Економија
Студентите може многу да научат од економската криза
Светската економска криза, која ги зафати сите делови од светот, вклучително и Македонија, може да им послужи на студентите за изработка на магистерски или докторски труд.
Светската економска криза, која ги зафати сите делови од светот, вклучително и Македонија, може да им послужи на студентите за изработка на магистерски или докторски труд.
Ова во четвртокот во Скопје го порача Анри Боне директор на Фондацијата „Конрад Аденауер“, која за студентите од економскиот факултет организираше панел дискусија на тема „Пазарни економии во криза кон закрепнување“.
Настанот е организран со цел да им се даде можност на студентите, да слушнат мислење од експерти, но и од луѓе со искуството во пракса, рече Боне.
Претставникот на Меѓународниот монетарен фонд, Александер Тиман истакна дека Македонија полесно ја почувствувала светската економска криза, во споредба со многу други земји, но додаде дека посотојат многу предизвици.
Според него, посебен предизвик ќе биде подмирувањето на дефицитот на тековната сметка во платниот промет, во време на намален прилив на средства од странство и намалена активност на странски инвестиции.
Тиман, сепак изрази оптимизам дека во наредната година ќе има услови за економски раст и за закрепнување.
Македонската берза силно ги почувствува последицита од светската економска криза, што најмногу се одарзи врз падот на прометот и акциите, истакна Евита Иванова од Македонска берза.
Таа појасни дека најнапред берзата доживеа бум откако странските инвеститори и фондови почна да инвестираат во акции на македонски компании, а кризата настана откако истите тие фондови почна да се повлекуваат од берзата, што предизвика реакција и кај домашните вложувачи.
Иванова изнесе и статистички податоци, според кој во 2007 година просечниот промет на берзата изнесувал 127 милиони денари со 575 трансакции, додека во 2009 година дневниот промет изнесува 17,3 милиони денари, со 143 трансакции.
Извршниот директор на Евролинк осигурување Александра Наќева-Ружин информираше дека вкупниот пиход на 12-те осигурителни компании во Македонија е помал од прометот на една од трите водечки банки.
Пред студентите се обратија и поранешните министри за финансии Таки Фити и Трајко Славески, кои воедно се и професори на факултетот.
Професорот Фити посочи дека невработеноста е еден од најголемите проблеми на Македонија и таа на долг рок може да се надмине само со континуиран економски раст од над пет отсто годишно.
Според него актуелниот буџетски дефицит од 2,8 отсто е нормален за услови на рецесија и секоја одговорна влада би се одлучила на таков чекор.
Проблемот не е во висината на буџетскиот дефицит, туку во структурата на трошоците, што во Македонија е проблем на сите досегашни влади, рече Фити.
Професорот Славески на студентите им раскажа неколку искуства со кои бил соочен на позицијата министер за финансии, во време кога започна кризата.
Тој рече дека имало и неколку конфликтни ситуации со раководсни луѓе на државни институции, кои имале апетитити за непродуктивни трошоци, и покрај тоа што буџетот бил веќе притиснат од светската криза.Славески се пофали дека со успешно реализираната еврообврзница во јуни, во голема мерка се стабилизирала состојбата со буџетот. /крај//ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Трипуновски: Рекорден трговски дефицит во 2023 година во износ од 436 милиони евра
Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, преку фејсбук-објава извести за рекорден трговски дефицит во 2023 година за земјоделско-прехранбени производи во висина од 436 милиони евра.
„Рекорден трговски дефицит во 2023 година во износ од 436 милиони евра. Еве како СДС го уништува македонското земјоделство, Македонија со СДС стана земја увозно зависна од храна. Негрижата за македонските земјоделци и тотално погрешните земјоделски политики на СДС ги принудија земјоделците да го напуштат полето, а со тоа македонските граѓани да јадат увозни земјоделски производи, Македонија од земја извозник стана земја увозник на храна под власта на СДС. Земјоделците ќе имаат вистински партнер во новата влада на ВМРО-ДПМНЕ и заедно ќе го вратиме македонското земјоделство во онаа препознатлива состојба, а Македонија повторно ќе биде земја извозник на храна“, рече Трипуновски.
Економија
Надворешен долг, побарувања и меѓународна инвестициска позиција во четвртото тримесечје од 2023 година
Објавено е редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција.
На крајот на четвртиот квартал од 2023 година:
На 31.12.2023 година, нето надворешниот долг изнесува 4.458 милиони евра (или 32,6% од проценетиот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во четвртиот квартал од 2023 година, е зголемен за 305 милиони евра, или за 7,3%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67%.
Во текот на четвртиот квартал од 2023 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 160 милиони евра и изнесува 8.500 милиони евра, односно 62,2% од проценетиот БДП за 2023 година.
Најновото соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција е достапно на следниот линк.
Економија
Во вториот квартал од 2025 година стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот ќе остане 1,5 отсто, одржана седница на Советот на Народната банка
Советот на Народната банка, на својата редовна седница, одржана на 28 март 2024 година, врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, донесе одлука за задржување на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките во Република Северна Македонија во висина од 1,5%, којашто ќе се применува и во вториот квартал од 2025 година. Одлуката се заснова врз оцените за постепено стабилизирање на нагорните циклични системски ризици и постојана стабилност на банкарскиот систем. Исто така, ги зема предвид условите од окружувањето коешто и натаму е неизвесно и придружено со ризици, што е причина за претпазливо спроведување на макропрудентните мерки заради натамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот сектор. Со одржувањето на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот се придонесува за спречување и за намалување на можните ризици.
Народната банка ќе продолжи со внимателно следење на системските ризици и ќе ја преоценува висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот на редовна квартална основа. Притоа, имајќи ја предвид природата на противцикличниот заштитен слој на капиталот и насоките на релевантните европски институции, Народната банка може да ја оцени потребата за зголемување на стапката, при раст на ризиците и неизвесностите од окружувањето, во услови на поволни остварувања на банките. Во случај, пак, на значително остварување на ризиците во билансите на банките, може да се оцени и потребата од делумно или целосно ослободување на овој заштитен слој на капиталот, како поддршка во работењето на банките при евентуални неповолни сценарија.
Советот на Народната банка на седницата разгледа и други материјали поврзани со работата на централната банка.