Контакт

Економија

Уделот на лошите заеми во Шпанија на ново рекордно ниво

Објавено пред

Уделот на лошите заеми во шпанскиот банкарски сектор достигнал во декември 2013 година ново рекордно ниво од 13,6 отсто, покажаа најновите податоци на шпанската централна банка објавени во вторникот.

Со тоа дополнително е зголемен уделот на лошите кредити во вкупните заеми во однос на ревидираните 13,07 отсто во ноември минатата година. Со прелиминарниот податок нивниот удел беше проценет во висина од 13,08 проценти.

Износот на ненаплатливите долгови на месечно ниво е зголемен за дополнителни 4,6 милијарди евра, на 197 милијарди евра, објави централната банка на Шпанија. Во споменатиот период вкупните кредитни пласмани се намалени за 24 милијарди евра, на 1.450 милијарди евра.

Се очекува дека уделот на лошите заеми во шпанскиот банкарски систем ќе продолжи да расте следните месеци, и покрај излегувањето на четвртата според обемот економија во еврозоната од рецесија. Како една од причините се наведува намалувањето на кредитните активности, а во некои од шпанските банки предвидуваат дека трендот ќе достигне кулминација во втората половина од 2014 година./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Стопански комори: Одлуката за замрзнување на цените на прехранбени производи може да ја продлабочи кризата

Објавено пред

Здравствено-економската криза која трае веќе две години предизвика сериозно засегање на стопанството, а претпријатијата ги доведе во ситуација на тешко одржување на финансиска стабилност и на деловна активност. Надминување на состојбите е единствено можно со адекватни, добро испланирани и таргерирани мерки, кои ќе се дефинираат во блиска комуникација со реалниот сектор. Парцијалните решенија кои се носат без соодветна анализа и не се во корелација со други мерки, како што е Одлука за определување на највисоки цени на основни прехранбени производи во трговијата на големо и трговијата на мало, уште повеќе ќе ја нарушат тешката состојба во која се наоѓаат претпријатијата и ќе предизвика дополнителни проблеми за граѓаните меѓу кои и ограничување на пристапот до основните животни намирници, предупредија денеска од Сојузот на стопански комори.

„Одлуката за ограничување на цените на одредени производи за да даде позитивен ефект потребно е да биде донесена во корелација со други мерки. Прво потребно е влезните инпути во сите компании да се стабилизираат, односно суровините и репроматеријалите конкретно во прехрамбената индустрија да се овозмозможи да имаат соодветна минимална цена. Тоа може да се направи преку активирање на државните стокови резерви по одредени стабилни цени за периодот во кој одлуката за ограничување на цените е на сила. Потребно е и стабилизирање на енергенсите во рамка во која државата би гарантирала одредени цени на електричната енергија и на гасот, од кои значително зависи висината на цената на производите. За да се донесат мерки кои ќе дадат позитивни резултати, неопходно е тие да бидат креирани со активно учество на бизнис заедницата“, истакна Горан Георгиевски, потпретседател на Агро-бизнис комора.

Доколку не се постапи согласно препораките кои ги дава Агро-бизнис комората, ограничувањето на цените директно ќе предизвика ефект на „празни полици“ во снабдувачките центри насекаде низ државата.

„Имено во дадени услови на многукратно зголемени трошоци на инпутите во производните процеси, а при забрана за зголемување на цените на крајните производи единствено можно решение е прекин на производството и отпуштање на вработените. Исто така можно е и стимулирање на сивата економија, бидејќи во неможност производите да се набават по регуларен пат граѓаните ќе бидат принудени да ги набавуваат на друг начин што ќе донесе и до формирање на цени кои се многу повисоки од реалните но ќе предизвика и несигурност во квалитетот на производите“, изјави Георгиевски и додаде дека наместо за замрзнување на цените треба да се размислува за замрзнување на маржите, бидејќи тоа е она што во вакви услови може да спречи нереално зголемување на цените.

Претседателот на Агро-бизнис комора, Огнен Оровчанец додава дека за долгорочно стабилизирање на пазарот на храна, треба да се имплементираат и долгорочни мерки, како што е формирање на една надлежна државна институција.

