Контакт

Економија

Македонија станува сé поинтересна за германските компании како место за бизнис

Објавено пред

Општата економска состојба во Република Македонија е значително попозитивна во споредба со претходните години, покажуваат резултатите од Анкета за деловната клима во Македонија 2013/2014, спроведена меѓу членките на Македонско-германското стопанско здружение.

dobivaj vesti na viber

Мнозинството на компаниите, кои се активни во Македонија ја оценува сегашната економска состојба во Македонија како добра (19%) или како задоволителна (57%), 24% ја класифицираат моменталната економска состојба како лоша, при што 43% од испитаниците дури сметаат и на подобрување во 2014 година.Во минатата година 42 отсто, кои ја оценија актуелната економска состојба како лоша и само 8 отсто како добра.Што се однесува на оценката на општата економска состојба, ова е најдобар резултат од почетокот на спроведувањето на анкетата во 2007 година, беше истакнато во четвртокот на презентацијата на резултатите од анкетата спроведена од страна на германската стопанска комора во Македонија  .Сепак се критикуваа важни локални фактори како платежната дисциплина, правната сигурност, ефикасноста на јавната администрација и транспарентноста на јавните набавки.   Моменталната деловна ситуација на својата компанија ја сметаат 36 отсто од испитаниците за добра, 52 отсто ја оценуваат како просечна и 12 отсто наведуваат, дека се наоѓаат во лоша економска ситуација. Во однос на очекувањата за развојот на деловната ситуација на својата компанија во 2014 година во споредба со претходната година, над 57% од испитаните компании сметаат на подобрување на својата состојба на компанијата. 39% прогнозираат постојани и непроменети услови за нивната компанија. Само 2% очекуваат потешка економска ситуација во 2014 година.Позитивна испадна и проценката за очекуваните промети на компаниите во оваа година. Сепак 62% од испитаните компании очекуваат покачување на нивните промети и само 7% поаѓаат од промети во опаѓање.Одново произлегоа попозитивни резултатите од овогодинешната анкета и при набљудување на инвестициите и вработувањето на нови работници, за компаниите – членки на Македонско- германското стопанско здружение пазарот на трудот и инвестиции во Македонија станува се поинтересен, дури 43% сакаат да ги зголемат своите инвестиции во 2014 година и 32% ќе вработат нови работници.При набљудување на локалните фактори како и во претходните години испитаните компании појаснуваат, дека гледаат дефицит при платежна дисциплина, правна сигурност, ефикасност на јавната администрација, транспарентност на јавните давачки и пристап до јавните субвенции. Во добро светло се оценија и работодавачот и пазарот на трудот: трошоци на трудот, квалификацијата, продуктивноста и посветеноста на работникот и академското образование се оценија како добри, исто така и даночното задолжување и даночниот систем и даночните институции како и квалитетот односно достапноста на локалните добавувачи.    Мартин Кнап, директор  на германската стопанска комора во Македонија и раководен член на Управниот одбор на Македонско- Германското стопанско здружение ги сумираше резултатите при што констатираше дека во 2013 година Германија била најголемиот трговски партнер на Македонија и трговскиот промет изнесувал 1,6 милијарди евра. „Треба да се забележи, дека извозот на Македонија кон Германија во изминативе години континуирано расте. Во 2013 година извозот на Македонија кон Германија изнесувал 1,1 милијарди евра, а увозот од Германија изнесувал 503 милиони, со што Македонија е една од малкуте земји, кои со Германија имаат трговски суфицит. Со оглед на постоечките и најавените германски инвестиции во Македонија, очекуваме оваа тенденција да продолжи. Успех ветува и почетокот на изградбата на нови автопатишта и проширувањето на постоечката железничка мрежа, како и изградбата на нова железничка врска со Бугарија. Подобрената инфраструктура ќе придонесе за тоа да се зголеми атрактивноста на Македонија како место за инвестиции и со тоа ќе се поттикне ангажманот на германското стопанство во форма на нови инвестиции. Македонско- Германското стопанско здружение и Стопанска комора на Германија во Македонија и во иднина ќе бидат сигурен партнер за да ја промовираат Македонија во Германија како место за бизнис и да ги забрзаат германско-македонските стопански врски“, рече КнапМихаел Дикамп, претседател на Македонското-германско стопанско здружение оцени дека проценката на актуелната економска состојба во Македонија дава позитивни сигнали. „При оценувањето на изгледите на македонската економија за тековната година, повторно се покажа дека компаниите-членки на Македонско-германското стопанско здружение, веруваат во Македонија: тие и понатаму сакаат да инвестираат, да вработуваат нови работници и очекуваат висок промет и добивка. 85% од испитаните компании повторно би инвестирале во Македонија. Од анкетата произлегува дека инвестициите и градењето на деловните врски пред се зависат од понатамошното подобрување на рамковните услови: мора да постои правна сигурност, да се покачи платежната дисциплина, а административните постапки, како и постапките за јавни набавки да бидат потранспарентни и поефикасни. Овие фактори се основни предуслови за да се стекнат нови, особено мали и средни германски претпријатија како инвеститори во Македонија“, рече Дикамп. /крај/

