Економија
Берзата со промет од 227 илјади евра
Вкупниот промет на македонската берза за хартии од вредност денеска изнесуваше 13.965.911,84 денари. (околу 227 илјади евра)
Вкупниот промет на македонската берза за хартии од вредност денеска изнесуваше 13.965.911,84 денари. (околу 227 илјади евра).На официјалниот пазар прометот изнесуваше 10.414.274,84 денари при реализирани 113 трансакции. На редовниот пазар се оствари промет од 3.551.637,00 денари при реализирани 39 трансакции. МБИ10 забележа намалување од 1,65% при вредност од 2.895,67 индексни поени. МБИД се покачи за 1,51% и забележа вредност од 2.788,54 индексни поени. ОМБ оствари незначително намалување од 0,12%, притоа позиционирајќи се на ниво од 105,27 индексни поени.Од официјалниот пазар најтргувана беше акцијата на Комерцијална Банка Скопје со промет од 4.482.142,00 денари. Просечната цена од 3.036,68 денари оствари намалување од 1,14%. Истргувани беа 1.476 акции преку 31 трансакции.Втора по ликвидност од официјалниот пазар беше Топлификација Скопје со промет од 1.386.300,00 денари. Просечната цена од 5.331,92 денари значеше намалување на дневна основа од 2,88%. Распонот на цената се движеше од 5.300,00 денари до 5.400,00 денари. Вкупно се истргуваа 260 акции. Алкалоид Скопје оствари промет од 874.452,00 денари. Со просечната цена од 4.885,21 денари беше остварен пад од 2,74%. Минималната цена изнесуваше 4.850,00 денари а максимумот 5.000,00 денари. Истргувани беа 179 акции преку 18 трансакции.Од редовниот пазар најмногу се тргуваше со акцијата на Македонија Гостивар со која се постигна промет од 1.308.000,00 денари. Просечната цена од 2.400,00 денари по акција резултираше со длабок пад од 21,95% на дневно ниво. Истргувани беа 545 акции преку една трансакција.Втора по промет од редовниот пазар беше акцијата на Прилепска Пиварница Прилеп со промет од 444.385,00 денари. Просечната цена на акцијата изнесуваше 9.455,00 денари, што не предизвика промена на дневна основа. Истргувани беа 47 акции преку 3 трансакции. Пет најтргувани хартии од вредност 1. Комерцијална Банка Скопје2. Топлификација Скопје3. Македонија Гостивар4. Алкалоид Скопје5. Макпетрол Скопје Хартии од вредност со најголем пораст 1. КЈУБИ Македонија Скопје 25,00%2. Фустеларко Борец Битола 16,67%3. Хотели Метропол Охрид 12,20%4. Раде Кончар Скопје 11,11%5. Арцелормиттал (ХРМ) Скопје 9,27% Хартии од вредност со најголем пад1. Македонија Гостивар 21,95%2. УНИ Банка Скопје 11,11%3. Попова Кула Демир Капија 9,09%4. Топлификација Скопје 2,88%5. Гранит Скопје 2,85%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.