Контакт

Економија

7,8 милиони денари за откривање пестициди и ГМО-храна

Објавено пред

Министрите на владина седница ја прифатија предлог-програмата за мониторинг на безбедност на храната во Република Македонија за 2019 година. За оваа намена се предвидени 7,8 милиони денари, а целта на програмата е одредување на присуството и концентрациите на контаминентите во храната, утврдување присуство на резидуум од пестициди во и на храната, миграцијата на одделни супстанции од материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната, мониторирање можно присуство на ГМО-храна, микробиолошки критериуми и други опасности во храната, како и евалуација на нивното влијание врз здравјето на човекот.

Економија

„Епл“ треба да плати данок од 13 милијарди долари на Ирска

Објавено пред

Американската технолошка компанија „Епл“ започна епска судска битка со ЕУ, поради одредби на Комисијата според кои на Ирска треба да ѝ исплати 13 милијарди долари данок.

Правници на најголемата светска компанија ќе се спорат пред луксембуршкиот суд со функционерите на ЕУ и ќе се обидат да ја оспорат одлуката, која извршниот директор Тим Кук, ја нарече „тотална политичка глупост“.

Заклучокот на Европската комисија во 2016 година го објави комесарката за заштита на конкуренцијата, Маргрет Вестагер, доделувајќи ѝ на Европа водечка улога во настојувањата да се тргне моќта од американскиот технолошки гигант.

Рочиштето ќе биде одржано денеска и утре во Општиот суд на ЕУ, а судиите мораат да донесат пресуда до 2020 година. Евентуална жалба би се поднела до Европскиот суд за правда, со можност за донесување конечна одлука до 2021 година.

Прикажи повеќе...

Економија

ЕП ја потврди номинацијата на Лагард за шефица на Европската централна банка

Објавено пред

Европскиот парламент ја потврди номинацијата на Кристин Лагард за нова претседателка на Европската централна банка за мандат од осум години.

Нејзината номинација е потврдена со 394 гласа „за“, 206 „против“ и 46 воздржани.

Лагард е именувана од страна на европските влади да го наследи Марио Драги на 1 ноември на чело на ЕЦБ.

Минатата недела таа даде оставка од функцијата директорка на Меѓународниот монетарен фонд.

Прикажи повеќе...

Економија

Ангеловска – Брнз: САД континуирано вложуваат во просперитетот на македонскиот народ

Објавено пред

САД се 25 години вистински пријател на Република Северна Македонија, кои на дело ја покажуваат важноста на градењето мостови меѓу државите. И иако не се само бројките тие што ја покажуваат посветеноста на народот на САД на просперитот на партнерската држава на Балканот, тие се импресивни, рече министерката за финансии, Нина Ангеловска, на првата официјална средба со американската амбасадорка Кејт Мари Брнз.

„САД преку УСАИД имаат инвестирано 640 милиони долари во програми што создадоа нови работни места, поддржаа слободни и фер избори, ги подобрија меѓуетничките односи и придонесоа за вклучување маргинализирани и ранливи групи“ посочи министерката.

Неодамна Република Северна Македонија ја доби и втората транша од 11 милиони долари од грантот од САД, кој изнeсува 25,5 милиони долари и е наменет за развој. Проектите реализирани во овие рамки имаат цел да се подобри пристапот до финансии за микро, малите и средните претпријатија, како и да се обезбеди поголема енергетска сигурност. Дел од средствата е насочен кон помош во градење на капацитетите на извршната власт и кон зголемување на вклученоста на маргинализираните групи во општеството.

Министерката нагласи дека како човек што доаѓа од приватниот сектор гледа на овој проект како значајна алатка која им помага на фирмите да станат поконкурентни.

Министерката Ангеловска го реафирмира значењето на поддршката на САД во интеграцијата на нашата земја во НАТО и ЕУ и очекувањето за поттикнување на економскиот раст. На средбата беше разговарано и за други клучни прашања од македонско-американската соработка.