Економија

Трипуновски: Зелката ќе остане неоткупена заради лошите политики на СДС кои наместо на извоз, се фокусираа на увоз на земјоделски производи

Објавено пред

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денес е во работна посета на два откупни центри за зелка во Струмичкиот регион каде што во моментов актуелен е откупот на зелката.

dobivaj vesti na viber

„Откупот тече споро, има побарувања од странскиот пазар, но Министерството и Владата заради незаинтересираност не го следи процесот на откуп со што директно се оштетени земјоделците. Ова е резултат на лошите земјоделски политики на СДС кои наместо да обезбедат извоз, тие се насочија кон увоз на земјоделски производи“, изјави Трипуновски.

„Градинарите од Република Македонија пред извесен период се пожалија за ниската откупна цена на зелката која во моментов се движи околу 15-тина денари за килограм.

ВМРО-ДПМНЕ одговорно и посветено ќе работи во интерес на земјоделците, бидејќи ние навистина се грижиме за нив, тие ќе имаат сигурен партнер во новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, заврши Трипуновски.

Прикажи повеќе...

Економија

Дизелот од полноќ поевтин за 0,50 денари, цените на бензините остануваат исти

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,38 oтсто во однос на одлуката од 8.4.2024 година.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,536%, кај дизелот намалувањето е за 0,730%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 0,580% и кај мазутот намалувањето е за 2,057%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,362%

Од 16.4.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 77,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 44,302 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,871 ден/кг и сега ќе изнесува 44,302 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 16.4.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Прикажи повеќе...

Економија

Николовски: Украинци во Македонија учат како полесно да ги приспособат своите земјоделски политики со барањата на ЕУ

Објавено пред

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, од денес, па до крајот на неделава, ќе биде домаќин на украинската делегација, предводена од заменик-министерот за земјоделска политика и храна на пријателска Украина, Маркијан Дмитрасевич.

dobivaj vesti na viber

„Нашата држава е посочена од Европската комисија како една од земјите која е на најнапредно ниво во делот на усогласеноста на земјоделскиот сектор со европските земјоделски политики и законодавство и користењето на средствата од ИПАРД во однос на другите земји кандидати за членство во ЕУ, што ме прави особено горд и е само уште една потврда за добро завршената работа“, изјави по средбата министерот Николовски.

Од некогаш заробена и изолирана држава, рече Николовски, денес Република Северна Македонија е земја пример, која своето искуство го пренесува на другите земји.

„Ми преставува особена чест што нашето искуство ќе имаме можност да го споделиме токму со украинската делегација, со цел полесно да ги приспособат своето земјоделство и политиките кон барањата на Европската Унија“, изјави министерот Николовски.

Украина е во почетна фаза на правните приспособувања кон законодавството на Европската Унија во делот на Законот за земјоделството, воспоставување платежна агенција и ИАКС, како и користење на претпристапните средства од ЕУ.

„Работната посета на украинската делегација треба да ѝ овозможи размена на македонските искуства за успешно воспоставување на политиките и системите во делот на Интегрираниот систем за администрација и контрола на државната поддршка во земјоделството и руралните средини (ИАКС), искуствата од воспоставување ЕРЗС, ЛПИС и ФАДН, подготовките за користење на ИПАРД-програмата и функционирањето на Платежната агенција“, изјави министерот Николовски.

За време на официјалната посета, украинските колеги, ќе остварат посета на Платежната агенција, а на теран презентирана ќе биде успешна ИПАРД-приказна, претставена преку винарницата „Мовино“ во Росоман. Дополнително, украинските колеги ќе бидат запознаени со функционирањето на подрачните единици на Министерството, како и со придобивките од спроведувањето на процесот за консолидација на земјишните парцели во Пелагонија.

