Економија
5 работи што треба да ги земете предвид при купување нов дом
Започнете го новото поглавје на вашиот живот во домот од соништата во „Гранд Ривер“
Изборот на нов дом претставува инвестиција во иднината. Одлуката која ќе ја донесете директно ќе влијае на квалитетот на вашето живеење, и токму затоа е потребно е соодветно да се информирате и истражите пред да го дефинирате конечниот избор. Пронаоѓањето на место кое ќе го наречете свој дом е еден од најважните процеси кои влијаат на обликувањето на вредноста на живеењето, па токму затоа подолу ви презентираме пет клучни работи кои треба да ги земете предвид при купување нов дом.
Локација
Локацијата е првиот приоритет кој треба да го имате на ум кога избирате место каде ќе ја градите својата иднина. Сетете се дека откако ќе купите нов дом, во него може да измените многу работи, но единственото нешто што не може да го смените е локацијата каде сте инвестирале. Затоа локацијата се смета за основата и клучниот аспект кој дава вредност на домот. Локацијата креира посакуваност на недвижноста, а посакуваноста пак, креира побарувачка што директно влијае на вредноста на инвестицијата.
Добрата локација силно влијае на квалитетот на живот, овозможувајќи близина и достапност на сите погодности кои живеењето го прават убаво и вредно.
Поглед
Со изборот на нов дом отворате ново поглавје во вашиот живот. При изборот размислете кој е погледот со кој сакате да ја започнете новата етапа на вашето живеење и всушност погледот со кој ќе се будите секое утро. Погледот кој ќе го краси вашиот нов дом директно ќе влијае на вашето расположение и енергија. Токму затоа е многу важно при изборот на вашиот нов дом да имате креирано јасна слика во каков поглед би сакале да уживате секој ден. Објектите кои се конструирани на начин максимално да го искористат погледот кој го нудат и да ја внесат убавината на природата во вашиот дом, секогаш треба да бидат приоритет во вашиот избор.
Квалитет на градба
Не сѐ што е убаво однадвор е убаво и во внатрешноста. Токму затоа пред да се одлучите каде ќе го градите вашиот живот, потребно е детално да се информирате за квалитетот на градба на недвижноста која ќе стане ваш дом. Потребно е да ги соберете сите информации за материјалите со кои е граден објектот и да дознаете дали се запазени сите стандарди за безбедност. Тука треба да земете предвид дали е применета конструкција за поголема стабилност и за сеизмичка отпорност на објектот, дали се работи за енергетски-ефикасен објект кој ќе ви ја заштеди потрошувачката на енергија, какви се патничките лифтови, каква е звучната изолација, безбедносните системи итн. Изборот на ваш нов дом нека биде место кое влева сигурност и доверба и е градено по светски стандарди.
Карактер
Кога избирате нов дом многу е важно истиот да одговара на вашиот карактер. Потребно е да најдете дом кој има свој карактер, уникатен стил и дизајн и се издвојува од другите, а одговара на вашиот карактер. Знаејќи ги вашите карактерни особини, дефинирајте што вие барате во карактерот на вашиот нов дом. Оваа насока многу ќе ви помогне при изборот, бидејќи ќе ја истакне вашата индивидуалност и ќе ве насочи на вистинскиот пат при изборот на ново катче каде ќе градите спомени. Од тој аспект, повторно е важно локацијата да ви понуди богат избор на содржини кои ќе го отсликуваат вашиот начин на живот, независно дали се тоа содржини за спорт и рекреација, активности за деца и семејството, трговски или деловни центри, барови и ресторани и сл.
Вредноста која ќе ја добиете
Големи се шансите дека инвестицијата во вашиот нов дом ќе биде еден од најголемите финансиски предизвици кои ќе си ги зададете некогаш. Пред да се одлучите да го купите домот од вашите соништа, мора да бидете свесни за вашите долгорочни планови и да направите проекција каква ќе биде вредноста на имотот кој сега го купувате во иднина. Имајте предвид дека инвестицијата во добра локација е секогаш најсоодветна опција и гаранција за тоа дека сте инвестирале во дом кој има потенцијал да ја зголемува својата вредност.
Отворена можност за домување на најатрактивната локација во Скопје
Во моментов отворена е продажбата на станбено-деловниот објект „Гранд Ривер“ кој нуди единствено искуство и можност за живот и работа во јадрото на Скопје, со многубројни квалитетни содржини на чекор до вас. Објектот кој се гради согласно светските стандарди, никнува во непосредна близина на реката Вардар спроти хотелот„Холидеј Ин“ и се наоѓа во близина на живописното шеталиште на кејот на најголемата река во земјата, овозможувајќи бројни активности и погодности.
Заинтересираните може да добијат пероснализирана понуда во продажниот салон на комплексот „Гранд Скопје“ во ГТЦ на 1 кат или да контактираат со тимот задолжен за продажба на телефонскиот број: 070 355 351 и 070 233 055, како и на e mail: [email protected] .
