Контакт

Економија

Прометот повторно на рекордно ниско ниво за ноември

Објавено пред

Прометот на македонската берза за хартии од вредност во четврток повторно се спушти на најниско ниво од почетокот на ноември и изнесуваше 8.048.199,74 денари.МБИ10 оствари минимално намалување од 0,08% постигнувајќи вредност од 3.435,16 индексни поени.

dobivaj vesti na viber

Прометот на македонската берза за хартии од вредност во четврток повторно се спушти на најниско ниво од почетокот на ноември и изнесуваше 8.048.199,74 денари.

МБИ10 оствари минимално намалување од 0,08% постигнувајќи вредност од 3.435,16 индексни поени. МБИД се намали за 1,43%, на ниво од 3.473,37 индексни поени. ОМБ падна за 0,36% позиционирајќи се на ниво од 106,39 индексни поени.

Повторно Комерцијална Банка Скопје се најде на врвот од официјалниот пазар со промет од 1.805.503,00 денари. Оваа акција беше помеѓу ретките од најликвидните на пазарот која оствари пораст и тоа од 0,49% при просечна вредност од 3.472,12 индексни поени. Распонот на цените се движеше од 3.455,00 денари до 3.499,00 денари. Истргувани беа 520 акции кои се реализираа преку 16 трансакции.

Втора според ликвидност од официјалниот пазар беше државната обврзница за денационализација од осмата емисија со промет од 1.805.503,00 денари. Просечната цена од 80,00% значеше дневно намалување од 1,19%. Истргувана беше количина од 22.911 обврзници.

Гранит Скопје, иако со скуден промет од 808.098,00 денари беше трета акција според ликвидност од официјалниот пазар. Просечната цена од 889,98 денари значеше намалување за 0,67%. Истргувани беа 908 акции кои беа реализирани преку 10 трансакции.

Од акциите кои котираат на редовниот пазар најтргувана беше Македонски Телеком Скопје со промет од 901.532,00 денари. Просечната цена од 431,56 денари забележа пад од 0,40%. Истргувани беа 2.089 акции. Ценовниот минимум изнесуваше 430,00 денари, а максимумот 435,00 денари.

Тутунска Банка Скопје беше една од најтргуваните на редовниот пазар со промет од 433.500,00 денари. Просечната цена изнесуваше 5.100,00 денари беше без промена на дневно ниво. Истргувани беа вкупно 85 акции.

Макошпед, ОХИС, ТТК Банка и ЗК Пелагонија Битола на интернет страницата на Македонската берза во четврток ги објавија неревидираните биланси на успех за деветте месеци од годинава.

Макошпед Скопје објави неревидиран биланс на успех за период 01.01. – 30.09.2009 година. За првите три квартали од тековната година остварена е нето добивка од 5.503.000,00 денари, додека за третиот квартал од тековната година остварена е нето добивка од 2.479.000,00 денари. Добивката од тековната година е драстично намалена во однос на добивката од претходната година кога истата изнесувала 160.609.000,00 денари, заради забраната за вршење дејности која царинската управа и ја изрече на Макошпед Скопје.

Макошпед објави известување според кое на ден 10.11.2009 год. со одобренијата број 10-24047/2, 10-24291/2 и 10-22492/2 на царинската управа на Р.М. Скопје на ТД Макошпед АД Скопје му се одобрува употреба на царинска постапка царинско складирање во следните магацини: магацин на ул. Перо Наков бб, Маџари, Скопје; магацин на ул. 15-ти Корпус бб, Скопје; магацин на ул. Нов Живот бб, Шуто Оризари, Скопје.

ОХИС Скопје објави неревидиран биланс на успех за период 01.01. – 30.09.2009 година. За првите три квартали од тековната година остварена е загуба од 85.687.000,00 денари, а за третиот квартал од оваа година остварена е загуба од 33.205.000,00 денари. Загубата за првите три квартали од оваа година е за 57,2% поголема од загубата остварена за истиот период за претходната година кога изнесувала 54.495.000,00 денари.

ТТК Банка објави неревидиран биланс на успех за период 01.01. – 30.09.2009. За првите три квартали од 2009  остварена е загуба од 182.400.000,00 денари за разлика од истиот период за претходната година кога беше остварена добивка од 21.503.000,00 денари. За третиот квартал од тековната година остварена е загуба од 11.700.000,00 денари и е за 40,5% помала од загубата остварена за третиот квартал од минатата година кога изнесуваше 19.685.000,00 денари.

ЗК Пелагонија Битола објави неревидиран биланс на успех за период 01.01. – 30.09.2009 година. За првите девет месеци од оваа година остварена е загуба од 128.446.000,00 денари, за разлика од истиот период за минатата година кога оствари нето добивка од 243.904.000,00 денари. За третиот квартал од оваа година загубата изнесува 62.532.000,00 денари, а за третиот квартал од претходната година остварена беше нето добивка од 202.850.000,00 денари. Пет најтргувани хартии од вредност1. Комерцијална Банка Скопје2. Р.Македонија – Денационализација 083. Македонски Телеком Скопје4. Гранит Скопје5. Алкалоид Скопје Хартии од вредност   со најголем пораст 1. Макошпед Скопје 11,25%2. Пекабеско Скопје 8,05%3. Текекс Тетово 3,05%4. ЗК Пелагонија Битола 1,51%5. Комерцијална Банка Скопје 0,49%Хартии од вредност со најголем пад1. Арцелормиттал (ХРМ) Скопје 8,00%2. Хотели Метропол Охрид 5,71%3. Стопанска Банка Скопје 4,01%4. Попова Кула Демир Капија 3,23%5. Р.Македонија – Денационализација 08  1,19%



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање

Објавено пред

„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.

dobivaj vesti na viber

Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.

„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.

„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.

Прикажи повеќе...

Економија

Од полноќ нови цени на горивата

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.

dobivaj vesti na viber

Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)

Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)

Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.

Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.

Прикажи повеќе...

Економија

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда

Објавено пред

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.

dobivaj vesti na viber

Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.

Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.

Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија11 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија14 часа

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија15 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија17 часа

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија18 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет18 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија19 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет19 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија19 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....

Свет19 часа

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија1 ден

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија1 ден

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија1 ден

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија1 ден

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија2 дена

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија2 дена

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија2 дена

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија2 дена

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија2 дена

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...