Контакт

Економија

ССК формира сметководствена комора

Објавено пред

Сметководствена комора, која ќе функционира во рамките на Сојузот на стопански комори (ССК) ќе биде промовирана во вторник во Скопје.Основна цел на новата комора е заштита на деловните интереси, застапување и усогласување на заедничките интереси на членките пред државните органи .

Сметководствена комора, која ќе функционира во рамките на Сојузот на стопански комори (ССК) ќе биде промовирана во вторник во Скопје.

Основна цел на новата комора е заштита на деловните интереси, застапување и усогласување на заедничките интереси на членките пред државните органи .

Формирањето на сметководствената комора се одвива во рамките на проектот „Поддршка на стратешкиот план на ССК“ кој се спроведува во насока со подобрување на капацитетот на малите и средни претпријатија./крај/со/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

ММФ одобри 175,2 милиони евра како брзо финансирање на мерките против коронавирусот

Објавено пред

Владата усвои Информацијата според која Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) позитивно одговори на барањето на нашата земја да ѝ биде одобрен Инструментот за брзо финансирање во висина од 175,2 милиони евра.

Како што информираат од владината прес-слижба, станува збор за помош за финансирање на мерките за здравствена и економска стабилизација, и исполнување на потребите кои произлегуваат од појавата на коронавирусот.

Владата го задолжи Министерството за финансии, во соработка со Народната банка да испратат писмо за намери до ММФ за реализација на овој аранжман.

Прикажи повеќе...

Економија

За најмалку 70% се намалуват ратите за кредитите од финансиските друштва

Објавено пред

За најмалку 70% ќе се намалат ратите за кредитите од финансиските и лизинг друштва во следните три месеци за граѓаните, за кои нема да смеат да се пресметуваат и наплатуваат трошоци, провизии и казнени камати, информираат од Министерството за финансии.

„Овие обврски рамномерно ќе се распоредат на останатите рати во текот на исплатата, или може да се продолжи отплатата за најмалку 90 дена. Ова е регулирано со донесените уредби за финансиски друштва и за лизинг на денешната владина седница“, соопштуваат од ресорното министерство.

Известување за новите услови граѓаните ќе добијат преку веб-страницата на финансиското или лизинг друштво, СМС, електронска пошта или друга електронска комуникација, а доколку во рок од 10 дена не се изјаснат дека ја одбиваат понудата, истата се смета дека е прифатена.

За правните лица ќе се одлучува индивидуално, по барање на самиот клиент, доставено исто така електронски.

Нови договори за кредити, пак, може да се одобруваат со 3 месеци грејс период по барање на корисникот и во тој период ќе се пресметува само договорна камата.

Паралелно, со намалување на законската затезна камата, ставката на вкупните трошоци кои се наплаќаат кои досега изнесуваа 51% од вкупната сума на кредитот, сега се намалуваат на 31%. Останатите трошоци кои досега не беа ограничени, сега се ограничуваат на 30% од одобрениот кредит, појаснуваат од Министерството за финансии.

 

 

 

 

Прикажи повеќе...

Економија

ОПЕК преговара за досега невидено намалување на производството на нафтата

Објавено пред

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и група независни произведувачи работат на договор за досега невидено намалување на производството, а кон иницијативата би требало да се придружат и други произведувачи.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера изјави дека разговарал со рускиот претседател, Владимир Путин, и саудискиот принц Мохамед бин Салман, кој, според него, се согласиле да го намалат производството за 10 до 15 милиони барели дневно. Количината одговара на 10 до 15 проценти од вкупното глобално производство, а ако биде постигнат договор, тоа ќе биде најголемото намалување на производството во историјата, пренесува „Ројтерс“.

Трамп исто така напомена дека не направил никакви отстапки кон Саудиска Арабија и Русија, како што е понуда за намалување на американското производство. „Ројтерс“ додава дека тој потег го забрануваат американските закони за заштита на рамноправноста на трката на пазарите.

Русија и Саудиска Арабија кон крајот на 2018 година договорија ограничување на производството за да се стабилизираат цените. Кон крајот на февруари годинава пропадна нивниот договор за дополнително ограничување на производството поради пандемијата на коронавирусот.

Саудиска Арабија вчера побара итен состанок на ОПЕК и независните произведувачи тврдејќи дека сака праведен договор за стабилизација на нафтените пазари, кои се урнати поради падот на побарувачката под влијание на пандемијата.

Произведувачите сакаат кон иницијативата да се придружат и другите произведувачи, особено САД.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Починатиот пациент од Куманово за кој се чекаа резултати е позитивен на коронавирус

Министерството за здравство информира дека пациентот од Куманово кој доцна синоќа почина на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби...