Амбасадорката Брнз го поздрави позитивниот и енергичен став на министерката како пристап со кој навистина може да се менуваат институциите и целокупната култура на работење.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

ВМРО-ДПМНЕ предлага анкетна комисија за работењето на СЈО

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесе до Собранието предлог одлука за основање на анкетна комисија за утврдување на евентуалното нестручно,...

Македонија9 минути

Апелацискиот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“

Апелацискиот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за...

Македонија14 минути

Антикорупциската комисија ќе побара Иванов да ја пресели канцеларијата од „Џеваир“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе побара од Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) да...

Македонија59 минути

(Видео) Туск: Северна Македонија направи сè што се очекуваше за влез во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, изјави дека Северна Македонија направила сè што...

Македонија2 часа

(Видео) Заев: „Рекет“ е силен тест за судството

„Рекет“ е силен тест за судството и успехот во правосудните реформи. Со решавање на овој случај и законот за Јавното...

Македонија4 часа

„02 Иницијативата“: Ништо не е реализирано од програмата за намалување на загадувањето за 2019 година

Од програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 со два милиона евра нема ништо реализирано, а објавена e само една...

Свет5 часа

Путин, Ердоган и Рохани: Да се формира одбор за изработка на нов Устав во Сирија

Лидерите на Турција, Русија и на Иран, Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани, се согласија на состанокот во...

Свет5 часа

Трамп: Иран стои зад нападот на Саудиска Арабија, но ќе почекаме да се докаже

Треба да се почека додека со сигурност не се дознае извршителот на нападот на Саудиска Арабија, изјави американскиот претседател Доналд...

Свет5 часа

Хамнеи: Никогаш нема да преговараме со САД

Иран никогаш нема да преговара со САД, политиката на Вашингтон заснована на максимален притисок ќе пропадне, изјави врховниот ирански верски...

Македонија5 часа

Пратеници формираа иницијатива за една изборна единица

Во Собранието на Северна Македонија се формира иницијатива за една изборна единица, во која се вклучија 12 пратеници од 10...

Македонија6 часа

Почнува внатрешното уредување на собите во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Државниот студентски центар преку Министерството за образование и наука почнува со внатрешното  уредување на собите во В и Г-блоковите во...

Свет17 часа

Путин ѝ понуди оружје на Саудиска Арабија

Рускиот претседател Владимир Путин во Анкара ѝ понуди на Саудиска Арабија да ѝ продаде свое оружје, по нападите на нафтените...

Свет18 часа

(Видео) Еруптира најактивниот вулкан во Јапонија, исфрли пепел до 4.000 метри висина

Еруптира еден од најактивните вулкани во Јапонија, Сакуријам, и над кратерот исфрла облак од пепел на најмалку 1.000 метри висина,...

Македонија19 часа

(Видео) Активисти за заштита на животните упаднаа на собир на Шилегов и Марин

Активисти за заштита на животните упаднаа на собир во скопската населба Аеродром каде што средба со граѓаните имаа градоначалниците на...

Македонија1 ден

Укинат притворот на Стевчо Јакимовски

Судот му го укина куќниот притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и му определи мерки на претпазливот....

Македонија1 ден

(Видео) Фатиме Фетаи се враќа во скопското Обвинителство, Лиле Стефанова во Радовиш

Советот на јавните обвинители на денешната седница им го прекина мандатот во СЈО на десетте помошници на поранешната специјална обвинителка,...

Македонија1 ден

Колевски: Јанева повеќе не е ниту гевгелиски обвинител

Поранешната шефица на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, повеќе не е ниту гевгелиски обвинител. Советот на јавните обвинители го стави...

Свет1 ден

Две семејства настрадаа во пожар во зграда во Сибир

Осум лица, меѓу кои и четири деца, загинаа во пожар во станбена зграда во сибирскиот град Краснојарск, соопшти руското Министерство...

Македонија1 ден

Одложено судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци

Денешното судење за автобуската несреќа кај Ласкарци, која се случи во февруари и во која загинаа 16 лица, беше одложено...

Економија1 ден

Во Холандија бројот на слободни работни места еднаков на бројот на невработени

Бројот на слободни работни места во Холандија на крајот на јуни бил еднаков на бројот на невработени. Стапката на невработеност...

Досие