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено поради големиот увоз на странско јаболко во Македонија
Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денес е во работна посета на Ресен каде што оствари работни средби со овоштарите од овој регион.
„Овоштарите од Ресен претрпуваат големи губитоци заради погрешните политики на СДС и големиот увоз на странско јаболко во Република Македонија. Согласно податоците, додека ресенското јаболко стои неоткупено, од 1 септември 2023 година до сега во Македонија се влезени околу 4 милиони килограми јаболко што е главна причина што ресенчани ги преживуваат најцрните денови во историјата на овоштарството во Македонија“, изјави Трипуновски.
Како поголеми проблеми на земјоделците од Ресенскиот регион, Трипуновски ги посочи неисплатените субвенции како и неисплатените штети од природните непогоди од пред некоја година, откупно-дистрибутивниот центар којшто требаше да биде завршен во 2023 година сѐ уште не е ни започнат со градба.
„Цврсто им ветив дека идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има сериозен план и конкретни мерки со кои ќе се стави крај на маките на ресенчани“, заврши Трипуновски.
Економија
Ангеловска-Бежоска на Пролетните средби на ММФ и СБ: Носителите на политики ќе дискутираат за состојбите и перспективите во економијата
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, и заменик-министерот за финансии, Филип Николоски, ја предводат нашата делегација, која учествува на Пролетните средби на групацијата на Светскатa банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД. Во делегацијата на Народната банка на овие средби ќе земе учество и вицегувернерот Фадил Бајрами.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска и вицегувернерот Бајрами на претстојните Пролетни средби ќе одржат состаноци со заменик-директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, со директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, како и со извршниот директор на ММФ и алтернативниот извршен директор, Пол Хиберс и Лук Дресе. На состаноците со високите претставници на ММФ ќе стане збор за економските состојби во нашата земја и поставеноста на монетарната политика, којашто придонесе за стабилизирање на инфлацијата. Делегацијата на Народната банка, предводена од гувернерката, ќе оствари средба и со претставниците на одделите за статистика и за монетарни и капитални пазари при Меѓународниот монетарен фонд, на која ќе се споделат досегашните достигнувања и резултати од заемната успешна соработка.
Во рамките на Пролетните средби, Ангеловска-Бежоска ќе одржи состаноци и со високи претставници на Светската банка, заменик-претседателката на СБ, Антонела Басани и со извршниот директор на СБ за Конституенцата во која членува нашава земја, Јуџин Ругенаат. Исто така, делегацијата на Народната банка ќе учествува и на редовниот состанок на земјите членки на Конституенцата.
Одржувањето на Пролетните средби секоја година на едно место ги собира носителите на политиките, односно првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки, кои ќе разговараат за политиките и финансиските реформи во насока на остварување на целите за одржлив раст (SDG), особено поврзани со климатските промени и родовата еднаквост.
Економија
Трипуновски: Ги потпишав првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост
Дополнителниот замени министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на својата фејсбук страна објави дека ги потпишал првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.
Во својата објава Трипуновски вели: „Почитувани земјоделци, штотуку ги потпишав првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, нека е аирлија!“
Трипуновски во неколку наврати ја алармираше јавноста дека во Република Македонија постојат договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост кои истекуваат оваа година, но на истите не им е овозможено продолжување и дека Николовски го кочи продолжување со образложение дека се потребни законски измени на законот за земјоделско земјиште.
„Сепак на крајот успеавме да го реализираме нашиот предлог за разрешница на овој проблем по многу побрза и поедноставна постапка, наспроти тврдењата на министерот Николовски кој постојано, од непознати причини, тврдеше дека се потребни измени на законот за земјоделско земјиште и дека со анексирање на договорите не се решава овој проблем. Со ова само се докажа дека Николовски повторно ве лаже како што тоа го прави изминативе 7 години“, дополни Трипуновски.
Позитивно е тоа што овој голем проблем доби решение и засегнатите земјоделци конечно ќе можат да ги продолжат своите договори согласно законските регулативи. Со ова Трипуновски покажа дека ќе биде предводник во промените и решавањето на проблемите во македонското земјоделство.
„ВМРО-ДПМНЕ секогаш било и ќе биде на страната на македонските земјоделци, доколку ние не го изнесовме овој проблем во јавноста, СДС и Николовски никогаш немаше да ги продолжат овие договори на вредните македонски земјоделци или пак тоа ќе го правеа селективно и повторно земјоделското земјиште ќе завршеше кај луѓе што не се земјоделци или истото ќе го трансформираа за плантажи со фотоволтаици. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе може гордо и со крената глава да биде помеѓу светиниколчани и сите земјоделци во Република Македонија“, заврши Трипуновски во својата објава.