Свет8 часа

(Видео) САД го сменија капетанот на носачот на авиони кој молеше за помош поради ширењето на вирусот

Американската морнарица го смени капетанот на носачот на авиони „УСС Теодор Рузвелт“, откако медиумите го објавија неговиот апел до властите...

Свет9 часа

Најсмртоносен ден во Њујорк, за 24 часа починале 562 лица

Во Њујорк во последните 24 часа починале уште 562 луѓе од коронавирус, а ова стана најсмртоносниот ден во оваа сојузна...

Македонија10 часа

Двајца доктори од Скопје и Штип ќе ја организираат работата на Инфективното одделение во Куманово

Двајца доктори од Штип и Скопје ќе работат на Инфективното одделение во Куманово, откако 11 доктори заболеа од коронавирусот, посочи...

Македонија11 час

Целосна забрана за движење во Куманово за време на викендот

Владата донесе одлука за забрана и посебен полициски час во Општина Куманово, односно целосна забрана за движење за време на...

Топ13 часа

Притвор за двајцата насилници што тепаа девојче во Штип

Судот определи притвор за тепачите што малтретираа девојче во Штип. Тие ќе останат во притвор осум дена додека Овинителството да...

Македонија13 часа

Почина уште еден пациент од коронавирус, бројот на новозаразени е 46, а на излекувани три

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти. Едниот пациент на возраст...

Македонија14 часа

Државниот инспекторат за труд апелира работниците да пријават присилно отпуштање

Бидејќи некои од работодавците на вработените им поделија спогодби за напуштање на работните места за време на корона-кризата, Државниот инспекторат...

Економија15 часа

(Видео) Лицата што останале без работа добиваат брз влез во системот на социјална заштита

Лицата што останале без работа или биле дел од неформалната економија добиваат брз влез во системот на социјална заштита, најавија...

Економија15 часа

Бектеши: Ќе се укине забраната за извоз на брашно, резерви храна има доволно

Министерот за економија, Крешник Бектеши, најави дека ќе се укине забраната за извоз на брашно. Тој рече дека од почетокот...

Македонија15 часа

Град Скопје се откажа од кредитот за луна-паркот, ја намали и таксата за закуп на јавен простор

Град Скопје ја намали комуналната такса за закуп на јавен простор од 15 на 5 денари за квадрат, колку што...

Економија16 часа

ЕУ понуди пакет од 100 милијарди евра за спречување на отпуштањето работници

Европската комисија предложи нов финансиски пакет за да се обезбеди целосна исплата на работниците во компаниите погодени од пандемијата на...

Македонија18 часа

Телефонска психолошка поддршка и за трудниците и за родилките, како и за лицата со нарушен слух, говор и глас

Министерството за здравство информира дека во соработка со Клиниката за психијатрија отворени се уште три нови телефонски броеви за психолошка...

Регион18 часа

„Твитер“ избриша повеќе од 8.500 налози поврзани со Вучиќ

Компанијата „Твитер“ соопшти денеска дека избришала над 8.500 налози за промоција на српскиот претседател Александар Вучиќ и Српската напредна партија....

Регион18 часа

Расте бројот на бугарски пратеници заразени со вирусот

Уште двајца бугарски парламентарци се позитивни на тестот на коронавирусот. Станува збор за претседателката на парламентарната група на владејачката централнодесничарска...

Свет19 часа

Трамп незадоволен кога затвореници во САД завршија на слобода поради коронавирусот

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека не му се допаѓа одлуката на затворските власти во Калифорнија, Мичиген и во Пенсилванија...

Свет19 часа

Кинеските власти објавија 31 нов случај на коронавирус

Кинеските власти соопштија дека има пријавено 31 нов случај на коронавирус, при што 29 се поврзани со лица од странство,...

Регион20 часа

Сасоли: ЕУ бара начин како да му помогне на Западен Балкан да се справи со пандемијата

„Живееме во време на предизвик без преседан, предизвикан од пандемијата со Ковид-19. Глобалните проблеми не може да имаат национални решенија...

Свет1 ден

Британија го зголемува бројот на дневни тестирања на 100.000

Британскиот министер за здравство вети за десетпати дека ќе го зголеми бројот на дневните тестирања на коронавирус, со што до...

Свет1 ден

Над еден милион луѓе се заразени со коронавирус во светот

Бројот на заразени со коронавирус во светот достигна еден милион и сега изнесува 1.000.168, покажуваат податоците на страницата „Ворлдометерс“. Од...

Досие