција на полицијата, во текот на вчерашниот ден (8 декември) бил пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога...

Македонија2 часа

Со караница помеѓу обвинетиот Бојан Јовановски и судијката заврши рочиштето за Меѓународниот сојуз

Со караница помеѓу обвинетиот Бојан Јовановски и судијката Софче Гаврилова-Ефремова заврши рочиштето за Меѓународниот сојуз Јовановски побара нејзино изземање од...

Свет2 часа

Од компанијата „Фајзер“ со најава: Можеби ќе биде потребна четврта доза за заштита од омикрон-сојот

Фармацевтските компании „Фајзер“ и „Бионтек“ велат дека две дози од нивната вакцина не обезбедуваат силна заштита од омикрон, па затоа...

Свет4 часа

Бајден: Дали да испратам војска во Украина доколку Русите нападнат – тоа не е опција

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека нема да нареди испраќање американски војници во Украина како одговор на можна руска инвазија....

Европа5 часа

(Видео) Tепачка во турскиот парламент

Синоќешната расправа за буџетот во турскиот парламент завршила со тепачка меѓу пратениците, јавуваат медиумите во регионот. Имено, додека се расправало...

Свет6 часа

Aкутната фаза на пандемијата на коронавирусот ќе заврши во 2022, предвидува Бил Гејтс

Акутната фаза на пандемијата на коронавирусот ќе заврши во 2022 година, предвиде основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, на својот блог,...

Македонија21 час

Бектеши: Цената на струјата нема да поскапи повеќе од 10%

Поскапувањето на струјата нема да биде повеќе од 10%, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши. „Согласно сите проекции, зголемување...

Македонија21 час

419 новозаразени и 14 починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.285 тестирања,...

Свет24 часа

Три дози од вакцината на „Фајзер“ штитат од омикрон – официјална изјава од појавата на новиот сој

Фармацевтските компании „Фајзер“ и „Бионтек“ денеска објавија дека нивните три дози од вакцината против коронавирус за време на лабораториски тест...

Европа1 ден

Олаф Шолц официјално избран за канцелар на Германија

Германскиот парламент го избра Олаф Шолц за наследник на Ангела Меркел како канцелар на Германија. Лидерот на Социјалдемократската партија (СПД),...

Свет1 ден

Швајцарија одобри капсула за евтаназија: Смртта настапува за помалку од една минута

Еутаназијата е поддржана легално во Швајцарија, а оние што ја сакаат ќе имаат на располагање нов метод. Капсулите Сарко го...

Европа1 ден

Рации во Германија поради трговија со работници од Балканот – има уапсени и запленет имот

Германските полицајци и цариници денеска спроведоа десетици рации ширум земјата со цел да ја потиснат наводната трговија со привремени работници...

Свет1 ден

(Видео) Јапонски милијардер стана првиот руски турист во вселената

Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава денеска полета до Меѓународната вселенска станица (ISS) во својот прв вселенски лет. Руското вселенско летало Сојуз,...

Свет1 ден

Објавена фотогафија од омикрон со помош на електронски микроскоп

Универзитетот во Хонг Конг објави фотографија од новиот сој на коронавирусот, омикрон, добиена со помош на електронски микроскоп. Омикрон првпат...

Свет1 ден

(Видео) Во Индија се урна хеликоптер во кој бил шефот за безбедност и неговата сопруга

Индиски воен хеликоптер утрово се урна во Тамил Хад. Според светските медиуми, во авионот бил и шефот на индискиот безбедносен...

Свет1 ден

Во разговорот на Путин и Бајден покрај сериозни теми имало и шеги

Разговорот помеѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден бил деловен, но се слушале и шеги и...

Европа2 дена

Белорусија воведува ембарго за производи од непријателски земји, меѓу нив и Македонија

Официјален Минск од следната година ќе воведе ембарго на стоки од земји кои водат непријателска политика кон Белорусија, соопшти прес-службата...

Европа2 дена

Банкнотите на еврото преку нов дизајн ќе промовираат различност и инклузивност

Европската централна банка (ЕЦБ) во понеделникот објави дека планира да ги редизајнира банкнотите на еврото во следните три години за...

Македонија2 дена

Вкупно 16 починати и 375 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.744 тестирања, а регистрирани се 375 нови случаи на...

Европа2 дена

Објавени нови сателитски снимки од руска војска на украинската граница

Американските медиуми продолжуваат да презентираат докази за руска акумулација на сили по должина на границата со Украина и подготовки за...

Досие