Двајцата министри на денешната средба разговараа и за зголемување на заедничката соработка меѓу двете држави во делот на трговската размена.

„Минатата година потпишавме измени и дополнувања на договорот за слободна трговија за натамошна либерализација на трговијата со земјоделско-прехранбени производи, со што овозможивме целосна либерализација за извоз во Украина на македонските домати, зелка, краставици, грозје и јаболка и увоз на украински месо и месни производи, како и производи од маслодајни култури. Со измените се постигна многу поголема либерализација во врска со правилата за потекло, односно ако досега за извоз и увоз се користеа само суровини со потекло од Македонија и Украина, со овие нови правила се овозможи да се користат и ЕУ-суровини. А ова значително влијае на зголемување на трговската размена и девизниот прилив“, изјави министерот Николовски.

Министерот Николовски изрази благодарност за честа да ѝ бидеме домаќини на украинската делегација посакувајќи овие неколку дена да уживаат во убавините на Македонија додавајќи дека посакува да се оствари заедничката желба набргу двете држави да бидат заедно во Европската Унија како рамноправни членки на европското семејство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија10 часа

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија17 часа

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија17 часа

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија17 часа

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија19 часа

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија19 часа

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized19 часа

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...

Топ19 часа

На автопатот Скопје – Велес мотоциклист излетал од патот и починал од повредите

Вчера, во 12 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, во близина на тунелот „Бадар“,...

Македонија21 час

Си плаќаме приватно за да се лекуваме оти не сме здравствено осигурени, велат приватните специјализанти, кои излегоа на штрајк

Над 400 приватни специјализанти утрово излегоа на генерален штрајк барајќи покачување на платите и здравствено осигурање. Тие истакнаа дека надоместокот...

Свет22 часа

Израел: Иран почна војна, сите опции се на маса

Иран покрена војна против Израел кога лансираше беспилотни летала и проектили, мораме да ги одвратиме, изјави за „Скај њуз“ портпаролката...

Свет23 часа

Израелската армија објави фотографии од штетите од иранските напади

Околу 99 отсто од ракетите, беспилотните летала и крстаречките ракети лансирани за време на одмаздничката операција на Иран биле соборени...

Свет23 часа

Иран: Ако Израел возврати, следниот напад ќе биде одлучувачки

Амбасадорот на Иран во ОН, Амир Саид Иравани, даде изјава за „Скај њуз“ по состанокот на Советот за безбедност на...

Македонија23 часа

(Видео) Пендаровски: Мицкоски е докажан извор на лажни вести, страв му е да не му се врати Груевски

На вечерашниот граѓански митинг во Куманово, кандидатот за претседател Стево Пендаровски одговарајќи на прашање од граѓани зошто ВМРО-ДПМНЕ во последните...

Свет23 часа

САД: Нема значителна штета во Израел

Висок американски воен функционер рече дека Соединетите држави проценуваат дека нема значителна штета во самиот Израел по иранското бомбардирање. Портпаролот...

Свет2 дена

(Видео) „Израел уништил балистичка ракета надвор од земјината атмосфера“ – мистериозна снимка за време на масовниот ирански напад

Израелската противвоздушна одбрана се мачеше да се спротивстави на масовниот напад на ирански беспилотни летала и ракети! На едно од...

Свет2 дена

Њујорк Тајмс тврди дека Бајден го разубедил Нетанјаху од планот за контра-напад врз Иран

Американскиот претседател Џо Бајден го одврати премиерот Бенјамин Нетанјаху да даде зелено светло за одмазднички напад врз Иран, откако минатата...

Македонија2 дена

Османи: Формиравме Кризен штаб за извлекување на нашите државјани од Израел и регионот по нападот на Иран

Што знаеме досега: 🔵Наставата е прекината во училиштата низ Израел, а компаниите ќе можат да работат „нормално“ со пристап до...

Свет2 дена

(Видео) Детално откриваме како функционира „железната купола“ на Израел која ги собори повеќето ракети како шега – никој во светот го нема ова

Што знаеме досега: 🔵Наставата е прекината во училиштата низ Израел, а компаниите ќе можат да работат „нормално“ со пристап до...

Свет2 дена

Операција „Чесно ветување“: Иран ѝ се заканува на Америка, Израел наскоро ќе носи одлука – се очекува тешка одмазда

Иранскиот напад врз Израел со над 300 беспилотни летала, крстаречки и балистички ракети заврши без сериозни последици откако огромното мнозинство...