Економија
Вкупно 35 невработени лица завршија обука за графички дизајн во SEDC
Вкупно 35 невработени лица завршија обука за графички дизајн во Сеавус едукативен и развоен центар (SEDC), со поддршка на Агенцијата за вработување (АВРМ) и министерствата за труд и социјална политика и за информатичко општество и администрација.
Во вторник во просториите на SEDC, директорот на АВРМ, Влатко Поповски, им ги додели дипломите на лицата кои ја завршија обуката за напредни вештини од областа на информациските технологии за невработени лица.
Од ноември 2013 до овој месец, 35 кандидати, од 109 пријавени на конкурсот на АВРМ, посетуваа обука за графички дизајнер во SEDC.
Програмата се реализираше во Скопје, Прилеп и Битола и во рамки на истата паралелно беа опфатени обуки за основен и напреден Adobe Photoshop CS6, Illustrator CS6 и InDesign CS6.
„Обуките наидоа на одличен интерес од страна на слушателите кои покажаа не само посветеност редовно да ја следат, туку и успех на спроведените сертифицирани тестирања и практичните проекти кои беа дел од наставата”, изјави Весна Иваноска, генерален менаџер на SEDC.
SEDC е водечки едукативен и тренинг центар во Македонија и во регионот, специјализиран за обуки од областа на информатичката технологија и бизнис менаџмент. Носител е на меѓународни лиценци и сертификати од светски познати брендови со кои соработува во реализација на своето широко портфолио.
Обуките и консултантските сервиси кои SEDC ги обезбедува за бизнис заедницата, јавните институции и на помладата популација, се дизајнирани и прилагодени на специфичните потреби на клиентите со што SEDC се етаблира како посакуван партнер.
Мисијата на SEDC е континуирана доедукација и оспособување на клучните кадри во компаниите од Македонија и регионот за успешно да се справуваат со предизвиците на регионалните и глобалните пазари, а на младите професионалци кои се на завршни години од формалното образование да им даде квалитетна основа и конкретно знаење за полесно да се натпреваруваат на пазарот на трудот.
SEDC ги обликува своите програми според последните светски стандарди во соодветни области. Покрај бизнис и ИТ обуките во рамки на SEDC функционираат и: Академија за дизајн со три студиски програми: графички, веб дизајн и 3D моделирање, анимација и постпродукција, Академија за мрежи и Академија за програмирање со насоки: Proffesional Web Developer & Cloud Engineer for Enterprise и Enterprise Developer for Windows platform.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено поради големиот увоз на странско јаболко во Македонија
Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денес е во работна посета на Ресен каде што оствари работни средби со овоштарите од овој регион.
„Овоштарите од Ресен претрпуваат големи губитоци заради погрешните политики на СДС и големиот увоз на странско јаболко во Република Македонија. Согласно податоците, додека ресенското јаболко стои неоткупено, од 1 септември 2023 година до сега во Македонија се влезени околу 4 милиони килограми јаболко што е главна причина што ресенчани ги преживуваат најцрните денови во историјата на овоштарството во Македонија“, изјави Трипуновски.
Како поголеми проблеми на земјоделците од Ресенскиот регион, Трипуновски ги посочи неисплатените субвенции како и неисплатените штети од природните непогоди од пред некоја година, откупно-дистрибутивниот центар којшто требаше да биде завршен во 2023 година сѐ уште не е ни започнат со градба.
„Цврсто им ветив дека идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има сериозен план и конкретни мерки со кои ќе се стави крај на маките на ресенчани“, заврши Трипуновски.
Економија
Ангеловска-Бежоска на Пролетните средби на ММФ и СБ: Носителите на политики ќе дискутираат за состојбите и перспективите во економијата
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, и заменик-министерот за финансии, Филип Николоски, ја предводат нашата делегација, која учествува на Пролетните средби на групацијата на Светскатa банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД. Во делегацијата на Народната банка на овие средби ќе земе учество и вицегувернерот Фадил Бајрами.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска и вицегувернерот Бајрами на претстојните Пролетни средби ќе одржат состаноци со заменик-директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, со директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, како и со извршниот директор на ММФ и алтернативниот извршен директор, Пол Хиберс и Лук Дресе. На состаноците со високите претставници на ММФ ќе стане збор за економските состојби во нашата земја и поставеноста на монетарната политика, којашто придонесе за стабилизирање на инфлацијата. Делегацијата на Народната банка, предводена од гувернерката, ќе оствари средба и со претставниците на одделите за статистика и за монетарни и капитални пазари при Меѓународниот монетарен фонд, на која ќе се споделат досегашните достигнувања и резултати од заемната успешна соработка.
Во рамките на Пролетните средби, Ангеловска-Бежоска ќе одржи состаноци и со високи претставници на Светската банка, заменик-претседателката на СБ, Антонела Басани и со извршниот директор на СБ за Конституенцата во која членува нашава земја, Јуџин Ругенаат. Исто така, делегацијата на Народната банка ќе учествува и на редовниот состанок на земјите членки на Конституенцата.
Одржувањето на Пролетните средби секоја година на едно место ги собира носителите на политиките, односно првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки, кои ќе разговараат за политиките и финансиските реформи во насока на остварување на целите за одржлив раст (SDG), особено поврзани со климатските промени и родовата еднаквост.
Економија
Трипуновски: Ги потпишав првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост
Дополнителниот замени министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на својата фејсбук страна објави дека ги потпишал првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.
Во својата објава Трипуновски вели: „Почитувани земјоделци, штотуку ги потпишав првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, нека е аирлија!“
Трипуновски во неколку наврати ја алармираше јавноста дека во Република Македонија постојат договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост кои истекуваат оваа година, но на истите не им е овозможено продолжување и дека Николовски го кочи продолжување со образложение дека се потребни законски измени на законот за земјоделско земјиште.
„Сепак на крајот успеавме да го реализираме нашиот предлог за разрешница на овој проблем по многу побрза и поедноставна постапка, наспроти тврдењата на министерот Николовски кој постојано, од непознати причини, тврдеше дека се потребни измени на законот за земјоделско земјиште и дека со анексирање на договорите не се решава овој проблем. Со ова само се докажа дека Николовски повторно ве лаже како што тоа го прави изминативе 7 години“, дополни Трипуновски.
Позитивно е тоа што овој голем проблем доби решение и засегнатите земјоделци конечно ќе можат да ги продолжат своите договори согласно законските регулативи. Со ова Трипуновски покажа дека ќе биде предводник во промените и решавањето на проблемите во македонското земјоделство.
„ВМРО-ДПМНЕ секогаш било и ќе биде на страната на македонските земјоделци, доколку ние не го изнесовме овој проблем во јавноста, СДС и Николовски никогаш немаше да ги продолжат овие договори на вредните македонски земјоделци или пак тоа ќе го правеа селективно и повторно земјоделското земјиште ќе завршеше кај луѓе што не се земјоделци или истото ќе го трансформираа за плантажи со фотоволтаици. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе може гордо и со крената глава да биде помеѓу светиниколчани и сите земјоделци во Република Македонија“, заврши Трипуновски во својата објава.