Економија
Грција ја завршила 2013-та со првичен суфицит од 1,5 млрд евра
Примарниот суфицит на Грција според податоците од 2013 година надминал 1,5 милијарди евра, изјави премиерот Андонис Самарас во интервју за весникот Вима.
Според него, ова е постигнато една година од претходно планираното и овозможува да се смета на намалување на нивото на задолженоста и влегување на Грција на меѓународните пазари на кредитирањето во 2014 година. Премиерот Самарас додава дека дел од примарниот суфицит ќе биде искористен за зголемување на примателите на најниските пензии и за зголемување на додатоците за униформираните лица.
„Се извлековме од маѓепсаниот круг и влегуваме во кругот на развојот“, вели Самарас., Според него, Грција излегува од рецесијата и влегува во фазата на економски раст и смета на стапка на растот од 3 отсто годишно до 2016 година.
Самарас вели дека при услови на одржување на основниот буџетски суфицит постепено ќе се намалуваат даноците, како стапките на ДДВ, на данокот на доходи и на недвижниот имот. Така, во 2016 година се планира на 38 отсто да биде намален контроверзниот данокот на недвижен имот.
Покрај тоа, грчкиот премиер во разговорот ја исклучува идејата за предвремени парламентарни избори. Говорејќи, пак, за пролетните избори за Европскиот парламент, Самарас вели дека резултатите нема да бидат негативни за неговата влада.
Заменикот министер за финансии на Грција, Христос Стаикурас, кон средината на јануари изјави дека според прелиминарните податоци, примарниот буџетски суфицит на Грција (пред исплатите на долговите) во 2013 година изнесувал 691 милиони евра, или 0,4 отсто од БДП-то, при што владата цели на првичен суфицит од 15 милиони евра.
Европската унија неодамна објави дека нејзината статистичка агенција Eurostat ќе ги потврди податоците за примарниот суфицит дури во април, и само тогаш може да биде донесена одлука за олеснување за олеснување на должничкото оптоварување на Грција. Како што претходно во февруари рече премиерот Самарас во интервју за германскиот весник Bild, Грција и ЕУ имаат договор дека доколку земјата има примарен суфицит, таа може да смета на отпишување на долгот преку зголемување на рокот за исплата и на намачување на каматната стапка./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.