„Сега надлежностите се поделени меѓу Министерството за земјоделство, Министерството за економија и Агенцијата за храна и ветеринарство и Министерството за здравство како надлежни за безбедноста. Но секојдневната пракса покажува дека овие институции функционираат без меѓусебна поврзаност и координација, а при тоа никој не сноси одговорност за пропустите кои секојдневно се случуваат и од кои претпријатијата трпат штета. Одговорноста едноставно се префрла од еден на друг, без при тоа да се најде решение за проблемите кои постојат. Затоа сметаме дека е неопходно да постои едно министерство за храна, кое ќе биде целосно надлежно за сите прашања поврзани со оваа проблематика. Така ќе имаме системски и инклузивен пристап во регулирање на оваа значајна област, кој на граѓаните ќе им гарантира пристап до квалитетни прехранбени производи по реални цени. Ова барање Сојузот и Агро-бизнис комората досега неколку пати го има јавно истакнато, но веруваме дека состојбата во која се најдовме поради кризата уште еднаш ја апострофира неговата важност“, истакна Оровчанец.

Прикажи повеќе...

Економија

Заев: Северна Македонија ќе добие соларен парк, кој ќе биде еден од најголемите во Европа

Објавено пред

Северна Македонија ќе добие соларен парк, кој ќе биде еден од најголемите во Европа со капацитет за производство на електрична енергија од 360 до 400 мегавати (MW). Станува збор за директна француска гринфилд инвестиција најголема во овој домен, за македонската економија. Соларниот парк „Стипион“ ќе се гради во текот на 2022 година на локацијата која беше предвидена за изградба на карго аеродромот во Штип на површина од 452 хектари“, рече премиерот Зоран Заев на денешната промоција на инвестицијата во присуство на амбасадорот на Франција Сирил Бомгартнер, како и претставници на менаџментот на француската компанија „Акио Енерџи“.

„Инвестицијата е директна придобивка од реформите во енергетскиот сектор спроведени токму од оваа Влада. Вложувањето во енергетиката над 30 години беше занемарено, а инвестициите сведени на минимум“, рече Заев и додаде дека во моментот во фаза на градба се фотонапонски електрани преку принципот на поддршка со премиум тарифи со инсталиран капацитет од 60 мегавати, дел од нив се пуштени во употреба.

Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција истакна дека оваа инвестицијата е најголемата француска инвестиција во земјата во последните петнаесетина години.

„Овој соларен парк ќе биде најголемиот кој досега е изграден во овој регион од Западниот Балкан. Оваа инвестиција исто така има големо стратешко значење, бидејќи ќе придонесе да се зајакне енергетската независност на Северна Македонија, истовремено помагајќи ѝ на земјата да го изоди својот амбициозен европски пат за намалување на емисиите на јаглероден диоксид.

„Непосредната соработка меѓу нашите две земји малку загуби на интензитет во последните години, а нашите односи веќе не беа на висина на којашто требаше да бидат. Сега работите се менуваат. Благодарение на личната посветеност, на највисоко државно и владино ниво, во секоја од нашите две земји, билатералните политички односи добија на интензитет, на доверба и на суштина. Претседателот на Владата во јуни минатата година беше во посета на Париз, на историска средба со Претседателот на Република Франција. Ги поканувам сите уште еднаш да ги слушнат изјавите за јавноста дадени во таа пригода од страна на нашите двајца лидери. Претседателот на Франција тогаш кажа и постојано повторува дека Франција посакува пристапните преговори да започнат без одлагање, затоа што Северна Македонија, Господине Претседател на Владата, постигна извонреден напредок и го заслужува тоа. Франција прави напори, на највисоко ниво, за да се постигне тој резултат и тоа сега може сите да го видат. Оваа заложба е доказ и за стратешката визија која ја споделуваат нашите две влади, во полза на стабилноста на регионот на Западен Балкан“, рече Бомгартнер во своето обраќање.

Ерик Ското, претседател на компанијата „Акио Енерџи“ од Франција истакна дека проценетата инвестиција се очекува да биде околу 270 милиони евра во пределот на општините Штип и Свети Николе.

Прикажи повеќе...

Економија

Граѓаните телефонски може да пријават неправилности во цените на прехранбените производи

Објавено пред

Ги повикувам граѓаните на бесплатниот телефонски број 191 да пријават кај Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во случај на драстично зголемени цени на основни прехранбени производи, вели министерот за економија, Крешник Бектеши.

На бесплатната телефонска линија, како што појаснува во напишаното на фејсбук-објавата, сите граѓани може да пријават неправилности кај трговците што не ја почитуваат одлуката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи, информира Бектеши.

Како што истакнува министерот, во согласност со одлуката за определување највисоки цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало, која е објавена во „Службен весник“, почнувајќи од 6.12.2021 година, се замрзнуваат цените што се применувале на 1 декември 2021 година во трговијата на големо и мало, и тоа на: лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и од 3,5 %, свежото месо и сувомесните производи, сирењето и урдата.

Оваа одлука ќе важи до 31 јануари 2022 година, напиша министерот Бектеши на својот фејсбук-профил.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

Лажен оџа и неговите соработници осомничени за полов напад врз 9-годишно девојче и за измами во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, кое лажно се претставувало како оџа и...

