Економија
ЕУ подготвена да и' помогне на Украина со милијарда евра
Европската унија, во иднина, е подготвена да и’ понуди на Украина со пакет финансиска помош во обем од „речиси милијарда, наместо неколку стотини илјади евра“, изјави во интервју со лондонскиот економски магазин The Financial Times, еврокомесарот за економски и финансиски прашања Оли Рен, а на самитот на Г20 во Австралија помош понудија и повеќе други земји, меѓу кои и САД.
„ЕУ е подготвена да обезбеди значителна финансиска поддршка за Украина и нејзиниот народ, што ќе биде постигнато политичко решение врз основа на принципите на демократијата, и ќе се добие јасна потврда за приврзаноста на курсот на реформите и формирање легитимна влада“, вели Оли Рен.
„Потребно ни е да ја обезбедиме Украина со јасна конкретна перспектива во Европа. Во блиска иднина ќе разговараме за Спогодбата за придружување, кој предвидува режим на слободна трговија и значителен пакет финансиска помош“, изјави за весникот Оли Рен кој се наоѓа во Синдеј на самитот на министрите за финанси и челниците на централните банки од групата Г20.
„Истовремено се наоѓаме во историски период од историјата. Европа треба да биде на врвот од приоритетите и да и се даде можност на Украина за придружување во среднорочна или долгорочна перспектива. Доколку, секако, Украина ги исполни неопходните критериуми“, посочува еврокомесарот.
Претходно беше објавено дека Меѓународниот монетарен фонд е подготвен да и’ помогне на Украина, доколку нејзините лидери го побараат тоа. „Украина е членка на ММФ. Доколку Украина бара помош, без разлика дали станува збор за совети во економска смисла, финансиска поддршка со расправа за економските реформи, ние сме подготвени да ја обезбедиме“, изјави, исто така, во Сиднеј, извршната директорка на ММФ, Кристин Лагард.
Американскиот министер за финансии Џек Лекс изјави дека разговарал со својот руски колега Антон Силуанов на маргините на Г20 самитот. „САД и другите земји се подготвени да и’ помогнат на Украина во напорите да се врати кон демократијата, стабилноста и растот“, изјави Лекс. Тој се надева дека крајот на насилствата ќе доведе до формирање повеќепартиска и технократска влада, кој сака да ги спроведе реформите неопходни за економските реформи.
Украина не е спомената во завршниот документ на собирот на г20, но повеќе земји „се согласија да се зборува за поддршка“ за Украина на „нивните национални конференции на крајот на состанокот Г20“, и тоа „на идентичен начин“ изјави францускиот министер за финансии и економија Пјер Московиси./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.