Економија
Јанакиески информираше за изградба на инфраструктурата за „Сончев град“

Владата на Република Македонија донесе одлука со која ќе се овозможи и изградба на потребните водоснабдителни и канализациски системи за населбата Сончев Град, а изградбата на регионалниот пат од Скопје до оваа населба веќе е во тек.
Ова во понеделникот на прес конференција во Скопје го објави министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, изнесувајќи детали кои се однесуваат на урбанизацијата на уште еден дел од Скопје, со цел создавање на потребната инфраструктура за изградба на нова, модерна населба.„Отпочнавме постапка за реализација на Проектот “Изградба на системот за водоснабдување за дел од населените места во општина Сопиште-Регионален водовод Патишка Река“ има големо значење за жителите на населените места во општината Сопиште за решавање на проблемот со водоснабдувањето, за подобрување на животниот стандард на населението, подобрување на комуналната инфраструктура и животната средина и во помагање на развојот на општината“, изјави Јанакиески. Овој проект опфаќа изградба на три делници од магистрален цевковод со вкупна должина од околу 22 километри, како и изградба на филтер-станица и пристапен пат до истата.За реализацијата на Проектот: “Изградба на системот за водоснабдување за дел од населените места во општина Сопиште-Регионален водовод Патишка Река“ се обезбедени средства во буџетите на Министерство за транспорт и врски и Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на РМ за буџетските 2015, 2016 и 2017, при што планирани се средства во висина од 260 милиони денари (4,22 млн. евра). Јанакиески информираше и дека ќе се реализира и проект за изградба на фекална канализација во населено место Сопиште и населбата „Сончев град“ со одведување кон постојните канализациски мрежи во општина Кисела Вода и општина Аеродрoм. Овој проект опфаќа изградба на две делници: Фекална канализација од населено место Сопиште низ населба Припор, по улица „Христо Татарчев“ до раскрсница бул „Србија“ со ул. „Борис Трајковски“Делницата е со вкупна должина од околу 3,8 км од населено место Сопиште, поминува низ населба Припор по улицата „Христо Татарчев“ (поранешна Сава Ковачевиќ) во општина Кисела Вода и завршува кај раскрсницата бул „Србија“ со ул. „Борис Трајковски“.Втора делница: Фекална канализација на делница од Сопиште по регионален пат Р302 и низ населено место Усје кон постоечки колектор во нас. Горно ЛисичеДелницата е со вкупна должина од околу 7,0 км од населено место Сопиште, поминува по регионалниот пат Р 302 и низ населено место Усје покрај Усјанскиот канал се врзува на постоечки колектор на ул. Никола Божинов кој води кон препумпна станица во Аеродром.Во Буџетот на Република Македонија за буџетските 2015, 2016 и 2017 година за реализација на овој проект планирани се средства во висина од 306.007.218 денари (близу пет милиони евра). Во тек е и изградбата на патот кој ќе го поврзува Скопје со населбата Сончев Град со што ќе се подобри комуникацијата на општина Сопиште, општина Кисела Вода и Град Скопје со Водно и со новата населба Сончев Град.Патот е со должина од 4.5 километри и претставува инвестиција во вредност од 412.308.314 денари (6,7 милиони евра). „Сончев град станува реалност. Се работи за современ станбен комплекс со повеќе објекти кои имаат различни намени и содржини.Ова е уште еден проект кој ќе придонесе кон дополнителен економски развој, подобрување на животниот стандард и отворање на нови работни места“, рече Јанакиески. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Се намалува цената на горивата

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се намалуваат 2,00 денара/л.
Малопродажните цени на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,065 денари/кг и сега ќе изнесува 41,411 денар/кг.
Од 7.2.2023 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
моторен бензин „евросупер БС-95“ – 82,00 (денара/литар)
моторен бензин „евросупер БС-98“ – 84,00 (денари/литар)
дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 78,50 (денари/литар)
масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 77,00 (денари/литар)
„мазут М-1 НС“ – 41,411 (денар/килограм)
Економија
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за јануари 2023 година.
Корисниците на парични права, кои поседуваат дебитна картичка, ќе може да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 6 февруари 2023 година.
Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците што не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките во согласност со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето, и тоа:
6.2.2023 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ
7.2.2023 – М, Н, Њ, О; П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш
Економија
„Брако“ почна со производство на медицински паравани со нов дизајн

БРАКО почна да произведува медицински паравани со целосно нов дизајн. Параваните се изработени за потребите на партнерите на БРАКО од индустријата за медицинска опрема
„Станува збор за испорака на повеќе од 200 медицински алуминиумски паравани со нов современ дизајн. Комплетниот дизајн и развој на овие медицински паравани е направен од инженери во БРАКО. Досега параваните се произведуваа од челик, а сега за првпат БРАКО ги произведе од алуминиум. Покрај современиот дизајн, алуминиумските паравани се лесни за манипулација и попрактични за употреба. Квалитетот, брзата изработка и навремената испорака се во основата на медицинската програма, која е една од првите производствени програми во БРАКО“, посочува Сашко Димитров, одговорниот проект-менаџер на медицинската програма во БРАКО.
Медицинската палета на БРАКО се произведува согласно меѓународниот стандард ISO 9001, европските регулативи и директиви, како и во согласност со FDA регулативите во САД поврзани со медицинска опрема.
Најголемиот дел од производството во оваа програма, околу 95%, се наменети за извоз во Обединетото Кралство, Шведска, Германија, Холандија, Данска, Полска, Јапонија и САД.
Со примена на најновите практики и имплементација на современите технологии за поддршка на медицинските активности, производите на БРАКО ширум светот, придонесуваат во обезбедувањето навремена здравствена грижа за пациентите.
ПР