Македонија1 час

Тетово привремено го укина јавниот превоз, од Општината велат дека претпријатието е во хаос

Јавниот автобуски превоз во Тетово е времено стопиран по четири месеци. Општина Тетово како причини за прекинот го наведе работењето...

Македонија2 часа

Ангел Димитров: Република Северна Македонија не е подготвена да почне преговори за членство во ЕУ

Тешко е дека постои земја што повеќе од Бугарија би посакувала пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија. Но,...

Европа2 часа

Компанијата „Фајзер“ обвинета за ширење лаги за вакцината на „Астра зенека“, дури и дека предизвикува рак

Фармацевтскиот гигант „Фајзер“ е обвинет дека подмитувал експерти за да ја дискредитираат вакцината против Ковид-19 на „Астра зенека“, пренесуваат светските...

Македонија2 часа

Заев ги информираше коалиционите партнери за постигнатиот договор со Алтернатива

Претседателот на Владата, Зоран Заев имаше средба со лидери на партии од владината коалиција на која ги запозна со постигнатиот...

Свет3 часа

СЗО: Крвната плазма да не се користи во третманот на болните од Ковид-19

Крвната плазма земена од оздравени пациенти не треба да се користи во третманот на луѓе заболени од Ковид-19, а кои...

Свет4 часа

Путин и Бајден преку видеоврска за многубројни прашања

Рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Џо Бајден, денеска ќе имаат виртуелен самит на кој ќе разговараат за многубројни...

Свет5 часа

САД ги предупреди граѓаните за Божик да не патуваат во Франција и Португалија

САД ги повикаа своите граѓани да избегнуваат да патуваат во десетина земји, вклучително и Франција и Португалија, поради зголемениот број...

Свет5 часа

(Видео) Силно невреме направи хаос на Хаваите – поплавени улици, откорнати далноводи

Силно невреме проследено со силен ветер и екстремно силен дожд денеска ги поплави патиштата и ги откорна далноводите на Хаваите....

Топ17 часа

Пронајдена лабараторија за производство на дрога во викендичка во Катланово

Лабораторија за производство на дрога е пронајдена во викендичка во с.Градмановци, Катланово. „Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена...

Регион18 часа

Прв ковид-отказ во Хрватска, наставник одбил да се вакцинира и останал без работа

Прв отказ поради одбивање вакцина против коронавирус во училиште во Хрватска. Се работи за наставник од Техничкото училиште во градот...

Свет18 часа

Кортунов: Не е веројатен компромис помеѓу Бајден и Путин

Андреј Кортунов, претседател на рускиот совет за надворешни работи, кој е близок до Министерството за надворешни работи, рече дека двете...

Регион18 часа

Пропадна владината одлука – во Словенија нема да има задолжителна вакцинација

Словенечкиот Уставен суд пресуди дека владиниот декрет со кој се воведува задолжителна вакцинација за државните службеници е неуставен. Новото правило...

Македонија19 часа

Деспотовски ги покани Ковачевски и Ременски, заедно да ги презентираат програмите

Јован Деспотовски, еден од тројцата кандидати за лидер на СДСМ, ги покани другите двајца Димитар Ковачевски и Фросина Ременски заеднички...

Свет22 часа

Објавен документ на американските служби: Русите ќе ја нападнат Украина со 175.000 војници?

Не стивнуваат тензиите меѓу Москва, Киев и Вашингтон поради шпекулациите дека рускиот претседател Владимир Путин подготвува инвазија на Украина. Сега...

Македонија23 часа

Нови 101 случај на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случај на Ковид-19: Скопје – 59, Кавадарци...

Македонија1 ден

Димитар Ковачевски почна со презентација на програмата пред членовите на СДСМ

Актуелниот кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски, пред членството на партијата во Општина Карпош ја презентира својата изборна...

Македонија1 ден

Ескобар: Работиме со европските партнери за брза интеграција на Северна Македонија во ЕУ

Со нашите европски партнери работиме за да обезбедиме брза европска интеграција на Северна Македонија, изјави американскиот заменик-помошник на државниот секретар...

Регион1 ден

Радев на консултации пред врачувањето на мандатот, Петков вели: „Неопходно е да се формира влада“

Времето на едноличната премиерска власт заврши, истакна бугарскиот претседател Румен Радев пред претставниците на „Промената продолжува“, а за време на...

Економија1 ден

Бесими го достави дополнетиот предлог-буџет за следната година

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска го достави дополнетиот предлог-буџет за 2022 година до претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој...

Досие